Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    26.989
    Најжално што овие „изјави“ доаѓаат од жени...
    Речи су сувишне стварно веќе за темава и конкретно за она „курва“.
     
    На Idedemja, Annath, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Никој не вика курва за швалерката ама сигурно не е морална со свое достоинство на жена. Мислам да свесно одиш со женет маж за мене кажува колку ниска е таа жена, не се цени себе си едноставно. Се повредува себе си, повредува невин свет децата во тој брак, а згора на се завршува така отфрлена кога ќе се дознае се. Па како може да веруваш на некој да идеш пример 2,3,4години со женет и да веруваш дека ќе те земе. Ниеден не земал швалерка ретко 1 на 1000, кога ќе се дознае се мажот назад пак кај жената бега, е сега тука е прашање дали жената ќе остане со таков во брак. Во случај да остане а реално повеќе остануваат во брак тогаш швалерката е фрлена. Зошто да завршите така едноставно кога може да си бидете со некој што вистински ќе ве сака.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Исто како што таа дома му верува дека 'нема поќе'.
     
    На Youknow, Annath, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    26.989
    Да, викаа. Само тие мислења се избришани :)
    За вториот болд, не знам. Не се мој тип женети и зафанати мажи. Не знам зошто оваа мудроштина е упатена.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Пиша свое мислење, не беше упатено кон тебе не се плаши. :D
     
  6. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Не му верува, знае кога еднаш биднало ќе има уште. Ама ниска самодоверба, финансии и најголемиот изговор "за децата" и останува со таков шутрак во брак. Не дека му верува дека нема повеќе, за жал!
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и martina4 им се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    26.989
    Од анонимен лик? :drunk:
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.262
    Епа исто и другава.
    Наоѓа изговори, се обидува да рационализира ... и останува да чека...

    Госпо знај шо чакаат и двете
     
    На Youknow и Сара Лав им се допаѓа ова.
  9. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Двете чекаат трета хаххаа
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Како и да е врска оженет маж а вие слободна женска јас не оправдувам воопшто.
    Како и да е таа секогаш ќе страда ќе и се потроши младоста, годините а може поинаку да ужива во животот. Кажав на крај може да остане и обележана со уште поголем страм за себе за блиските.
     
    На Irinkka и anaja1 им се допаѓа ова.
  11. SrbinkaaaA

    SrbinkaaaA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам. Врската со женет ја оправдувам доколку не се очекува ништо и излегувате за забава :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Женски
    Во кој век живеете? Иначе 21 век е.
     
    На Lady D ❤️ и SrbinkaaaA им се допаѓа ова.
  13. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Последен маж на светот да е женет, не би била со него.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и anaja1 им се допаѓа ова.
  14. SrbinkaaaA

    SrbinkaaaA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Не си пробала затоа така :D
     
  15. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Има слободни колку што ни душа сака.
    Ако некому му одговара да биди играчка некому кому што му се прави нешто на страна, негово право.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    40.157
    Пол:
    Машки
    Некогаш не е толку битно во кој век живееме ние, туку во кој век живее околината во која се наоѓаме. А Македонија сигурно не е место кое што живее во 21 век.
    Веројатно ова го пиша во врска со тоа што членката пишала дека такви жени ќе бидат обежани од околината и ќе и биде потешко да најдaт партнер во иднина и секако ќе следи некој срам од околината, и фамилијата.

    И не знам зошто е ова толку чудно, кога баш тоа "обележување" се прави и на форумов и секогаш кога ќе пиши некој дека оди со маж/жена кој/а е во брак добива негативни критики дека тоа истото не е добро, дека е дел од неверството и сноси одговорност. Бар, ова го заклучивме од неисцрпното дискутирање на оваа тема со години и години назад на форумов. Ете, едиствено поддршка добиваат тие членки, од баш такви членки како нив кои си одат со зафатени луѓе и ич не им е гајле за ништо друго.
    И сега, ако се критикува цело тоа однесување, и сигурно дека нема да биде оваквото понашање дел од критериумите на некоја друга личност (која не се сложува морално, етички и на било кој начин со ваквото неверство) и нема да речи: "Еј, абе одлично што си одел/а со некој/а во брак. Топ е, мене тоа воопшто не ми смета што нашите етичко-морални компаси не се совпаѓаат, што има врска, јас ќе сум со тебе." Ноуп. Многу веројатно ако го знае овој факт секој ќе си рече: "Нејќам ништо со оваква особа", бар тоа треба да е логично, нели?
    Добро, не секогаш логично ги следиме нештата кога е во прашање љубов, ама воглавно поголемиот дел од луѓето ги следат, и поголемиот дел од луѓето не го одобруваат ова и поголемиот дел од луѓето не сакаат да бидат со луѓе кои биле дел од неверство. Therefore иде "обележувањето" и од јавноста, како што иде и од дел на форумов, и тоа од луѓе од ист пол дури и повеќе отколку од спротивниот. И, едноставно така е во животот. Ако правиш нешто што поголемиот дел од луѓето не го прифаќаат и се против тоа (ова во последно време звучи толку смешно знаејќи колку изневеруваат), нема да те прифаќаат и нема да имаат добро мислење за тебе, не само овде, туку скоро насекаде во светот, и во секој век. И може да плачиш, да судиш, и да се нервираш зошто е така, но не може да промениш какво мислење има некој за тебе.

    Ако нешто треба да промениме во врска со ситуацијава е, ние од страна да не си го забодуваме носот таму каде што не му е местото, ама, ова е Македонија, земја во која се обожава трачот, па секој го пика носот и каде што му е, и каде што не му е местото. И, во случајов ама баш ич нема милост кон особите кои се дел од неверство. Тоа е вистината. Мало место, брзо се шират муабети. И во тој случај, кога се знае ова, секој што се дрзнува на овакво нешто, треба да е свесен и за последиците, кои кај нас, секако не се мали.
     
    Последна измена: 19 октомври 2021
    На Snowflake97, deskarada и BlackNight им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    26.989
    Ау какви психолошки профили и тоа на анонимни ликови :D
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Женски
    А како мене ме интересира интмниот живот на било која жена, без разлика дали ми е колешка, пријателка, познаничка, другарка. Која сум јас да осудувам како некој решил животот да го живее. Ќе била обележана, бре бре бре, па животот ќе си го уништела, нема да се најде маж на светов што ќе ја сака затоа што била со некој кој е женет. Seriously?? Ако таа е слободна а мажот е зафатен и изневерува не гледам зошто жената би била обележана, баш напротив мажот е тој кој треба да еткетиран како неверен сопруг, тој си ја изневерува и сопругата и децата.
     
    На Clear и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.248
    Допаѓања:
    40.157
    Пол:
    Машки
    Тебе може не те интересира, ама околината околу тебе ја интересира. Мислам, не мора да одиш подалеку, евидентно е тоа на форумов. Ете, отвори тема што највеќе се трача овде. Македонски јавни фаци? Кој со кого била, кој кого изневерил, кој што направил, се трача, се вреѓа, се напаѓа, и се сеири. Тоа е вистината. Прифати ја.

    За неверство треба двајца. Неверен сопруг/сопруга е крив, го сноси поголемиот дел од неверството, и ама баш никој нема убави зборови за таа личност. Нема ниту за другава, затоа што е дел од неверство и свесно оди во врска со некој кој е во брак.
    И овака етички и морално поголемиот број размислува (фала богу). И, тоа е тоа.
    Секогаш може да се најде друга личност. Патот по кој се движиме не го знаеме, но често влијаеме на него со нашите одлуки и избори. Па, какви се тие, и по таков пат најчесто ќе продолжиме. На личности кои се дел од неверство, тој пат им е потежок.
    Можеме ние до утре да негираме дека не е така, ама, така е.
    И не знам зошто секогаш во овакви теми ама секогаш се дели на полови... Мислам, колку што има мажи кои се во брак изневеруваат, толку има и жени во брак што изневеруваат. Колку што има жени кои изневеруваат со мажи во брак, толку има и мажи кои изневеруваат со жени во брак. Полот е небитен во ситуацијава, за неверство треба двајца. И двајцата се криви. :)
     
    На cresa-jagoda и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.553
    Пол:
    Женски
    Еве конкретно ако маж слободен е љубовник на мажена жена. Ќе биде обележан? Ќе биде отфрлен? Ќе си го троши залудно времето? Нема да се ожени? Цел град ќе го зборува? Не ќе биде мангуп, па уште и ќе го величаат уште толку ќе се перчи и ќе си го крева егото. Тој маж морален е или па му се може оти е слободен.
     
    На GirlRose и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.