1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Хммм. Би била со таков маж? Би размислувала за заедничка иднина со таков човек? Не? Нели? :D
    Епа обично таквите мангупи фраерлукот им трае до некои си 22-3 години, а потоа многу од нив потонуваат во животот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Работите не се толку едноставни како што изгледаа на форум. Никој не е безгрешен.
     
    На Clear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ти кажам релативно точен и близок до реалноста одговор, да. Повеќето жени ако вистински се заљубат нема да им пречи баш неговата репутација на женкар/ мангуп за да продолжат врска со ваков маж во нешто озбилно чак и можда би го користеле да се пофалат, не можда 100% сум сигурна деќа ќе го користат да се пофалат како на крај тие го скротиле него и неговото необуздано сексуално либидо:lol:
    Матрица на однесување, медиумска кампања вршена на секоја жена да се осеќа моќна да го превоспита и смени таквиот маж, па и додека е во рана фаза на вљубеност скоро секоја жена верува во ова.
    Најчесто потоа си ги фаќаат со други жени во кревет ама веќе кога развиле слика за себе како толку способни и моќни сопруги во околината и дошле деца, кредити итн. си велат па добро нив им е споруг секогаш сопругот ќе се врати во креветот на сопругата, а швалерката/ките се попатна станица:lol:
    На секаков можен начи е влијаено и се уште се влијае мангупот полесно да се асимилира како нормален и прифатен член на општеството преку влегување во брак со било која жена иако тој пак ќе си продолжи со шарањето настрана од брачниот кревет. Ама наметната е како попривлечна идеја на жените да прифатат и се омажат за таков отколку во обратен случај кога жената е таа со минато на нечија љубовница, тогаш таа не е толку привлечна во очите на другите мажи да стане нечија сопруга.
    Иако од овие клише калапи има и исклучоци ама како што и ти убаво објасни општеството е поподобно кон етикетирање и навредување на слободоумните жени што имале врска со оженет маж отколку мажите во таква ситуација чак и нив им го бустаат его како многу способни со такви афинитети или минато. Така да точно независно од векот, сфаќањата укажуваат на тоа дека патријахалното општество рулс кај нас и во мн. други земји. А има и такви каде што жената фатена на дело дека врши прељуба е егзекутирана на лице место, така да од се ова треба да ни е јасно каква е позицијата на жената, особено ако е или имала врска со оженет.
    Општеството е посклоно неа да ја нападне, етикетира и стигматизира како вештерка која го маѓепсала и завела нечиј сопруг, а тој сирот се предал на магијата, а не на неспособноста да го контролира тоа меѓу нозете.
    Кога ќе се смени оваа стереотипија па може и тогаш ваквото забрането овошје на многу жени нема да им е предизвик и толку слатко да го вкусуваат и не би имало вакви неверства од каприц, хир и можеби би останале тие облици на вакво неверство кои можеби би имале иднина да прераснат во нов брак, бидејќи на крајот од денот секоја личност, независно од полот дали е маж или жена,.само сака да е сакана и среќна со некого.
     
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    36.909
    Пол:
    Машки
    Јас тотално се сложувам со тебе и затоа и нагласив дека не е битно какво размислување имаме ние и во кој век се наоѓаме, туку какво размислување има нашата околина, затоа што ние може да сме напредни, еманципирани, да имаме добар морално - етички компас, а околината да ни е проста, затупена и да не можеме ништо да смениме.

    Но, ако мене нешто ме радува тоа е младиот полетен дух спремен за промена и донесување на нови норми во општеството, посебно кај младите жени денес. Бидејќи, секако, клучот за овој проблем е токму кај нив.
    Може Петре, Трајче и останатите другари да го величаат до крај мангупот, тој мангуп го прават мангуп Петра, Стојна, Митра кои "се тепаат" за него и се фалат како тие успеале да го "освојат", нели, се додека реалноста не ги удри во глава. Ако тие не би го допреле ниту со стап, камо ли нешто повеќе, од таков мангум нема ни М да остане.

    Но, еве иако за жал може да се предизвика таа промена, сепак гледано по милионити коментари и случки овде, никој не го сака тоа, напротив, се користи "превезот на феминизмот" за себе оправдување во учество на неверство.
    Не, никому не му е гајле за феминизам, за патријархарт, за жените. Да му беше гајле, ќе ги сожалуваше изневерените сопруги.
    Овака само пусто лицемерие, ништо друго.

    Затоа и секој ќе ја бара вината во комшиите, во патријархартот, во феминизмот, медиумите, политиките, општеството, во буквално се, само не во себе.
    А среќа не се гради на туѓа несреќа. :)

    За жал, форумов уште еднаш фејлна да го потврди тоа за кое се "залага".
    Доказ зошто сме таму каде што сме.
     
    На Snowflake97, IRBBB, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Точно.
    Што и да правиш, ќе те оговараат.
    Ама тоа не значи дека треба да ти е гајле.
    Пошто не живееш за другите, туку за себе.
    Моралот и етиката не се догма.
    Сите имаме различни морални вредности.
     
  6. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Слободен маж е друго кај нас реалноста е таа, бележувањето паѓа врз жената. Слободниот маж нема да го етикетираат ама жената што била со него да. Така да жената секако го носи товарот. Ние живееме во земја каде живее трачот и на тоа се продолжува се. Ако една жена слободна оди со женет маж во тој случај етикетирана е жената. Додека ако е обратно пак е етикетирана жената. Мажот е тој кој му се може се за жал кај нас е така. Ние не сме Америка па да е нормално тоа. А и реално гледано мене не ми е нормално се тоа. Ако некој знае дека не може да биде со една жена во брак нека не се жени воопшто или пак нека каже на жената па ако прифати она таков живот ок тогаш. Реалноста е таа дека жената што растура нечиј дом т. е љубовницата ако се дознае за неа кај нас ќе биде за мажите гледана со поинакви очи, ќе биде гледана само како жена за една ноќ, за забава но ништо сериозно друго, самото знаење дека била љубовница се забабувала со женет маж го носи се тоа.
    А и овие што идат за забава и тие не ве разбирам јас, кога тогаш таа забава може да се претвори во трагедија за некое семејство.
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ами мора вака да пишуваш, иначе како на друг начин би можела да го оправдаш неверниот сопруг, сите ќе ви бидат криви ама на сопругот му личело :clap:. Заглавени во времето и просторт. Се додека има жени вака што размуслуваат, мажите ќе ве изневеруваат во прва прлика ама тоа за тебе не е важно, важно е да си во брак, било каков.
     
    На Snowflake97, Indiegurl, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.702
    Пол:
    Женски
    За болдираното.
    Како е тоа реалност?
    Реалноста е дека женетиот што вара си го растура семејството!
    Да, сите жени што влагаат во врска со женети и обратно според мене имаат 0 самопочит. Да, од морална причина не би требало да се влага во афера.
    Но, растурањето на браковите е вина само и само на сопружниците.
     
    На Indiegurl, MeowMeow, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ќе те прашам кога ќе бидеш ти во брак,а маж ти има втора виолина.
    Тогаш ќе видиме во кој век живееме.
    А до тогаш свиркај си на векот,дека ако е 21 треба да заборавиме на моралитетот.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.438
    Пол:
    Женски
    Аха најчесто сите така викаат.Па после им се заарнува,па почнуваат почесто да се гледаат,па се јавува љубов барем од едната страна.Па фрчат разводи и така.
     
  11. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Кај пиша дека на сопругот му личело? Зборува за жената дека е етикетирана, а најмногу тука на форумов.
    Мажот секако е виновен, кажува само дека не му е гајле (бидејќи стигнал до тоа да изневерува) и затоа другите така и го перципираат, дека не му е гајле.
    И наметна дури и дека сопругот ја вара, а таа молчи не ми се верува. :puke:
     
  12. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Секој сам знае колку му е убаво и во што му е убаво, колешка моја прекрасна на изглед и како особа, ужива и возбудливо и е да биде во врска со женет. Ама на секој поголем настан плаче бидејќи е сама, така да и во тоа има предности и недостатоци.
     
    На WildMk и manako1 им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.702
    Пол:
    Женски
    Моја другарка, богиња на изглед, се плетка со женети.
    Секоја врска- цела врска и е во плачки, болести, драми, кршење покуќнина, вреѓање на жените, заканување по телефони.
    Ене ја сеа, направена е 30 кг, со трајно нарушено здравје на 27 години. Има самодоверба колку пиле, а прекрасна е. Не иде во населбите од каде се тие мажи и нивните жени кај што живееле порано.
    Но, она не им руши бракови. Не им беше прва афера на маживе, ниту е последна.
    Они сами си ги срушија браковите, а она ете си го уништи животот.
     
    На honey.11, Snowflake97, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако се разведуваа сите што изневеруваат (и мажи и жени), пола од браковите ќе беа разведени.
    ... најмалку
     
    На honey.11, Idedemja, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Да.
    И тоа дали жената дома плаче и трпи или се смее и не и е гајле, не е наша работа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Освен ако не ни побара помош.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Ако бара помош тогаш тоа е сосема друга работа.
    Чудно ми е кога ќе разбереме како некоја жена знае дека маж и има врска надвор од брак па коментираме ,,се додека постојат жени кои ќутат....блабла,,
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тие си знат зошто и како ќутат.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SrbinkaaaA

    SrbinkaaaA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    До каде стигнавме со оженетиве? :D Ајде споделете некое искуство
     
  20. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Ако имаш повели раскажи го:)