Имам да. Излегувам често со оженет човек, се гледавме и кога не беше оженет и кога сум била во врски и кога не сум. Интересно е, има забава. Имаме поминато доста работи со оглед на тоа што сме скоро 4 години.
Не те разбирам кој треба да ја сожалува изневерената сопруга? Мислиш на љубовницата од феминистички побуди да и е жал за изневеренета сопруга, па таа не ја изневерила таа жена, туку мажот ја изневерува и ги погазува сите дадени ветувања за верност, тој и го крши светот, да со учество на друга жена, но ете може да ја изневери и со маж така? Другиот прељубник маж да ја жали изневерената сопруга на патнерот ради феминистички побуди? И зошто уопште некој да сожалува некого, па дури и изневерена жена? Нема потреба од сожалување, сожалувањето не дава поддршка, помош, соработка на повредената жена кога најмногу и трба од сите, друга жена, маж било кој околу неа. А види ти пишав најчесто изневерената жена иде со мисла јас сум му законска сопруга, со мене има деца, кредити, додај по желба што имаат и ги држи заедно и си вика изневерена или не кај мене в кревет тој на крај се враќа. И сега како и да ја сожалуваме како што велиш, а јас ти велам не така туку другово да и го понудиме кога најчесто не сакаат соработка. Го памтиш случајот со Форсина и мажот Стефче или како се викаше што ги објави разговорите нивни на фб, жената рипна да ја тужи неа за нарушен углед, кој пред се мажот и го нарушил кога се дрзнал да пишува такви гнасотии со Фросина, а не таа што објавила, таа ништо не и нарушила само ја споделила вистината.
Жената е жена на тој некој си што не знае да чува к.. р во пантолони А љубовницата е трето лице. Дали љубовницата е крива или тој? Криви се двајцата повеќе тој се разбира. Ама што е крива па жената. Таа може да знае може и да незнае. Таа е колатерална штета. Е сега ако знае зошто е во брак со таков? Причини има повеќе :љубов едноставно го сака, финансии, деца, нема можност можеби за да почне од ново нешто, страв. Причините секоја жена си ги знае. Жената ја разбирам но сепак ќе кажам не ги разбирам овие што идат 4 години никако не можам да разберам што очекувања имаат истите? Во период од 4 години да сакал да ја земе ќе ја земал не разбирам како си трошите време, здравје и години. Ако било само авантура една ноќ разбирам ама 4 години не.
Сигурна си дека само забава ве поврзува? 4 години не се малце за да бидеш со некој што ти е забава само.
Ама пак не ми е јасно што работи може да се прават со оженет а не со слободен... Освен да се криеш у плакар за да не те фати жена му
Материјална корист може да е во прашање. Колку ги има на пример што се плеткаат со женети газди и шефови на работно место заради напредок? Не е секогаш тоа во прашање ама факт е дека за некои е главна причина.
А што со тие што не кажуваат дека се во брак? Јас имав таков случај, се запознавме во ноќен клуб, со недели се слушавме, се допишувавме, мислиш сродни души, се заљубив јас уште пред да се видиме пак. Доаѓаше кај мене пред зграда прво, седевме некаде по клупи, муабети со саати, онака бавно ама убаво идеше работата и поминаа 2-3 месеци, до уши заљубени, дечко имам, пресреќна. И секогаш во мојот живот се случува нешто што ми помага да се извлечам од фатални ситуации, како да имам некој ангел чувар. Како на филм беше случката. Бев на слава кај другарка, имаше една жена со две внучиња и си правевме муабети едно 2 саати додека не ме праша а ти дечко имаш. И јас и кажувам гордо имам како немам, вака и вака се вика, она ми вели како зетот за ќерка ми се вика. И почна да ми раскажува, истата населба, исти години, таа невино онака пријателски си правеше муабет, ама мене ме удри шок, пошто си ги поврзав работите и испадна дека женава е мајка на жената на дечкото мој, а внучињата деца негови. Права телевиса шпанска серија, посебно со болдираното. Знам врнеше многу и станав јас заминав пешки од козле до аеродром идев, ред дожд ред солзи... Ми ѕвонеше пред спиење како и секој ден, не кренав, па зошто, кај си, молења, плачки, ама толку се осеќав бедно, нитожно, ниско.. Не сум паничар ни брзо под афект делувам, па следниот ден ископав информации за женава, се слушнавме и прашав дали може да и одам на кафе. Можеше само да и кажам, ама ајде да не речам и дете дека бев па заминав со цел памет кај неа и и раскажав се како што беше од А до Ш. Дојде и жена му, преблагодарни на мене, се испративме, стигнав јас дома и прекинав секаков контакт со него, ама секогаш кога понатаму испаѓал сомнителен, жена му си поврзуваше со мене и почнаа да ме замараат не знаеш со кој си имаш работа курво, ќе видиш сега како ќе те уништам и блок на сите и што се замарам кај ти кажувам па ќе ме вреѓаш мене место мажето невино со две мали деца дома што се прави принцот што си ја бара принцезата. Еве до ден денес се заедно и 3то дете имаат. Никој никогаш не смее да си дозволи свесно да влезе во врска со оженет маж. Да ја оставиме жена му на страна, нема да се осеќате како гомно? Знам јас како се осеќав кога дознав. Нема полошо нешто од лоша совест и валкана душа. Јас не можам така да живеам, ни да функционирам, тотално ќе пропаднам и ќе ме снема полека полека. Оние жени што се во среќна врска со оженет маж немаат никаква почит и љубов спрема самите себе на прво место и кога веќе се третираат себеси така не смеат да се лутат кога и од другите ќе бидат исто третирани.
Taa zena tebe nikogas nema da te "pocituva" bidejki i sama ne se pocituva. Taka da, si se spasi ti uzivaj taa neka i vrvi zivotot milion pati izlazana.
браво што си го направила тој потег,немој да се каеш ретко кој би имал таква храброст и ќе престанат да те замараат,ќе си сфатат..битно ти ќе си чиста пред себе и твојата совест убаво пишале Таа жена никогаш нема да се почитува самата чим му простила,може и не му ни било првпат,и плус што има трето дете јасно е ко бел ден,за само да го задржи...