Нешто слично ми се има случено и мене. Се запознаваме во ноќен клуб, да нагласам тој мене ми пријде, муабет цела вечер, на крај разменивме броеви. Цела вечер ми пишуваше како да сме оделе на кафе, па како ќе ме врател со кола во градот јас кај што живеам. Само што јас не сум тип што би испаднала на кафе со некој туку така. Го најдов на фб, типов со жена и две деца, ми се згади. Немав намера да и пишувам на жена му божем таа до сега не си го знае. Не само мене и на мои другарки, ептен апла женети се пуштаат на девојчиња и некаде нормално ќе им упали.
Да. И јас сум се нашла во таква ситуација, имам пишувано пред некоја година на темава. Од тогаш со свои очи да видам се правам слепа. И да чујам муабети, исто како да не сум ги чула. Просто, не сакам да знам.
И јас сум била сведок како жената го изневерува мажот и тоа повеќе пати. Ама тоа не е моја работа, она не знае дека јас знам, никогаш не ни дозна. Не беше ни прв пат тоа да го направи, мажот ѝ најверојатно знаеше, како и за претходните пати. Најдобро е да се правеш дека не знаеш ништо, да не испаднеш крив на крај
Сосема друга работа е некој да те лаже и да немаш поим дека е во брак. За жал има и вакви ситуации како тоа што ти се случило но убаво е што барем веднаш си расчистила со него. Жена му нека си го трпи, којзнае уште колку девојки си имал во меѓувреме. Ама нашиот менталитет наметнува дека разводот е срамна работа и дека никој не сака разведена жена, затоа ги трпат и им простуваат не само неверства туку често пати и насилство. А многу од оние кои свесно влегуваат во врска со оженети мислат дека ради нив ќе се разведат и после среќно ќе си живеат. Познавам една која потроши години надевајќи се дека типот со кој идеше ќе се разведе, триста чуда направи, и самата не е свесна колку напор вложи и сето тоа за џабе. Не се разведе, си доби уште едно дете а по социјалните мрежи си објавува среќни слики со своето семејство кои она ги гледа и којзнае како се јаде во себе. Оти и повеќе од јасно е дека многу ретко се случува некој да се разведе со жената за да се земе со швалерката. Затоа не ги разбирам оние кои имаат било какви очекувања.
Пишав веќе... Исто како што сопругите имаат очекувања, дека 'ќе се смени'. Значи некој мота двајца (или повеќе) жени, и овие место да го фатат да го исфрлат на улица, тие меѓу себе си ги копаат очите.
Па исто ете и овие си родија уште едно дете. При здрав памет жена му после се уште едно му родила, а сигурно не сум била само јас низ времињата и сигурна сум дека знае. Не знам може затоа што јас не би така, може затоа не можам да ја сфатам. Ни па таа твојата и многу што ги познавам во такви врски. Само се мачат, развод само на муабет, криење, патење, па кога е со жена му да не го бара.. Што ќе ми е некој кај кого ми е ограничено времето што го поминувам со него? И што паралелно има друга? И зошто би барала развод, за да се ожени со мене? На што ќе се надевам кога е лажго и изневерувач? Сама себеси само зло ќе си правам, јас би наденала некоја болест во ваков случај.
..има и многу кои успеале да го ,,извадат,, мажот од фамилијата. Но, во најголем дел, љубовниците си останале сами.
Јас ни една не познавам што дочекала развод. Страшна работа, сите се надеваме дека имаме верен партнер, а тука со неверство функционираат, па и да го извади од фамилијата и да го венча исто ќе се мачи кога го знае дека е неверен. Разбирам љубов и се, ама не вреди навистина. Воопшто.
Е јас познавам. И тоа, го извлече од дома, се разведе па на љубовницата и помина меракот и го батали. Дома не го примија, напротив, жената си најде нова љубов и си продолжи со животот. Тој остана сам....како што заслужува
А што ќе ти е да се разведе од жена му за да се биде со тебе. Тој штом фатил еднаш швалерка, ќе фати уште еднаш..
Па и Фросина што објави се со дрва и камења ја маваа. Јас пак би кажала, особено ако ми е блиска особа изневерената страна. Е сега ако сум била јас вплеткана како во случајот погоре што го прочитав, можеби не би отишла кај бабава на гости, не ја познавам, од кај знам како ќе изреагира, во афект какви дешавки се случуваат, плус и жена му тука, не би ризикувала толку. Можда само би прекинала контакт дека и јас дел од триаголникот знаела или не знаела дека е во брак. Искрено во денешно време ми е чудно да крие некој брак кај нас. Еве примеров што го спомнав тој на сајт за запознавање има пишано разведен со едено дете бара некоја, па нема ла да го проверам со име и презиме и дознаам дека е во брак и во меѓувреме имаат уште едно дете. Нормално за да го задржи жена му детето и пак ја бламира кај него на работа и таа одма дознава над него кат погоре е со работа, намерно го пикна таму да работи тој за да спречи ако дојде до нешто физички со некоја колешка. Ама налет таков брак, тој во лифт ако сака ќе направи нешто со колешка, комшика, знајна или незнајна жена. И жена му знаеше што мустра е овој, ама остана бремена, а сите и велевме што ја очекува, епа сега тоа е, таквите навики кај мажите тешко се менуваат. Ах ќе се смени, ѓавола, од многу големи очекувања си патиме испаѓа работава или од умот, поточно немање ум си патиме. Се знае ваква категорија мажи ќе се мирни, мирни и после пак по старо, таа со ново дете бремена, испаѓа секое летенце, од него детенце, а тој а била жена му бремена, а и требало помош со дечињата, поддршка од него, гајле му е, фати кривина и врти некоја друга. Затоа отварајте очи, маж тешко да го смениш ако тој сам не сака. Е има, има и една позната на мак. сцена па и 3 деца со него, а дознавам го презела од другарка, им идела на гости и оп. Е тој со првава сопруга има возрасни деца, со оваа малишанлиња, ама па и тој е видна, имашна фаца и така тоа иде. Од маж на пријателка, таа следно нивна куќна пријателка, па негова лична, читај швалерка, па овој е на цена и од швалерка и светна да го разведе и се омажи до него. Ама па и тој сакал така, зошто за танго се потребни двајца, сепак оваа дно, од пријателка ли бивши маж, па фалење по медиуми, па статии, просто да ти се
За случајов што го опишувам што го презеде од пријателка бившиот маж и се омажи со него и роди 3 деца најбитно мислам и беше да се омажи со него од материјална корист, може па и се заљубила уз пат И така тој сега е со помлада женичка, позната личност и блиска на него и првата жена, да си остане во фамилијава таа па втора споруга му е Таа има имашен и моќен сопруг, познати и се децата од претходниот брак, маж со кој може да има исто стабилно, културно поколение и така приказната оди, насекаде е раширена и раструбена по медиумите да се избрише муабетот му беше еднаш порано швалерка. Вака му е споруга и си го испрала валканиот веш, а може и огромна љубов е во прашање кој ги знае.
Имав еден колега со жена, со деца и упорно со месеци ме вика да искочиме. Значи буквално секој ден, а гледам и на моб кај него како цело време си се допишува со девојчиња. И еве во ситуацијата е тоа што јас си имам дечко си го сакам и не ми е гајле, да бев јас сингл и да ми се случуваше ова и да сакав врска и лабаво за секс би си излегла, многу јасно од таков нема да очекуваам ништо сериозно или да ја жалам жената или да мислам... Зависли на каква врска се мисли, да си ја тупиш главата и да паѓаш во депресии за таков не
Може сум старомодна, може и заостанати ми се сваќањата ама никогаш не би легнала со некој, само за секс. А собено не би била интимна со некој што е толку промискуитетен и жените ги менува ко чорапи. Прво лично мене би ми бил непотребен здраствен ризик. Припаѓам на оние генерации од девеесетите на кои им трубеа од сите страни за сида и хив, за сексуално преносливи болести и знам дека нема апсолутно 100% безбеден секс. Сексот за мене е вистинско уживање само ако е поврзан со емоции кон партнерот. Без психичкото ни физичкото не е тоа, тоа. Не би сакала ниту да бидам третата во нечија врска, ниту би ми било сеедно за неговата жена. Тој секако ако решил да ја мами, ќе ја измами, ама не мора да биде тоа со мене. Мислам дека имам премногу високо мислење за себе за да го дозволам да бидам само уште една во нечија низа... Јас така размислувам, штознам.
а зошто сево ова го сфаќате трагично? 90% имаат љубовници, и сеуште се во брак, секоја втора и втор имаат љубовници, само можеби другата страна не знае во некој од случаите
Како бе зошто трагично го сфаќаме сето ова. Затоа што да го знам истото од самиот почеток, не би влегла во брак. Ми треба стабилна личност, која ќе биде посветена само на мене и го заслужувам тоа. Се ценам и почитувам доволно за некој зад грб, додека јас се грижам за домот оди по други жени и живее втора младост, а директно со тоа може да го загрози и моето здравје. Кое патем ми е доста битно. Ме интересира како воопшто дојде до тие податоци? Беше со секој женет маж? Кога ќе инвестираш во некоја врска, кога целосно ќе ја внесеш својата доверба кон некој, кога после години поминати заедно решиш да стапиш во брак, ќе те прашам дали ќе ти биде сеедно да постојат трети личности, патем непоканети. Ако се раководам според она што го пишуваш, тогаш, во случај да постои љубовница, зошто па да не си ја земам по дома, барем да не мрзнат на ладното и да се кријат. Да дознаам, прво тој ќе пати, а и таа што индиректно го загрозува моето здравје. Од кај да знам што правела и со кого?! И да, и љубовницата подеднакво ќе одговара пред мене, особено ако видам на микробиолошките брисови дека постои нешто абнормално. Немам милост за луѓе што ме прават будала и ме тераат да страдам, а јас не сум виновна. Разведи се, па што сакаш прави, и онака ќе бидеш "мртов" за мене. Мислам која е потребата воопшто да се мачиш со мене во брак, ако нема љубов, искра, почит. Ако имаш храброст да ме изневеруваш, имај и храброст да кажеш стоп и да прекинеш нешто што не те прави среќен и исполнет. Поголема почит ќе имам ако ми го каже тоа, отколку сите да знаат, а мене да ме сожалуваат. И затоа се стремам секогаш да одам напред и да бидам независна во секое поле, за утре ако некој реши да си игра со моите чувства, пополнувањето на документи за развод да ми биде подеднакво лесно, како и да пополнам ливче за спортска.
На микробиолошките брисеви може да видиш абнормални промени и при нискоризичен ХПВ кој не се добива секогаш од сексуален однос. Не мора да е љубовницата крива ако сопругот ти е хипотетички неверен и преносител на СПБ, па макар имал он една или десет љубовници. Може и таа ќе види промена во брисевите а не те ни познава, и што тогаш? Поентата е, барај го коренот на проблемот и најди го виновникот таму.
Се работи за сексуално пренослива болест, без разлика дали е во прашање високо или нискоризичен вирус. А јас не би била виновна доколку таа се зарази од мене, ако првично има достоинство и не се плетка кај што не и е работа. Ако не знае, друга приказна, но ако свесно продолжува, е скоро подеднакво виновна. Поентата ти ја разбирам, и јас ќе имам проблем со мажот, но во таква ситуација би имала проблем и со сите инволвирани онаму каде не треба да се инволвирани. Не правете жртви од љубовници. Единствена жртва ќе бидам јас.