сето ова е во ред, ама нека не те лажат овие што глумат среќен брак, среќен брак не постои сето е глума, и затоа немај преголеми очекувања од сето тоа, луѓето се менуваат
Досадно станува тој изговор дека "среќен брак не постои" или "сите изневеруваат". Да, има такви што глумат дека се во среќен брак, но верувај дека има и такви што немаат потреба да изневеруваат со други.
Грим, знаеш дека не сите полови болести имаат сексуална трансмисија, така? Не си имала пријателка која досега имала габична инфекција, на пример кандида или надворешни генитални брадавици без сексуален контакт? Каде и покрај надворешните брадавици ПАП е чист, и брисевите исто? Нема да должам, темава е доста широка. И самите полови болести се доволно сложени, и не се пренесуваат само преку однос, така да нема да тупам, но муабетот е дека за тоа не мора секогаш да се виновни сопругот или љубовницата. Пошто знаеш, он ако решил, може да внимава многу. Може да има орален со кондом, и петинг, со избегнување директна вагинална или анална пенетрација. Е-хеј, ти немаш поим што сѐ не се имам изнаслушано по фирмиве околу тоа како се "пазат" мажињава што шврљаат за да не донесат дома СПБ... А па како се кријат, леле леле, тоа е посебна прича. Состанок демек до 3 наутро, па слики на сопругата од работна маса, документи, колеги. Тоа сликани еден месец претходно, ама нема везе, битно мудро ги зачувал сликите во телефон и го темпирал тајмингот кога да ги прати за да ги прекрие трагите... Башка што цела една армија другари/колеги ги штитат за они да можат да отидат на пет минути да го набутаат и се вратат дома "чисти". Искрено, мое скромно мислење е дека ти нема шанси да бидеш жртва. Свесните жени што не се со глава во облаци, туку приземни и објективни многу поретко стануваат жртви на неверства. Највише страдаат оние несвесните, што се потпираат на "додека смртта не нѐ раздели''. Ене ги, ги читаме во темата снаи и свекрви секој ден. За жал...
Дечки, а чекајте, зошто не постои среќен брак? Ако вашите родители имале неубав однос, вие самите, или десеттици други кои ги познавате во ваше опкружување не значи дека нема функционални заедници, брачни и вонбрачни. Тоа зависи од изборот само.
Зависи што подразбираш под среќен брак. Среќата е во миговите, се друго е една права линија или пак паѓање на кривата. Всушност, би рекла дека постои хармоничен брак. Односно, љубов, разбирање, почит и помагање. И не постојат две личности, без разлика на нивната корелација, да ги ставиш во иста просторија, секој ден, со години, да нема караница, нервоза, лутина. Не би рекла дека тоа е глумење, но здраво и нормално е да има караница. Едноставно невозможно е да се сложуваш за се со некого и секого. Жалам што можеби имаш лошо искуство на таа тематика, но јас воопшто не би се сложила со таа констатација. Среќата ја бараш на погрешно место, во погрешно време и во погрешни личности. Но, дека и постојат луѓе кои си мислат дека се среќни во својот брак, која сум па јас да им докажувам спротивно. Главата за што им служи, ако не за мислење и превземање на солуција и акција.
Сите различно ја дефинираме 'среќата', затоа што имаме различни приоритети, различни желби, различни потреби. Не можеш да знаеш дали некој е среќен, или не, освен ако експлицитно не ти каже.
Тоа е твоја лична перцепција, што апсолутно не е точна. По твоево видување, излегува дека сите сме прости и ги собираме трошките од улица, бидејќи немаме самопочит, просто уживаме во мазохизам. Некој/а се занимавал со статистика на тоа прашање, но кога веќе генерализираме и лупаме со цифри, што и да не прикажување на статистиката од туѓо население. Мислам како дојде до тој податок и заклучок воопшто? Зарем мислиш дека луѓето во брак, по цел ден се смешкаат, гушкаат, бацуваат. На моменти ми иде и со папуча да го акнам. Но, далеку од тоа дека не сум среќна во сопствениот брак. Ти посакувам целосна среќа, за и ти по некое време, да пишуваш спротивно. Постои љубов, лојалност и почит, но не од секој и во секој.
Кога луѓе се расфрлаат со коментари - 90 посто од браковите се несреќни, кажува многу за нив. Или сами се несреќни, или се незрели па среќата/несреќата ја проценуваат од неколку призори од брачните парови, или се самобендисани и во делузија па мислат дека само нивната врска или брак е така како што треба да биде... или се просто љубоморни па пикаат нос и бараат ситници за да речат - аха, знаев дека нешто не штима. Ќе се пронајдете ваљда.
нема да се расправам останувам на тоа што го пишав секогаш постојат исклучоци јас не ги осудувам ни едните ни другите и секој може што сака да си прави во сопствениот живот! Јас го кажувам само она што го гледам со свои очи И сум среќна во сопствениот живот
Vrskata e losa baska koga ke ae doznae i togas sto se pravi.Mazot moli zenata bega i na kraj se rastura brakot kolku bil sreken ili nesreken i uste koga se ima i deca tie stradaat taka da i od edna i od druga strana ne cini
Ден денес не ми е јасно што доби швалерката на бившиот ми маж кој покрај тоа што е к**вариште ,тој е и коцкар и насилник и рекреативен шмркач а и бизнисмен човек. Совршен манипулатор е ,прав психопат! Ја уценуваше со експлицитни видеа и слики , ја тепаше , ја нудеше на негови клиенти ,ја забременуваше неколку пати….Таа го имаше пријавено во полиција бидејќи ја тепаше на работно место,па ја повлече пријавата ... што се не претрпе швалерката (и сеуште трпи сега како невенчана жена). Последната нејзина бременост ми беше мојата карта за излез од тој мрак ! И кога виде дека го оставам се прекандиса госпожата и реши да остане,веројатно ја изманипулира или можеби со уцени ја заврте дотичниот,не знам за сигурно. А мене ми велеше ќе дошла на суд да сведочи како уште една жртва на насилство(со кривична се разведуваат јас ,и тоа едвај ,психопатот не прифаќаше развод) НО ете Му роди 3деца + има уште едно од друг. Бившиот на ќерката наша и вели дека била чистачка женава,не му била жена . Ете ,да не беше швалерката јас немаше да успеам да се разведам од психопатот ! Дури и благодарна сум и До душа типката може и си мислела дека ме изиграла. Не знам . Но не верувам дека и сега мисли така Господ на помош нека и е ! Искрено ,не ја жалам бидејќи имаше избор ,можеше да се спаси кога јас се разведував (сама раскажуваше дека е жртва ),ама ете остана и покрај тоа што типов и пред мене ја понижи за последно дека таа ни го уништила бракот и семејството и сега таа морала да му обезбеди семејство потомство а и во општеството да биде прифатен гледан како семеен човек,а не со нарушен углед карма из а бич
А зошто бременоста да ти била карта и зошто било што што и се случило на швалерката тебе да ти е карта за излез и без изневерување секоја може да си излезе, ама во случај на неверство еве како вашиов случај со сите инволвирани страни, зошто сознанието дека те изневерува не ти беше сигнал да си заминеш, до бременост и тоа последна пред неколку други чекаше сигнал за излез? Зошто толерирате неверства и чекате до некоја ваква завршница, општо прашувам не само тебе?
Не сакав да го ставам акцентот на мене и како се одвиваше бракот,за друга тема е тоа. Акцентот го ставив на швалерката. Ако примети напишав дека се разведував со кривична , бидејќи лудакот не прифаќаше развод и во цср кога бевме повикани на мирење се изналажа како си ја сака жената детето… Па тука дознав за бременоста како и за претходните и другите детали (дека не сум единствената негова жртва) и тоа го кажав на лицата кои ме убедуваа да сум се помирила со лудакот и да сум се смирела малку нервно. Наместо инспектор за семејно насилство да викнат тие ме миреа . Поентата ми беше ај што јас сум се зафркнала со изборот за брак ,туку и швалерката имаше прилика и таа да се спаси ,но не го направи тоа . Не дека си седев со скрстени раце цело време ,ама кога живееш со закани и насилство тешко е многу Едит: Инаку времето некако минуваше бидејќи имавме периоди на разделби се дистанцирав од него со дете имав можности седевме во друг град, па тој ќе отидеше на службен пат и така некако бо круг … па ќе се врати па закани дека дете ќе ми земе ќе потплати ,ќе ме истепа …проблеми со здравјето имав…за фамилија за другарки ми се закануваше ,и реално е што знам дека можеше да го исполни тоа . Се дистанцирав од сите…. Тоа се години од мојот живот на кои не сакам да се присетувам.
Не велам дека не е тешко, ама си заминувам, кога на суд ќе докажеш 1 год. си ја напуштила и запоставила брачната заедница автоматски си разведена, ни помирувања ниту не знам ти што не треба. А швалерката како што разбрав не му е законска сопруга така да таа и без овие малтретирања по судови може да си оди од него. Ама спомна ти погоре 3 му родила деца( иначе децата се нивни колку нејзини толку негови така да ниедна жена не му раѓа некому, си раѓа, ама ок сум слушнала и други како тебе викаат му родила), бизнисменче фрла паричиња па оваа трпи, епа сега тоа е. Муабетот ми беше не само за тебе, оваа швалерка, туку за секоја жена, не чини бракот не се оправаат работите слободно може да си замине, не ќе се замарам кармата дали и пресудила на друга жена. Ти си се спасила, твоја среќа. И исто за секоја жена не ќе чека тој да се разведе, не иде чао, меѓутоа ни од страт не би требало со женет да се матка, ама спомнав има и 'успешни' приказни па постојано по медиуми натурани колку се среќни во новиот брак.