Се согласувам дека вината е нејзина што се смешала во бракот. Ама ако навистина е така како што напиша членката верувам дека не е ни лесно да заминеш од некој таков манипулатор, башка и влијателен човек. Сепак во Македонија живееме. А и не мора да значи дека родила деца швалерката зошто сакала. Ако е ваков насилен како што го опиша членката може не ни било нејзина волја (на швалерката) да роди дете. И самата членка напиша дека неа ја убедувале да се врати со него иако знаеле за каков човек станува збор. Значи не е само до системот, дупките во законот, и до нашиот менталитет е. Држава која дише на корупција. Верувам дека не е лесно да се спасиш од некој ваков.
Пиша дека те терале да се смириш со лудакот… на таков психо капа да му спуштиш. Господе Боже дали се нормални?
Верувај дека не е воопшто лесно и едноставно да се излезе од брак со манипулатор ,психопат . Не е соодветна темава да разглобувам детали. инаку се согласувам со твоето мислење .
Од една страна се е вака како што си напишала, ама од друга страна и парите се слатки кога друг ги носи, а таа само раѓај нели како да не чула за контрацепција, како тој ја натерал да забермени, а таа не сакала? Ако не сакам да родам никој не може да ме натера на тоа simple as that. Овој ваков насилен и манипулатор ја киднапирал швалерката и ја држел затворена додека не роди, не ми се верува, особено зошто од сите мажи на свет и слободни за брак таа исклучиво се затрчала кај оженетиот бизнисмен и останувала бремена, бременост до бременост додека не и успее до крај да роди.
Да не трупам со офф топик само кратко . По закон имаш процес на мирење одреден период пред цср да го предаде случајот во суд за развод ,демек може ќе се смират сопружниците. Сум требала да спијам почесто со него и да се смирам малку,така ми велеа ,а јас вриев од неговите изјави , како сосема друг човек да зборуваше ,изгледав како лудача . На суд му рекоа ако го признае делото ќе добие условна год ипол ако не може и 3год затвор . Нерадо призна со аха добро да признавам искрено и ден денес немам мир ,мислам дека ќе се плашам од него додека сум жива .
При насилство одма пријавуваш во полиција со извештај од кај нив и преглед на лекар и негово мислење можеш да си покренеш бракоразводна постапка. Ако добро памтам во темата семејно насилство @bokace1 имаше пишано по 2 пат насилство пријавила во полиција и во 2 навечер дошле направиле записник на лице место таа со документите поднесе за развод и сега си е среќно разведена. Не се како порано полицајциве беше заклучокот одма излагаат на терен. А ете и другата опција ти ја пишав тргање и по закон си поднесуваш документи судот ве разведува, нема потреба и во двава случаи од помирување.
Психопат нема потреба да те затвори буквално . Те изолира , те манипулира . Во еден момент се понаша како најдобриот човек на планетата земја , те опсипува со внимание подароци дрн мрн. Па ќе биде отсутен месец , често патува . Ќе оладиш. Си велиш вистина е ме сака . Ако не си послушна ќе те стисне за миг на врат да не можеш да дишеш ,тој момент на паника и немоќ да не можеш да си земеш воздух … а швалерката лесно ја среди ,,кој ќе те погледне отсвирена виолина ,, етикетирана плус видеа слики од неа имаше . Верувај дека не сакаш да знаеш како е да си жртва на психопат .
Да си работеше полицијата како што треба немаше да се случи трикратното убиство во Кавадарци од нивен припадник , исто и во Велес мислам жената што го уби мажот во самоодбрана исто припадник на мвр. И икс многу други примери ама да не ги редам .
Знам како е и јас не сакам ниедна да е таква жртва, со бившиот дечко пеколот си го видов, ама додека му допуштав така си играше играчки со мене, душата ми излезе додека го отарасив, ама не е невозможно. Но во овој случај таа се залетала за оженет, бизнисмен, па открила каков е навистина, според мене можела да не раѓа, ама нејзини одлуки се тие. Убаво ти си пиша знаела се и си терала така, нели ќе го тужевте па се премислувала. Само тешко на децата покрај него, еве ти и твоите се спасивте.
Ама еве има и случаи со добра разрешница иди види ја темата членкава и слики објави колку е модра на рацете, си се разведе, ама па да секакви има и несовесни полицајци и мажи и швалерки, се има.
Во ред.Не ми е поентата да демотивирам некого. По закон постапките се тие , баш како што напиша . Причината поради која пишав во темата мислам е јасна,зато и го ставив акцентот на случувањата со швалерката а не на мене.
Да така беше како кармата и вратила на швалерката, така е, јас само прашав зошто прогледуваше неверство и поттик да заминеш ти беше нејзината бременост. А за и оваа и било која швалерка што трча по оженети пишав јас баш во согласност со темава што мислам и имам да им кажам.
Детето сеуште ми страда . Преку неа сеуште ми се свети лудакот .Вербално ја малтретира често, И вели ти нас не не сакаш ,сакаш да се откажам од тебе и да не си ми ќерка повеќе абе од кожа ме вади . Што да и кажам тогаш , татако ти е психопат така те манипулира . доста се нервирав со пфф топик.
Охоо да знаеш само што се има во Македонија.Мојот бивш е адвокат и се занимава со разводи.Имаше еден случај кај што се разведуваат екстремно богат пар.Добар дел успеа да му спаси од богатството ама пак не беше толку задоволен.Она си бараше да и се исплати се она што толку години седела и му ги чувала децата,на таа карта зема многу пари.
Ко че одиш во ЦСР нон стоп тактиката им е да се смирите по секоја цена, така беше случајот и мајка ми ко се разведуваше со татко ми.
Се супер како се постапките. Нажалост не е секогаш реалноста таква. Од мој близок пример, мажот ја рашлапа женава дома, таа имаше некаква состојба со кожата одма и се правеа модрици. Викнала полиција, ама бидејќи цела станица биле другари на мажов, записниците магично пропаѓаа во земја. На крај изманипулира се живо, и излезе он жртва, ги зема децата. На жалост корупцијата и врските се многу голем фактор во мк. Во врска со темата, од некое мое скромно искуство, мажите манупилираат, си имаат дома жена, деца и плус сакаат да си клецнат на страна. Па ќе те лаже, па ѕвезди ќе ти спушта, па он не бил среќен, па не било лесно да замине, па ти си му се, па ти го враќаш во живот. и обично жртвите се помлади девојки кои лесно се манипулираат. Има и друга категорија жени кои свеано прифаќаат, само затоа што и они бараат определен контакт, не сериозен и повремен. Во секој случај, многу луѓе може да се повредат во процесот, не вреди. Ми се случи пред некоја година, ме вика сопственик на НГО, да правиме демек некој проект, ама ај да пиеме кафе ќе се договориме. Отидов ја будала, врти околу проектов, ќор проект нема. Он само бош муабет, како си ти, каде искачаш, имаш дечко. Сфатив колку е саат си заминав. Еве го години подоцна, разведен, неиживеан со 500 сториња по клубови, како е животот еден, како он шета се журка. Значи него му дошло да го бута кај што не треба, евентуално жена му дознала, и тоа е. Ми се гади од вакви неиживеани створови, што к*рот им е побитен од жена му и децата. На крајот, греота е енергијата и лепотата да си ја трошам на такви. Што би рекол еден мој колега, абе Ljubova, па не сум толку утепан од Господ, ќе најдам некоја. секогаш ќе се најде, има куп слободни. А ако дознаам дека мм пробува да брца кај што не треба, нема да заврши фино, си знае.
Така е, ако кривично се гони одма доаѓаат инспектори и поднесуваат пријава кривична. Доколку нема каде да се оди жената со деца доколку има се носат во прифатилиште и потоа социјалното и судот се тераат понатака. За развод доколку на првото рочиште едниот каже не сакам да се разведам се дава фора до уште едно рочиште демек првото да биде помирење но доколку двајцата се одлучни за развод се разведуваат одма.
Никоја не може да ви го растури бракот ако ви е добар и полн со љубов, од убо никој не бега!!! Алооо разбудете се
Со таков човек ако си живеала не требало да чекаш швалерката да те извади од тој брак! Зарем таков човек си трпела па сега швалерката бла бла? Таа не ти е крива, љангач ти бил бившиот маж