Напротив можат и дома со сопругата да ги празнат. Туку работата е во погледот на бракот “ ем не те сакам,ем не те давам ама на страна ќе си шарам.”
И што дека ќе го пецнеш пред неа? Бивша си, знае дека не искочил од манастир. Пред мене вака да направиш ќе ти се изнасмеам у фаца, буквално курот нема да ме боли дека нешто сте имале. Најди си нов и остави ги луѓето рајат.
Па нема да сакаат да те дадат на друг кога ќе нема после кој да им ги пере гаќите бе Бубче.Ако мм ми сака да шара нека повели,само нека има малце мозок да не дојде до тоа швалерка му да ми иде дома по "правда" . Често пати швалерките нивни се агресивни,поради тоа што мочкото им ветувал дека ќе се разведе.
Форум е.Си пишала и ќе те цитираме. Самобендисана си.И размислуваш ко тинејџерка. Сте раскинале.Не си незаменлива.Продолжил понатаму. Ти им светеше во соба додека го правеа детето ? Не е во ред вака да зборуваш.
Боље да ме нема него со зафатен човек да идам! Без разлика дали е женет или во врска. Не би идела дури и ако ја остави девојката/жената ради мене. Затоа што јас ќе бидам оставена од негова страна. Голем грев е.
Девојче колку години имаш? Според муабетиве што ги правиш 16, а ако си постара и вака размислуваш го разбирам бившиот зошто те оставил. Џабе младо "слатко" кога ептен не зрело размислуваш
Колку е само некултурно и безобразно за дете да кажеш дека е направено по грешка, па и да е направено така. Осет во минус со муабетиве.
266 страни се испишани на темава , а некои девојки/жени уште не можат да сфатат дека ретко маж си ја остава жената за швалерката . Добро бре , да ве прашам , па нели има еден куп слободни мажи , кај ги наоѓате женетиве ? Жими се се чудам и мене кај ме наоѓаат и женети и слободни . Неодамна имав ситуација , од лажен профил некој ми пишуваше " срце си , слатка си " . Мислам .. сигурно нема да си растурам семејство за 2-3 слатки збора што реално секој ден ги слушам и од мм . Истото е и обратно . Сигурно тој не би растурил семејство затоа што вие сте " помлади и послатки " од неговата сопруга . Таа сопруга можеби е презафатена со домашни обврски , можеби има лош период и нема време за средување , но кога се тоа ќе помине , таа ќе се среди и ќе му биде најубава на свет . Ве искористуваат , кога годините ќе ви минат и тој ќе ве шутне , плачете .. Не паѓајте на вакви типови , нема да се разведе . Децата не му се правени " на грешка " . Сигурно не спие во дневната соба .
A kakva e taa vrska so ozhenet chovek,m? Chim e ozhenet mozhe samo marioneta da si ama daleku e od vrska I nikogash nema da bide vrska....
Се извинувам на оние во отворени врски / бракови тоа е веќе друга работа . Но , постов баш ми е наменет за девојки кои наивно веруваат во приказни , како золва ми која му веруваше на човек кој беше 10+ години постар од неа , дека спие во дневна , дека со жена му е само ради детето " направено на грешка " и дека ќе се ожени со золва ми штом детето малку порасне . На крај испадна дека има 3 деца , не 1 дете . Дека сите ги напраил од љубов не на грешка , и дека не планира да се разведе од жена му . Јас кога дознав за се ова се шокирав , иако се посомневав многу пати во меѓувреме ( не ми штимаше од старт нешто иако се што знаев е дека е ќелав и висок тип ) ама сметаш девојка од 20+ не би верувала во вакви приказни , плус не е некоја толку наивна .. Ама бидна . Среќа се освести девојчево и не е веќе со него . @joy1 во право си за тоа , се согласувам . Но , мажите често кажуваат такви лаги на девојката со која сакаат да спијат . I don't know why . Мене ми биле кажувани такви лаги , од искуство зборувам . Секој женет што ми има пријдено во животов , апсолутно секој тврдел дека жената е толку несредена , подувана , не личи на човек и не може да ја поднесе , спие во дневна и во брак е ради децата . Aha , yeah buddy .
Не мислев на отворен брак, него на швалерај-швалерај. И во нив има секакви приказни. Некои одат за секс, некои за поклони и шетање, некои се заљубуваат. И за маж и за жени е исто.