Фала ви на сите што ми давати убави совети, и ме усмерувате што да правам,некоја што се нашла во некоја вакава или слична ситуација мозе да ме разбери, има ли некоја што го има помионато ова подобро да ми каже, иинаку реков сега за сега непланирам ништо со него, другари сме а гледам и тиј го почитува мојот став.
Најлошо од цела ситуација е што се испишаа 4 страни со совети за да ти се каже дека не е во ред АКО одиш а ти сеуште бараш совет од некоја што била во таа ситуација, т.е. бараш подршка од некоја што била во истата позиција. Се кладам дека утре да ти речи ајде, одма ќе затрчкаш. Зарем не е срамота? Не разбирам како сакаш некој подобро да ти го објасни ова? Ето доби и машко мислење во врска со темава. А ти нема да сфатиш како е реално ситуацијата затоа што не си била од другата страна каде што тој тебе те лаже и те прави магарица. А доколку си била, размисли се како ти било. Имам 20 години, и очигледно сум десет пати позрела од тебе. И мене ми нафрлале мажишта во брак. Знаеш што им правам? Ги откачувам по брза постапка. Тоа што не сакаш да ти се случува, не го прави самата.
За мене секогаш полоши се женетите мажи што заведуваат отколку девојките што се во врска со нив и точка. Тоа што жените секогаш кривицата ја префрлаат на девојката е од очај, фрустрација и немоќ. Од друга страна, девојките што свесно влегуваат во вакви врски, не ги разбирам прво од причина што се знае однапред дека тие на крај ќе си останат зафркнати, а и како не им смета да се втора виолина?! Искрено да ви кажам, од две случки што скоро ги имав, мене ми е страв да се омажам. Едниот го запознав на излегување, културен, образован, на место, си правевме муабет, сменивме број, уште вечерта ми прати порака. И за среќа, нешто ме натера пред да му одговорам да го побарам на ФБ и оп-цел фб со слики од него и жена му и тоа тазе земени. Случајно да налетав на профилот и да не го знаев ќе бев сигурна дека се најзаљубениот пар на светот-само заеднички слики, гушнати, насмеани на патувања, излегувања итн. Звонеше уште неколку дена, ниеднаш не му кренав и фала богу,престана. Иста приказна со еден друг дечко. Го знаев преку други луѓе,случајно се најдовме пак во друштво, се договоривме да се видиме пак, и ете случајно дознав дека е женет, и пак имав среќа тоа да го дознаам пред да се видиме. Разликата е што овој знае дека знам дека е женет и сепак настојува да се видиме и е упорен Ни за едниот ни за другиот на прв поглед никогаш немаше да помислам дека се женети, а кога дознав и видов каков им е односот, си мислев да не случајно сонувам дека ми се пуштале, од толку што идеално изгледаат. Значи работава не беше не ни иде бракот, имаме проблеми, сигурна сум дека на тие жени на крај памет не им паднало дека се изневерувани. Дали е до неиживеаност дека беа млади или едноставно до бес, не знам, само сум благодарна што навреме дознав што е и како е, а не да се заплеткав во нешто што не треба, па после да ме боли глава. Отварајте очи и не за џабе рекле, проверувај, па верувај. Одвратно
ти многу добро ја знаеп каква е ситуацијата и си ја прифатила како таква,немаш намера да продлабочуваш врска со него,се што сакате и двајцата е секс одвреме навреме,Ок е терајте со ќеифот ако мислиш дека се ќе остане само на секс.
^ Па претпоставувам се мисли на тоа што ТОЈ (женетиот) е морално и законски обврзан кон една жена, и треба и така да се однесува нели
Мој совет е ако сакаш да си го истераш кеифот, да си го истераш .... тој дали со тебе или со некоја друга колешка не ни прави некоја разлика воопшто , ако е склон кон тоа да изневери ќе изневери , воопшто не е твоја кривица ... Само пази од секс да не премине на нешто повеќе оти знаеш каков човек е и колку е верен ...
Ситуацијава е совршена за примена на онаа, добро познатата: „Не прави на друг она што не сакаш другите да ти го прават тебе.“ Или љубовта и физичките потреби - кои, патем, можеш да си ги задоволиш со сосема фин и сингл момак - ги побиваат и моралните вредности, м? Не им одиш во полза на сингл дечките, меѓу кои си и ти, ако добро сум те разбрал од досега прочитаното, да знаеш.
Другар нема врска тоа за сингл дечките,таа што има намера да се секса со некој си,не ја интересира дали е во брак или не,како женски така и машки за сите зборам.
Затоа и смајлито на крајот - - си правиме шала де. А за тоа ако девојката наумила, а и тој женетиот ко што читаме очигледно е напален... Ќе кажам само тешко на сопругата (под претпоставка дека таа е „чиста“, нели)...
Секако пријателе,но девојка или жена ако науми за секс нема никој жив да ја спречи,па макар ние и дубеле на глава,милион примери имам на оваа тема. Абе самите девојки кажуваат,нормално за тие што се такви,сите не се исти нели.
ама нема вакви или онакви.И двајцата се возрасни луѓе кои сакаат да имаат секс и тоа е тоа.Ако сакаат ке го имаат ,никој никого не присилува
Види, ако ти е убаво со човекот уживкај си додека ти трае, дали ти е колега, шеф, сеедоно...ако еднаш те прашал за секс и си го одбила, не се секирај пак ќе те праша, мажите ја користат баш секоја ситуација а ако си му ти на пик, ќе ти се умилкува додека не те добие.... само знаеш дека овој човек не е твој, а ако биде еден ден тебе ќе ти се случи она што сега и се случува на жена му...пак ќе најде некоја со која ќе те изневери тебе...па незнам колку ти е возможна врска најлошо е цел живот да си втора и сама, да се заљубиш во него и вечно да го чекаш, додека он е со жена му и повремено покрај тебе брка други жени... ама животот е краток и прај си како тебе ти одговара, за неговиот брак, жена му дека ќе се разочарала, ти ич не си одговарна...ако му чинело со жена му сигурно немало да ја изневери...
Весна да ти каам каи дае ови е денови се договоривме да излеземе на кафе,не може повеке да се издржи оваа тензија меѓу нас, верувај..., а мислам дека ке и дојде и тој момент он ми ка/а дека некои чуства му се појавиле а гледам и на мене и се појавија исто, подобро само на секс да остане веке ако имаме мислам подобро би било.
^ Не, подобро би било се‘ да престанеш со него. По ѓаволите, па женет е човекот! Имај малце осет за сопругата негова, како жена за жена.
^ Не бе па и ти зашто ??? Кејфот да се направи е побитно отколку све друго на светот.... Небаре ако не го легне толку нема више да и се нав****и... Него не е она кривата, овој ја смотал му се врти опашот лево десно, оваа по него ...
Многу строго тврдење за ситуација која се има случено многу пати во историјата Неколку се само примери кои јас ги знам, а тек па во целата историја, кој знае колку се. Поентата е дека е МАЛ ПРОЦЕНТОТ на тие што ги оставаат жените за љубовниците, кај нас е уште повеќе нагласено зошто се` уште сме потрадиционални во однос на западните општества, каде додека трепнеш се земаат и разведуваат.
баш точно.Има околу нас живи примери каде се разведуваат и продолжуваат со партнерот што го нашле.многу е жално да не се разведиш само ради шо ќе рече општеството.Си се заљубил повторно и тргнуваш со својот живот повторно одново.Не ми е јасно зошто мора да се трпиме и да останме со партнерот само ради некоја си срамота.Само кај нас тоа е тоа.Повеќето не се оставаат ради општеството.
Само уште еднаш ќе им дадеш повод на злобните јазици да коментираат како сите „распуштеници“,како тие милуваат да се изразат,се к...и и дека заради тоа мажите ги оставиле.Е поради таквите владее мислење дека сите разведени се такви и ќе немаат шанса да си се усреќат оние кои се развеле поради многу големи причини,а си се пристојни жени и имаат смопочит за разлика од овие другите. Никој не очекува од тебе да имаш осет за жена му,ама имај осет за себе,не секој што ќе ти посвети малку внимани го прави со чисто срце.Не си ги намалувај шансите да се усреќиш и ти,после еден пропаднат брак.