Maz kako maz i gajkite im tezat sto gi nosat ... Ke pokusaat na sekoj mozen nacin a zenskoto treba da bide dovolno pametno za da ne se prepusti vo vrska ili vo seks za edna vecer so ozenet covek. @Linda24 жената е паметна за СЕБЕ, а не за туѓ брак да спасува. Многу погрешно ти е ова размислување.
Врска со оженет човек. Зборувам од точка како јас гледма на работите и никогаш нема да се најдам во ситуација да бидам со оженета личност. И општо се знам себе си, шо почитувам ценам и шо најмногу ме иритира и нервира и МРАЗАМ!
Се додека имаш вакви размислувања и на ваков очаен начин пробуваш да го оправдуваш мажето, нема да бидеш среќна. Како ќе му веруваш дека нема во иднина да те изневери?
Jas nikogo ne opravduvam i ako dovolno me pratese i me sledese kazav na eden post deka doverbata e raznisana .. I tebe ke ti kazam deka od togas pominale 5 godini do sega se nema deseno pak da me izneveri
Мажот нема да ја остави жената со која има деца, статус во општеството на човек со фамилија, која најверојатно го пере и му готви, со која дели финансии и така натака. Не спијте на тоа уше дека многу е заљубен, дека заради децата не е разведен со жена му, ама спијат во различни спални. Реалноста е дека му треба после неколку години брак, потврда дека уште може да брка и освојува жени. Кога ќе му ја дадете таа потврда на негово его, ни телефон нема да крева. Швалерката не и должи ништо ни на жената ни на бракот, не ветила таа верност на никого па да се секира за распаѓањето на бракот. За распаѓањето снесува одговорност само сопружникот што изневерува, никој друг. Швалерката само себе си прави штета. Нит избрана онака ко што треба и покажана пред сите онака како што доликува, без криење по хотелски собчиња и коли Ниту па има стабилна иднина со човек со кој дури и да се разведе, многу веројатно дека и швалерката ќе ја изневери, штом покушал еднаш изневерување. Исклучоци има секогаш, ама главоболки свесно да си стварам На тоа се мисли кога се вели дека на швалерките им фали достоинство. Никогаш не би сакала по коли по темници да се пикам да не ме види некој зошто врската е неодобрена. Или детето дома да го чека за домашна да напишат, јас со него да го поминувам времето и да запаѓам колку сум заљубена ко некоја тинејџерка. Одбивно ми е од дно на душа, не би можела да го правам. Една од најглупите работи е кога двете жени се криват меѓу себе Швалерката кога вели за сопругата била неспособна да задржи маж (а швалерките па едни способни, затоа со женети ) А сопругата кога вели дека швалерката е клета, злобна, го завела, го излажала и продолжува да му прави ручек на овој копуков. Тој ужива ли ужива, од едната секс, од другата ручеци и двете се трудат што подобри да се во ручеците и во сексот за да ја одбере најдобрата
Како нема? Реална ситуација е шо се случва. И ситуација каде секогаш се бара начин да се оправда мажот и да се оцрни другата жена како уште еден начин за плукање по жени. Ако за нешто мижиме не значи дека не се случва. А за темата - еднаш не отвори и нема да имаш известување за нови мислења. Или не ја надгледувај темата. Ваљда некогаш те интересирало па си запратил.
До кога со тоа дека сите мажи изневеруваат и сите имаат несреќни бракови? Тоа ако вас ви се случило и не сте имале среќа во љубов нема потреба да блуете вака. Жал ми е што има такви луѓе и што ве повредиле ама нема потреба да се генерализира. Не значи ако некој вика дека има убав брак и е среќен, дека е тоа лага.
Не бе. Има и мажи што исто така простуваат неверство. И мене ми беше чудно, ама ете и тоа сретнав... Очигледно секакви не има
Чекај сега, он се заколнал на верност на жена му, он крши ветување , ама машко е па и гаќите му тежат , и некоја рендом девојка која си сака една вечер секс и не ја занима брачната состојба на партнерот треба да мисли?? Дали си сериозна?? Е па тогаш душо да ти кажам дека во овие 5 години бааѓи му имаат тежено гаќињата на твојот.
Јас не знам членот што чоек е во живо ама не знам што ви е фората со ова "ќе видиш". Има луѓе што ништо никогаш не може да ги натера да изневерат. И се сигурни во тоа.
Треба да се ставе поголем акцент на овој коментар. Слично и јас кажав, не се сите во еден кош. Не се сите изневерувачи (мажи и жени), има луѓе што знаат да сакаат искрено и тоа да не е болно. Има и среќни бракови. Лошо е што овде не се пишува за проблем или совет што побарала некоја феминка, се пишува општо и многу опширно. До тој степен што многу жени кои се со ниска самодоверба да го прочитаат ова сето ќе почнат да се сомневаат без ни една причина. Не генерализирајте за сите. Има и такви што не се ебкаат на страна.
дури два сретнав првиов мислев дека ме лаже ама после стварно испадна. жената се зема со "дечкото" кој и он бил женет дур биле заедно. а вториов се прај дека не знае иако знае.. ама се за мир у кучи, јер и него му шара газО