Вака ќе испадне секој месец по една швалерка. А иам сериозно прашање. Дали ако најде втора швалерка првата е изневерена?
Оди ти истреси ги гаќите кога ќе ти дотежнат со некој друг, нека разбере твојот и врати се да ни раскажеш како ќе поминеш. Или подобро немој, најголем процент од изневерувачите, ако им се задеси тоа, некого на максилофацијална го праќаат за да и/му ги состават вилиците. Знаете што е најтажно? Што неверството е еден токсичен pattern кој се врти како во некој лупхол, буквално истиот муабет се врти 300 страни, од 2010, откако е направен форумов. Цел живот читам оправдувања, гаќи му тежеле, маж бил, ќе си пробувал на секој можен начин... И мука ми е. Најискрено мука ми е, што сме си дозволиле да не еволуираме од таа мртва точка и што жена ќе трпи да е несреќна и да остане со некој таков деген, притоа кажувајќи си lullabies дека го личи и дека швалерката е крива. Па пичка му матер, жени сте бре, карпи, работоспособни, за мултитаскинг, сами се перете, готвите, работите, пустите, за да трпите некој ваков створ. Ај разбирам финансии да се во прашање, ама пак ќе почнам бе да размислувам на долгорочен план. Ако во моментот сум зависна, две ќе се направам да го сменам тоа. Не влечите поука. Од форумов ако од ништо друго. Се иде у живот, некогаш човекот кој го сакате и идеализирате не е тоа што сте мислеле дека е. Мислете и на себеси дека еден ден може нема да го има, дека ништо во животов не е вечно. Ужасно грдо ми е кога ја читам темава, па вакви коментари коа ќе прочитам на правдање на мажето и покажување со прст према жената ми се темне, косата ми доаѓа да си ја откорнам. Хорор.
знам де... ама смешно ми дое. пошо пример ако само за муслиманка го соблака, ќе треба ко капуљача да му го резнат if u know what I mean...
Тоа ми беше следното прашање Дали ако има секс со жена му, се важи ко да ја изневерил швалерката? Дали на швалерката и смета? Или не им смета генерално?
Ја знам за еден што цел живот е со мажена и не смее да погледне у друга пред неа... јер јавна тајна е дека деценија се заедно. Иначе он не е женет ..