Генерално се вадат дека не спијат со жените, дека се во брак ради децата.. само жените не знаат дека овие не спијат со нив.
Не е тоа што му простила страшно. Си стаила све на вага, океј, простила. Нејзино право. Хоророт, страхотијата, идиотизмот доаѓаат кога ги амнестира изневерувачите од одговорност, као демек хехе мажињата ги личи, жениве треба да припазуваат. Па пичка му матер, гревота е така да се едуцираат млади девојки кои идат овде да читаат, гревота е во 2022 година така да мислиш, понижувачки ми е некој да мисли дека тоа е океј, дури овој од таму курот го боли за све и само мисли кај да го збрца, па зад него стои жена која го правда и уште спремна е да се расправа дека не е он крив. Па затоа така и прават, знаат дека дури и ќе ги бранат, кур ги боли. Не, не е нормално да му тежат гаќите. Ако му тежат гаќите и не е спремен за моногамна врска или брак тоа се кажува од старт за да знае другата страна дали прифаќа. А не седи жено ти дома, брани ме дури јас се ебавам со друга, глеј го домот и оди пишувај на фемина како мене ме личи оти маж. Пу.
Ако му тежат гаќите значи е покакан. Не! Не! Остај одма тоа ајде да не те исплескам. Какано е! (Ко, буквално ова е прва лекција шо не учат ко мали)
Ја сум дете на така распаднат брак, се породила мајка ми и дознала дека ја варал татко ми. Кокошката и се јавила и и кажала дека татко ми не ја сакал повеќе и да го оставела на мир. После склопила коцки дека кокошката била колешка негова. Нормално го шутнала и продолжила сама да ме расте. Ова ова ова ми е дно дна , чим има бурма КРАЈ, нема што он е крив, она значи КРАЈ.Шо ќе ти е некој шо не знаел да комуницира со партнерот свој дека нешто не штима? Демек сеа со неа ќе се препороди и ќе почне ? Не верувам, можда има, ама лично не верувам … Да немаш никој ( класична врска)па ај само на тебе и личноста сјебуваш живот, вака на многу повеќе луѓе сјебуваш, КОИ ни криви ни дужни патат.. Он продолжи да се глеа со “кокошката” , причина за варање било дека мајка ми превише била фокусирана на образованието и работата …
Едно прашање до повеќето на форумот. Оти им судите на луѓето, од кај ви е тоа право? Оти се замарате? Секој си прави избор свесно или не свесно и секој си се носи со последиците од неговиот избор. Луѓето не ви должат ништо без разлика дали ви е дечко/девојка, сопруг/а, не боли тоа што ви го направиле, ве болат вашите очекувања. Средете го тоа и немате гајле.
Од темава човек кога ве чита, да посака швалерка да биде Абе убабини. Ама ако, убаво е да се теши човек. И мажот изневерувач и швалерката се дно. Не мора да го разведува де, нека му пере гаќи жена му, мислите дека жената е губитникот? Не, губитници се овие двајцата. Задоволство, секс, се е пролазно, она што останува е домот и семејството. Некој што ќе влечкате со вас по роднини за празниците. Децата пак да не ги спомнувам.
Ама има и жени кој знаат, им опростуваат заради икс причини Јас да сум во брак и мажот ми да ме изневери јас ќе му вратам да бидеме фифти фифти искрено и големина на човекот е да опрости само доколку се кае иако НАЈГОЛЕМА КРИВИЦА ИМА ТОЈ ШТО ИЗНЕВЕРУВА А НЕ СО КОЈ ИЗНЕВЕРУВА
Не се работи за кои се губитници кои не. Треба секој да е среќен. А тие што се во брак, и се случило куршлус, барем ти знам ќе се сложиш, ако можат треба да пробаат да оправат. Јас не би можела. Добра ноќ.
Тоа се тие изговори и манипулација, секогаш вината ја префрлуваат на сопругата. А за ова, искрено, ја спасила. Да не била таа ќе била друга. Е сега не и' кажала со добра намера види каков е мажот ти, ама јас би сакала да ме просветли било кој. На темата, прилично сум наивна, глупа, мислам дека се' би простила. А сум и разбрана и мирољубива, па сакам да застани да ми кажи дека нешто не е во ред или дека сака да си бара друга. И јас би си кажала, барем сега така мислам.
Губитници секако има, не може да биде здрава врската помеѓу швалерка и оженет или обратно. Нечиј дом се руши. Некако многу лесно соџвакуваме вакви работи, а тешко ни е да преминеме преку истиот. Нема полошо од рушење на домот. Точно, секој треба да е среќен, ама не врз несреќата на друг. Жената ќе се разведе, ќе најде друг, ама некако сите ги забораваат децата. Почни од родителите кои решиле да изневерат, па се до третата страна. Не, не треба да и е гајле, по некоја логика нели, ама по некоја пак човечка емпатија и треба. Возрасни сме, доволно зрели, страстите и нагоните и те како знаеме да си ги контролираме оти штом си станал родител, имаш некоја одговорност. И на крајот, или ќе се разведеш или ќе го надминеш куршлусот, ама траумите остануваат. Не знам колку вреди таа среќа за еден секс, а цел живот да гледаш емоционално осакатено дете. Оти од овие врски, колетерална штета се децата. Добра ноќ.