Ете прочитај се самата. Потсвесно мислиш за мене дека додека жена ми е на работа јас седам пред компјутер дома и лечам комплекси на фемина и напаѓам жени. Напротив , убила ме туџа срамота за што читам тука по темиве. Немам фрустрации никакви. За мене сите жени се дами пред се. Нит сум навредил некоја нит сум дигнал рака, нит вербално напаѓам жени. Тоа е долност за мене. Без разлика дали е убава или не е, таа е нечија мајка и заслужува почит. Мажите се свињи во животот, жените се лавици. На крај секое тенџере ќе си го најде капакот, порано или покасно у живот.
Јаоооо давајте им на мажите Мене ми е срам за твојов срам искрено. А што праиме ако мажот од х причини у моментот лога госпоџата е заинтересирана за секс он не сака? Дали ќе ги правдате жените што дома се не задоволни па тргнале на страна ? Еве ја ќе ви одговорам НЕ. Ќе ја напраите промискуитетна и лепенката "кур*а" ќе лета на сите страни. До кога бе поделба на машко/женски? А сите тие што мислат дека пошто се машки пошто им се манда нешто доле да иживеат еден месец на самохрана мајка ќе плачат како пи*ки. Доста е више, сериозно сте смешни.
Не те мислам потсвесно ни надсвено ни измеѓусвесно бе дечко, те читам на форум, онака буквално. Нека не те убива туѓ срам, доволен ти е сопствениот.
Им запнавте на мажите само, ама реалноста вели дека и жените изневеруваат. Скроз исто како и мажите. Може треба да се смени насловот во Врска со оженет/омажена? Читаме и искуства од жени кои се во врска со оженети и обратно. И темата не е е една вечер секс, туку Врска. А врска е подолг период. Секој брак има кризи, излети, флертови, сега може да се правиме наивни колку сакаме, може на секој да му се случи или ќе му се случи. Некои и ќе завршат со секс, некои со врска. И таа врска е паралелна и никако не е здрава и одржлива на долг рок. Сеедно зошто е тоа така. Има жени кои ги е гајле за друго, уживаат во вакви врски, беа обврски. Во ред, постојат, поретко ама има. Може она нема да се заљуби, може мажот ќе биде тој. И еве ти чорба. Зошто? Очигледно дома нешто не функционира. И тој проблем треба да се реши дома, а не надвор. И за тоа постои развод. Разведи се, па имај си врски какви сакаш и колку сакаш. Ама ниту неверствата ќе престанат некогаш, ниту пак изневерувачите ќе се освестат, ниту пак швалерката ќе стане совесна. Утопија би било сите да сме моногамни. Ама не можеме ни сега во време каде што се нормални и прифатени многу работи, да го прифатеме неверството како нормална работа. Колку и да го има. Не верувам дека некогаш и би било нормално, едноставно е, човек не оди против своите чувства, колку и да еволуирал како единка во општеството.
А некад стварно сакам лајк да ти ставам... Ама не ми дава душа да кликнам ко ќе прочитам... Надвор од comfort zone ми е
изговори Преѓе видов ми имаше лајкнато нешто и си прам "дали јас не опцув конечно негде па Ајрон ми лајкна? Се случвале чуда.
Сега гледам сум пишала кг. Ајде нека се литри... Душо, а мажот не треба да даде нешто? Јас би го посакала да ми даде ако ми пегла и ги реди празните тегли.
Полека со ова душо, ќе се растопам Не делам јас мажи, жени, обострано зборувам, не бидете буквалисти. Сопружниците треба да се дадат време и за нив, а тоа да не е работење. За обврски не збориме сега. Кој како може треба да завршува, а не да ги делеме.
Нема врска изневерувањето, со то колку секс има некој во бракот. Тој шо сака да изневери, ќе си најди причина зошто го прави тоа.
Истото важи и за швалерката, не треба да ја мрази жената што мажот се враќа кај неа, туку мажот што ги ебе и двете…
Еееј колку сакам ова да го сфатат оние кои се изневерени, без разлика дали си маж, или жена. Со партнерот имаш проблем, не со швалерот, не со швалерката. Мислам дека многу луѓе се плашат да бидат отворени со партнерот, да си ги кажуваат мислите, желбите и потребите... А нема добра врска/брак, без непрекината, отворена комуникација. На крајот на краиштата, повеќето е компромис.
Нема давање или земање во сексот, аман. 21 век и не научивте дека сексот треба да е за уживање за двајцата партнери а не само за задоволување на сексуалните потреби на мажот.
Амин!! Врска со човек кој е зафатен се "исплати" ако не очекуваш дека ќе ја остави жена му и децата и дека ќе бидете хеппи фемили. Жена која е со женет а е слободна и сака брак, нека не си троши време. Тоа е само залудно потрошено време.
Врска со женет, без разлика дали имаш очекувања или не, не се исплаќа, оти е женет. Како вака оправдувате, како се исплаќа. За сите потреби, нагони, задоволства има и слободни луѓе. Реков јас, на пиедестал швалерките и швалерите. Оти им се може. На сите ни се може, ама не секој сака и може да биде швалер или изневерувач. А овие поими колку и да сaкате да ги оправдате, колку и да е често, никогаш нема да биде нормално и прифатено. И не треба. Малку повеќе почит треба да имаме прво кон себе, а после кон другите.