Аха... До величината на човекот е... А чек до чива величина? До неговата или до на жена му? Као демек- види колку широкогруда особа сум, му простувам што за Божиќ рече е на пат три дена а бил со неа у Банско ли?
Нема каде да оди, или филмот за среќниот брак пред другите ќе го расипе или заради децата нормално (со неа сум заради децата)
Не се сите такви. Има и што баш сакаат да им се средени јер жените им се троа запуштени од што гзот не знаат кај им е од домашни обврски, па оваа ја шетаат како медаља пред народ, демек еве убава ми е бар девојката. сериозно ова.
Повеќето такви што се окулу мене не смеат ни да стават кармин, оти ќе го налутат вљубениот. Кои психи абе.
Насловот на темата е прво ужасен. Зборов “врска” не припаѓа во оваа реченица, затоа што никад не може тоа да се нарече “врска со оженет…’ Бруталната вистина е “швалерка на оженет човек, да или не?” Врска со оженет,никогаш не одат заедно.
Ехеее, тие по две, три паралелни врски имаат, добро што не е легално и два брака сигурно и тоа ќе го имаше
Но тоа не е ВРСКА. Тоа е швалерии. Врска е кога двајцата се слободно и тука завршува се Затоа велам дека и насловот на темата е згрешен, колку и да боли вистината дека таа е му е швалерка, а не девојка.
Ајде ве молам без навреди, дискутирајте смирено, нема потреба од толку никакви зборови, се изнесува мислење само, нека биде во склоп на правилата.
Ептен добро знам што значи врска. Ако е утешително и не сака да прифати брутална вистина дека му е швалерка и се додека е во брак, НЕ е тоа врска, во ред нека си прави имагинарна врска со оженетиот маж. Нека се теши со лагата.
Факт е дека најголемиот број од овие врски се од интерес. За материјална добивка, подароци, шетања, завршени услуги, за позиција... Во сите примери кои јас ги знам, станува збор за мажи кои материјално се одвојуваат од оние со просечни работи и примања што не би рекла дека е случајно. Но, една која ја познавам цела младост си ја потроши чекајќи го типов кој којзнае што и ветувал, инаку газда нејзин каде што работи. И што е најтрагично, уште е упорна и не губи надеж. Целиот живот и се што прави и се врти околу него. После десет потрошени години, он си добива второ дете со сопругата а сите ги извести дури кога се роди. Оваа уште прави се за него. Од супер личност се претвори во нервозна и полна со омраза према сите, за најмали ситници избувнува. Е ваквите не ми се јасни, никогаш нема да ги разберам. Еве јасно ми е за корист, има секакви кои без многу труд сакаат да дојдат до одредени добра ама да трошиш цела младост за некој кој те зафркава додека ти го поставуваш за центар на својот свет ми е надвор од сите нормални граници.
Бидејки овде се ставаат на клада љубовниците на мажот што би кажале на оваа ситуација. Маж и жена (потврдено е дека се маж и жена ) со мало дете седат во моја близина, сакала не сакала го видов моментот. Жената го думка детето во раце, а мажот ладно седнат спроти неа си листа Тиндер, и си додава цурици на листа.. Не верувам дека пишува дека е женет на апликацијата. И некоја ќе се запознае, ќе си легнат , нема да знае дека е женет. Која е кривицата на другата во овој случај. Ајде да ве видам..
Јавна тајна е дека многу си се е*ат на страна, за дел ќе излезе јавно на виделина па као скандали, за дел на сопругите/сопрузите им е сеедно т.е. коегзистираат, за дел можеби никогаш нема многу јавно да се дознае, ама сепак знаат низа на луѓе зашто често убаво им е да се фалат. Тоа е потврдено и со скандалот со видео снимки во тој мотелот Вила Уно, а и безброј примери на тиндер, xhamster особено и сл.