Врска со женет човек е губење квалитетно време од животот. Наместо фокус слободни мажи и љубов, самозалажување и билдање чувства дека си подобра,поубава од законската жена е само знак дека е си на работ штом си се фатила на оваа очајна сламка.
А јас не знам колку пати се повтори низ темава дека е за тие што знаат прашањето дали имаат морална одговорност или не. Врска со женет е темава, значи знаеш дека е женет. Не е "Врска со човек што бил женет ама не ми кажа па мислев сингл e". ------------------------------------------------ Eдит Имав познаник што беше во врска со девојка што веќе имала дечко, ама не знаеше. Идеа некои 3-4 месеци. Оваа решава да му каже ама и дека "уште малку ќе раскинеле со него". На познаников му се згадува максимално, ја блокира од сегде и и' кажува дека очи веќе неќе да и' види. Е баш вакви почитувам.
Не можам да судам никој, оти сум видела ваква врска како се развива, пред мои очи. Вистинска врска беше, иако типот беше оженет. Прво другарките и' бевме параван, излегувавме со друштвото негово, па после неколку месеци, почнаа и за рака да се шетаат. Мене искрено ми беше страв, многу... дека ќе ја извиси, дека ќе си ја потроши младоста во пуста надеж, дека ќе биди повредена... Ја убедував да раскине, ама беа заљубени. Чудно, ама навистина се сакаа. Се разведе тој, во брак се скоро две децении. Не можам да и' речам дека згреши. Е имаше моменти на вистински срам... Еднаш тогашната му сопруга, дојде во кафичот со детето. Малечко беше, 2-3 годинки. Ептен гужва имаше, се доближи до другарка ми и и' рече нешто, па стана мажов и ја одвлече за рака надвор. Прашав шо и' рече: “Детево ќе остани без татко заради тебе“ Ептен грдо... ептен. Ама тој урукот, ги испрати да си одат и остана со нас на маса...
Детето не останува без татко после разводот, таткото е жив и може да си го гледа кога сака и да му купува тоа што сака, иако никој од убаво не бега, но седење на две столици и правење такви драми ми е туу мач Јас до сега имам видено само жени што процветуваат после бракот, мажите некако слабо како испарееани се после развод
Ако не знаеш дека е женет, нормално дека не си крива. Дури си и жртва. Ама да не праиме филмови сега. 90% од жените што се швалерки и те како знаат дека е женет. Плус во државиче како Македонија, се се дознава. Се ставам на нивно место, и пак не можам да сфатам. Одговорно тврдам дека јас не би си направила такво нешто. Зошто сакате да бидете нечија втора опција? Зошто не сакате љубовта да можете слободно да ја покажувате без срам? Зошто ве прави среќни тоа што жена му дома не ја бива за ништо, запуштена е, само му готви, а јас сум најубава и мене ме сака? Зошто да дадете материјал да ве зборат луѓе и со право, и да си ставате етикета? Покрај толку сингл мажи треба да имаш некое пореметување да ти се свиѓа женет, па и со деца.. Си ставате трн во здрава нога.. ама ај..
Можеби е групњак у прашање , шо му знаеме ние .. Уште полошо е кога Дуле механичар ќе му пише дека му доцни две недели .
Очекуем сеа некој да ја изнесе споредбата со кључот и бравата и да се уверам дека сме у временска машина.
Или кога во 2 на полноќ ќе му зазвони дека го сака. Знаете колку Дуле механичари се јавуваа за време на коронава? И колку бракови се распаднаа зашто се дозна дека механичарот ја поправал само рачната и го центрирал мењачот?
Апсолутно никогаш. Швалерајот не е нешто што "ти се случува" во животот, туку ситуација која ти ја предизвикуваш со своите дела. Е сега луѓето за да се утешат и да ги оправдаат своите постапки, велат дека "им се случило".
Не мора да значи, еве познавам лично пар кој двајцата беа во брак, се вљубија еден во друг, се разведоа од партнерите и сега се еве заедно и имаат дете. Е они фино се договорија, во исти ден секој седна со својот партнер, си кажа слушај ова не иде сакам развод, тоа е тоа. Јебига, се дешава.
Точно е дека постојат мажи коишто имаат љубовници затоа што жените им се тукуречи в џеб (идеја којашто ниту една жена не смее да ја разбуди кај маж никогаш) и си сакаат да ги доживеат тие други динамики коишто една врска може да ги понуди. Не ги оправдувам никако и никогаш не би простила. За да ја задржат таа возбуда ја држат и љубовницата со фрази на коишто дете во јасли не би верувало, не затоа што е невозможно, туку зошто огромен број мажи ги користат, од типот на не сме интимни, ради децата сме заедно, мама срце ќе ја стегни ако се разведам и сл. Но, штом жената дознае и постави ултиматум, љубовницата е оставена моментално. Не оти мажов доживеал некоја епифанија, туку не сака да си го изгуби редот и не ретко тоа трае до следеча жртва. Поради тоа што ваквите сe многу активни и не се задоволуваат со една авантура мислиме дека се сите такви. Поарно цел живот сама да сум отколку да сум нечија втора или прва на некој со втора. Не осудувам туѓи избори, ниту пак имам право да оформам мислење за личности знаејќи една работа за нив , ама моето его не може. Јас се ладам кога некој стално манијачи женски на Инстаграм не па вака. Има и такви коишто навистина љубовта којашто ќе ги држи низ животот ја искусуваат откако веќе стапиле во брак. Ретки се затоа што и смелоста да се биде искрен кон самиот себе си е ретка и голем дел преферираат комфор зона.
Можам само свое искуство да споделам. Човекот тврдеше дека е вљубен во мене. Му реков, раздели се со неа, отиди си од кај неа, па после дојди и кажи ми го истото. Така и беше. Х месеци како е разделен, се` уште ништо не се случило меѓу нас, иако поводот за нивната разделба бев јас. Искрено мислам дека си имаше он 100 др. поводи, ама ајде, нека сум јас нели. Во секој случај, меѓу нас немаше ништо додека беше со неа, немаше шанса да има. Верувам дека секој во секоја доба и без оглед на рилејшншип статус може да се вљуби, ама зборови не се за верување никогаш и од никого. Докажи бате, па да збориме.
Баш така. Токму и на тоа мислев кога реков искрен да е човек кон самиот себе си прво, па и кон другиот.