Сфаќам. Ама јас на таков никад не би можела да му верувам. Додуше на никаков не можам, ама тој што еднаш трзнал кон друга дур е со некоја... не мислам дека ќе му е последен пат ..
Скроз доверба во никој. Мене ми беше важно што не ни проба да ја изневери, а од моја страна му беше кажано дека не знам што носи иднината, ама швалерка нема да сум му сигурно. Не заради неа, заради мене лично, за моево срце да си го сочувам од болка која може да се превенира. Едит: на сите може да ни' се случи да "тргнеме", т.е. вљубиме во некого. Дали тоа ќе го однесеме чекор понатаму и ќе изневеруваме, веќе е друго прашање. Љубов како љубов, не мислам дека може да се одреди или да се одбере. Ама дали ќе се е*ам со некој, избор е. А зошто сите остануваме во односи - бракови/врски во кои не сме среќни и стигнуваме во друга личност љубов да најдеме, е веќе интересно прашање. Изговори сите имаме, колку сакаш Та деца, финансии, навики, шоќекаженарод, ју нејм ит
Како тоа причина за развод си ти а ништо уствари не се случило меѓу вас? Или само на муабет јак типов
Се дешава, ама таквите случаи се голема реткост. Да не нормализираме швалерај. На секој може да му се деси да се вљуби, но си има начини што не вклучуваат варање. Ама проблемот е што најголемиот дел прво сакаат да си се осигураат, па никогаш не си 100% сигурен, па ставаш на вага што ти е побитно, па драми, па поделба на имот етц етц… Што знам, за мене е понижување да сум нечија швалерка. Уште поголемо понижување да имам швалер, слаб неодлучен карактер си едноставно
Причина за разделба или неверство не може да е само швалерот или швалерката.Што прави брачниот другар што изневерува? Па тој/таа подлегнува на страсти и прекршува некое ветување.
Како што имам пишувано години наназад, не сакам да морализирам. Никогаш не вели никогаш. И јас се надевам дека никогаш нема да бидам ничија швалерка, заради себе, за да не стигнам јас да имам очекувања кои не може тој да ги исполни.
Морални вредности мора да постојат. Не сме животни да се водиме исклучиво по нагоните. Нема тука никогаш не вели никогаш. Се зависи од каков карактер си. Ако јас сум си ветила себеси дека никогаш нема да пробам наркотици, на пример, нема да пробам. Нема виша сила тука, се зависи од тебе. Никој не ти става нож под грло да му бидеш швалерка..
А моралните вредности се индивидуални, затоа одбивам да морализирам. Што е за мене исправно, не значи дека за сите е или треба да биде, и обратно. За некого можеби самиот развод е аморален чин, негов проблем, нека не се разведува и нека си седи во несреќен брак ради морални вредности. Не му судам, негов проблем. За себе знам дека од морал, морално е да бидам со некој што ме прави среќна
Па не би рекла, да за среќа, ама не по цена на нечија тага. Да не се лажеме сега, не се заљубуваш на прв поглед. Ако веќе гледаш дека ти се свиѓа некој, а е женет, се тргаш на страна, не ни даваш опција да го запознаеш подобро и да се заљубиш. Не знам, ваљда тоа ги дели луѓето на добри и лоши, совест. Сите правиме грешки, и се додека сме свесни за грешките е до негде океј, човечки, ама упорно да се трудиме да морализираме нешто што по никоја дефиниција не е морално, што предизвикува тага кај некого, а не не ни е есенцијално за живот…. И со човек што ја вара жена му среќа ли ќе градите? Blowing out someone else’s candle doesn’t make yours shine any brighter.
Сум размислувала на темава и сметам дека секогаш ќе постои неморална жена која би имала врска со женети но ако се ставите на место на изневерена жена не може да ја обвинувате љубовницата затоа што партнерот не ви е верен он можел и да одбие ако е лојален.
Не ми се случило ова ама што знам ако сум во брак и маж ми се заљуби во друга, нема да го сметам неморален нит него нит некоја што се пуштала на женет.
Најчесто денес никој не носи бурма со изговор работа, или му сметала. Јас еве како немажена ако некој ептен ми се засвиѓа и видам дека не носи бурма ќе мислам дека е слободен и ќе пробам контакт да остварам. Е сега ако тој и понатаму крие дека е женет е негова вина. Познавам многу што не носат бурма и немаат никакви слики со жена/деца, ако не ги видиш заедно нема никогаш да дознаеш дека е женет ако сам не каже, посебно во голем град.
Не знам ни јас, не е егзактна наука Ете познавам де и пар кој од швалери еден на друг веќе долги години се во одличен брак. Лично не мислам дека се лоши луѓе. За мене морално и совесно е тоа што не се доведов во ситуација да ја изневерува со мене. Тоа е избор. Не е избор дали сакаш или не сакаш некого.
Два минуса прават плус Не, шала на страна, има исклучоци иако се ретки. Зборуваш ко сите швалери најголемата љубов на Свет да ја доживуваат.. а ни приближно не е така. Морално и совесно си постапила, освен тоа и достоинствено. Па останатото нека му е него на совест. А за избор, и те како е избор дали ќе дадеш шанса да сакаш некој. Не се случува голема љубов преку ноќ.