За малку кога бев студент ќе имав нешто со оженет. Си бев дојдена за викенд , во дискотека се запознавме, ни тргна муабетот. Ништо не се деси. По ништо не познав дека е женет. Значи и по телефон се слушавме. Не сум се распрашувала до сега за никој за неговото минато, така и сега.После некое време требаше да се видиме. Братудчед на другарка ми не виде заедно дека стоиме и така поблиски дека бевме и дојде и ми кажа, и бил другар на неговата сопруга.Истата вечер пред да се случи нешто разговаравме и не продолжив понатаму со него ништо. Иако еднаш се разделиле па пак се смириле, за мене тоа беше крај. Имаа дете. По некое време од кога јас дознав пак се разделиле. Ништо немав со типот ама чуството дека те лажел е грдо. Можел да каже дека е во процес на развод или нешто. За мене од секогаш и за секогаш е слабак тој што изневерува. Го сметав и него во тие бидејќи сеуште беа во брак во тој момент кога разговаравме ние.
Јас нема никогаш да се согласам дека љубов се бира. Не се бира Се бира што правиш во врска со тоа што го чувствуваш. За да сакаш некого не треба ништо освен тој некој да постои. А да останеш со некој кој не го сакаш, оти така си ветил, оти кој сакаш изговор стави, за мене е прелошо ете. За мои сфаќања тоа е аморално, да бидеш со некој кој не го сакаш и тој некој да живее во заблуда дека го сакаш. И да не сакаш никого, сеедно. Не е фер да си со некој што си престанал да го сакаш. За мојот морал знам само дека апсолутно немам намера да судам некој и после 40 години брак да се разведе и да си најде љубов. . . . За тие што се швалерисуваат од кур ќеиф. нивен проблем. Ако им е убаво, супер. Нивна работа. Ни сум Господ, ни па мислам дека било кој е во позиција на толкава аморалност да има право било кого да суди, посебно ако не е лично засегнат.
Сега за развод е дискусијава или за варање во брак? Две сосема различни работи. Ако веќе нема љубов, многу нормално дека е океј да напуштиш, ама САМО заради тоа што нема љубов. А не да си флертуваш со 200, да видиш со која ќе ти успее, да си се осигураш и после како гром од ведро небо да го напуштиш и повредиш брачниот партнер, а притоа и да го понижиш. Значи, гледаш дека нема љубов, страст, а не сакаш да ја поправиш ситуацијата- отворен муабет, сакам развод-фер. Јас зборувам исклучиво за изневерување во брак. А разведен човек секако треба и има право да си бара нова љубов.
Оваа се почесто е сега кај мажите и во брак и што не се во брак, така да можеме до утре да се надговориме ама 90% се мажите криви во случаите Мажите се како кучиња, водени се од само тој нагон и тоа е (90%)
И жените еднакво изневеруваат, само што подобро се кријат, а и поретко некој маж признава дека е изневерен. Во секој случај, и изневерувачите и швалерките имаат комплекс на ниска вредност и проблем со самоприфаќање. Нема друго објаснување да бидеш со женет маж, или да ја изневериш жената. Дно дна.
Мажите се големи манипулатори водени од нивниот животински нагон, и често манипулираат со жените лажат дека се сингл, не кажуваат дека се во брак, ги заведуваат жените лесно кои патат за внимание прибидејќи мажите дома не им обрнуваат внимание, знаат да ја кренат жената до небо и другиот ден ашшш го нема и им раскажал на другарите која ја расплескал и нели жената е крива што барала со него... Значи за све мажите се криви во 90% од случаевите, не подпаѓајте на нивните манипулаторски вештини и рекла казала муабети толку
Не е заради нагонот, туку заради разликата во односот кон мажите и жените. “Такви се мажите“ - не е оправдување. Изговор е.
да бидеме искрени подеднакво изневеруваат и жените и мажите, нема некоја разлика, може има но е ситна.
Поентата е друга, дека многумина се во бракови од разно-разни причини кои НИМ се исправни, не се среќни во тој брак, ама ете упорно остануваат. Прво нив гром од ведро небо ги удира кога ќе развијат чувства за некој друг И постојат милион ситуации, милион зошто вака или онака некој се однесува. Неверството никогаш не е ок, само одбивам да се однесувам морално супериорна, а и всушност тоа ми е обично неубава карактеристика за било кого. Како што кажав, никој не е доволно аморален за да може туѓи гревови да брои. На крај на денот, важно е со мирна совест да спиеме
Мислам дека ние жените сме најмногу криви, оти ние им даваме leniency И како мајки и како партнери и како пријатели...
Заради нагоните е, мажите жената ја гледа како предмет а жената е желна за љубов и внимание Мажите се такви како кучињата исто Ти одговорив погоре
Мене уште не ми е јасно како може 95% од мажите да не носат бурма. Значи првиот месец ја носат и после наеднаш му е мала како да се поправил 40 кг, или му смета, па поради работа и 300 изговори. Сум била сведок на ситуација каде девојка прашува дали е зафатен (врска/брак) бидејќи не носеше бурма и тој вели "кој прашува?", демек ако е згодна убава е слободен, инаку е женет. И пак ќе кажам слободна девојка може да гледа било кој, да развие чувства па и да се вљуби, ама овие во брак ептен си се кријат дека се женети. Ниту една слика никаде, ни бурма, ниту пак кажува дека е женет...
Не би се согласила. Баш мислам дека жените се поголеми манипулатори. Маж не може ни да помисли тоа што жена може да смисли. И тоа за раскажувањето се сељаци, а и жените се први кои ќе ја уништат од оговарање другата жена. Жена на жена е најголем непријател, за жал. Точно, затоа треба да мислиш пред да стапиш во брак. Ама еве ако веќе не си мислел, има мал милион опции настрана изневерувањето. Разговор, советувалиште, отворен брак, развод.. Нема оправдување за неверство, нема оправдување да понижуваш и повредуваш некој за за ги задоволиш твоите хирови. Разведи се, па заљубувај се. Како може да се заљубиш без флерт, без разговори на само, поминување време на само? Го гледаш и сфаќаш дека е принцот на бел коњ? А и да речеме е љубов на прв поглед, еден пример кажи ми што ја оставил жена му во истата секунда кога се заљубил во друга. Најчесто прво се случува неверство(не мора физичко, и да изјавиш љубов на некој друг е и те како неверство) па дури после се размислува за развод, откако ќе опипа територија, откако ќе е сигурен дека ќе бидне нешто со другава. Никако не де за бранење.
Манипулацијата нема никаква врска со полот. Ете на пример куп жени се манипулирани да останат во насилни врски, ако беше така како што кажуваш ти немаше да има ни една жена жртва.