Затоа е најпаметно да си финансиски независна. Финансиски сум зависна од маж ми. Не можам да замислам што би правела да бев во лош брак. Ќе трпев се', најверојатно... Образовајте се, вработете се, направете стабилност за вас прво. Брутално е, ама вистина е дека голем дел од 'среќата' е во парите.
Имавме еден на работа баш беше на позиција и секогаш на кафе пауза он збори за жена му за децата абе од уста не ги вади. Ќе кажеш навистина фамилјарен човек . Па непосредно пред да напушти работа почнаа муабетиве оп и се пуштал на една колешка, па друга, па трета и шо е најжално истите муабети на сите 3
И најважниот совет од баба ми: мажот е секогаш дете, затоа "воспитај" го уште во врска. Ако не му покажеш заби, секогаш ќе бидиш понижена и омаловажувана. На маж кога ќе му покажиш колку си силна, и дека ако го снема утре животот продолжува а не застанува, друга игра ќе се игра. А ако застаниш пред него како пердув кршлива зависина од него на секој можен начин, да го молиш цело време за внимание, да не си оди, да се одлути и слично ќе биде лошо.
Откако го купивме станот пола/пола (со пари од нашите, не дека ги спечаливме), не можете да замислите каква самодоверба добив. Иако, никогаш-ништо не ми забранил финансиски. Напротив. Параспур е, а јас сум циција.
Абе Вајлдке, и ние едно купче имавме, а знаеш дека он неспоредливо многу повеќе заработува од мене. Е сега, на крај имаше некаков дојам дека без него нема да преживеам, не знам. Затоа пак не би се оставила до таа мера да “зависам“. Не зависев, а замисли да зависев. Ќе беше многу потешко да се одвоиме тек тогаш.
На едно реално шоу една водителка реагира на ваквиве работи. Имаше еден постојано 40 години нон стоп си ја варал жена му. Оваа му вика ,, па добро луѓе не ве разбирам, океј физиолошка потреба е, иако не толку ургентна, ама само во туѓи полови органи ли е животов... Книга, филм, театар, волонтерство, концерт, хоби, овие работи како да не постојат сте уоквириле смислата на постоењето со нечии нозе. " И многу е во право. Ние кога сме доволно наивни да ги направиме дури дојдат децата центар на нашиот свет, последици се тие. Прво туѓо дете, после свои деца, е кога ни дојде редот ние да си се ставиме центар на свет да бидеме приоритет на друг... Дури и откако ќе дојдат децата, заедно со нив треба да сме си центар на светот затоа што ако не се грижиме за својата среќа, врз децата лошо ќе влијаеме.
Не читам цела дискусија и не ви се мешам. Само ме интересира како носење бурма е индикатор за изневервање? Пошто јас на кожа не трпам ни прстен, ни ланче, ништо бижутерија. Абе од какво сака злато нека е. И иден сопруг то ќе го знај. Ако не е океј со то да не носам бурма и то му е deal breaker - dodged a bullet. Пошто ако некој сака да изневери можи и со бурма на рака. Во најмала рака некој си имат фетиши за венчани па бурмата дур ќе му олесни. Ако некој реши да изневерва не му менва дали има бурма на рака или не.
Јас зборев за тоа јас ќе ти одговарам. Како немажена кога ќе видам маж со бурма не се осудувам да му пријдам колку и да ми се свиѓа. Ама некој без бурма ако ми се свиѓа ќе го прашам дали е зафатен. 90% кријат ете дека се женети. Ти кажав со свои очи имам видено како бурмата си ја стават во џеб или паричник пред дискотека или кафич. Не е бурмата индикатор, тие сами се кријат. Еве ти не носиш бурма а мажена си, ти пријде некој и те праша сали си зафатена, ќе скриеш? Бидејќи многу мажи тоа го прават.
Можеш да скриеш дека си женет во голем град, во мало населено место (град) тешко дека тоа оди низ рака.
Не сум мажена. После Фемина темиве страв ме фати. (мајтап) Ама ако сакам да изневерам би излажала и обратно, ако неќам да изневерам нема да излажам. Не можиш да бараш искреност од некој шо решил да си повреди личност шо се заколнал дека ја сака. На некои не им менува дека гледат женет, иако мене, тебе ни менва, на пример. Зато не е гаранција. Колку само афери на работни места има кај шо скроз си свесен дека и тој има партнер ама јбг. Страст. Исто е и со вадење бурми пред одење дискотека. Оти да ја остај бурмата и да не ебни? И не оправдувам варање и неискреност, дури и помали форми на лажење за мене се изневерување. Само буквално е контрадикторно ова шо бараш. Да носи бурма за ти да знајш да го одбиеш, а тој неќи да го одбиеш. А мојот понатамошен коментар се однесува на то дека и да има бурма ако сака - ќе ебни. Ко многу претходно, така и тој. И други после него. Дали ми е гнасно изневервање? Скроз. Ама во исто време знам дека бурма не менва многу.
Највеќе ебат тие со бурма,да знаеш.И во град со 600000 ќе се крие месец два после тоа ќе дознаеш се за него.Нема шанси да не приметиш ништо.
Грешка се сфативме темата е врска со женет човек - од женска перспектива слободна девојка, нема ниту дечко нормално ќе си гледа и ќе пишува така? Гледа на соц. мрежи нема фотографии со жена, деца, не носи бурма и го прашува дали е слободен, тој вели да. Значи таа знае дека тој е слободен, од женска перспектива толку. - машка перспектива: женет е има деца неколку и жена досадно му е сака да смени, излегува во дискотека со другари и свесен е дека повеќето ќе го одбијат кога ќе разберат дека е женет, ама тој ќе си ја извади бурмата и ќе каже дека е слбоден. Да не се лажиме има многу што одат уште истата вечер, сигурно доколку се најдат во диско или кафич оваа нема да отиде да се распрашува прво за него... Точно дека некој без бурма може да е проверен од овој со бурма, кажувам на што сум била сведок.
Мене ме интересира веродостојноста на овој статистички податок од 90%. Испаѓа никој не е верен, а сите стапуваат во бракови. Точно, во еден претходен пост напишав дека на социјални мрежи: ФБ, инстаграм, а веќе да не зборувам за тиндер и xhamster и сл. постојат купишта профили на мажи најчесто над 30 год. кои дискретно бараат секс. Меѓутоа, аргументов со бурмите ми е малку смешен. Ако некој бара секс и авантура, на чело да му пиши дека е женет/мажена можи да најди.
90% од тие што ги знам. Познаници, колеги од факултет, пријатели и во градот. И на чело да му пишува дека е женет малку потешко ќе најде некоја, а да каже дека не е женет зошто не би била некоја со него?
Сосема во друг правец е темава со тоа што го пишуваш Муабетот е ако не носи фраеров бурма како ќе знаеш дека не е оженет? Тоа си е друг муабет што ти не трпиш накит
Е ова. И како што кажав кога ќе прашаш зафатен си? "Зошто?" "Кој прашува?" "Зависи." Брату ако си женет кажи не играме бинго овде ебаго. Бог да чува, се оженил и ќе се крие.