Знам во кој правец е. И нема шо да вратам на една од репликите оти е џабе. Се шо ви велам е, некој ако сака да изневери - ќе изневери и со бурма. Некој ако неќи да изневери - нема да изневери и дур да не носи бурма. Воедно, наивно е да бараме искреност од некој шо не можи да е искрен со сопствен партнер. Од таму, бурмата е нерелевантна.
Точно, ќе ја извади бурбата и в џеб ќе ја стави моментот пред да ти пријде, жртва и изманипулирана е другата страна, зошто иначе од старт ќе јаде ‘корпа’
Абе знам... ама за да се има врска треба двајца? Врска со женет човек. Еве јас на пример да немам дечко, и сакам да имам. Не би му пријдила на маж со бурма во никој случај. А ако ми се свиѓа некој, и не носи бурма ќе го прашам дали е слободен. Има некои што кажуваат дека се зафатени во врска или брак, ама најголем % ги интересира зошто, кој прашува вртат муабети од околку и не кажуваат директно. Зборот ми е, бурмата може не е важна за тој што е во брак во однос на искреност и изневерување, туку за тие од страна. Пример јас како слободна девојка не би гледала во мажи со бурма па нека бидат пренајлепотани.
Добро ете ти ќе го одбегнеш тој со бурма, а мислиш не постојат такви шо не им менува дали има бурма или не?
А се пушташ на мажи во врска? Немат тие бурма. То ми е поентата. На крај едноставно меѓучовечките односи се такви. Некогаш мора да одиме со интуиција, некогаш со доверба, други пати при можност - истражуваме. А дека сите носат - не носат. Зато и пишав оти јас никогаш не би носела. И ако маж ми се плаши и сомнева во мене зошто не носам - нема да стигни да ми е маж уствари. Јбг. Пошто доволно сме возрасни да знајме дека бурма носење не е индикатор на верност. Ќе го кажам пак ова пред да се префрлам на друга тема, јас те разбирам. Јас разбирам дека сакаш индикатор дека некој е сингл. И јас сакам искреност дека некој е сингл. Ама во исто време не можам да барам искреност од изневерувач. Контрадикторно е. Не можам да очекувам со мене да е искрен, ко веќе лажи свој партнер. Можиме да се штитиме до одреден степен. После одреден степен се прилагодваме на ситуацијата и ја надминваме соодветно.
Во врска со бурмите, особено помладите генерации веќе ретко кој носи. Обично ги земаат за во црква, и после тоа дома кренати си стојат. Еве две другарки се мажеа годинава, 25/27 години, ни едната ни другата бурма не носат. И многу други знам, повеќе не носат одколку што носат, така да бурма во денешно време не е индикатор.
Има и такви што преферираат со бурма. Подоста жени сакаат забава, а женетиве им се таман прилика за истото.
Леле, ама се фативте за бурмата... Баталете тој муабет, темава опфаќа многу потрауматични ситуации од носење/неносење бурма.
Ако не ви се носи бурмата на прст ќе си ја носите обесена на ланче. Или од оние воените плочки само на нив изгравиран да е партнерот со датата на годишницата. "Зафатено од страна на N/N на дата: N/N". Може и телефонски број да се остави. "Ако го гледате ланчево, носителот отишол предалеку од дома. Јавете се на сопственикот на следниов број: 07* *** ***." Шала на страна. Ако некој сака да изневери не го спречува накитот. Плус, има машки што рандом носат прстен, иако помалку се. Или женски, скоро секоја втора без разлика на брачниот статус носи некаков прстен кој може да изгледа како бурма или веренички. Така да не знам како одредувате дали некој/а е женет/мажена на темел на накитот што го носи.
Маж ми од прв ден не носи бурма , поради работа со оружје . Мене ми вели - како сакаш , ако не сакаш не ја носи не ми менува ништо тоа . Сепак , мене ми се пуштаат и женети и слободни , на маж ми му се пуштаат девојки . Си кажува дека е оженет , кажувам дека сум мажена . Не е глума неговото кажување , се има случено да го слушнам како кажува , а тој не ни знаеше дека сум тука . Често се шегува со мене , вели ти повеќе додворувачи имаш од мене иако ја носиш бурмата на рака . Кај мене сушна година а бурма не носам изгледа треба да почнам да ја носам . Како и да е , не го оставам на раат да се опушти и не му давам до знаење дека му верувам .
За да не се опушта . Се шегувам , знае дека му верувам , но ете кога ќе му се јави колешка на телефон веднаш се правда - колешка ми е ме бара за ова и она . П . С . Секако тоа не е 100% , мислам и дека сама на себе не си верувам 100% . Но е доста висок процент .