Не сите мажи изневеруваат ако не носат бурма . Не сите жени се верни ако носат бурма . Во принцип , не е дека не си во право , но тоа не важи за маж ми . Не го бранам , но лично го слушнав како кажува на една девојка ( тој не ме виде мене , не знаеше дека сум таму ) дека е веќе женет и има три деца ( ова се случи на место каде нема баш луѓе и сигурно не го кажа тоа поради околината или затоа што ме видел ) . Не можам да објаснувам на долго и широко , но во кратки црти девојката била со мајка и и синчето , и мајка и го прашувала одоколу , кога дошле пред куќа за да ја земе другата кола ( имале куфери , а и таа кола што ја вози за низ град не е баш за долги патувања ) тогаш девојката отворено го праша а тој и одговори дека е женет со деца и дека не сака ништо со неа ( во тој момент јас бев доле да направам кафе , кафематот е кај свекорот на приземје ) . Не можеше да знае дека го слушнав , бидејќи не ме виде . Ова се случува среде бел ден , во април-мај годинава . Го слушнав поради отворени прозори на кип , не ме виде 100% сум сигурна , ниту знаеше дека сум таму . Не го прашав ништо . Подоцна , кога дојде дома , сам ми раскажа се , иако веќе знаев дека девојката му се пушташе ( она што не го знаев е дека не била сама , туку со мајка и и малото синче ) . Ако ова не е доволен доказ дека не сака да забива нож во грб , не знам што е .
Здраво јас сум една што после 28години во брак го изневерив сопругот алкохоличар Запознав еден прекрасен дечко кој ми ги пружа сите задоволства Со дечко ми сум веке три месеци и прекрасно ми е А со сопругот алкохоличар немам никакви сексуални односи веке неколку години Не му станува или при секс му спаѓа и неможе да сврши И секогаш ме обвинуваше мене дека јас незнам како да го задржам да биде кренат а он од што е пијан неможе ни да му стане А со пијан човек нема човек желба ни з
А зошто не се разведе од сопругот првин ? Без разлика каков и да е, не оправдува тоа ти што го правиш. Затоа има развод.
Не е работата за фалење Него да им кажам на тие што чекале со години што живеат со алкохоличари дека не треба да се нервираат и да си го уништуваат животот за некој што алкохолот му е побитен од се друго т.е.семејството Дека треба да се освестат за да си го продолжат животот да го живеат како што им одговара А не да стравуваат кога ке си дојде сопругот дали ке. Е пијан па да ги малтретира сите по дома
Не ти е дечко, туку швалер. И тоа што маж ти е алкохоличар, не те оправдува.Ништо не може да те оправда. Разведи се.Ако те малтретира, пријави го.
А тој ,,дечко ти", што фајде од него ? Да не ќе го одвикнува мт од алкохол? Мт пак доаѓа пијан, пак ве малтретира сите по дома.Тоа што си нашла некој незначи дека си се освестила ... и не ти е страв мт да дознае за тој ,,дечко ти"? И зашто не се разведеш , што си чекала толку време да ве малтретира ? Абе ви се чудам на лудоста
Приказната ќе беше мотивирачка за другите само во случај да го оставеше сопругот, да се спасеше целосно, а не само за секс. Не знам шо е причината шо уште си со него, ама шо и да е, разделете се, ништо добро нема да донеси живеењето заедно.