што има ти да цитираш нешто што веќе било поминало, се подзаборавило, или па сакаш само да повредуваш луѓе , ккако можеш да речеш МРШ на некој кој се доверува на форумови бара ПОМОШ, помош е алооо???? како можиш да ме грдиш со вакви зборови. ништо лошо тебе не ти сум сторила
Јас мислам дека девојчево не бара да и кажете дека ја осудувате, затоа што она и сама е свесна дека тоа што го прави не е во ред. Сепак за да сватиш некого треба прво ти да поминеш низ истото, лесно е да се каже виновен си или не си, тешко е да се излезе на крај со цела ситуација, а ситуацијата е сварно никаква. Спрема мене треба да си на јасно дека треба да прекинете, ти велам почни да гледаш реално на ситуацијата факт е дака секој без секој може најди го најправилниот начин и прекинете затоа што никогаш нема да можеш да шивееш мирно со нечиста совест. Не си единствена на која и се случува ова, но никогаш нема да си срекјна на сметка на туѓата несреќа ти велам од искуство..
коловоз и лјубам, недај боже барем дел да осетите од моево, ппа уште и ми велите дека сум била за на психијатар, стварно не е тој муабет за тука барем во лп да ми напишеше. Да, крива сум единствено затоа што слепо му верував години на екој што можеби ме залажувал, велам можеби бидејќи и сама не сум сигурна, зошто ако сакаше да е со женаму до сега ќе имаше уште едно дете со неа, немаше на едно да стои. само едно неможам да го разберам зошто се плаши да се разведи, а тој не сака да прави муабет со мене зошто не сакал да ме изгуби. затоа уште се влечкам со него, а не од што сум расипана
од каде знаеш дека ништо лошо не си ми направила ??? можеби ти лично не, незнам... но можеби некој мој близок страда од некоја како тебе или можеби од тебе...?
Коловоз потполно се согласувам со тебе .. А Садбејби ние не сме никои за да осудуваме друг на истиот начин же врати, само стави се на местото на неговата жена барем на еден ден.. кај е женет и со дете па и уште 4 години те матка и те прави глупава дека ќе ја остави жена му кога тогаш,дека неможел сеуште.. па малку ли се 4 години? незнам што уште бараш од него да те повреди уште неколку пати? тргни се од него дур ти е време!!
А зашто само неа ја напаѓаш, еве и јас те осудив, и јас те наоѓам крива, не те бранам, не те сожалувам, а не си ми згрешила ништо. Напротив баш сега во моментов после цитираново ми се гади од тебе, затоа што си сакала како во шпанска серија да наметнеш некому татковство. Коловоз тебе те повредува, а со што ...со тоа што ти ја плесака твојата приказна во фаца, со тоа што само е искрена...не те разбирам девојко, уште и се дрзнуваш да се караш. Свашта има по светов. И еве да ти повторам-глупава си била и се` уште си што дозволуваш да те мотка 4-5 год. златниот тој. Бараше помош, еве ти ја. Изволте. Ако сакаш да те браниме и да ја нападнеме жена му, кутрата таа мутава што седи дома и го чека додека тој е со тебе некаде , ај за греота па и детето, ти си го терала повеќе време да биде со него.... А сега и зошто немаат друго дете...и тоа те мачи...девојко стварно ти треба помош, како не сфаќаш....си игра со тебе.
Ова во случај да и се вистинити приказниве, та самата си кажа дека звучело ко шпанска серија можда стварно мн време поминува пред телевизор
Сите ти дадоа совет,сите ти кажаа да го оставиш а ти се уште не си го сторила.Се надевам дека мене тоа нема да ми се случи,а и да се случи што не верувам веднаш има да го оставам а ти овде со денови се мислиш.Еј,4 години те мафта.4 а не една недела стави се на место на неговата жена како би ти било да те изневерува маж ти?Немој да испадне како во претходниот случај дека имал сосема нормален брак а ти да си чекаш и чекаш а годините да си врват и на крај не сум јас крива. Зошто ти е тешко да го оставиш?Го сакаш?О да,епа тогаш остани со него и почекај си уште малку. Како нема да бидат против тебе кога си свесна дека одиш со женет човек и упорно си со него?На еден начин растураш брак.А којзнае како ке влијае утре тоа на развојот на детето?Ако сакаш да си срекна,ако сакаш да имаш нормална врска најди си нормално момче кое ке те сака и ке те цени доволно.А не да пиеш секој ден дијазепами заради некој таму што сигурно секој ден си се плеска со жена му а за тебе мува не го лази. Продолжи вака што да ти кажам.
Темата е осетлива и коментарите се критиЧни, тоа е оЧекувано. КАј психолог мозе да се побара помос со употреба на вистинските методи и зборови, тука уз совет мозе да дојде и некоја критика, осуда или сл. ете самата си знае дека гресела, самата си знае дека не бива веке така, самата си знае дека и минат најубавите години. јас, а верувам и многу други сме минеле низ љубовно разоЧАрување и сме ја осетиле таа болка кога мислис дека светот ти се руси....мегутоа сме пресекле и сме донеле одлука дека таа лиЧност не е доволно добра за да биде со нас. дека не бил созреан, не не ценел, не бил вистинскиот тајминг ..итн. последиците од твојава ситуација се многу поголеми за твојата околина од последиците при прекин на една врска, али војната во твоето срце е иста. таа одлука сто ти треба да ја донесес не е многу поразлиЧна од онаа на многу други тинејџери. презеди ја одговорноста за целата ситуација во свои раце, стои одлуЧно на твојата одлука. Си дала време, си дала ултиматум..се си му дала. Сега бегај од него настрана и барај си Чаре сто би рекле додека не е касно. јас сум мазена, така да и несвесно ми поминува мисла како и е на таа зена негова. јас од моето зивотно искуство мозам само да казам дека ако мазот е стварно лос, континуирано не ја третира зената како сто треба, не се гризи за дете или сл. не би го трпела како прво, тој брак би бил одамна растурен, а ако он е ''добар глумец '' пред двете тоа е само показател каква лиЧност е он, и сто мозес да оЧЕкувас од него во иднина(оти сепак он глуми пред неа 4 год. и лазе кај оди со кого оди , или она знае дека он последниве 4 години има свалерка) биди храбра и одлуЧна. излези од тој воздусен меур во кој се наогас. поминуј повеке време со другарки, среди се и испагај на места каде он не се двизи, прави се сто мозес да го заборавис. не ЧЕкај он да те остави, не продолзуј да зивеес во лага. ти посакувам се најдобро, пред се да бидес постувана и сакана на вистинсиот наЧин од вистинска лиЧност
Значи ако ти кажав за псхијатар, не го кажав со најлоша намера, туку сриозно, зошто ти дефинтивно не ја надминуваш ситуацијата. Врзана си ок е се тоа, чувства ок е и тоа. Секој пати и има болка. Колку и да ни потенцираш дека си фина, самата приказна прави извртена слика за тебе. Не си созреана, затоа тој и манипулира со тебе. Не би можела со помислата дека жената негова седи дома со детето, а ти искачаш и содаваш илузија од врска, па се слушаш на секои 30 мин. Не знам што да кажам. Поставуваш прашања дали ќе ја напушти некогаш? Тоа треба нему да му го поставиш ама да биде и прво и последно, а тој кој е толку "вреден" што ти даваш толкава жртва за да опстане тоа што го имате, ќе ти го даде одгворот веднаш. Онакви приказни поради мајка му и татко му на 29 години нема. Или сака или не. Ако беше вашата љубов толку моќна, тој до сега ќе беше со тебе. Бараш совети, ние ти ги дадовме, јавно пристапи со прашање, јавно ти одговараме без разлика дали се добри или лоши, осудување. Туку со крената глава ќе ги прифатиш или отфрлиш. Млада си, ама мислам ти не си почуствувала вистинска врска, да искачаш, да одиш на одмори, да легнеш со него, да се разбудиш со него. Времето е пред тебе, имаш шанси милијарди да си ја смениш патеката по која си тргнала.
брат му знае, другарите и негови и мој знаат. кога разговаравме последно ми рече да сум го почекала уште некој период не било така лесно да се разведел одма, ајас неможам веќе да чекам, мене годините ми вврват он ми вика чекај. а што ѓе правам ако не се раведи 5 години најубавите ми летнале во заблуда ли ? тешко ми е многу се скренав од размислувања барање совети[/quote][/quote] Е ,па немој после да биде животот ми помина чекајќи го да се разведе.Јас да ти кажам ,ниту ќе се разведе типот ,ниту пак тебе во домот ќе те внесе,како што и детето нема да си го испади на улица.Во кој свет живееш бре девојко?повеќе од 4 год.да те влече некој за нос,да те покажуваат со прст на улица ,па и врапчињата ти се смеат бре,ејјј!Како прво ,немаш ли страв и срам од околината,од мајкати,од пријателите?Сакаш ли и ти еден ден да си имаш детенце,да те вика некој мамо,да си среќна со своето семејство? Со ваков пицопевец тешко дека ќе дојдеш до тој стадиум на среќна мајка и сопруга.Ќе си се обележиш самата во народ дека си била нечија љубовница ,ќе се етикетираш и после секој маж во тебе ќе гледа само девојка за провод. Четири години не е мал период,бракот не е играчка за големи деца.Во секој брак има кризни периоди кои доаѓаат и си одат,било да се од финансиска природа,моментални проблеми со болести,нервози од секој тип.Ти си се нашла на погрешно место ,во погрешно време ,со погрешни луѓе-токму во моментот кога типот имал криза во бракот.Така е или грешам?Не си ја ставај душата во поголем грев од овој што го имаш досега направено.Собирај тоа парталите и подалеку од него додека сеуште не ти поминало времето во чекање.Ти си млада девојка,не си некоја стара па сега држи се за овој како слепец за стап.Ќе си најдеш некој слободен со кој ќе имаш свое семејство-немој да растураш нешто што Господ го составил. И се чудам уште нешто,сопругата знае за тебе?Па толку време да ве влече двете за нос,богами голем МАЖ имате и двете.
сите работи вечерва ќе ги разјасниме, се надевам дека ке се донеси правилна одлука. и еднаш да застаниме на здрави нозе ќе ве известам што ќе сторам. Фала ви на целата и поддршка и критичност
^ Епа со срека,и немој да пагаш лесно на неговите зборови.Зачувај си ја гордоста и самопочитта.Не го моли,зошто ако виде дека си се уште слаба на него и понатаму ке продолжува да те мафта.
знае тој веќе дека не сум слаба, му покажав, само што не сака да се изјасни што мисли да прави со мене а и со другите
Sadbaby, колку што памтам, прво пишуваше на форумов за некои сексуални искуства со типов (благо кажано), потоа беше распаметена затоа што остана бремена (што не беше чудно после се, ама тоа е друга тема), па потоа абортираше, па ќе го оставаше... И сега, после повеќе од 1 година (чинам) уште си со истиот, со истите муабети и истите лаги... Па добро бе девојче, имаш ли ти самопочит? Уште што треба да ти се случи? Па последен да е на светов, јас ќе го оставев до сега. Навистина не си ми јасна. И што е муабетов кога ти немаш намера да се опаметиш? Треба да те утешиме да издржиш дека ќе ја остави? И да ја остави, и тебе истото те чека. Ќе фати друга па неа ќе ја лаже дека тебе ќе те остави. И немој само со таа приказна дека со тебе ќе биде друг... се виде до сега каков е со тебе.
Девојче тебе навистина ти требаат очила со ГОЛЕМ диоптер....нели гледаш дека има и други мажи...не е само тој...тој само си прави задоволство со тебе...ако навистина те сакаше...до сега ќе беше со тебе... како највиновна во оваа ситуација си ТИ....што си започнала врска со некој кој веќе очекува бебе...чека да стани татко...стави се ти на местото на неговата сопруга.... па излези некаде...опијани се со другарките..... смеј се..забавувај се ..а не дома да ми се колкаш со дијазепам.... Јас никогаш не би мо жела да поднесам да сум втора....море цени се таму....или прва или да те нема од животов мој..... алоооо отвори ги очите....какви слободни машки има само.....али ти си таа што одлучуваш.... а ние овде џабе пишуваме..... ти пак ќе си тераш по свое.... како и што било до сега 4 години....ама некои не за џабе викаат...кој чекал ..дочекал....ама и чекан го мавнал....каде што во повеќето ситуации е така... Сепак ти си знајш
Ја заобиколував темата,не сакав да кажам...ама сепак,ќе кажам.Три пати чукам во дрво од вакви како тебе.И не може некој да ми докаже оти бара само совет,оти не е за осудување бла бла...ми е гајле,таквите имаат само едно име-растури куќнички.И да,не те сака,соочи се,да те сакаше немаше да може најмногу една година да се разведе,ама четири?Ха,и се тешиш сеуште дека не можел да се разведе? -Знаеш зашто не може-оти му е страв да и каже на жена му,да не го искара и да не го избрка од дома Сори грл,и јас сум добра девојка,ама морав ова да ти го кажам. И знаеш што-често слушам приказни од типот ''ама јас многу го сакам и стварно не можам без него''...и тоа само од такви кои одат со оженети мажи,и такви кои имаат дечковци кои ги малтретираат.А додека оние девојки кои се во нормални и здрави врски,на секоја грешка постапуваат правилно,ја прекинуваат врската при некоја сериозна препрека (неверство) бидејќи имаат достоинство а не дека не ги сакаат многу своите дечковци. Еве и совет што толку го бараш-Тргни се од него оти не те сака доволно за да остане со тебе.Ако се разведе и те побара тогаш твој си е,ама додека е со жена му и детето,најди си нормален-СЛОБОДЕН дечко.Не е толку тешко,сите поминале по некој бродолом на љубовно поле,па можеш и ти.Се раскинуваат и нормални врски од по 5 и 10 години,и си продолжуваат со животот.И тоа е тоа.
Аман не чукај.И што од таквите како тебе?Растуриќукнички демек?Јас во случајот гледам две жени изманипулирани од еден човек кој очигледно е многу паметен и знае да се служи со тактики и како јаготка на шлагот најголемата жртва детето.Па на секоја може да му се случи сите имаме психички слаби моменти кога потпаѓаме на туѓи влијаниа.Јас не ја оправдувам садбејби ама ниту ја осудувам не сум била во нејзина кожа не сум ги искусила нејзините кризи и депресии.И мене ми се имаат мешано во врска девојки ама не ги гледам другите случаеви со мојте комплекси.Садбејб ми личиш на многу психички слаба девојка(па по оваа ситоација како и да не си) како што кажав предходно мораш да размислиш со ладна глава,да застаниш цврсто и да пробаш сите да ги извадеш од оваа каша која си ги вметнала.Единствениот кривец е типот ама ајде бити ти така добра и отвори му ги очите на сите.Мислам дека така ќе биди најдобро зошто ако го оставиш ќе си најде замена,пак ќе страда детето и сите а и ти.Разговарај со него ако не преземи одредени мерки тогаш ти си на ред.