Никој не го оправдува со “ама машко е…” колку што читам. Оддамна кажав дека темава не треба да постои, затоа што “врска со оженет човек” не постои. Темава е креирана од швалерки најверојатно, па нека си биде ова во нивната имагинација
Види вака, не е таков розев светот и нашите чуства јбг, ти ако се затрескаш во некој едноставно неможеш да се контролираш, препушташ се на чуствата и срцето, никогаш не вели никогаш..Можеби и јас утре ќе бидам во 1,2,3 брака никогаш ништо не се знае,љубовта е слепа.
зошто како парче месо? Јас нели доживувам оргазам..треба ти прво да се доживуваш како парче месо за и друг да мислеш дека те доживува..
Одговорноста према бракот ја носи само мажот и за бракот е само тој крив. Одговорност поради морал, човечност, солидарност речете, феминизам, итн ја носи швалерката. Пред себе и пред родот што го претставува. Жена на жена волк му доаѓа. А знаејќи дека секоја сака да е љубена и да љуби, зошто побогу со цел памет да се впушти во туѓа љубов?! Ако нечиј сопруг решил да шврља, ја сигурно нема да и работам зад грб на ниедна жена како што не сакам тоа да ми се случи ниту мене. Свесно да влезеш во триаголник и притоа да не ти биде гајле за одговорноста од своите постапки, за чувствата што може да ги предизвикаш, а во тој триаголник често се инволвирани и деца, треба сериозно да ти фалат 3 чисти. А и не вреди.
Јас не верувам во моногамија, а и во денешно време има многу отворени бракови. Неможеш со едно лице да бидеш до крајот на животот и тачка, додека сванете порано полесно ќе ви биде, без разлика на пол.
Каков бе втор избор? Јас не сум му на него втора жена како кај муслиманите, тој ми е само за забава, и секс.Лол
Не знам дали ќе се навредиш или не,твој избор е. Се гледа дека не си од Скопје и се гледа од каде проникнуваат овие моногами “врска со оженет човек” Отворен брак е едно, а швалерисување е друго,за кое пак ТИ би го нарекла врска. Може се да е, ама врска никогаш. Со ова самата се правиш да те гледа човекот од “врската” како парче месо. Имај отворен брак, ама гледај се слободни мажи и не се криј од маж ти дека на страна спиеш.
Ама има разлика од швалерај до отворен брак. За отворен брак се сложни двајцата партнери, за швалерај само едниот.
И јас некогаш велев никогаш нема да бидам со женет, ама ни се споија енергиите и тоа е јас не се повредувам што сакате пишувајте не ни читам, и жена му оди на страна не само он..
NEGOVO E DA POBARA?!?!?! Sho zhenet mazh ima da bara od druga zhena?!?! Tuka e vinata. Vo soprugot. Ako e zhenet, NEMA SHO DA BARA OD DRUGA ZHENA.
Мене не ме интересира твојот живот и ти што правиш. Коментирав од мој аспект. И не е дека одиш по пат, се сопнуваш на камен и енергијата така лагано по грешка ти се спојува со зафатен тип. За да се заплеткам во веќе исплеткана работа си треба плеткање. А и во години сум кога веќе не верувам дека здрав разум не може да не победи.
Ама он пак после неа ќе легне во ист кревет со жена му.Вика и жена му иде на страна модерна домаќинка нема што.Стига и маж и швалер, а оваа пак после сама седи.