Sekako nema sto da se zblizuva so takov covek den poveke ne bi provela zaedno. Ma i poloso bi mu napravila. Mojot znae, odsekogas sum mu kazala. Kade ima podobro jas vrata mu otvoram!!!! Konkretno za zenive se nadovrzav.
Ама не тргај од себе. Не сме сите исти. Јас гледам пошироко. Јас сум една ама некоја друга не е со моите ставови и норми.
Некои не проверуваат срцка му гледа клуч од кола каква има,како е облечен,пари.Како животински нагони да имаат ни срам ни перде.
Ама тоа си е нивен живот. Јас сум ЦИА на пример до 10 то колено ќе се распрашам кој е што е. Ама не се сите такви. Имаш ситуација жена раскинала врска долга, излегла во кафана мавнала некоја чаша повеќе, си се бендисала со некој и оп троп ќе завршат заедно. Мислиш ќе го прашува дали е женет, дали има жена.. моментот прави чуда. Намалете со осуди за жени кои живеат живот како си сакаат.
Епа тоа некоја и пијана, ама пак страст и животински нагони како да имаат.Можеби ги погодува песната на Андреана Чекич Ципеле
Стално се збори за жени што сакале да спијат и ич гајле не им било за ништо, а колку се реално на број еве според тебе? Јас мислам најголем процент од швалерките се заљубени во женетиот и се надеваат на нешто плус.
Јас објаснив три пати пред овие коментари,изгледа ти не сакаш да ги прифатиш за да имаш вака време да се докажуваш на празно. Другите битно ме разбраа.
Не ја слушам таа музика не знам. А бе нивно право. Женетиот што бара со друга!! Она решила да биде швалерка од нејзини познати причини, ама он зашто тргнал со неа? Магии да не му првела?
Со сила правите дека некој ги правда мажите кои изневеруваат, а 100 пати е пишано дека они се главни кривци ама некои членки се со став дека и швалерката сноси одговорност. Не ги правда никој мажите, се сфативме одамна, криви се они ама сега дискусијата падна баш на одговорноста на швалерката. Се запенивте веќе.
А бе така е, само се осврнав на моментот дека таа сакала да спие и гајле немала, а не е така во најголем процент, секако темава е врска со оженет што значи од гледиште на швалерката.
Се почувствувал човекот како Султан Сулејман пожелен , на крај кога ќе го зезне ќе му ги испразни сите џебови ќе биде како Зумбул Ага .Е може и магии му правела да си го земе момчето од жена му
Срцка други претераа со оправдувања за швалерката, ама ти ја претера со навреди за швалерките, вклучувајќи го и помодрувањето што *некои* сопруги го правеле, кое баш ми звучеше ко да имплицираш дека треба швалерките да се тепаат. Не може никоја да ти го земе маж ти ако тој не се послужува себе си на послужавник. Пробај од таа перспектива да гледаш малку повеќе. Страшен е бројот на жени што не знам како успеваат, ама ќе најдат начин да го оправдуваат мажот и пак да останат со него.