Зошто така мислиш ? Перење на гаќи е метафора .Домаќинката е бедна само кога ќе ја тепа швалерката,наместо да се разведе од мажулето .Нели читаш колку домаќинки рекоа дека ќе ја тепаат швалерката ? Е тогаш се бедни.а швалерката кралица.
Ako mazh ti i se pushta na nekoja, taa go odbie, a ti okrivash deka i se pushtal, spored tebe toa ne e neverstvo?
Овој дел ми се виде таков, споредбава така звучи. Инаку да, поголемо понижување е да остане со неверен маж отколку да се разведе.
@Bitter-Sweet никаде не кажаме дека сопругите се очајни. Ама факт е дека они се домаќинки, перат пеглат и остало. На тоа се мисли. А другава само ќе си се проведе ќе и дојде нанирисан, релаксиран, расположен за секс, нема муабети за деца, за школо, за кредити..
А чудно само жената мора да има морал и да праве шаблонски а мажот ако шарне со мажена ќе испадне најголем фраер.. јас сум слободна личност со слободен дух ќе имам секс со кој сакам и кој ме привлекува..
Луѓето уште малку на Марс ќе почнат да се селат, а ние еве 3 дена се расправаме која жена со кој маж може да се е*е. Прашав погоре, што ако и швалерката е мажена? Не сите швалерки се кутри осамени жени кои чекаат љубовникот да ги ожени. Ќе го дотераш, испеглаш, се тип топ и ќе и го пратиш... Изгужван да ти го врати. Ниедна жена не ви е должна ништо, мажот е тој што ви ветил верност.
И кај нас дома не правиме муабет на тие теми што си ги спомнала оти не ни се во план, доволни сме си само јас и он.
А бе не збориме никој за нас дома како ни е туку општо, генерално. Аман ќе се фатите ние вака ние така. Ок, супер, топ ама не живеат сите како вас!! Малку пошироко гледајте.
Абе скроз погрешно ми го протумачи постот. Ела гушка Не ми беше заебанција коментарот ,,,, НАЈСЕРИОЗНО не правиме муабет на тие теми по дома. Да се симне Свети Петар нема да ме натера да имам деца у мој живот. Не постои жива сила што ќе ми го смени мислењето. се надевам сега сум ти појасна оти по дома не го правиме муабетот Ела пак гушка по втор пат
Темава кога и да се активира, по 50 страни се пишат ко да е не знам што муабет швалерај. Во Македонија врие од оженети манијаци кои напаствуваат девојки, овде земале жена со жена се осудуваат и си копаат очи.
Успеав да добришам, не знам еве дали потрошеното време на карање вредеше. @GirlVolley е банирана привремено од темава. Ве молам не се навредувајте понатаму и пријавете доколку некој пост по грешка останал да се избрише. Благодарам.