Газдата во поранешната фирма каде што работев, му се случуваше на работа да си зборува со швалерката и тоа доста мрсно без да му е гајле дека вработените слушаат.. Еднаш и вика, те фатија бејби, епа зашто не исклучи нотификации на телефонот, знаеш дека треба да пазиш на такви работи.. Женет маж, со три деца, од кој најмалото 1 година средно на телефон си зборува со швалерката за црвени танги без ич срам..
Треба да имаш 0 достоинство за да правиш нешто со женет. Од толку слободни мажи одбираат да одат со женети. Виновни се и двајцата иако сметам дека мажот е и повиновен затоа што не може некоја со сила да го натера на нешто што не сака. Ми се гади од такви луѓе.
А таа реченица не вели дека не можеш да се заљубиш туку си свеснс дека си се заљубила земи развдди се и барај ја на дфуго место среќата а не да изневеруваш, тоа сскаше реченицата да каже.
По стоти пат пиша свое мислење личноста авие го извртувате пишаното, кога вели дека некој побарал и некој треба да одбие не станува само збор за мажот туку и за слободната жена која побарала кај женет маж, мажена жена побарала кај слободен маж или женет маж, и слободен или женет маж побарал кај мажена жена постои секогаш некој/а кој/а може да одбие свесно и одговорно. Не знам што не е јасно? (Барем јас така го разбрав напишаното секој може на секого да побара)
Јас мислам можеш да исконтролираш. Може да се појават некои симпатии, некои чувства, ама може и да се спречи тоа да прерасне во нешто повеќе. Ако веќе си во врска/брак и те привлече друг, можеш да се исконтролираш и да си ја зачуваш таа врска/брак или можеш да се препуштиш на новите чувства и да однесеш по ѓаволите тоа што веќе го имаш. Зависи колку е човек јак, цврст и одлучен.
Не ме болЕ ништо Пишувам мислење за одредена тема, ти смета? О, чекај, ти беше швалерката... јасно ми е. Ако ти е доста од моето морализирање, слободно игнорирај ме.
Јас зборувам конкретно за чувствата. Дали ќе постапиш и ќе се раководиш според нив на штета на друго лице е друго. Зошто од контекст ми излага реченицата. Јас барем не сум излегувала од дома и ќе налетам на некој, е овој ќе ме привлекува и овој ќе го сакам. Не иде тоа така.