Никако. И убаво ви пишуваат девојките тука, нема што брзање и легнување в кревет со некој што го знаете 2 дена. Проверете со кого си имате работа и пред да испиете кафе со некој, за посериозни работи да не зборувам. Тој што еднаш изневерил ќе изневери пак. Тоа го сметам за карактерна особина.
Да ја раскажам и јас мојата ситуација. Бев во долга врска, баш тој период врската не ни одеше. Започнав авантура со оженет маж, со договор да нема заљубување и да е само задоволство. Јас врската ја прекинав заради проблемите од претходно и бев сингл. Но, некако се тоа прерасна во нешто повеќе, почнаа да се покажуваат емоции, секојдневна 24 часа комуникација, чекање да се приберам од искачања, грижи кај си, со кој си, си легна, се наспа. Јас се залетав по човекот. Имаше милион моменти кога и тој ми ги покажа емоциите, но разводи никогаш не спомна. Дури и често ми ја споменуваше жена му, уз муабет како нешто најнормално. Се уништував секој момент и чувствував грижа на совест. Ама сакав да е до мене, го сакав неговото присуство и внимание. Дојде до момент да експлодирам, да го прашам како ме сака, зошто ме сака. И го добив одговорот што и длабоко во себе си го знаев, немаме иднина. Имаме емоции, се десила љубов ама тоа е што е. Мене ме убиваше фактот што сум сама, а негова втора опција.
Затоа не се влегува во вакви врски, ќе се заљубиш ќе те повреди, ретко ги откачуваат жените, ќе му бидиш само афера, ништо не ти дава а се ти зема.
Затоа шо оженет коа те мува, си мислиш ќе те запроси. Ко задња да си му. Те ебе у мозок и те манипулира и ти паѓаш на тие изливи од емоции, оти никад не си ги доживеала од некој мочко шо ти се свиѓал. Не, никад не сум била нит ќе бидам со женет, али женети као се труделе околу мене, да не ги знам ќе помислам не им е само до ебење.
Да бидам искрена би влегла во таква врска. Сеа немојте да речете курва ваква онаква. Сакам да пробам нешто што ретко некој може зошто нели "забранетото јаболко е најслатко" ама штета ги немам годините за да се фатам со оженет, а ако стварно навистина сс фатам со таков ке ми биде нешто како "шугар деди"а мене не ми треба таков.
Има возрасна граница за оженети? Мислам супер шо нешто те спречва, ама ме интересира која е та возрасна граница.
Уфф па има.. дали би се осудило 15 годишно девојче да биде со 30+ годишен?( лупам) Ваљда не... има исклучоци И дали би прифатила возрасна девојка од 25+години да се фати со таков? а во мегувреме тој да има и фамилија и све Не гледам што би ја спречило девојкаѕа да биде со женет човек. Ипак на крај ако излезат муабети машката страна ке настрада бидејки нели има фамилија. И немојте да осудувате форумот е анонимен и секој има право да се изјасни, да даде свое мислење. Па така и јас.
Не се пречка годините,бившиот мој и деца и направи на швалерката а додека бевме во брак и со други ја делеше.Така да се наоѓа за сечиј вкус ,немаат сите високи стандарди.
Да ја читаше подолго темава ќе видеше дека машката страна на крај не настрадува Инаку мисли си ти слободно, таман работа, мислењето не е забрането сеуште
Уф болна тема. За жал да. За огромна жал да. Груминг е то уствари. Не е дека 15 годишно дете се осудило да оди со постар, впрочем дете е и не знај за подобро, туку начинот на кој манипулира возрасниот е то шо е проблем и груминг. За другиот дел не коментирам зошто површно ме интересираше, ама за ова морам. Апсолутно не се согласувам. И темава, а и општо на форумов и од набљудување впечаток е ова, е слика дека скоро секогаш жената се осудува, безразлика дали е швалерка или партнер кој изневерува и почесто се проства на маж, особено ако изневерва. Шо е малку непропорционално и не се согласувам со то, ама општо од набљудување како мислам дека е, е коментаров.
Па мислеш нема да настрада мажот у оваа ситуација? Хаха па Океј Иако сум опкружена со милион вакви примери
Воопшто нема да го негирам фактот дека девојката може да настеада при ваков чекор. Напротив, се случуваат еден куп глупости "швалерката да му остане трудна " и ова е веке проблем кој треба да го сносат двете страни а не девојката да биде туку така отфелена како марамче после употреба.