1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не ти судам, само ти си знаеш како ти е.
     
    На marinka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Да,ти си млада жена и имаш потреба од некои работи.Не треба веднаш да се префрлаш кај друг за да те задоволи.Ти пред да стапиш во брак,нели знаеше што ќе те очекува понатаму и дали ти воопшто тоа можеш да го поднесеш? :?:
    Овде си сама крива.Велиш твојот сопруг не е достоен,затоа си требала да се разведеш,а не да го трпиш тоа со години.Инаку човек кој бил таков,немојте да мислите дека ќе се смени кога ќе стапите во брак,си останува истото.Затоа ми е чудно,ти дали воошто знаеше со кого стапуваш во брак? :fubar:
    Инаку сега ем се уништуваш себеси,бракот на твојот љубовник и ред други работи. |(
    Зошто се гледаш со него,за да те задоволи или ти е потребна љубов од некого?
    Можеш фино лепо да си се разведеш и потоа да најдеш човек според твоите критериуми.
    Не е убаво да си го раструраш својот брак кој велиш дека е лош,ама помисли дека со тоа и растураш друго семејство/брак!
    И за децата...немој да мислиш дека се е во облеката,јадењето,шетањето.
    Ќе им недостига љубовта помеѓу вас двајца и љубовта кон нив.
     
  3. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Јас само сакам да ве прашам, како можете да спиете мирно? :^)
     
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    A кога се врши блуд и кога се менат партнери пред брак,како можат да спијат мирно оние кои го прават тоа :!: ?Kаде е тука разликата,или битно е да се испревртува кој како му текне ?

    Mаринка,за твојот случај шо да се каже,никој нема право да те суди и што се случува во бракот вие си знаете најдобро!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    На неверство во врска или во брак, јас гледам исто. Нема потреба од мачење на себеси а ни на другиот, раскинете/разведете се и продолжете натаму. Никого не осудувам, секој со својата совест.
     
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    Сум имала можност да бидам во врска со месеци ме молеше, НЕ НЕ И НЕ! кај ќе ми оди душата после? Скраја било и подалеку.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.574
    Што зборуваш? Сериозно, што зборуваш?
    Што е за тебе блуд? Од каде ваква омраза кон себе си како жена?
    Ами што е светот? Блуд? Знаеш ли ти што е всушност грев кажан во нерелигиска смисла на зборот?
    Сигурно е тешко да живеете религиски стигматизирани и така тешко да го газите животот. Ајде доста слушате попови и учите од вашата религија од страници кои немаат смисла и насочете се кон другиот аспект кој е многу повозвишен во одредена смисла.

    А дотичнава Маринка која се оправдува себе си и нејзините дела е форма на жена која не може и не смее да се нарече жена.
    Ти нешто со здолниште, да знаеш дека одамна си понижена, а ова кое го правиш не го менува тој факт. Со среќа со тие гледишта.
    Не си способна да прифатиш вина како возрасен човек. Не сум јас крива, не почнав јас прва е изговор на ниво на градинка.
    Жално за децата.
     
    На kate21, Hipster, jasBia и 5 други им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Mа ајде,сега и ме демантираш.Aко не е блуд одење пред брак,просветли ме тогаш ти?Kаде виде попови да спомнам жити се,кажувам според христијанската вера како е,а не само да се морализира по други како за мартина наместо секој себеси да се погледне!Kажуваш друг аспект,извини нема[ право никому да кажуваш што да прави и како ,ниту да забраниш некому да има свој став.Tоа шо го спомна за омраза не знам од каде го извади :x
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.574
    Затоа што ти не си свесна колку се мразиш себе си зошто си наметнуваш такво правило на живеење. Затоа што секоја негација на сопствената природа (еве и во твојата религиозна, христијанска смисла да ти доловам, дело на Господ) е омраза!
    Си го стеснуваш умот.
    Кажи ми во што е погрешното и како тоа што некој трага во своја идеална половина за да шири ЉУБОВ и за да биде исполенет прави БЛУД? Како?

    И не, многу погрешно си ја учела својата религија, многу погрешно си сфатила еден куп нешта. А тие погрешните си ги сфатила буквално.
    Ниту една религија не ти вика - следи ме догматски, туку треба да препознаеш. Никој на оној свет нема да ти суди зошто пред брак си имала еден, двајца партнери. Со тоа размислување темава би рекла би била уште пополна, како не разбираш?
    Прочитај малку за Магдалена, Ребека и сличните робинки, проституки за да го промениш аголот на размислување.

    А јас се кладам дека сите вие религиозни фанатици кои излегувате со вакви аргументи и вакви небулози не знаете ни кој ви е основниот псалм од вашата религија и не ни знаете зошто служи молитвата.

    И веќе тука нема простор за твој став, зошто се повикуваш на религија, а таму има простор и за аргумент. Ако е твој став тогаш ти немаш право да викаш дека некој блудничи, затоа што е твое размислување, а не на религијата. Одлучи се, дали е по религијата, ако е дај аргумент или е лично твое гледиште.
    Знаеш зошто има неморал? Затоа што христијаните имаат најголема тенденција да морализираат по правила, а не да ја учат религијата онака како што треба, во духовна смисла!
     
    На ell, Annath и Nymeria им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Што ти е тебе која црна омраза?Ќе ти одговорам:христијанската вера налага да се венчаат младите невини и блуд е секс пред брак и секако менење на партнери сакаш пред брак во брак е разврат и неморал,друго никакви заблуди не ширам,ако лажам библијата ја имате прочитајте убаво.Tочно знам за што служи молитвата и не ме навредувај оти јас не ти се обратив тебе,туку ти мене.Tуку поентата ми беше да престанат да морализират не дека оправдувам но секој за себе да си гледа,лесно е по другите да се фрли камења ;) .Tоа е ,ништо лично кон тебе ,а не сакам да менам ничии гледишта ,ниту ти можеш да ми кажеш да го сменам моето гледиште!
     
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Вие што делите вакви не баш паметни совети изгледа врска немате како изгледа сето тоа т.е никогаш не се случувало во ваша близина нешто вакво(на некој близок итн).
    Значи ми се случува и мене истото од блиски луѓе само нема да наведам кој. Редактирам од членка погоре.
    Прво: Не треба веднаш да се префрлаш кај друг за да те задоволи. - Ова е апсолутно неточно! Дали се однесувало за жената (доколку мажот изневерува) и обратно. А што да прави жената во овој случај?Како ти не го оправдуваш ова? Во мојот случај мажот беше тој што изневеруваше,и јавно пред сите,со жена му немаа никаков контакт иако живееа(ат) заедно. Не ми е логично,жената 5-6 години знаеше, и си молчеше но пука филмот знаете? После тоа таа си најде еден помоќен да речам, и почна да се гледа со него. Ја оправдувам!!! Да да, сто пати таа му велеше него да се смири,да си биди заедно,да носи пари дома за деца за све... Но ништо од тоа! Ништо! Ако вие сеуште не ја поддржувате жената во тој случај не ни мора да се чита понатаму мојот пост.
    Второ:Ти пред да стапиш во брак,нели знаеше што ќе те очекува понатаму и дали ти воопшто тоа можеш да го поднесеш? Смешно е ова. Апсолутно. Мажите на почеток на врска/брак знаете колку се нежни,колку ги почитуваат идните сопруги? Во овој случај мажот беше добар првите 15 години. Послем тоа од брак 19 години последните 4 години е ваков. Што значи не можиш да знајш ти така, затоа те редактирам..
    Се на се... мое мислење е доколку дојде до ова мажот прв да почне да изневерува, не ја кривам жената со тоа дека и таа започнала со истото после некое време. И обратно да се разбериме. И не за муабети од типот: Како можеш да спиеш навечер итн... Ве имам забележано дека во неколку теми само жените доколку направат нешто лошо се вртите одма спроти нив и делите паметни совети.. А дололку мажот цело време истото го прави настрана тогаш тоа е во ред,ке превземате вие нешто да се реши случајот, ваква биди, биди лавица во кревет итн итн итн... гадни лагииии...за жал тоа е вистината. Тие се возрасни луѓе, доколку беше во нејзина моќ нешто да стори ке стореше. И престанете со препукување,да не дај Годпод некогаш во живот да ви се случи ова, незнам кој ке дели совети тогаш. Запаметете.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.574
    Па кој вели лично, правиме муабет. Форум, аман.

    Извини Хермоса, сега ти ги прочепкав мислењата, мислев дека има простор да се каже некој збор-два и дека ќе сфатиш, ама гледам дека нема шанси. А најмногу се смеам кога ќе наидам на религиозен фанатик кој ништо не проучил од религијата или таков кој прочитал се, а не разбрал ништо. Пости без зејтин во петок, а полно му е срцето со лоши мисли и е толку аморфна маса што дозволил религијата да му го креира размислувањата, но не и духовно да го исполни.
    И замисли се кој те мачел во сонот во кој си зборувала. ;) Ми се чини ти се гушиш од нешто, а што ли е, што ли е?
    Смешно е како сте така неосвестени за многу сегменти од вашето постоење.
    Немам против вашата религиозност и вашата вера, имам против простиот начин на разбирање на истата. Наместо да ве продуховува и да ви дава смисла, вие се затупувате своеволно.
    Почитувам интелигентни луѓе кои истовремено се и религиозни, зошто со нив можеш да размениш збор и да се разбереш како што треба. А истите тие не стапнале во црква со години, ниту пак ќе стапнат во догледно време.

    И кажи ми за што служи молитвата и кој е првиот псалм кој се чита?
    И те молам дај ми дел од религијата кој вика дека младите треба да се мажат и женат невини?
    Исто така ти фрли камења до тие што БЛУДНИЧЕЛЕ пред брак и како не им е срам сега да морализираат. Затоа те молам не кажувај дека треба секој за себе да си гледа, зошто тука си во право, но не го применуваш.
     
    На Annath, Spidy, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Драга swrcii ко једном превари, да буде веран касно је. !5 години човекот бил супер, но последните 4 ја изеневерува? Првото неверство, јас лично би го простила. Давам втора шанса, но доколку се повтори, не! Штом се случи втор пат, ќе се случува стално, а не пак тоа да го трпам цели 4 години и на крај да одлучам, ај па што, штом тој ме изневерува и јас ќе го изневерувам и супер ќе ни биди. Ви се молам! Тука веднаш треба да се стави крај, било што било, но греота невини личности да страдаат поради тоа.
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    Што повеќе треба да се каже?
    Ти не бараш совет и мислење,туку ти си ја оправдуваш ваквата ситуација.
    За тоа,немаше потреба да пишуваш на форум,кога веќе си одлучила што понатаму.
    И размислуваш себично.Ти мислеш дека во семејството приоритет е децата да се најадени,напиени,прошетани?!Не драга,во заблуда си,не им се потребни пари и јадење,потребно им е внимание,друштво,некој со кој ќе ја пишуваат домашната задача,некој кој искрено ќе ги прегрне за добра ноќ,некој кој времето неуморно ќе им го исполнува со игри и смеа.Искрена.
    Ако вашиот сопруг не е таа фигура,зашо дозволуваш и ти да не бидеш?
    Зашо скратуваш го времето на љубовникот,наместо и тој да го помине со својата фамилија?
    Како и да е,ако човекот те исполнува во ред,твоја е одлуката што понатаму.
     
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    rabotava ispadna sakam da gresam,ama da bidam bezgresna :D
     
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Абе драга,ти да си на местото на жената ниту една минута нема да седиш со него. Прво им се додворувал на студентки,им пишувал пораки,им купувал чевли и облека, потоа нашол друга со неа се гледаат 3 години, стан и купил, многу луѓе го виделе заедно со ороспијата, па што? Ако,нема гајле карпа жена :rock:
    А крај да се стави е тешка работа тој има пари и имот,жената нема ништо. Таа нема каде да оди плус тоа има две деца,едно малолетно друго полнолетно. Ке им плаќа тој алиментација ако го тужи да, но каде ке живеат? Не е греота за децата? Ама не мислиш бе драга, затоа несакам да влегувам во конфикти со луѓе што појма си немаат со животот.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    Не знам кој како ќе сфати, а и не ме ни интересира да бидам искрена зашто ова е форум, а јас си кажувам мое мислење.

    Секогаш повеќе ќе ги кривам жените кои одат по принцип "тој ме изневери, па затоа сега и јас ќе го направам тоа". Точка, крај на дискусијата. Тоа за мене не е достоинствена жена која од секој аспект и агол гледано е жена во права смисла на зборот. Многу жени и девојки ја имаат утнато дефиницијата за жена ама тоа е веќе друга приказна. Ако тој решил да оди по погрешен пат и да биде нарекуван со секакви погрдни зборови зошто па жената да биде како него? Со тоа покажува дека не е ништо повеќе, ништо подобра, ниту пак подобар родител од него. Иста е. Треба да ја крене главата и како права жена која е силна и борбена да им покаже на своите деца кои се вистинските вредности во животот, да биде нивен пример, нивна потпора, да и' се восхитуваат, да се бори за нив, а не да мислат дека ако тато направи грешка, мама треба дупло да му врати. Ете како се искривуваат вредностите. Утре истите тие деца ќе изневеруваат, или пак ако бидат изневерени ќе го направат истото за да вратат. И не велете дека нема да биде така, така ќе биде, тврдам.

    Не, не си била жена на место ни претходно, штом си почнала со истите постапки како него. Си била иста, само си чекала шанса и туѓа грешка за да можеш да ја оправдуваш сопствената.

    Велиш дека маж ти "се курва", а што е поразлично твоето?

    И каде се твоите деца во целава приказна? Се' што јас прочитав е дека тебе те боли уво за се' и дека уживаш во животот како што ти знаеш и умееш на твои 32 години.
     
    На Annath, lovebrazil и francais им се допаѓа ова.
  18. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Ова е форум и многу нормално дека секое мислење тука напишано може да стане предмет на дискусија. До сите вие што изневерувате во брак или сте со некој кој што е во брак, јас само да ви кажам алал да ви е на совеста што ја немате, затоа што со мирна душа уништувате свој или нечиј дом, уништувате нечие детство. Никој нема право да ве осудува, но не пробувајте да се оправдате со некои бедни изговори. Терајте како што си мислите ваш живот си е тоа, но не очекувајте некој браво да ви каже.
     
  19. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Глвавите ги потпираме онака чисто колку да не ни паднат еднаш годишно на по еден месец
    Децата????Децата се мали релативно имаат се што им треба најдени,облечени,прошетани,они освен мене не знаат друго тато е фигура која иде со дедо мраз заедно за н година Не дека сакам да се правдам оти и не сум за оправдубање тоа си го знам јасно ама што да правам јас со мојот живот на 32 години?????
    Да бидам вечито домакинка со ке чека дома понижена на секој можен начин ,не злато имам право и јас на мој живот
    Ке го живеам јас како што мислам и како што знам додека ми е ок со него ке трае и не немам јас 100 швалери овој ми е прв после 12 години брак и не планирам да ги мењам сакам 1човек покрај мене и за добро и за лошо па макар и нека е женет[/quote]

    Што повеќе треба да се каже?
    Ти не бараш совет и мислење,туку ти си ја оправдуваш ваквата ситуација.
    За тоа,немаше потреба да пишуваш на форум,кога веќе си одлучила што понатаму.
    И размислуваш себично.Ти мислеш дека во семејството приоритет е децата да се најадени,напиени,прошетани?!Не драга,во заблуда си,не им се потребни пари и јадење,потребно им е внимание,друштво,некој со кој ќе ја пишуваат домашната задача,некој кој искрено ќе ги прегрне за добра ноќ,некој кој времето неуморно ќе им го исполнува со игри и смеа.Искрена.
    Ако вашиот сопруг не е таа фигура,зашо дозволуваш и ти да не бидеш?
    Зашо скратуваш го времето на љубовникот,наместо и тој да го помине со својата фамилија?
    Како и да е,ако човекот те исполнува во ред,твоја е одлуката што понатаму.[/quot


    А што е приоритет за децата ако не е храната,обелката и љубов од родителот ???Внимание имаат и друшто само до мене татко им го нема цела година со мене пишуваат со мене се шетаат јас одам на родителски јас ги бањам средувам јас ги гушкам и бакнувам за добра нок и се што треба за нив .Од времето не им скратувам воопшто бидејки јас се гледам со човекот кога тие не се дома Татко им го нема и тие се навикнати на тоа дури и не го ни бараат јас сум и мажи жена во куката од мене се чека се
    Кога маж ми ги трошеше последните пари за коцка , јас се пишев по продавници за млеко и основни продукти за живот Кога го молев да остане дома да не испага не не ме слушаше викенд било па немаше петок сабота да не е излезен и јас што треба да правам според тебе да седам и чекам да падне таванот??Значи мажите можат се и не се они виновни ништо а жените сме највиновни и ние сме курви и што знам што уште не
    И за крај да пишав на форумот онака нели сум член имам право да си пишам пост а ти ако не сакаш не читај воопшто кој ти рекол дека мораш да читаш ако не ти се свиѓа едноставно прескокни ја оваа тема
    Заради ваквите дискусии пола од феминките не се осудуваат да пишат баш во овие теми не од што нема вакви или слични случаеви него од што веднаш за за у гасна комора ги ставате
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Работава, утре децава да не знаат од кого попрво да се засрамат... :puke:

    Абе "слободоумни, модерни, паметни луѓе на 21виот век", не влегувајте во бракови, аман. Некогаш ќе си се најдете исти крој, ама дури и тогаш, барем немајте деца кон кои ќе се покажува со прст. Брука, уште си се фалат. „Мене ми е убаво, гајле ми е за осудите“. Тоа го вика човек со деца. No comment.
     
    На Annath, Hipster и lovebrazil им се допаѓа ова.