Абе не да поддржуваш. И јас не поддржувам. Оти кажвате нешто шо не сум рекла. Не си прва овака да прај. Не поддржувам неверство. Мислам дека нема здрава врска, без апсолутна искреност меѓу партнерите. Милион пати сум го пишала ова на форумов. Значи милион пати! И ко ќе го речам то, одма муабети: Ти сакаш сите да се во отворен брак Не! Сакам да се во отворен брак, оние кои посекако изневеруваат. Тие шо си се моногамни, да си бидат во моногамни бракови. Ама нема да се кажат пред време кој-каков е. Ќе ќутат, ќе се земат и после ќе се ебаваат зад грб Сенкир поарно е вака. Дајте да се научиме да не судиме, за да им дозволиме на луѓето да бидат искрени. Прво пред себе. И за се' то важи.
Не знам за другите, ама јас лично ако блиска личност е повредена од таква врска и ми каже, нормално дека ќе ѝ пружам поддршка и во ни еден момент нема да ја исповреѓам. Бидејќи, едноставно не сум таква и никогаш не сум осудувала човек што ми се доверил ниту пак сум била "без влакна на јазик". Ама, исто така нема да ја тешам дека не згрешила и дека не е толку страшно што се мешала во туѓа врска. Можно е истовремено и да имаш разбирање и да дадеш до знаење дека секој си има одговорност за своите постапки. А тоа е многу битно, бидејќи не е поентата само да се поддржуваме без грам искреност и до бесконечност да си ги оправдуваме сите постапки.
Фино со вакви реферати за bigger and better person. Реалноста е друга, не ја осудуваш фино. Случајно те читнав и во друга тема како осудуваш членка за протести. И така се паѓа во вода. Не ја осудувам монибејби. Си го живеела животот, фино. Ама па да ја поддржам? Не. Што да поддржам не знам. Не верувам дека случајот е толку прост како што го кажа таа во 5 реченици и којзнае што уште не се десило во тие осум години. Секогаш ама баш секогаш во сите ситуации ќе има оправдување. Убиецот бил изнервиран, педофилот имал нагон, силувачот бил пијан итн… Работата е што е тешко да се прифати реалноста и тие самите да си пронајдат чаре. Најлесно е да го обвинам “тој е крив, не ми купи стан”. И сега јас имам разбирање нели, таа сакала стан си нашла шугар деди океј. И се оставиле и што да и кажам? Имам разбирање, но таа не ни сака разбирање, го обвини него и си замина. Па ајде да имаме разбирање и за мажот, да не го обвинуваме, и тој сигурно си имал многу добра причина што ја маткал 8 години.
Ја осудувам оти глуми феминизам. Сакала рамноправност, ама пред то, дојде овде и дроб ја напрај жената, та и сите.
Удри по самарот ако не можеш по магарето,стара народна крива е швалерката она е бре кривата не е крив дотичниот што му рипнал кај што не треба
Кажува дека поарно е жена да биде убиена отколку да фати врски да се спаси ама меле колку другите се феминисти. Куку нонен
Испаѓа сега како сите да ѝ се нафрлуваме на @WildMk, ама сакав само да речам: сѐ тоа убаво со неосудување, и јас сум против навредување итн. Ама нели моментот кога повредуваш друга личност, и тоа свесно, си за осуда? Во спротивно нема да осудуваме хомофоби, расисти, педофили, силувачи, туку само ќе речеме „згрешиле“ заради тоа што имале трауми во минатото што ги формирале во таква личност и толку. Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама некаде мора да се тргне линија, инаку секогаш може да се најде причина за некој да се изземе од одговорност. Еве тебе ако те изневери утре маж ти со некоја што знае дека е во брак со тебе и тебе не те навредува нејзината постапка, секоја чест. More power to you уште ако и успееш да сочувствуваш со неа и да анализираш што ја довело во таква ситуација. Ама повеќето луѓе не го можат тоа. Да не зборуваме за тоа што постојат луѓе што и ако им простиш или сочувствуваш со нив во такви ситуации само добиваат зелено светло за да продолжат да ја користат ситуацијата. Крај краева, ако во други теми велиме дека секој има право да биде „навреден“ од нешто, тогаш валидно е изневерена личност да биде навредена од соучесникот во изневерувањето и валидно е општо луѓето да ја осудат таа постапка, затоа што повредува некого.
Се сложувам со се, но те молам прочитај ги сите мислења после постот на девојката и пронајди ми мислење со поддршка. @WildMk никаде не ја оправда. Само кажа дека се премногу сурови кон неа.
Има време додека разбереш нешто што се вика контекст и никој не ги спореди. Ама има време, има да научиш и феминизам и контекст и се по ред.
ауч абе со некои особи овде, џабе се расправаш. Мислам дека у крвта им е инат да се терало по секоја цена. Абе женска главо, на крајот на денот, тебе ти штети инатот. Не знам како да им се нацрта тоа. Големо такво шо некоја ќе тера инат со мене, прво мене инат не се тера, пошто магаре не ми е рамно. Ама знам кога да прекинам, и кога сум побиена со факти, и коа треба да застанам. Глеаш дека више е чист инат. А може и се перат себеси може некоја од овие е швалерка, па сеа си праат групи со поддршка хештег, се сфаќаме.
Како ти се трошеле 8 ебани години од животот,за некој кој си праел кејф истовремено на повеќе страни.Барем и ти истото да си го правела…8 год да поминам чекајки некој и во тие 8 год да му бидам потчинета и верна мало сутра .
Оф боже господе. Ај со смирено да се пробам да ти објаснам од моја гледна точка работи. На форумов сме двете долги години. Секој ден, секоја недела, секој месец има некоја жена што доаѓа тука и знае дека сопругот ја изневерува. Буквално најфреквентни се тие теми и секогаш е истото. Жените срцето ги боли, најчесто се во многу незавидна финансиска состојба, најчесто се изневерени на многу подмукол начин, а не толку ретко се и бремени. Доволно е да прочиташ едно мислење од таква жена овде за да сфатиш колку е тоа болно и тешко. Посебно па ако има деца вмешано кои никако не се криви. И сега имаш жени што свесно го предизвикуваат тоа. Од љубов, од ќар, од незаинтересираност за другата страна, сеедно. Помагаат во таа ситуација, задаваат психичка атака на луѓе кои не се никако виновни, а притоа имаат соучесник кој ем со жената се однесува никако, ем со нив. Помагаат во хранење на его на тешки социопати кои освен што дома прават штета, им прават штета и нив со тоа што ги изолираат, ограничуваат, ги малтретираат, еве гледаш не смеела да работи. И, како ќе и помогнеме на таа жена? Ќе и речеме абе не си ти виновна што си се нашла во таа ситуација, тој те искористил? И помагаш некако така? Не. И даваш ветар во грб дека тоа не е погрешно и со тоа се продолжува тој маѓепсан круг од кој повторно жената страда, а говедото си се чатали со две жени. Од мене си тргам. Ако грешам некаде неќам некој да ме теши и да ми каже ајде нема врска. Не, сакам да ми укаже на грешката, за да не ја повторам. Затоа што не сакам утре да се разбудам после 8 години и да сфатам дека затоа што немало кој да ме седне и да ми укаже на тоа колку е нештото погрешно јас сум правела катастрофална грешка. Се нервирам кога гледам како некоја жена свесно си го уништува животот заради погрешни избори. И како уништува други животи.
Кажа дека не би одобрила врски дури ни во животозагрозувачка ситуација, на пример кога насилник ти се заканува дека ќе те убие. Треба да цитирам?
Абе за швалери ни збор не смее да се каже да не се повредат, ако фатиш врски да не умреш тогаш може осуда. Ме нервира вакво селективно (не)разбирање на човечките постапки.