1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Јас имам прашање до тие што одите со оженети мажи, а сеуште не сте стапиле во брак. - Кога еден ден и вие ќе се омажите, како ќе се чувствувате додека вие дома гледате деца, средувате, барате начин да се спаси бракот, мажот ви оди со друга ?
     
  2. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Тогаш ќе си најдат друг, затоа што нели он прв почнал.
    Аман луѓе не се мажете/женете, очигледно немате појма што значи бракот.
     
    На fighter и tessie им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Убаво си кажа. Си БЕШЕ жена... Потоа почна и ти да се курваш како него... :puke:

    Хермоса браво за првово напишано, скроз се сложувам со тебе. За жал одвај 2% се оние кои можат да го сфатат и разберат тоа. ;)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Не сакаш да влегуваш во конфликти а сепак влегуваш? По што ти заклучи дека јас сум личност која нема појма од животот?
    Јас не реков дека на таков човек ќе му бидам верна и ќе си седам дома и ќе го чекам. Нормално дека нема да седам ниту една минута со него, но нема ни да постапувам онака како што тој постапува, божем така полесно ќе ми биди? Според тебе е правилно да се претвораме во луѓето кои не повредуваат? За што? За да ги повредиме на ист начин? Само самите себе би се повредиле дупло повеќе. За децата е греота и така и така. Но погреота е да живеат во такво "семејство" . Совреме таа требало да си го најде чарето, за се има излез во животот.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    За танго треба дваjца!
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.478
    А ВИЕ немаше потреба да ме прозивате и да ми потенцирате за правилата на форумов.
    Како што пишавте за проблемот,така јас ако сакам ќе пишам на темата коментар, ако не' морам.
    И кога веќе го произнесе проблемот,требаше да бидеш подготвена на негативни коментари и критики,дека се сомневам некој што рационално расудува ќе Ви рече браво.

    Јас у ствари разбрав дека тебе секс ти фале,па за тоа си посегнала по љубовник.
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас ја оправдувам Маринка 1000%
    А каков е тој муабет не влегувајте во бракови?
    Жената не е во брак година-две туку 12
    Да знаела дека маж и ќе се коцка и курва сигурно немала да се омажи за него
    Не се знае што те чека во животот ни тебе,ни мене
    Што треба да прави?Да продолжи да глуми чистачка,домаќинка,слугинка на некој кој не вреди 5 пари?
    Жената кажа дека е посветена на децата и си нашла маж(еден) за поддршка во животот
    Вели еден, тоа не е курвање!
    Треба да продолжи да си го живее животот-нормално
    И да се разведе исто ќе биде или ако се разведе не е курва?
    Размислете не само да пишувате
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    А значи разведените жени се курви или како?
    Воопшто не е исто да се разведиш и да почниш нов и чист живот без оној кој те повредува, и да си во брак со личност која те повредува и да се претвораш во него, само да си олесниш.
     
    На kate21, Annath, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    SimonaTino Убаво рече Лилит, „тој прв почна“ е изговор левел градинка а не на 32 годишна жена.
    Фино лепо развод ако веќе толку сака да живее за свој ќеф.
    Не го оправдувам ниту него.
    Точно, не знам што ме чека во животот, ама знам дека нема да го направам истото нешто што другиот го направил а заради кое сум му се налутила. Тоа би претставувало негирање на самата себе. И мошне себично е да си наоѓам оправдување за истото.

    И двајцата во комплет како што реков, да не се знае децата од кого попрво да се засрамат.
    Што ако му вратила со исто? Нема право да му се лути затоа што излегла иста како него а ниту еден од нив 2 не мислат на децата. И немојте со тоа, ама најадени се и облечени. Тоа е далеку од доволно за да бидеш грижлив родител. Уште и од тоа да ги лишеле кутрите деца и таа и маж и` а и швалер и` неговите. :puke:
     
    На Annath, Sanjichka007 и Daydream им се допаѓа ова.
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Секој го чита и сваќа само она што него му одговара
    Прво: Лилит , напишав по се испадна дека жените кои се во браки и имаат некој ( зборам за случајов) се курви а ако се разведат и останат со тој некој,се поштени
    Така испадна муабетот од вас тука
    tessie , да не сме и во кожа на женава
    Ете и да се разведе,може нема каде да оди со децата...па затоа седи,тоа е и нејзин дом колку и на маж и
    Еве мој комшии се разведоа по 40 години брак
    Живеат заедно, мажов иако има 60 години искача со жени и сега поштен е дека се развел?
    Да се двојат неможат кај ќе одат? Таа е нивна заедничка куќа ,нивен дом
    Децата нивни си се по свој пат и тоа е тоа
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Не можете да кажете дека изневерувањето особено во брак е ок нешто, затоа што не е. Тука веќе станува збор за уништување на нечиј дом, за уништување на нечие семејство. Разведена жена е слободна жена, мажена жена е жена која е во брак и пред општеството а и пред Бог е обврзана на сопругот. Не мешајте сѐ и свашта во муабетов.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345

    Мила подобро среќен развод отколку несреќен брак. Не е убаво за децата да растат во нездрава средина. Подобро би го прифатиле разводот отколку да ве гледаат тебе и сопругот со други додека сте во брак.
    Не му давате добар пример.
     
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И напиша жената ,се грижи за своите деца,ги бања,шета,рани,чува,бакнува,на родителска оди ,учи со нив
    Што повеќе треба на направи?
     
  14. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Колку за жената важи ова толку и за мажот
    Јас фала богу би се развела имам кај да одам но има некои кои немаат
    Затоа се треба да се земе во предвид а не само да се суди
     
  15. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Зарем тоа е доволно за да бидеш среќно дете? Избањата сум, не сум гладна, мама ме шета, ме бакнува, оди на родителска и ми помага со учењето. Не е важно тоа што тато оди со која ке стигне, а мама си има станче со швалерот кој згора на се е женет и има деца (најверојатно на моја возраст). Јас засекогаш ќе си останам мало детенце кое треба да е избањато и наренето, јас никогаш нема да пораснам, и нема да дојде денот кога јас ќе треба да се соочам со постапките на моите родители. :x
     
  16. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Многу нормално, како за нејзе така и за сопругот, така и за љубовникот нејзин. Јас не судам никого, само во каква средина тие деца растат, со мама, тато плус швалерот на мама и швалерката на тато? Дај не зезајте, може се мали сега и не знаат но еден ден сигурно ќе дознаат, што мислите сеедно ќе им биде? Во бракот учествуваат двајца, а не четворица.
     
  17. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Нема со што да се соочиме ние
    Мајками живееше и сеуште живее тежок живот со мојот морам да напишам татко
    Да и таа знаеше дека е најубаво да се разведе но ете мајка и и татко и беа починати, брат и и снаата нормално си ја средија куќата и си живееа
    Кај да оди мајка ми?Со две деца школарци под кирија?
    Си го жртвуваше животот за нас остана со него и не се "искурва" зошто се гади од мажи
    Да не ранеше,шеташе,бакнуваше,бањаше и приказни ни кажуваше
    Пркриваше се што се случуваше и гордо не исправи во животот
    И сум наранета и избањата,благодарна за разлика од тебе
    И сега кога сме возрасни и викам на мајка ми ТЕ САКАМ и ФАЛА но и многу ја жалам што го живее тој мизерен живот ,што не најде "ебач"да се спаси од тој морон
     
    На okcenzi, Glasna и imelda им се допаѓа ова.
  18. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Така така, точно. Секоја чест за мајка ти. Тоа ти е жена за пример, ете како ти дала пример, и те израснала во вистинска девојка. Се жртвувала за своето дете. Но верувај ми, да постапела како овие жени кои изледа дека ги оправдуваш, ти денес сигурно немало да бидеш она што си.
    И зошто ми велиш за разлика од тебе? Некој ти кажал дека јас сум гладна и неизбањата?
    SimonaTino, еве ти еден чист пример.
    Слична случка како на Маринка. Познаничка на мојата мајка го доживуваше истото и на крајот знеш ли што се случи? Кога ќерка и порасна, дома и го однесе синот на нејзиниот швалер. Еве го мамо мојот дечко, да ве запознаам. Како ова ти звучи?
     
  19. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Му звучи катастрофа
    Јас не реков дека ја оправдувам, туку дека има милион причини зошто тоа е така
    Јас сум горда на мајка ми но таа немала ниту ќе има живот
    Жалам што не е среќна,што не живее како што заслужува
    Јас сум среќна имам маж ,деца,здрави сме,фала богу и на сестра ми и е добро како на мене ,но ние на своја страна а таа сама со себе и некој кој ја толчи,притиска и тивко ја убива
    Како ти звучи ова?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Демек ќе беше подобро ако останеше во брак, но имаше некој на страна? Не би рекла. Лош брак е лош брак од кој се бега, брак кој се прекинува. Нема потреба од комплицирање на работите.
     
    На lovebrazil му/ѝ се допаѓа ова.