Добро само немој тогаш да тераш лажен феминизам, зошто ова воопшто не е феминистички. Малце иронично звучи ако не дирекно тогаш индирекно учествуваш во повредување на нечии чуства.
абе не дека јас се отепав од ебање... гарантирам дека сите имате повеќе секс од мене, ама наивноста која владее и незнаењето, кога е сексуалноста во прашање, некогаш ме фрапира. Држи вода муабетот, ама пак не можеш да ми го избришиш чувството, дека мажите ги сметам за опресори, а жените за опресирани.
Изгледа ние у различни светови живееме. Секој да го гледаше својот двор и својот морал светов ќе беше прекрасно место за живеење.
Па машки кои нонстоп тупат за секс за мене се сељаци. Исто и жени. Зборење цело време за секс и упорно пласирање на интимноста укажува на несигурност и перчење Според мојот морал
Абе ги заболе нив за тоа што било морално за тебе. Ти буни се, ама за викенд во Скпопје, не мојш да најдиш слободен апартман во СК
Моралот е индивидуален сѐ додека тема на муабет е нешто што директно те засега. Инаку, не гледам дека имаш проблем во секоја друга тема да објаснуваш што е стриктно правилно и погрешно.
Некако многу почнавме да прифаќаме работи од Западот, таму се станува "нормално". Ова со женетиве швалери е мачкина кашлица. Таму веќе "нормално" е мајка да биде со бившиот дечко или маж на својата ќерка, очув со својата поќерка...Мајка и син кој одат заедно во "лов" на партнери и многу други "нормални работи".
@WildMk муабетот ти е исто како да земеш да дилаш дрога, луѓе што ќе ја купуваат дрогата да се предозираат и да умираат, и ти да велиш "не сум им јас крива што купиваат дрога, се дрогираат, се предозираат, умираат, никој не ги тера на тоа, самите бираат". Секако дека во основа е така, но тоа не значи дека со дилањето не штетиш на општеството и си без морал и позитивни принципи. Сакаш луѓето да бидат искрени? Тогаш зошто на женетите не им викаш "не, фала, мажен си, иди дома биди искрен со жена ти, ако не прифати она тоа што ти сакаш да одиш и со други, разведи се, па ќе тераме јас и ти". Кога сите би ги одбиле женетите/мажените, многу поголеми се дека тогаш стварно би биле искрени со партнероте at some point, бидејќи ќе бидат приморани. Така да, со тоа што упорно идеш со луѓе у брак, допринесуваш да не бидат искрени и да вараат зад грб.
Ако не те болеше, немаше секој жив да го цитираш на темава и да се браниш во име на швалерките. И силувања постојат и не можам да ги спречам. И само зашто нешто е често и околу нас не значи дека е нормално. Патем хомофобија кај нас не е со закон регулирана. Значи можам да речам дека е морална. Или не?
Па сега, факт е дека неверството постои. Факт е дека пости, оти луѓето се плашат да се искрени со партнерите. Јас не знам што е толку тешко да му кажеш на партнерот дека имаш некоја фантазија?
Лол, не реков дека убиваш луѓе, само дадов пример за да ти објаснам што зборувам, а тоа е дека и швалерот подеднакво штети, нема оправдување. Едноставно треба да се превземе одговорност за сопствените постапки и понекогаш доколку нашите желби некому штетат, да работиме на тие желби да ги контролираме за општ бенефит на општеството. Нели сакаме еволуција? Сакаме подобар живот? Сакаме позитивно секојдневие? Секој треба да е свесен за себе и како може да помогне, а не да одмогне наоѓајќи оправдувања.
Не штети еднакво. Му веруваш на партнерот, не на швалерката/швалерот. Шо ти е крив швалерот, ако жена ти свесно се впуштила во швалерај? Улогата која ја има брачен партнер во твојот живот, ни од далеку не може да се спореди со ничија друга.
Ова можи да го речи и силувач, и були, и дилер на дрога итд. "Не значи дека ако јас престанам проблемот како што постои ќе се реши". Работата е што си дел од проблемот. Можеби ќе звучи сурово ама членките овде баш ги заболе за твојот сексуален живот. Она што боди в очи е што продаваш филм за емпатија и феминизам, а прва си што си погазува на зборот. Ако проповедаш нешто, биди пример и за тоа. Бидејќи твоево е дволично в крај, признала ти или не. Не можиме да имаме емпатија само за швалерките, а за изневерените жени не. И пак темава ја сврте на тебе и твојот живот. Олабави малку и прифати дека другите не се согласуваат (и со право) со тебе.