@WildMk, ако ти избираш кога да се грижиш за добробитта на другите, т.е. дали нешто ги повредува или не, а кога да гледаш само тебе да ти е најубаво, тогаш во другите теми не се нервирај кога другите не сакаат да покажат разбирање/толеранција, кога не се бунтуваат луѓето заради лична корист, кога не прифаќаат либерални реторики итн. Како ти на темава што не чувствуваш одговорност и си се ставаш на прво место, така и другите на други теми каде што чувствуваш потреба да „браниш/штитиш“ одредени луѓе. И пред да се фатиш за тоа, јас се сметам себеси во либералниот спектрум. Ама поентата е дека немаш основа, или ајде да речеме кредибилитет да ги бараш тие работи и да очекуваш да се подзамислат луѓето за тие работи што тебе ти значат, кога ти го правиш истото како нив во оваа тема.
Вајлд еве пример за морална и етичка одговорност. Малечката Јана починува во болница сите бараме одговорност, одговорност треба да има и директорот на болницата...ако одиме по твоја логика што има он одговорност он не ја лечел малата други биле таму.
уште ли се објаснувате? искочил некој на крај со Вајлд па ние ќе искочиме. Само ми е фасцинантно која кондиција ја има за објаснување и истото и истото да го збори. Пак ќе кажам, хипокрит си, едно збориш, друго праиш. И ти лажеш, а збориш за искреност и доверба. И контрадикторна си. Не знам дали разбираш? Не ми е поентата да се докажуваме за твојот живот, него ме нервира шо освен за своето за друго не знаеш, и покрај тоа шо е погрешно од секој аспект. Мене ме заболе шо ти мислиш дека не е. Не е секад реалноста субјективна. Коа нешо не чини, не чини за никој. Тебе ти чини пошо никад нема да го кажеш спротивното и да го мислиш.
Меѓу партнерите. ... мислам... не мора да се сложите. Може вие мислите дека не мора да сте искрени со нив и тие со вас
Ама дискусијата не е: дали треба искреност меѓу партнери, туку дали имаш одговорност ако си швалер/ка или не. Никој не оспори дека партнерите треба да се искрени меѓу себе.
И она аргументот дека сите се ебеме и појше од неа. Дали се ебеме или не, работата е како сето тоа го сервираме пред другите.
Проблемот е што после таа искреност во поголемиот дел од случаевите не само што нема да има здрава врска меѓу партнерите, туку нема да има никаква врска воопшто. А повеќето сакаат сè да задржат, да седат на 2 столчиња.
Темата е Врска со оженет маж, па да се самоцитирам, апсолутно и категорично НЕ. На толку прекрасни и слободни мажи, една причина не гледам зошто би одбрала женет човек.
Пс. Без разлика дали е швалерај или брак или врска во прашање, дилемата е зошто некој би зборувал за тоа со своите родители и пријатели? Како ја раскажувате својата интима на други луѓе, мислам пози, траење? Имам маж или двајца или тројца небитно, ваљда не идете по кафиња да прераскажувате. И тоа ли има, јас многу неупатена сум изгледа.
ти си се фатила за тоа пошо ТИ си искрена со партнерот си праиш самооправдување, и тоа ни е јасно на сите. Јас ти зборам за другите делови сите иаме маани, и треба да си ги прифатиме
Ако Вајлд каже НЕ на женет маж, нема тоа да го спречи да изневерува. Маж кој е решен да има секс со друга, може и да плати за услугата. Да, швалерката ќе биде мивка во моите очи, но јас и она не сме во брак и немаме деца па да ми должи меѓусебна почит и разбирање.
Ако нејзиното достоинство е помалку важно од остварување на своите сексуални фантазии, тогаш тоа е нејзин проблем.
Ама она не го силува, он сака да има секс надвор од бракот. Ако не е она, ќе биде друга. И сите не да речат, како што кажав, ќе си плати.
Тоа е така, ама пресмешна е менталната гимнастика што ја прави за да докаже дека нејзиното бирање стриктно женети е оправдано и е во право.
Ама и дилерот може да рече: ако не им продавам јас дрога, ќе им продава друг. Не може така лесно да префрламе вина.