Пали-гаси метод на одговорност. Не е ни поентата да имаш чист образ, искрено. Самиот чин на интимна улога со зафатен маж е погазување на својата гордост, и без да знаат други. Мислам дека повеќето не ни сфаќаат каков ефект ова врз своето спиритуално битие - мирот како и потсвесното што никад нема да си го признаеш себеси. И да повторам дека е стварно глупо да си толкав активист за емпатија, сочуство и феминизам не знам ти шо, а да речеш "шо ме боли за неа он треба да ја мисли". Еве може да ја мразиш од дното на душата ама сепак да не се вклучиш во тој токсичен бабл. Сам себе си се заебуваш. И сексот не е највисок степен на слобода и спиритуалност, тоа најпрво започнува од себе и своите морални граници и степени.
Тоа е друго. Не го почитувам нејзиното размислување и концепт за брак. Мене не ми се допаѓа нејзината смисла за морал. Меѓутоа утре ако маж ми реши да има секс со Вајлд, јас него ќе го обесам за јајца. Не неа.
Па ништо... Сите се согласуваме дека мажот е главен виновник, ама цела дискусија се отвори за улогата на вина на швалерот/ката, односно дали носи и таа одговорност или не. Да, таа не ветила ништо и не е во брак, меѓутоа и јас не ветувам чесност некому, па сепак не одам да го ограбувам на пример, или свесно да учествувам во нешто што му штети. Тоа е цел муабет...
Уствари не ни знам зошто во темава се збори пак за бракот и преференците на Вајлд. Ваљда ѝ е интересно да се збори тука па пак ја сврте темата кон тоа и ја одржува со реплицирање.
Да затоа што твојот морал ти вика дека тоа не е ок. Ама не сечив морал е таков. Како што на Вајлд ова и е ок. Исто е ко со крадец да се убедуваш дека не е морално да се краде. А он нема грижа на совест. Никогаш нема да и докажете.
Моментот кога не можеш еден асален да најдеш за во врска. Не па швалер, камо ли отворена врска/брак. Животе кисело млеко со поминат рок Оk, bye
Освен напалени чичиња по пат, волку секс реплики немам сретнато нигде ама стварно. Секс та секс, отворен брак се ебам со други x 5359 пати спомнато, да ти се одмили.
Јасно, дискутирам затоа што зборуваме за поопшти „правила“ да ги речам. Дека мислам дека ако генерално луѓето тежнееме да осудуваме кражба, измама итн, и ова спаѓа во таков вид на измама. А за секоја тема ќе има мала група на луѓе кои ќе отстапат од тој генерален став. Мислам, да не се сфатиме погрешно, не мислам дека генерален став треба да се следи за сѐ, меѓутоа верувам дека има „универзални“ правила за расудување на некои работи, кои нели ги базираме на хуманост. И да, во право си дека нема докажување . Мислам дека доволно објаснив која ми е поентата и тие што сакаа, ме разбраа. Ако продолжам да пишувам на темава, само ќе се вртам во круг .
Генерален став во однос на вината на учесниците во неверството, а не во однос на сексуалните преференци.
Сигурно 'таа мала група луѓе' од 50% од населението во брак, не мисли дека неверството е погрешно, чим го практикува.
Ако мисли дека е погрешно, нема да направи профил на секс сајт и да бара швалерки. Остај ти шо збора, глеј шо прај.
Ако размислуваш само како себеси да си направиш најубаво, не размислувајќи на влијанието врз тие околу тебе, никогаш ништо нема да ти е погрешно.
Неверство многу длабоко повредва чоек. Ако стапување во врска и брак значи дека сме "одбрани", при изневервањето и разделбата значи дека "сме заменливи". И ако некогаш изневерувате и мислите дека не е толку лошо, или сте соучесник - имајте го ова на ум. Можи колку сакате да се тапшате дека немате вина или тОлКаВ пРоЦеНт ИзНеВерВаТ, ама фактот е дека свесно го одбирате ова и свесно повредвате некој - директно или не. И то збора за вас. Многу. И вашето ниво на емпатија, или отсуство на истата. Тудлс.
Тоа не го менува фактот дека или не им е гајле за сопружникот, или баш дека знаат дека тој/таа ќе биде повреден од нивните дела, затоа се кријат и си мислат нема да бидат фатени. Мислам, не разбирам до кога очекуваш да се повторуваме. И за крадецот е правилно да кради, ама тоа не го менува фактот дека ќе се крие да не биде фатен. Ако не, да станеме анархија и секој нека делува според свои убедувања.