Мене ми е преинтересен моментот: Вајлд што отсуството на морал го препишува на лична замисла, нешто небитно и скроз мало тоа што можеби некоја жена ќе се осеќа како гомно пошто ти си се ебала со маж и, а и двајцата се ебете ко зајци. У меѓувреме и исплашени како зајци. А, кога некој осудува швалерки и швалерај тоа е нешто незамисливо. Оди па разбери
А зашто да не и двајцата, па во иднина таквите што специфично бараат женети/мажени да размислат два пати? Може да мислиш дека е погрешно, ама да го правиш нештото anyway затоа што личното задоволство е приоритет, и попатно да најдеш разни оправдувања за да не се осеќаш лошо за тоа што го правиш. А од што се плашат дека ќе ги фатат? Штом станува збор дека ќе ги ФАТАТ, значи праат нешто што не треба. Кога праиш нешто што е сосема океј, не се плашиш дека ќе те фатат, сеедно ти е дали некој знае или не.
одамна е вака. на веќе формирана личност не можете да наметнете морал, прошол возот може само да се крие подобро а делото ќе го направи.
Нема да ја обесите швалерката ама да ме утепате па ако лагано можете кафе да пиете со неа и да муабетите ко ништо да не било.
Да, колку што можам да наметнам некому да стане непушач, толку можам и во оваа ситуација. Затоа и не се обидувам да преубедам некого да не прави нешто, затоа што не можам. Ама како за пушење што може да се дискутира дали е добро или не, така може и овде, што впрочем и го правиме. За анархија, не би рекла дека одамна е вака и дека секој делува според свои убедувања. Во спротивно, немаше да правиме закони и да поставуваме „правила“ во општеството. Тоа што луѓе ги ослободуваат стегите за работи кои нема потреба да има толку строги правила е едно (пример, дали да се има секс пред брак или не, дали девојка „смее“ да има повеќе од 1 партнер или не), а ова е сосема друго. Ако сакаш да живееш во општество, имаш одговорност и кон други индивидуи за работи кои ги афектираат нив.
Како се одлучува што ќе биде закон, не знам, меѓутоа има многу работи за кои се придржуваме и без да постои закон, водејќи се по логиката да се трудиме свесно да не наштетиме некому. А и законите не се секогаш во склад со општото добро, така што..
Па затоа што цело време зборите дека ништо лошо не мислите за неа, дека не е воопшто крива. Чим така значи сеедно би ви било и пријателка да ви е
па не. сигурно нема другарка да бидам со неа, али и не би била гневна кон неа ги има секакви у светов ако маж ми/дечко ми пристапи да биде со нив со него имам проблем не со неа која не ми е ништо и од која не очекувам ништо.
Не смеете да ги осудувате швалерките затоа што тоа е неморално и нефеминистички, како така жена на жена да прави, ама затоа секс со женет маж или афера која може да растури нечиј брак и семејство и жена и деца да страдаат, па и да не растури, во секој случај на жената и' се набиваат рогови, е тоа не е неморално и нефеминистички. Готово, гасете се од темава.
жената секако е обвинувана и вака и онака затоа е таму кај што е уште се бори за права. посебно за темава секогаш на таргет е жената, она го завела, курвата е крива, па тоа влече и други обвинувања на тема силување она провоцирала, така да како бумеранг се враќа секоја остра осуда насочена кон жената и да си најморална ќе бидеш прва на таргет да сносиш повеќе вина од мажите. пред некое време гледав некоја емисија со директни вклучувања на тема неверство, 99% од мислењата беа дека жената го завела а на мажот е нормално да прифати он маж бил.
ццццц шо не ќе прочита човек овде еј кај е бе тоа шо фрла света вода ало потребно е. или попот со кандилото. чиста паралела само да ви напраам: 1.Ако јас сеа тргнам да ја убијам Станка, пред другарка ми Ана. Ако Ана знае шо сакам да напраам, и не ме спречи и нејзе ќе ја декларираат како соучесник во делото. Без разлика шо не пукнала. Не ме спречила да го напраам тоа. 2.Ако јас знам дека Иван има жена и 2 деца, и јас се решам да се ебам со него, значи јас свесно му го уништувам бракот пошо сум себично ѓубре шо гледа да си ги задоволи потребите. Шо нѐ разликува тогаш од животните? и они не контролираат нагон, ни ние очигледно Ја пример никад не би била со женет, а ми се пуштале тон, прво пошо ми е глупо од жена му. Точно, он ако решил да ја вара, ќе ја вара, небитно дали со мене или друга. Ама зошо мора ја да сум тоа? Да треба да легнам со помислата дека им се мочам у бракот. Он си е најкрив точно, ама ако свесно го напраам тоа, и јас сум крива. Да не зборам за деца поготово. Или за КАРМА. све се враќа бе луѓе. Не ви е страв некад?
А, жената не ли и нанесува зло на друга жена кога оди тајно со сопругот? Веќе чим толку го форсираш тој феминизам што пак ќе кажам, за оваа ситуација нема врска.
Тоа е валиден, ама друг проблем. Факт е дека треба реториката на обвинување да се смени затоа што никој не може да го заведе мажот до тој степен за тој кутриот да нема избор освен да се согласи. И факт е дека швалер е помалку осудуван од швалерка, да. Ама ова не е оправдување за неутрално да се поставиме кон самиот чин на соучество во неверство само затоа што жената трпи други проблеми. Едното не го исклучува другото.
Па не, пак мажот ќе биде виновен, никој не го ослободува него од вина. Секако дека тој треба да си е одговорен за својот брак. Ама швалерката е соучесник.