Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Добро кажа и Dee, немаше да биде посреќна доколку имаше некој на страна. Требало да прекини, но ете ти ни кажа дека немала услови да се разведе бидејќи немала кај да живее. Навистина звучи жалосно, но таков е животот, многу почесто игра не фер. Се жртвувала за своите деца. Нормално е да чувствуваш гнев поради тешкиот живот на твојата мајка, но биди среќна што била цврста жена и ти дала добар пример за животот. Цени го секогаш тоа што таа го стори и гледај да и возвратиш на секој начин на кој што можеш. Секое добро SimonaTino. :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    Да, јас колку што сфатив така испадна и сметам дека е сосема во ред. Зошто ако некоја жена е разведена и си има некој нормален во својот живот како и сите луѓе на планетава е курва? Не ми е јасна оваа работа некако. Ако некоја е разведена значи дека нејзиниот живот е завршен? И толку, среќа нема за неа? Искрено мене муабетов твој ми е прав комшиски муабет. Ќути, трај, трпи и ако можеш да најдеш некој на страна супер само да не те дознае никој. Страшно.

    Сметам дека жена која знае колку вреди, која ги знае вистинските вредности во животот и на која своите деца и' се на прво место никогаш нема да го направи ова за што се отвори толкава дискусија. Сега читам и дека твојата мајка постапила така. И не знам од каде твоево размислување дека она требало да си најде некој. Не си ми јасна. Јас сметам дека она постапила најправилно. Кога би немала каде да одам доколку се разведам и јас би постапила како неа. Би се посветила целосно на своите деца и би се радувала на нивните успеси и насмевки, а ако некој сака да шета, да се коцка, да се курва итн нека повели, мене не би ме интересирало. Најмалку би постапила како него, тоа ми е толку ниско и мизерно.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Не,грешно ме свати
    Ќе беше подобро да имаше мајка и татко,да си го приберат и поддржат детето,а не некој да се иживљава
    Ни немала каде и тоа е тоа
     
  4. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    За жал се случило како што се случило, но останала добра мајка и достоинствена жена, сепак го ценела тој до неа и не правела како дотичниве страници назад... едноставно нема оправдување, они се сопруги и мајки пред се, и се додека се во тој законски брак немаат оправдување за нивното однесување. Не оди бракот ок не оди, развод постои. Нека не си ги срамат децата...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    И баш заради тоа што некоја нема каде да оди и заради тоа што не е поддржана од своите треба швалер да фати? И да биде иста како маж и'?

    Не знам, ама јас никогаш нема да сфатам како една мајка не си го става своето дете на прво место и гледа да си го изживее животот зошто нели ако маж и' може, зошто па она покуса да остане. Тоа е толку себично. Не знам како си ги гледаат децата после се'.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Добра ноќ на сите
    Си кажав некој работи и ми олесна,утре глава ќе ме боли
     
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Да живее свој живот,ваљда ќе се разведе нема вечно така да живее,тоа би било следно
     
  8. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Ајде оставете ја девојката веќе, ако убаво го прочитате нашиот "разговор" наназад неколку страници ќе сфатите убаво за што се работи ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Ма не разбираат ништо ,незнам што се објаснувам толку
    Кој свати,свати
    Тој што не може да свати и 100 пати да прочита за џабе му е :hai:
     
    На lovebrazil му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    Јас лично се обидувам да ве сфатам ама очигледно вие не сакате да бидете сфатени бидејќи си уфрлувате по една реченица само, а не давате никакво ни приближно детално објаснување за вашето мислење. Тоа воопшто не делува на дискусија. Така што и јас повеќе не пишувам зашто очигледно нема повратен одговор и не може да се води здрава дискусија. ;)
     
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Daydream браво кратко и јасно кажано, јас сум млада мајка разведена имам 25 години, керка 5 години, го сакав се омазив на 19, но тој веке после три години поцна да сака повеке нокен живот, девојки и слично, што требаше јас да правам, додека шета он да шетам и јас а детево ке го оставиме на милост и немилост, како тато така мама, не трпев трпев и на крај после еден куп обиди да го задржам бракот кога видив дека неможам се разведов и по се што ми направи не го изварав, од една страна од страв да не дознае, од друга страна затоа што совеста и домашното воспитување не ми дозволуваше и горда сум на тоа, се разведов и после цела година сама помината си најдов некој кој е слободен и се гледам со него кога можам и кога имам слободно време за да не ја оставам малата сама, татко и доага еднаш месецно да ја види на пола саат, а треба двапати неделно да ја зима по судски пат, но човекот немал време, и така јас секогаш ке бидам мајка на едно дете, а тој пак ке биде бекар и ке си сета како никогаш да немал семејство, но и на тоа сум горда затоа што се шетам со чист образ не го извалкав ни него ни сама себе, и да не е лесно да чуваш сама дете но имам подршка од мајка ми која што е удовица 9 години татко ми почина и не се премажи ниту пак најде друг, така да во никој случај неверството не е прифатливо, и неможе да се оправда со било што.
     
    На Unica, Annath, Izaabella и 5 други им се допаѓа ова.
  12. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Браво natemila, така постапува вистинска жена. Среќа што ти ја имаш мајка ти, за разлика од некои други, кои ја немале таа среќа, па си имала каде да одиш.
    Затоа според мене, ние жените, не треба целосно финансиски да се потпираме на мажот во нашиот живот. Никој не знае што може да се случи. Не на крајот да останеме на улица или пак да живееме во пекол, за само да не останеме на улица.
     
    На Ilinaaa, H.VAGA, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Така е на никого во животот не му е лесно, но тоа не е оправдување да извараш некого со што би се изварала и сама себе, има моменти кога сега се каам за се, но времето назад не се врака, млада сум некогаш сакам и јас да искочам до подоцна но статусот МАЈКА не ми го дозволува тоа, и незнам дали точно прочитав некаде дека некоја разведена жена е курва, НЕ, секоја разведена жена е само жена што се спасила од неуспешен брак, секој знае како почнуба еден брак, но никој незнае како ке заврши, а и моето дете после разводот е многу посрекно, понасмеано, повесело, не гледа како неговиот татко се врака во ниедно време поднапиен и желен за кавга бес причина, Сега сме срекни бидејки сме си по цел ден заедно хаха дури и до продавница несмеам да одам сама а не па накаде каде што ке можам да поседам подоцна, а како што ви кажав дека скоро почнав да се гледам со некого кој што ми ја знае цела ситуација се договараме кога можам, или потоцно кога ке може баба да ја почува за јас малце да излезам, и тоа малце е двапати во меецот по некој два три часа, но да не се жалам добро е, немам навика толку да пишувам но ме изреволтираа неколку коментари што одобруваат варање само затоа што демек немало друг излез. Решение има секогаш за се :) :)
     
    На Hipster, imelda и ilipili им се допаѓа ова.
  14. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    Не се враќа нажалост. Јас секогаш си се тешам со онаа "Се се случува со причина".
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    2.085
    Маринка, во некои ситуации што ги кажа во врска со твојот револт, ја сваќам твојатта ситуација во глобала, сакам да ти кажам ако гледаш дека нема излезе во тој брак дека него сакаш веке мажти, развеседи, зашто се мачиш себеси ако мислиш дека не си задоволна.Не се криј слободно иди со некој али разведиси прво.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Не сум се нашла досега во ситуација да бидам изневерена и да бидам со деца, но не значи дека не сум размислувала на таков развој на настаните. Човек треба да мисли на се`. Особено кога планира да има деца. Се` бива. И јас сум била во состојба да немам каде да одам. Ама сум планирала семејство. Т.е. сум се заштитувала од бременост. Се` бива, но своето сум го направила, сум планирала. И сум мислела дури и ако искрсне нешто ќе се соочам со ситуацијата. Затоа што сум мислела дека тоа е моја обврска и одговорност како некој што можеби некогаш ќе стане, а можеби и нема да стане родител, а пред се` обврска која од мене се очекува како од возрасен човек.

    Мое размислување и постапка во таква ситуација (лично за мојот став зборам).

    Многу често сум го слушала како изговор за жените да седат во дисфункционални бракови следново: „Нема каде да одам.“ И сум си ставала до знаење дека и мене тоа може да ми се случи. Колку прекрасни самохрни мајки (мајки за пример навистина) познавам кои не би биле ни делче од тоа што се денес да се кочеле со таа фраза „Немам каде да одам“.

    Грижата за децата, вклучувајќи го и нивното материјално обезбедување е грижа на двајцата родители. Што е тоа „немам каде да одам“? Ќе најдам. Имам деца, веќе не постои само мојот ќеф. Затоа семејство се планира бе луѓе. Децата не се врзани за бракот. Родители сме и во и вон бракот. Ќе чистам по куќи ако треба, знам и такви примери, со многу пострашни приказни, жени кои едвај спасиле жива глава од нивните сопрузи, па две од нив дури и си ги исшколуваа децата со факултети. Едната од нив по 10ина години се премажи, детето си е свој човек, се гордее со мајка му во секој момент и со секој изговорен збор (се чувствува тоа), а таа си ја живее втората младост. И да седам пошо нема кај да одам, на што ќе ја научам ќерка ми утре? „Ќерко, седи си со мажот и ако се налутите ако имате деца, најди си швалер, еден нека те рани, на друг ќефот праи му го.“ Какво право ќе имам јас потоа да му префрлам на мм за неговите постапки? Отиде мојот авторитет и пред него и пред децата.

    Затоа се планира семејство. Затоа што детето не е одговорност на одредена брачна заедница, туку на мајката и на таткото, без разлика дали се заедно или не.

    И не сум родител ако го ранам или појам или бањам детето. Луѓе кучиња вдомуваат и го прават истото. Туку да му бидам и пример, насока во животот (пред се` позитивен пример КАКО ТРЕБА) и попрво ќе се разведам отколку детето мое да страда поради мојата лоша проценка на карактерот на човекот со кого сум створила дом.

    Некој праша дали разведените што си имаат друг се поштени? Не знам колку се поштени a колку непоштени но тие се слободни жени кои не се законски и духовно врзани за некој човек. Едноставно се ничии. И се` додека си ја ставаат безбедноста на нивното дете пред нивниот ќеф, имаат право да си продолжат со љубовниот живот.
     
    На Annath, Glasna, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам што сакам,оти токму и во тој контекст го кажав за блудот оти оттаму започнува гревот ,мислам лесно е да фрлаш камења по туѓи животи како за случајот со Mартина.
    Cекако дека пишува за блудот,вика:секој да ја чува брачната постела чиста неосквернета.Oти Gоспод ќе им суди на блудниците и прељубниците.Cе надевам ова во библија го имаш сретнато ;) .
    Tоа од мене,викаш дека сум во право,но дека не го почитувам истото.Cе знае кој ќе ми суди,а јас не судев само потенцирав пред да морализираат да го прават тоа барем како што си е реално,да се почне оттаму,а не на кој како му текнало,она народното жената е курва,жената е единствена која треба да се грижи за морал,а мажот и сто швалерки да донесе дома,битно жената дали постапила морално-е не.Kрај краева,секој ќе суди како му е волја,не ни сакам да влијаам врз тоа.A за случајот како живееле проституките или било кои неморални луѓе,тие не треба да се пример за христијаните,напротив ,оти сите имаме слободна волја но секако не ни е одобрено според нашата вера неморал,тоа веќе го утврдивме.Cега последно ќе кажам,јас сум само обичен грешник,а кој е безгрешен прв нека фрли камен!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Се ежам од темава. Ме тера да се срамам што сум жена кога ќе прочитам некое мислење ко на Хермоса на пример или пак на некоја што е во врска со женет човек. Некако ми доаѓа да ги сместам во ист кош по размислувањата и паметот.
    Друга работа што не ми е јасна е зошто ваквите жени пишуваат на форумов? Од каде им доаѓа таа потреба да се искажат на форум? Демек она е очајна незнае што да прави, ама пред тоа многу добро знаела во што се препушта. Или си бараат оправдување, сакаат некој да ги потапша по рамо или најверојатно е дека сакаат да си добијат потврда дека прават правила работа. Која е логиката да се впуштиш во таква врска па после да бараш совети? А прашање е само дали ќе применат 1% од советите кои тука се пишуваат. Сите вакви жени се дојдени тука само за да можат да се оправдаат пред себе си, ти ги советуваш они упорно со глава во ѕид одат. Ако, така им треба, си го заслужуваат тоа што ги снаоѓа. Толку сте ниски и без никаква самопочит, не можете да се поднесете самите себе. Немате храброст да одите низ животот сами и со крената глава. Љубовта ви е само изговор за ваквите дела, ја гледате како оправдување за вашата непромисленост. А разумен човек не би дозволил љубовта да му биде мотив да си ја погази самопочитта.
    Хермоса е исто тука некаде. Религиозен фанатик, најверојатно еднаш го има прочитано Светото Писмо, па што и останало во глава тоа го проповеда на сосема погрешен начин. Девојко не го разбираш Светото Писмо, познавам луѓе што го имаат прочитано над 10 пати (не зборам за онаа илустрирана библија што ја имаме сите по дома) и секој пат кога го читаат различно го разбираат, секој пат има нешто ново да се прочита нешто што до тогаш не го знаеле. Затоа немој да се правиш паметна и побожна, прочитај прво убаво и потруди се да ја разбереш суштината на Светото Писно, не само да лупаш глупости без врска. Прашање е дали ги знаеш и 10те Божји заповеди, ама битно знаеш одма да рипнеш да ги посочиш грешниците. :^) Не е темава со ова ама ај, не ни сакам да дискутирам со тебе, чисто онака почувстував потреба да ти го кажам ова. ;)
     
    На Alisa22, Annath, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Хермоса според тебе е пострашно да се менуваат партнери пред брак, и да се влезе во брак со претходно сексуално искуство со друг маж кој не ти е сега сопруг а можеш да разбереш брак кој секој од партнерите си живее не своја страна, а децата кој ги шиша а?

    Од толку морализирање и поставување на правила, се губите во својата објективост и во вистинскиот морал и неморал.

    Не ја осудувам госпоѓата која си има настрана швалер а од друга страна има маж кој во никоја смисла за мене не е маж, ама никако не можам да се согласам дека не и е излез развод па после со мирна глава нека прави што сака во животот со други партнери.

    Ме иритираат такви жени кои велат каков е таков е ќе го трпам цел живот ама развод не му давам, кој кого мачи и кој со кого се изживува не можам да разберам.
    Во некои животни приказни го нема она класичното- негативци и позитивци, кој е кој, кој е херојот а кој е натрапникот, во ситуацијава и двајцата се натрапниците на животот на нивните деца и нивната иднина, на својата да не правиме муабет.

    Престанете да гледате на разводот како виза за во пеколот, ако навистина ви е толку неподносливо соберете храброст и достоинство малку бре, вработете се и бидете "газди" над својот живот,не го живејте по "кирија" и како што другите ви го диктираат.
    Изговори секогаш имало и секогаш ќе има, но вистински причини има се помалку и се помалку има храборост и достоинство да се направи вистинската работа и на крај на денот да се живее мирен и достоинствен живот со мирен сон навечер.
     
    На Annath и julie77 им се допаѓа ова.