Ама на темава никој не го кажа тоа. Секогаш зафатениот носи поголема вина за вметнувањето на трета личност во бракот. Ако таа трета личност ја знае целата ситуација од сам старт и свесно се согласува да остане во таква врска е учесник во неверството. Две возрасни и зрели индивидуи кои свесно прават вакви постапки треба да сносат одговорност и нема што да се дискутира повеќе.
тука се ,,судат'' швалерките пошо сите многу го потите за феминизам, за ,,жена на жена шо е ОМГ'' пошо не е феминистички да се ебеш со кој стигнеш и да те заболе за другите феминистички е да имаш осет малце и за другите жени
Многу јак морал е тој "нема да осудувам јас никоја ама затоа ќе легнам со нечиј маж и ќе се криеме." И додека постојат швалерки, ќе постојат и секакви муабети за жени. Кога жена нема осет што и' прави на друга, што останало па за маж.
И само зашто не е феминистички да срамиш жена за сексуално искуство, не значи дека треба ко неизживеани сељаци да се фалите сеа на секој чекор кај сте се онаделе.
Полека, полека. Од непознати луѓе (сите луѓе на овој свет) ваљда можеме да очекуваме елементарна култура и минимум поштовање. Тоа се меѓучовечки односи. Ти не си фина само со тие што ги знаеш, постои образец на однесување кое го применуваш кон човечко сутшество. Добро утро, добар ден, некој елементарен установен начин како се однесуваме едни кон други, иако не сме си ништо. Нема да ме стегне срце ако комшиката не ми каже здраво, ама тоа однесување за неа зборува многу. Од друга страна, ако пуши во лифт и си го моча кучето во влез, имам право што сакам да ѝ кажам затоа што живееме во заеднички простор. Швалерката не е некој фактор, ама ако се водиме по тоа дека нема да се искорени швалерајот зашто една швалерка ќе одбие нечиј маж, тогаш тоа правило може буквално за секоја сфера во животот да се искористи. Ако не го моча едната комшивка кучето у влез, ќе го моча другата, ако не ме акне еден пијандура со кола, ќе ме акне друг. Тој податок не значи дека не треба да се реагира на одредени ситуации.
Феминизам од Алиекспрес. *И нанесувам е одговор на прашање од Безименка коа ја праша дали е свесна дека нанесува болка на сопругата со понашањево.
не може за секоја сфера да се искористи, секоја сфера е засебна и посебно се разгледува. на тоа и мислам, реториката да се промени, едноставно јавното мнение е базирано на секоја индивидуална осуда која постои. а кога се иде у крајност со обвинување на жени чисто за информација многумина сметаат и дека сопругата е крива што допуштила мажот да погледне друга, врти сучи жената крива.
Ама тоа за коешто бараш/ме да се смени е едно, ова за коешто ние зборуваме е друго. Секако дека има толку различни осуди колку што има и луѓе, ама кога се работи за наштетување некому, „сите“ би требало да сме согласни оти тоа е хумано. Не може само затоа што грешно се префрла целосно вината врз швалерката и се обвинува за нешто што не е виновна, сега да одиме во другиот екстрем и комплетно да ја апсолвираме од вина. Едит: Швалерка не е виновна за тоа што нечиј маж се сплеткал со неа: тоа е негов избор. Ама истовремено е виновна за тоа што учествува во активност поради која ќе страда жената на тој маж: тоа е нејзин избор.
Ние жените сакаме да не третираат како кралици, ама се однесуваме како магарици...Иронично е да кажеш јас сум феминиска, а да не ти биде гајле за друга жена. Она жена на жена волк џабе го дробиме изгледа. ( Се надоврзав само на твојот пост)
Како не може, еве ти набројав две, комшиката и пијаницата, а можам уште двеста да ти набројам. Се сведува на исто. Туѓиот брак не е твоја одговорност. Ама твојот сопствен брак е твоја одговорност. Твојот брак како појдовна точка те довел до ситуацијата во која што си денес, значи сѐ си има причинско-последична врска.
До дефиниции за феминизам дошла работата. Ај вака: Ако Вајлд е маж, и го прави тоа што го прави, ќе биде осудена од мажите? НЕ Ќе речат мажите зошто бараш мажена па има немажени, мисли на маж и дома? НЕ Мажите нема да ја осудат ни неа нити па швалеркава погоре. Машкиот свет ФУНКЦИОНИРА, а ние очи ќе си извадиме, преполни сме со осуди. И во мода бил швалерајот, се е тргнато во неповрат. Ги гледаш вака на мравка не газат, светици, а тие мислат како да излажат за да се сретнат со швалерот. Вајлд само е свесна во каков свет живее и се труди да е бар искрена со оној со кој одлучила да основа семејство. Не ја оправдувам, ама нејзин живот нејзина работа.
Истата реакција ќе ја гледаш и да ги смениш половите. Ако жената го изневерува мажот со друг маж кој го смотала на малиот прст за неа ќе има секакви осуди, а за мажот исто ќе кажат дека е смотан што се плеткал со омажена при толку слободни жени. А за конкретнавата ситуација? Да, можеби не би го осудиле воопшто мажот што изневерува. А жената со која изневерува секако ќе ја осудат. Тоа се тие двојни стандарди што ги имаат, точно. И решението е што? Да имаат и жените двојни стандарди?
Тоа што голем број од мажите гледаат само за свој интерес и се оперирани од емоции и сочувство во вакви случаи (освен ако не го чепнеш нивното) е целокупна, општествена грешка, култура на воспитување машки деца. Решението не е: ајде сега истото да го правиме и ние жените, затоа што тоа само создава повеќе огорченост и нетрпеливост. Решението е да растеме машки деца со здрав, објективен и правичен однос кон жените, а не да си гледаат само за свои потреби и „партиски“ да се држат до машкиот колектив без оглед на тоа што е добро. Не знам од каде ова. Моето искуство е баш спротивно, една да го направи ова е причина зошто цела толпа мажи тврдат како сите жени се „змии“, лажат, манипулираат, треба да се внимава да не им се „даде премногу слобода“ итн. Не за џабе толку жени се под контрола на своите мажи, т.е. не смеат да мрднат без нивен амин.
Мажот е секако крив и носи кривица во однос на жената на која и ветил верност во бракот. Ама да не се лажеме дека швалерките се ангелчиња, цвеќе за мирисање, посебно кога знаат дека типот има жена и деца. Треба да немаш никаква совест и морал за да ,,му помагаш'' на човек свесно да си го уништува семејството зошто реално ти си соучесник. И плс не оној муабет јас не сум крива шо он не знае да седи мирен И ок прифаќам отворен брак, се додека се гледате надвор со слободни луѓе. Нема оправдување зашто да се плеткаш со зафатени.
Сакаш да кажеш дека само зашто има двојни аршини, затоа треба ние швалерките да не ги осудиме? Демек и онака им е потешко, да не им праиме бетер. Е нече мочи.
Ти кажа @pdb123 веќе, и доста го терате муабетот мажи версус жени. СЕКОЈ НОРМАЛЕН ЧОВЕК осудува неверство, никој нема да аплаудира. И искрено пак ќе пишам, независно од овој пост, како надополнување, некои луѓе едноставно во недостаток на аргументи, си измислуваат лични статистики (кои имаат врска со нивното опкружување, ама не со буквално сечие опкружување), сите мажи варале, сите се ебавале на страна, како имате време на сите да им го водите есапот секоја чест. И уште се раскажува за тие "статистики" ко олимписки медал да се освоил во откривање на швалерајот на одреден број луѓе.
Па добро има аргумент дека слободните, би и се "закачиле" и би разгласиле затоа што нема што да изгубат (и ова е до некаде точно). Решение нема, едноставно треба да размислиме со кој стапуваме во брак. Да сме другари со брачниот партнер пред се, и ако некогаш ни се прекрстат размислувањата има развод место неверство. Вајлд во случајов се прифатиле со маж и какви што се
ненене види која е контрадикторноста морам најдиректно и без пардон сака да се ебе со зафатени, за да не зборат дека се ебе надвор од бракот, за да не стигне до мајка ѝ. Уствари. Пошо сака надвор од брак да се ебе, а да не ја дознаат дома, најлесно е со зафатен пошо ќе ќути. А сака да ги дознаат нив дома, а нејзе ѝ прпа дома да признае. И зборив овде за искреност.Па на мајка шо те родила ако не моеш да ѝ каеш, шо да очекуваме за машките? Ама успат и ѝ смета шо они не се искрени со нивните жени.Значи пак до негде не ѝ чинат и плус ги оговара овде и нѐ советува како да пазиме. Па сеоја од нас ако пази толку колку шо нѐ советува, нема да има со кого да се ебе. На дресура ќе ни се по дома. Плус овде колку збори, поголеми се шансите од овде да протече нешто него 40 год чичко да се фали дека ја ебел Вајлд. Вау јаката пичка. Адриана Лима ебате Ама ни слободните не ѝ чинат, пошо они немаат шо да изгубат и ќе зборат. работава сакам да се ебам неќам да ми влезе не може да бегате на тие години од одговорност и од последици сите сакаме да се ебеме и да ни е убаво.. Ама тоа си има некад и последици