Mazh sho ja izneveruva soprugata so shvalerka, shvalerkata site ja osudivte deka e kurva. Shto so zhenata koja go izneveruva mazhot so shvaler? Shvalerot ke go osudite deka e kurva i deka rastura semejstvo? Ili pak zhenata e kriva? Temava vrishti od dvojni arshini.
Da, ama koga ke pishe nekoja chlenka deka go izneveruva mazhot, niedna chlenka nema napishano: "kako ne mu e sram na shvalerot semejstvoto da vi go rasturi."
Неколку пати е објаснето која е вината на швалерката, па и на швалерот. Ова што го зборуваш се надоврзува на други муабети на форумов, во оваа дискусија тука не се пристапи од таа страна. Водиш борба за нешто што не беше адресирано на тој начин. Инаку да, вина си носи соучесникот во неверството, без разлика од кој пол е. И неколку страни поназад веќе адресиравме дека швалерките се поосудени од швалерите, ама пак ќе повторам, темата на муабет беше дали швалер/ка има вина или не. Ако ми одговориш и ти не должи ништо швалер/ка, не се заветил/а тој на верност, се откажувам, неколку пати го објаснив назад тоа .
Да де, швалерката ти е исто 'нетокму', колку мажот шо е 'нетокму'. Оти швалерката треба исто да ги сака неговите деца, како тој што ги сака. Швалерката треба да ја почитува неговата жена, повеќе од него, па и покрај тоа што тој инсистира на секс, швалерката мора да го одбива, за да ги 'спаси' жените од неверство на нивните мажи. Тој така, теле е, не знај кај ој-кај тера. Жените треба да им го контролираат сексуалниот нагон, кој го исполуваат дури и по цена да му го уништат животот на сопствените деца Ај уште еднаш кажи ми, колку се еднакво криви и двајцата, Молим те
Јас на темава веќе пишав, темата е Врска со оженет човек. Ако јас сум слободна жена (тоа е хипотетичката ситуација), не бирам женети мажи, мислам точно дека пишав "не постои апсолутно никаква причина, на толку прекрасни и слободни мажи", да одберам женет. За ниту еден сексуален нагон на светот. Си има дилдовци да се купат, јас живот не си комплицирам за еден секс и точка. Ама тоа сум јас. А јас, хипотетичката швалерка, не се изземам од одговорност за фактот дека свесно сум влегла во врска со оженет човек, и ќе си ги сносам евентуалните последици од МОИТЕ ДЕЛА. Тоа што јас сум одговорна за своите дела и моите дела имаат последици по мене, не значи дека швалерот/мажот/неверниот трпи помали последици. Тој е оној кој ќе се соочува со последиците од неговите дела. Не звучи едноставно? Зошто е толку тешко да сфатите дека сѐ што правите има последици? Оти швалерката треба исто да ги сака неговите деца, како тој што ги сака. Швалерката треба да ја почитува неговата жена, повеќе од него, па и покрај тоа што тој инсистира на секс, швалерката мора да го одбива. Ова е твој конструкт на мисли, никаде не сум кажала вакво нешто, цитирај каде. Швалерката нема интелектуални капацитети до толку да размислува, со самото тоа што се става себе во ситуација да биде швалерка, од ќеиф или од љубов, мислам дека нема до толку морални дилеми и свест, мислам дека очекува само таа да биде почитувана и сакана, дека до толку размислува за другите околу неа, не би рекла. И јас богами ништо не би очекувала од швалерката на маж ми искрено. Стварно тука немам дилеми кој би бил за мене "клучен играч".
Едно зло ако е оправдано не значи дека треба да оправдаме и друго. Напротив. Треба двете да се осудат за штетата шо ја прат. Машкиот свет НЕ функционира. Само така сакате да вервате дур се тапшате по рамо зошто полесно е то него да се разграничи зошто не е во ред нештото.
Во тој случај та е партнер шо изневерува... Партнер шо изневерва ја носи одлуката за да изневери и растури семејство. Швалер/ка е соучесник. Носи вина ама неспоредливо со партнер кој изневерва. И ако некој шо изневерва збора со мене сигурно нема да му ублажам дека аМа ТоЈ вИ рАсТуРа СеМеЈсТвО. Добро се читате или колку да кажите нешто е? Ете ти џендер нутрал мислење. Нема мажи жени. Само големо гомно и помало гомно. Ама сепак гомна.
Кажав не ја оправдувам, ама не и ни судам. Ако маж ми решил да ме вара со некоја, кој ми е крив? Не ја наоѓам неа крива, убаво си кажа дека само физички е, а и маж и знае. Туку тоа говедото шо ќе си заврши работа и ќе легне вечер до мене е за линч. Многу жени го знаат тоа и ќутат од страв да не ги остават. Многу немаат каде да одат и трпат. Многу имаат и тие некој од страна, па мажов место да ја остави и тој си бара. Многу имаат здравствени проблеми и дозволуваат. Има милион примери на изневерени жени. На никоја не и е швалерката крива. Мажите им се криви, и место да си го решат проблемот со нив ги напаѓаат швалерките. Како можам да очекувам од некоја да ме жали што маж ми ме лаже, ако тој не ме цени ни 5% кога се решил на таков чекор? Пишаа и погоре ако не е Вајлд ќе е друга да не се повторувам. Вајлд отстапува од општоприфатените норми, ама кажа дека тоа е нејзиното нормално. Се убедувате со веќе оформена личност, не гледам поента.
Вришти од двојни аршини ама тоа не се овие ти што пиша. Накратко: одговорноста и вината е на тој што е во брак, затоа што тој изневерува, но и другата страна има вина, затоа што е учесник во неверството. Без разлика на пол. За неверство се потребни двајца, така да...
Па од каде мАшКи СвЕт? Секој носи одлуки. И ги носи последиците од то. Ако не можи да се носи со истите нека подзастани и нека се подума. Можи утре партнер да ме изневери јас најмалку ќе плукам по швалерката оти та мене ништо не ми вети. Ама не го менва фактот дека неа не ѝ беше доволно гајле и да учествува во мојата болка. И то ја прај ѓубре исто ко изневерувачкото ѓубре. Убо рече некој горе. Феминизам од алиекспресОти ако повредваш друга жена на толку елементарен начин и се наречиш феминист е хипокритично во најмала рака, а генерално бедно. Многу бедно. Лично, линијата ја повлеквам на то дали има жртви и повредени безразлика која е ситуацијата. И од партнер кој изневерува има повредени. И од швалерите. Јас разбирам и отворена врска и отворен брак. Скроз ги разбирам како концепт и поддржувам некој да се организира така ако нема повредени. Ама ако третите личности се изневерувачи - има жртви и повредени и не е поќе невино и добро организирање. И еве онака сумирано. Ако пиши изневерувач, ќе се збора со него како кон изневерувач. Ако пиши швалер, ќе се збора со него како кон швалер. Нема аМа ТоЈ дРуГиОт. Не е другиот тука. "Ти" си.