Ако мислиш на себе не би требало да му речеш да се разведе па ќе бидете заедно, едноставно на секс/ врска што и да е со оженет не се дава никаква шанса. Еве хипотетички завршувате во брак и во иднина исто некоја вака да се заљуби во него и го уцени, развод па ние заедно, не мислиш дека ти би била изиграна и повредена исто како неговата претходна сопруга? Многу се зафркнати сите ситуации, реални или хипотетички така што за вакви врски едно големо НЕ.
Може јас хипотетички ќе се заљубам и ќе го оставам Не ветувам НИКОМУ доживотна љубов, нема поголема лага од тоа. Дај Боже да е за цел живот, ама и да не е, не е "ненормално". Ако ми прочиташ поназад мислења, ќе видиш дека пред било што да имам со личноста му беше потенцирано да си расчисти статус па да се обрати. Што беше и случај. Ни ветувам, ни барам некој да ми ветува вечност, дур трае - трае, 2 години или до крај на живот, ок е. Само да не се лажеме меѓу себе
Се допишував со еден дечко подолго од 15 год. Тогаш бев девојка со некои 15 или едвај полни 16 години. Во меѓувреме тој се ожени и формира семејство но сепак остана во контакт со мене. Сега сум скоро 30 години сеуште сме во контакт, јас не сум мажена уште. Сакам да кажам дека ја изневери сопругата неколку пати со мене Отворено си вели ич не ми е сеедно ако се омажиш. Јас пак се двоумам што и како да постапам понатаму
Знам те сфаќам. Нема ништо добро од тоа верувај. Батали го и фокусирај се на себе, ќе го најдеш вистинскиот во право време.
Затоа што е тешко. Глупо звучи ама многу работи влијаат. Пример не доволна љубов од родители особено од татко.
Ти треба да го живееш твојот живот, а твојот живот не е покрај женет маж. Тешко лесно тоа е.. Не знам што не е јасно, па си бараш изговори
Не се изговори, тој што има поминато знае. Лесно е да се суди ама никој не очекува дека ќе тргне по тој пат. Бев и јас се изгорив и ја научив лекцијата. Не суди, разбери.
Тој живее живот сигурен со семејство а ти останува да го чекаш да те побара кога него ќе му текне, ако си спремна да си резерва и секогаш втора продолжи.
Не сум јас во ваква ситуација. Бев, ама научив и се тргнав. Како што кажав разбирам ама не оправдувам и не судам.
Како не се изговори? Ти фалела татковска љубов.. Ја немаш, па чекај ќе ја барам во некој маж.. Па кога ќе се ожени, нема да продолжам со својот живот, туку ќе му се мешам во бракот. Да, тука тој е најмногу крив ама ти делуваш толку занесено и несвесно што личиш на 15 годишна.. Што очекуваш од него сега кога е женет?
Не сум сега во таква ситуација фала богу. Ама кога бев сакав внимание пошто не го добивав. Сега пораснав и доволно сум зрела да знам зошто некои работи ги правам или сум ги правела во минатото.
Мхм, а да пробате полигамен брак, чекај каде беше полигамијата легална, Иран можда? +И ако не се лажам може и уште две плус жени, секако доколку он сака. Ете, компромис и happy ending во Иран. Дали сметаш дека г-дин височество Султан Сулејман ексклузивно реинкарниран би бил ок со тоа?
Да те сакал ке е со тебе, а не во брак со жена му. Ти си му само сигурна секс опција и затоа и не би му било сеедно ако се омажиш .
Не знам зошто се прашуваш како да постапиш. Се знае, ти никако мажење за друг, изгуби го времето и животот со овој што те сака многу ама сопругата го принудила да се омажи за неа.
Некаде пишав и овде пак ќе напишам. Никогаш нема да ги разберам оние жени, девојки што се гледат со оженети мажи. Што ви е поентата жити се. Не сакам да употребам грд збор, но најниско мислење имам за истите. Па уште пишуваат, барат совети. Каков совет сакате да прочитате? Дека треба да продолжите со тоа??