1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Не знам што е полошо. Луѓе без морални вредности или пак верски фанатици со испран мозок...
    Почитувам различно мислење, само што слепо следење на нешто без да се користи својот мозок не можам да го вбројам во „мислење„.
    Како и да е, жално е..и двата случаи се жални.
     
  2. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Кај вие тоа госпожи прочитавте дека моите деца патат и не се грижам јас за нив ?????????
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Кажи ми што сакаше ти тука од нас, да те потапкаме по рамо и да ти кажеме, браво,ја правиш вистинската работа, подршка?
    Ако пишуваш за да добиеш восхит, нема да го добиеш тоа, за да добиеш оправдание и тоа нема да го добиеш.
    А утре твоите деца кога ќе пораснат и кога ќе треба да ги воспитуваат двајца родители, за да имаат правилен пример како они утре треба да се однесуваат со своите партнери, нема да ја добијат правата слика за едно семејство.

    У осталом, прави како што сакаш, ти дојде тука по тапшање по рамо и оправдување, а според мене никоја нормална жена и понекој маж тука нема да ти го каже тоа.
    Имаш избор, имаш, ама ти го избираш полесниот, т.е оној кој што ти мислиш дека е полесен, но веројатно не си чула дека некогаш пократкиот пат и невидум полесниот е потрнилив и подолог од потешкиот и подолгиот.
    Да не ти ја кажам онаа англиската попозанатата, погрешно ќе ме сфатиш.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Eте уште една која ми пресуди,браво мислам ѕа твоите напредни сваќања,јас кажав за верата а не дека сум религиозен фанатик,но кој како разбрал.Jас ја разбирам суштината на Cветото писмо и не ми е целта да се докажувам пред тебе не грижи се,и јас не сакам да дискутирам со тебе ич немај гајле ;) .Kажав што мислам оти одма почнаа да ја напаѓаат маринка те деца те морал те ова она,аман она не побара ни оправдување ни осуда од никој на форумот.
     
  5. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Никој никого овде не осудува, форум е и чим било кој напишал нешто јавно нормално дека за истото ќе има различни мислења. На крај успеавте и религијата да ја смешате, колку што знам неверството се смета за грев. Вртете од која страна сакате, никој нема да ви даде рака и да ви каже браво за тоа што го правите.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    уф срцка како да си ми ги пишувала моите мисли
    така е до збор
    и мене ми е многу криво што мајка ми во најубавите години била сама, без некој кој ке ја помилува и кој ке дели постела со неа, додека татко ми ги збогати бугарките и украинките
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    2.085
    Марина никој жено божја не рече дека не се грижиш за децата, туку зашто не се разведеш, па тогаш што сакаш да правиш, зашто да се криеш да се понижуваш, а то е плус тој пример што го следат децата, утре керкати може таКА ДА ПРАВИ АКО НЕ ЗНАЕШ ДА ЈА НАПРАВИШ И ДОНЕСЕШ ПРАВИЛНАТА ОДЛУКА.
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.812
    Пол:
    Женски
    Оваа реченица покажува само колку си егоиста и себична личност. Кога имаш деца не си само ти. Во ред , маж ти е дно од човек, но зар тебе те прави подобра од него соо тоа што враќаш на ист начин? Не, зашто ти во очите на жената на твојот љубовник си курва со која мажот и ја изневерува. Да да убаво прочита КУРВА и ни еден статус, ни еден брак на папир и ни 2 ни 100 деца да родиш тоа нема да го смени. Со ова си се срамни на нула. Како човек, како мајка, како жена.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Од далеку се чита marinka.Ako си се грижела не би ѓи изневерила.Mажена жена која има деца и е во врска со оженет човек, ѓи изневерува и децата,и не само своите туку и неговите .
    Dодека беше со швалерот мислеше ли на твоите деца и на неговите жена и деца
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Не мислат на никого и на ништо, да уклучат мозок на секунда нема да постапуваат вака. Не зборувам само за неа, и за нејзиниот сопруг и за љубовникот важи истото, како и за сите што го прават ова. Ама карма луѓе, карма. Сѐ се враќа ;)
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам од каде го прочитавте ова, што толку му се ставивте на девојчето? :x
    Убаво си го напиша таа своето мислење, зошто превртувате зборови не ми е јасно. :^)

    Иначе да сме јасни, врска со оженет човек никој нормален нема да оправда. Но едно е да не оправдаш, а друго е да судиш.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Врска со оженет маж кој припаѓа на друга жена не е за оправдување ,не е за тапшење по рамо или нешто слично тоа е ГРЕВ да се разбереме :!:
    Никаде не пишав дека се гордеам со тоа, јасно ми е дека грешам.
    Кога јас се трудев да го спасам бракот исто вакви курви како мене ми го растурија бракот :clap:
    Јас немам намера да го растурам ни мојот ни пак неговиот брак јас си најдов човек да си бидам срекна со него и притоа се додека не знае никој нема да биде никој повреден
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде го прочитавте ова, што толку му се ставивте на девојчето? :x
    Убаво си го напиша таа своето мислење, зошто превртувате зборови не ми е јасно. :^)

    Иначе да сме јасни, врска со оженет човек никој нормален нема да оправда. Но едно е да не оправдаш, а друго е да судиш.[/quote]

    Cилвер,ти благодарам на разбирањето.Aма,остави ги и хипстер и кој како сака да толкува,само се испревртува а јас никаде не ги ни споменав децата на маринка,ете како што читаме и таа самата се соочи со осудување,секако никој нормален праведен човек не оправдува неморал но таа не побара осуда ниту мислење :!: .Tреба да се повторам дека лесно е да погледнеш во туѓиот живот и да судиш за морал,а предбрачниот живот и заповедите божји кој ги шиша!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Хермоса, немој да ме тераш да роварам низ темава и да цитирам мислења, некој имаше напишано од типот како спиете навечер, а ти со тоа одговори со речницата која парафразирано имаше смисла - дека тоа го исповестуваш со БЛУД, како што за тебе било менување на партнери пред брак.
    Значи јас сфатив дека за тебе тоа е бетер или во крајна мера дека тоа е исто, да имаш неколку сексуални партнери пред да стапиш у брак, воопшто секс прес брак, скраја да е со повеќе со кој ни еден од тие не ти е сопруг, со тоа да вараш сопруг со кој имаш деца,ма сеедно дали имаш деца или не.
    Самата си толку контрадикторна во мислењата, и самата се укопуваш во нив.
    А Силвер, искрено мислам дека не и треба адвокат на хермоса, може самата да си ги брани ставовите и бори битките.
    Така и ти, бори и си своите битки, не туѓите. Не сте ми јасни со ова адвокатурава мајку му стара, тука е хермоса ќе врати ако има што аргументирано да врати.

    А не онде ќе треска глуспости и ќе шири празен морал, ќе испоистоветува бредбрачен секс со неверство во брак, што за мене е толку смешно, не можам да ти опишам колку.
    Не 21 век, у 12 век живеете некои, или па глумите тука нешто што не сте а во реалноста е сосема друго.
    Од една страна велиш не ти судам ти си знаеш како ти е за жената, а од друга страна ми коментираш т.е судиш за тоа како предбрачен секс е грев, боже ми прости па ако имаш повеќе од 1 сексуален партнер.
    Кој е сега лицемерот тука?
     
    На manja666, Annath, natemila и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bonie

    Bonie Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Дојде таа да ни каже дека имањето љубовник дури си во брак и со деца и не е така лоша работа. Баш едноставно е, животот си тече, децата најадени избањати, куќа си имаш маж не, ама и за тоа има лек. Волкот сит, овците на број. Веројатно ние сме во заблуда што правиме трагедија од ситуацијата, таа не гледа никаков проблем. Дај Боже никогаш да нема никаков проблем од вашите одлуки, ниту за твоите ниту за туѓи деца, само се сомневам дека така ќе биде.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    39.360
    СимонаТино,а зошто вие не и помогнете на мајка ти ,заедно со сестра ти мислам спомна дека имаш,конечно да се спаси од ужасниот живот кој го има со твојот татко?Мислам на финансиска помош ,нели самата кажа дека сте ситуирани,значи ако нема каде да оди,да и помогнете да изнајми гарсоњера или слично,и барем староста да си ја дочека во мир?Мислам фино што ја жалиш на форум ,ама малку конкретна помош не ќе е на одмет,освен ако баш самата таа сака со него да биде до крај?
    А за Маринка,колку што сфатив ,останува со сопругот заради финансии,рече ги троши неговите пари,и веројатно и е тешко да се откаже од таа удобност..
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Кога знаеш како е некој да ти го уништи домот, зошто го правиш истото па и ти уништуваш нечиј дом?
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Хермоса низ многу теми имам забележано дека проповедаш дека не треба да се има односи пред брак , а лицемерно е кога ти самата не го почитуваш тоа .
    Знаеш твоево е -Немојте да имате односи пред брак ! :!: Рече и си легна со дечкото :rofl:
    Немам ништо против тебе ама контрадикторна си ми со зборовите и делата .

    Не е тука работата да се суди или не . Ама просто не можеш да изедначуваш љубов помеѓу двајца млади кои не се во брак а имаат односи и неверство посебно во брак со деца .
    На кого наштетуваат тие двајца со нивната љубов , дали растураат нечие семејство ?

    Маринка 11 твој живот , твои одлуки ,ама немој да се лажеш дека никого не повредувате . Си се запрашала ли како и на жената на твојот швалер ?
     
    На Annath, Hipster и natemila им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Eте ме,и ќе ви одговорам да не ве цитирам пооделно мимиии ,хипстер.Mа што и да направам сум лицемер,така?Kако прво,христијанската вера зборува за морал и како е грешно да судиш некому,а да не стане збор за блуд и прељуба,и те како има врска и од верски аспект телото и душата одат под рака во бракот,белким сите знаеме што е свет брак според верата.Tоа што ми се исмеа мимс ,да ти кажам не ме познаваш лично,како пресуди кога и како кажав јас,и после си легнав со дечкото?Cега скроз офф топик отиде темата,а вас ве личи да судите било кому,вие сте можда во брак и сте прави светици и само затоа што не го согледувате моралот каков што е,ве прави чисти,па си коментирате од каде ви е одговара почнувате,во случајов прељубата во брак,смешното е што мартинка не побара ниту совет ниту мислење а најмалку осуда.Eте и на хипстер ќе и кажам,да јас сум грешник и уште нешто само 1 сум имала,ти не си ми во кожата да знаеш како ми е,низ што сум минала итн,битно вие си удривте лајкови и ме нападнавте.Jас не проповедам ништо,ниту имам право на тоа ниту сакам,едноставно кажав за мартинка што се запна толку осуди кога таа само си напиша за бракот нејзин и толку!Oтворено да ви е јасно не проповедам ништо,ниту ширам лажен морал,поентата ми беше прво секој себеси да се гледа после да суди ,гледано од морал по духовна основа.Aко ви пречи мојот став мислење те од 2 век ако сакате направете ме,колку погрешно осудувате,оти секој има право да згреши и да се покае,така?Kолку е дрско тоа од вас што и покрај се велите немате ништо против мене,ајде нека ви е демек осудувам,а со кое право вие им судите на мажените жени?
     
    На Silver.E и homealone им се допаѓа ова.
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Прво не мислев ништо буквално од каде да знам што си правела кога си го напишала постот ;) , туку шега беше аман ,ништо не пресудив јас , само имам приметено дека ти лесно судиш за нешто што ни самата не почитуваш .

    Ајде па сега те молам не мешај религија . Ама се гледа дека се буквално сфаќаш од неа ..

    Второ мене не ме интересира ничиј сексуален живот .. Јас се водам по она прави што сакаш се додека не му наштетуваш некому . А најмалку сакам да проповедам морал .

    Очигледен факт е дека со тоа што некој има врска со оженет човек растура нечие семејство .

    А маринка не вели дека се кае , туку дека си ужива со швалерот а без притоа да помисли дека може нивното уживање предизвикува страдање кај друго семејство .
    Нели нејзин живот , таа напиша пост ние изразивме мислење ...Исто како што ги израмни девојките што имале предбрачен секс со оние кои растураат нечие семејство .

    А и стварно немам ништо против тебе ,напротив имам убаво мислење за тебе според постовите , не значи дека те мразам ако не се согласувам со твое мислење или став :| Ако тоа за тебе е дрскост тогаш можеби погрешно го разбираш форумот .
     
    На Annath и Hipster им се допаѓа ова.