Сигурно нема да ги седнат децата и да им кажуваат со кого шо праат и да раскажуваат за нивниот интимен живот .. Туку тоа се случува еве како погоре во постовиве шо наведоа членовите примери каде што децата случајно дознале и биле сведок на такво нешто во кои и јас знам доста примери и преку пораки каде што децата прочитале случајно и до ден денес детево шо го знам психички има трауми од напуштање и пати по мајката која го оставила и си избегала со швалерот, а притоа изневерувајќи го таткому во брак , пошо колку и да криеш некои работи неможеш да ги сокриеш. Е затоа децата највише шок доживуваат и се емоционално повредени, а некои и неможат да се оправат се зависи и до психата на личноста.
Не ни мора да дознаат, ќе си осетат на себе со односот што го добиваат. Пример: Треба детето да учи, ама мама и тато ги нема оти се со швалерот/ката. Треба да јаде, ама мама немала време да направи јадење оти е со швалерот, тато немал време да купи јадење оти е со швалерката, па детето ќе јаде што ќе најде. Иде викенд, наместо да оди со мама и тато некаде, мора да седи со баба и дедо оти родителите се швалерисуваат па немаат време. На школо има претстава каде што детето глуми, ама тато и мама немаат време да дојдат да го гледаат. Врне дожд, татко му го нема да го земе со кола, мора со автобус да доаѓа дома додека сите други деца ги земаат со кола. Примери има мал милион на занемарување на децата на сметка на швалерите.
Секако дека не се само они, има уште многу причини. Ама ја не познавам луѓе што се швалерисуваат, а што не ги занемаруваат децата. Едното, не го исклучува другото.
Јас имам мислење по темава искажано кузнај колку пати па нема да се повторвам дека сум строго против изневервање и дека е најдолен начин да повредиш некој шо тврдиш дека го сакаш. Ама, бракот е меѓу партнерите, не меѓу родителите и децата. Шо се случва и кој изневерува е меѓу партнерите. Иако децата осеќаат, одговорност е на родители да напрат децата најмалку да осетат како е меѓу нив двата и да се стремат односот на секој од нив со децата да е колку шо можи пофункционален какви и да се околностите. Кај нас, имаме дете-центрично општество и изместена хиерархија на систем. Не смеј детето да е дел од дикусиите за бракот. Не смеј да сети омраза меѓу родители. Ама не. Кај нас се збора со децата. Кај нас се плука отров кон другиот партнер ради лична огорченост. И на крај имаме јаз меѓу децата и едниот родител. Со то не му прајте услуга на детето, напротив. Реалноста е дека детето има право на двата родители. Оти родителската улога и партнерската улога се одделни. И колку побрзо се однесуваме така, подобро ќе е за децата. Искрено ова мислам дека би праело ете уба засебна тема, не конкретно за какво швалерисвање ги афектира децата и нели секогаш кога збораме на темата врска со оженет секогаш збораме за „како курвата не мислела на децата“ за кои требаше изневерувачот да мисли, туку поќе од аспект на колку ни се испреплетени улогите на родител и партнер во општеството, а не одделни.
Па тоа не го раскажува тој што го причинил изневерувањето, туку тоа обично оди кога едниот партнер ќе дознае за другиот, и после преку децата сака да му се освети со тоа што децата ќе го мразат изневерувачот. Како он животот им го уништил. А тоа е огромна грешка. А за ситуации каде што децата сами го фаќаат родителот како изневерува не знам, ако е по мало дете можеш и да го излажеш нешто, ако е веќе тинејџер тогаш нема друго освен детето да се соочи со реалноста. Јбг, животот е таков, срања сите правиме секојдневно, така да јас не сум таа што треба тука да седам и им ги исправам животите на другите. Нека има само секс, дали со жена ти/маж ти, дали со швалерот/швалерката нека бидат среќни и задоволни луѓето.
Se e ova ubavo, na hartija sigurno taka e, ama vo praksa dali bi bilo taka, tesko. Trujat deca tie sto dolgo vreme se macat i gledaat da ostanat vo brak, a toj ili taa si tera. Jas znam slucaevi kade zenata si zaminuva ni deca ni do deca, a kamoli maz. Pa, ima mazot ja vrakja zenata, on bil kriv ovaa sto varala i se tera natamu. Zivotot pisuva romani, se ima, empatija od davenik ne ocekuvaj, cut the losses and move on. A ne posle deca zapostaveni i nz sto, koga kje znaat i decata gnezdoto se raspadnalo dr e.
Ако е детето мало, еден ден ќе сфати што правела мајка му кога ја видело со непознат маж во кревет. Ако сега има 3-4 години, па не знае да каже и објасни и да опише човек, кога ќе има 10 веќе ќе се сети дека имала љубовници. Јас се сеќавам како мала, не ни одев во школо, одам на гости за распуст, доажа пријателка на тетка ми и пијат кафе, прават муабет во шифри, не кажуваат директно. Тетка ми вели на братучетка ми „ај одете со Тања во другата соба“, и дури и тогаш ми беше сомнително, знаев дека прават муабет за мажи, за нешто забрането, тајно, а тоа пријателката на тетка ми си имала љубовник, па изгледа ја фатиле. И од тие деца што растеле во такви семејства, ретко испаѓа нормален и морален човек. Пример, во средно познавав едни сестри, девојките се правеа дека се богати, купуваа што е ново, модерно, и мислев дека навистина се, иако имаше некоја доза на дрскост кај нив, нешто ги издава дека не се тоа што се прават. Прашувам една пријателка што живее до нив дали се богати, онака низ муабет, ми велат „хахаха, Тањо мори, немаат леб да јадат, по комшии бараат да им дадат де компири, де кромид им требало, и се лутат кога нема да им дадат, ама тие алишта други им ги купува, мајката носи дома љубовници, и нив ги учи да наоѓаат дечковци кои ќе им купуваат нешто и така“. Се фрпирав. Значи купуваш нова козметика, марка, ама дома немаш што да јадеш? Во јавност, абе Мона Лизи, значи си го прифаќаат тој терк од однесување од мајката. И верувајте дека од нив до крај на живот оправање нема, само зависи дали ќе најдат овци за стрижење. И таквите се буткаат во поголеми градови каде не им го знаат минатото, наоѓаат некои наивни дечковци и така, ако се снајдат добро, ако не се снајдат пак добро. А сите тие сексуални авантури носат ризици, од инфекции, болести, несакани бремености, абортуси, пиење на контрацепција, што секако телото на жената го прави решето.
За ова си скроз во право. И јас ретко познавам луѓе што растени во такви семејства се морални денес. Сите имаат некое девијатно однесување. Или се агресивни, или и они изневеруваат, не си ги гледаат децата, склони кон пороци... А има и случаи каде што се затвораат во себе, депресивни и анксиозни. Познавам едно дете од мојата генерација. Најголем були беше во школо. Немаше ден да не се тепа со некого, да не направи некоја глупост. Да не закача некое послабо дете од него. Му се гледаше агресија во очите. Неговите иако богати, и се му овозможија, детево се промени преку ноќ кога дозна дека татко му буквално иде со девојчиња од 18 години, а мајка му иде со Албанци. Тогаш тоа беше огромна табу тема, а и сеуште е. Како заврши тој човек денес? Во затвор некаде во ЕУ за дрога. Јас последен пат кога го видов, толку беше издрогиран што не знаеше како се вика. Физички и психички беше мртов. Имаше едно време и девојка, покрај многу други девојки, ама оваа се дружеше со него, а и беа заедно на моменти. И нејзе ја навлече на пороци и лош живот. Сега е во рехабилитационен центар. Такви луѓе се што ќе допрат уништуваат и се влечат надолу со себе.
Искрено, изневерувачи не заслужуваат да си ги гледаат децата, there I said it. "АмА и ТиЕ сЕ рОдИтЕлИ", мхм да, само што не мислеле на последиците кога не можеле да си го/ја држат в гаќи. На што вредности ќе ги научи изневерувач своите деца? Дека семејството нема значење, дека не постои вистинска љубов, дека кога не си среќен во некоја ситуација најдобро решение е да бегаш од проблемите и повредуваш луѓе наместо да се соочиш ко човек и по мирен пат да го решиш проблемот? Па и изневерениот родител има право подоцна да им раскаже на децата зошто мама и тато веќе не се заедно. И децата имаат право да знаат зошто. Можеби тогаш ќе се мали, но еден ден ќе пораснат. И мора да имаат пример како не треба во животот, дури и ако тој пример е едниот родител. Убедена сум дека развод од "не се сакаме повеќе и ако продолжиме само ќе сме токсични еден кон друг и кон децата" ќе сфатат дека е правилна одлука и помалку ќе ги афектира од развод ради неверство. Мисли ли бе некој воопшто каков ефект има сѐ ова на деца, или сосема е изгубен моралниот компас и сите се себични?? Како сте толку гласни против тоа како семејно насилство има ефект врз психата на детето подоцна во животот, а за ова се однесувате како ништо да не е??
Дека од толку мажи/жени, баш на оженети/омажени ќе се залетате. Малку повеќе глупости се изначитав. Ако сте со партнерот/партнерката за да се е*авате само, а не за да давате подлабока смисла на врската (па и бракот) значи дека цел живот ќе се е*авате и ништо нема да направите. Сумирано, ќе живеете ,,модерен" живот без воопшто да има смисла.
Најмалце децата треба да се трујат со вакви работи, НАЈМАЛЦЕ! Партнерски и родителски однос се два различни света, ако не бил добар сопруг, не значи дека е лош татко, напротив (зборувам од лично искуство). Не може на децата да им раскажуваш перипетии од тоа што правел татко им или мајка им, ако во нивните очи татко им е многу повеќе, зошто да им ја скратам таа слика? Зошто да мислат дека не е доволно добар татко, ако за мене не бил доволно добар сопруг? Кај нас никогаш нема да се свестат одредени сорти на луѓе, дека не треба лошо да зборуваат за таткото или мајката, на децата. Мајките кои си ги сакаат своите деца, и мислат да изградат психички стабилни личности во иднина, никогаш нема да им пропагираат да си го мразат таткото (и обратно).
Lichno od sebe trgnuvam i den deneska trauma bonding se odrzuva na mene, koga nekoj me napusti makar i da e losh za mene da mi steti, me boli. Ce recite ne bev maloleten 20 godini ama momentot koga ne napusti majka mi, mene i brat mi, brat mi e so mentalna poprechenost, tolkav break down dobiv so lipav od placenje. I posle na ukica ko ce slusnis muabeti pa i od svoi od tipot: namesto vas da ve gleda doma, taa gleda tugji deca, poso se premazhi, a toj imashe 3 deca. Se smirivme posle toa i so covekot ziveam i se, ama nishto ne beshe isto. Jas samo edno beshto posakuvam vo zivoto, a toa e da imam zdravo semejstvo i ako sudibanata posaka i mi se poklopat kocki da imam detence i izrasne so dvajca roditeli. Se drugo e prezivuvanje. Zboruvam od rasturanje na brakovi od vakov tip.
Не би рекла дека се друго е преживување, сигурно не е подобро у ваков брак да си, или во брак со насилство. Подобро разведена женa, отколку омажена жртва. А и да, јас деца не би оставила никогаш, па макар и сама на светов да сум 2 животи!
Ај и ја да кажам ситуација мој најдобар другар од детство и ден денеска сме шајка си се држиме татко му фраер ебачот колку деца на душа зема прв брак две деца од кој што другар ми е еден овие двајца се остава со мајка му се зима со швалерката втор брак керка се остава со втората се зима со третата швалерка која што нонстоп му била швалерка во исто време за со првите две вработена кај него у фирма исто две деца и чоеков умира у сообракајка и шо напраи чоеков од животов будала само може да кажам другар ми и брат му незнаете луге какви партнери татковци сопруг се двајцата женети со деца сакам да кажам дека деца од ваков брак извлекуваат поука и си тераат како шо треба и морално и фамилијарно и се
Како различната причина за развод различно ги афектира децата? Зависи сега и колкави се децата, ама... Едно е што луѓе не се разведуваат од х причини, главно финансиски и ,,комшиите,, ама одговорно тврдам дека деца (малолетни) подеднакво трпат од развод, независно од причината за развод. А сум чула за разводи кајшто причина не било неверство, замислете.
Ова вака само во теорија, во пракса никако не е еднакво. Ете ќе го земам примерот од горе што го кажав за детето што тргна по лош пат. Цел град знаеше за причината. Притисок и исмевање од околината. Да не кажувам тука какви се вулгарности беа изнесувани за мајка му и за татко му. Детето што ги фати пријателот со мајка му во кревет, исто огромен шок што ќе му влијае цел живот. Случката што ја кажа @halfasoul за другар му каде што татко му буквално имал 3-4 жени и со секоја од нив по некое дете. Знам и јас сличен случај, ама само за девојче. Ама освен што татко и смени 4-5 жени и од секоја има дете, мајка и исто ја напушти за друг маж од странство. Не заврши добро девојчето. Имате и искуство од прво лице на @Stark како се почувствувал кога бил напуштен од мајка му за друго семејство. Има и повеќе пишувано на форумов за неговата семејна ситуација. Па да не зборуваме за случаи што покрај неверство следува и насилство, долга судска разврска и агонијата трае со години. Причината за развод многу влијае на децата и не е исто некој да се разведе по мирен пат, или тоа да биде со неверства и сите пропратни работи што доаѓаат со тоа.
Па мислам дека ако родителите се развеле бидејќи не им оди бракот и се токсични еден кон друг е поразлично отколку кога причината за тоа е насилство или неверство. Зар можат цел живот да кријат од децата? Затоа и ме чудат некои коментари погоре. Можи таткото да ја малтретира мајката психички (па и физички) секој ден пред децата ама на нив никогаш рака да не крени или да ги навреди. И тогаш нема да се меша родителската и партнерската улога? За нив е "добар родител" ама за мајката е лош сопруг и тие секој ден го гледаат тоа. Ама неверството е помало зло бидејќи не се случува директно пред очите на децата. Сакам да кажам дека добро е децата да научат дека понекогаш нема да живееш со некој среќно до крајот на животот и кога не си среќен подобро е развод по мирен пат отколку секој ден да се трпат кавги. Но неверство е исто толку лошо колку насилство и сум шокирана колку е нормализирано. Нема цел живот да криеш од децата и еден ден тие ќе дознаат. Особено ако родителот/ите останат во брак и (се) изневеруваат. Никогаш не завршило добро и тие деца цел живот ќе имаат последици и најверојатно самите нема да се добри луѓе.
Притисок и исмевање од околината. Да не кажувам тука какви се вулгарности беа изнесувани за мајка му и за татко му. Sto te cudi vo ova? Eve citaj i ovde, vakvi se takvi se i tn. lugje se utnale ili ne, tie ziveat so toa, a ne nie od strana. Toa se lugje sto se baraat sebe si preku partneri, ednostavno si nosi bura vo sebe i sega nekogas taa bura rusi X raboti. Sekoj so svojata karma vo zivotot. Sto se odnesuva do vlecenje vlecat, bilo koj sto nema vnatresen kompas vlece vo dol. Zatoa cut the losses na vreme. Pa narod sto kje kaze manje vise.