Исто Старк, мајка ми не ми велеше ништо ама од децата на школо.. Идеа и во лице ми велеа, кај е татко ти? Или комшики "татко ти брка професорки дури работи сиротс твоја мајка", "татко ти се бакнуваше со професорката по музичко" итн.. Никогаш потоа не беше исто.
Многу тешка тема Сигурно децата,страдаат,патат Сопругот имал 10год.кога неговите се разведиле,причина,мајка му го изневерила татко му,и тоа со кираџијата кој живеел кај нив. Значи он,сакајќи да се освети,на тие години станал дете на улицата. Ден денеска има последици од тој период. Страшно е тоа,он бил судски кај татко му а брат му кај мајка му.Тоа било и причината што браќата не се гледале како браќа,често настанувале и тепачки и омраза меѓу нив двајца. А родителите си уживаа она со швалер он со друга жена и тоа сите во една куќа Сега тројцата мајка му татко му и брат му се починати и сите во различни држави До тука дојде омразата
Мене не ме чуди воопшто. Ме чудат само некои коментари овде што се by the book, и како да немаат допир со реалниот свет, опкружувањето и како е фактичката состојба. Они се на тоа гледаат шаблонски, преку теорија. Во реалниот свет од друга страна е неминовно дека при неверство и развод, таквите луѓе не само што се газат себе си, туку ги газат и ги вовлекуваат сите блиски со нив. Поради нивните грешни избори, најчесто им патат најмилите - децата. Они со ништо не заслужуваат таква "карма" . Поентата е дека кога влегуваш во брак, ти имаш одговорност не само кон партнерот, туку и кон своите деца. И секоја твоја постапка им наштетува нив, сакал или не, без разлика колку пробуваш да ги изолираш или тргнеш на страна. Затоа секој треба да си го стави прстот на глава и да размисли првин што прави и какви последици има од тоа што го прави.
Decata se deca, tie ne znaat za milost i oset ako vozrasen ne gi nauci. Se doagja od doma, a doma za da se krenat pogore i da se tesat sebe si i od vlakno slon se pravi. A site se dusogriznici neli. Edno e na zena ili maz da dades poddrska da ispliva od bura, a sosema dr e da zboruvas sto odi i sto ne odi. Plus nikoj ne znae sto go ceka vo zivotot, ni od sebe ni od deca i sl. Da se razbereme jas ne opravduvam izneveruvanje, ni prifakjam megjutoa toa ne znaci deka kje zemam so drva i kamenja po nekogo sto ne znam ni zosto ni kako doslo do toa. Ne mozam da gi podnesam tie sto si go omalovazuvaat partnerot so toj sto varaat, plus se catalat na sekade i posle pak so istiot istata. Teska hipokrizija e toa, e od takvi mi losi.
Zato izneveruvanjeto e za mene mizerna rabota i odvratna. Ni sakam da mi go pravat( a toa go imam doziveano i od partner) ni sum sakal da go pravam..
Ne znaeme nie koj kakva karma ima, ima karma i od pred ragjanje veruvaj. Ednostavno sekoj niz nesto pominuva vo zivotot. Sto se odnesuva do decata, nema covek sto ne saka deca barem mene taka mi se cini, ama da sedis vo takva okolina vo ime na decata e non sense, zatoa sto kje im bide tesko na pocetok, posle se kje dojde na svoe.
Се сложувам со тебе. Сите такви фалични бракови да завршат со развод ќе биде далеку подобро отколку да останат токсични. На почеток ќе биде тешко за децата, но уште потешко е да живеат заедно.
Tocno, ama ima lugje sto se glumi do zadnje deka ne se razvedeni i se si e ok, i x dr raboti, uste pogolema steta i na sebe i na tie okolu sebe, eve vaka od sto kje kaze narod i sl. Ednostavno podaleku od lugje so ton svoi buri, zs te odnese viorot tugj, ne svoj.
Да,имам таков пример видено во комшии ,синот ја фатил мајка му со друг како мало дете и како возрасен човек многу не ја сакаше и не и прости ,си отиде таа од куќата а синот додека не се осамостои седеше со татко му и беше поврзан со него.Мизерна постапка,биди човек кажи сакам крај и со кој сакаш спиј,а не ова повреди ги сите и немај гајле .
Neka otvorat sea ovie so izneveruvaat i relativiziraat takvi raboti, neka procitaat i malce da pomislat i na drugite lujge, ako imaat malce empatija.
Еее пак ти со истово. Не викам дека ги браниш, не ме сфаќај погрешно. Но, како може бе да не се осудуваат овие луѓе, се утнале, и се барале себе сѝ, и кармата крива била? Ај те молам жити се. Јас не можам да не ги осудувам, не можам да ги разберат, ич ич никакво оправдување ама никакво не наоѓам, освен што се крајно себични, и без морал. Толку. Ти значи не ги оправдуваш никако ама не им ни судиш, пошо нивен живот бил и нивен избор.. А од друга страна глеаш како има толку повредени и истрауматизирани поради таквата "тајна" врска и водењето двоен живот, уништени животите буквално им се, ете децата највише го јадат подебелиот стап. Епа како да не им судиш не те разбирам? Тоа не те разбирам тебе цело време што го кажуваш. И по милионити пат ќе повторам двајцата се криви, и изневерувачот како главен кој ја има кривицата, и швалерот. За тоа дека толку лошо влијае целата ситуација врз децата и трајни последици остава, за тоа не треба ни да се дискутира. Многу убаво сте си пишале све што треба, да не се повторуваме. Во токсична средина и токсично дисфункционално семејство, па без разлика која и да е причината, мир нема да има, и деца не се растат таму. Можел да биде добар родител кон своите деца, ама може коа би го прекинале бракот, па секако да си продолжува да си ја извршува својата родителска улога како што треба. Во брак кој е пред распаѓање, па колку и да сака да е смирен/а пред детето, џабе, пак тоа ја осеќа напнатоста, колку и да ви изгледа дека не е така. После ќе се прашуваме зашто детето вакво такво, дали хиперактивно, дали агресивно, вознемирено, повлечено, депресивно или подложно кон уште полоши работи подоцна во животот, ете затоа. Гнидите од изневерувачи, бар коа више ете ја усрале работата, бар потоа да не им отежнуваат на најблиските свои, и да не ги вовлекуваат во проблеми, ама не е така, честопати се дознаваат и прават уште погнасни нешта, и цело семејство скроз се уништува. И сево ова е ради издувниот вентил, ради лошата карма, правото на избор, барањето на себе сѝ? Абе ајде. Не да ги осудуваш, све најлошо заслужуваат, чим се единствена причина за толку многу уништени животи. Едино еве за кармата не знам што да кажам, не оти не верувам ама пак логика ми нема. Почесто мислам дека е поради меракот, страста, им здосадува, сакаат авантура малку, да испробаат нешто ново и поразлично. Значи свесно идат со намера да вараат, а при партнер дома, деца.. Шо, магија да не им направиле, па одеднаш решаваат да се сменат? Туку гадови од луѓе си биле цело време, само сеа ете прилика им се укажала, и брзаат да не ја испуштат, не размислувајќи за последиците, а сепак возразни луѓе нели се, за кои се очекува да мислат пред да сторат нешто. Да не зборам па и намерно што се решаваат на тоа, ете више не им се допаѓа партнерот/партнерката, не им се привлечни, или ради други причини, па бараат нешто според нив боље.. Која и да е причината зашто не сакаш да си веќе со истата особа, имај муда, соочи се, стави крај како човек. Ќе ја боли другата страна и така ама помалку. Ти со она курвинското ако идеш, позади грб работење, а притоа зимаш на душа повеќе лица, и тоа најблиски бе, твои луѓе, не си ни човек, бездушник си.
Razberi nema sekoj ist kapacitet, ednostavno nema, ima lugje nemaat hrabrost, ima lugje tonat vo takvi vrski od nemanje hrabrost, ima ednostavno ne mu e dovolno, hormonite im se takvi, takvi se ednostavno. Ima lugje im se moze i sto sega, a be sekoj moze da sj bide sto saka, tvoe e ti sto kje dopustis vo tvojot zivot da se slucuva, ti imas odgovornost za svojot zivot, ne za tugjite, od tuka i go gubis pravoto mn mn drdr sto odi i sto ne odi da zboruvas. Jas taka razmisluvam, a ti ne moras. Edit: jas nikade ne rekov deka ne osuduvam ama ne se i sesto da zboruvam, zatoa sto toj/taa nosi posledici od tie postapki, a ne jas, pa duri i jas da sum ne daj boze vklucena jbg toa e toa sto e, kje si baram resenie, pa komu kakva glava takva kapa. A da i toa, cesto pati tie sto varaat i toa big time aooo strasno se protiv varanje nikoj ne saka na svoja koza toa
Ахам хормоните такви им се, им се може. Добро.. Ок не зборам, нека се клецаат само. Како што рече членката некоја страна уназад, небитно, со сопругот ли сопруга, швалерка, битно да се клецаат.. Инаку неам одговарност, не им се мешам, кај виде да им се мешам, си коментирам, и ги осудувам. Тоа да. Вајда иаме право на свое мислење?
Свеста само, друго ништо Мислам, ако имаш свест се контролираш нели? Нагоните, попаленоста, страста.. Едноставно знаеш што праиш, што смееш, а што не смееш. И совеста исто, моралот. Овие шо ги немаат, не ми личат баш свесни, бар разумни не. Не знам па шо праиме со тие кои намерно свесно го прават тоа? Освестени се или сепак не?
Mlada si uste i jas nekogas taka mislev ama ne se site isti. Tuka e kvakata sto smees, a be se smees ama kje si se nosis so posledicite.
Да, кога старееш, стануваш диво животно и клецаш и ебеш све живо и диво, оти не знаеш да се контролираш. Јас мислев тинејџерите се такви напалени, оно возрасните да ти биле. Оќе
Ама што има везе тоа, млада или не? Демек после ќе осознаеш некои работи плус, ќе се смениш, тоа ли? Ќе земам да најдам некоја логика? За ова зарем.. Ја сепак мислам, или си таков или не си, не е до годините и фала Богу дека сите не се исти, јас тој дел го сфаќам. Туку овие што не се исти, многу некако се накотиле и се копираат. Такво време дошло ете. Или треба нешто да ти се деси, да доживееш па да се смениш скроз, да почнеш друго да размислуваш, ни сам да не се препознаеш дека си ти.
За танго се потребни двајца, за караница се потребни двајца, за брак се потребни двајца, така и за изневерување потребни се двајца. Секако дека партнерот е најмногу виновен за тоа, ама и другата страна е. И аман со тоа дека партнерот ни ветил љубов и верност, а швалерот/швалерката не. Ако свесно влезам во врска со оженет човек, тоа значи дека и јас сум виновна знаејќи дека ќе повредам многу луѓе. И тоа дека можеби швалерката не знаела дека е женет се само изговори. Во денешно време да не знаеш, а и самите си кажуваат, значи свесно влегле во врска со оженет. Изневерувачот тоа не го направил сам. Ај сега мене некој да ми се пушта женет и да влезам во врска, исто и јас сум виновна, тој ако не знае да си го држи во гаќи, јас знам и би го одбила. Ако некој си е таков најдобро развод, ама има многу што простуваат и само вина наоѓаат во швалерката, да виновна е, ама најмногу е виновен мажот, ама ете и таа можела да одбие, туку и мажот и таа си сакале. И двајцата се без морал.