1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. Mekica

    Mekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    А мислиш дека тие што пишале овде не знаат што прават, па треба ние разумни да ги ставиме на столмот на срамот, оцрнуваме, каменуваме за да они сватат.Не мила. Компарацијата со ЛГБТ не ти држи вода ама ич
     
    На okcenzi и trtla им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.240
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    Никој не ги стави на столбот на срамот, пробаа девојките очи да им отворат, да дадат објективен совет, ама јбг, се се толкува како напад... ама па и ти, што се жестиш толку, и ти ли се плеткаш со некој оженет? Испипаваш терен да видиш дали би те осудиле тука?
    А што се однесува до ЛГБТ - кога ќе видам вакви примери како маринка и мажот, тогаш подобро тие деца ќе им ги дадам на геј пар да ги воспитуваат. И сигурна сум дека така ќе бидат подобри личности отколку да ги воспитаат нивните вистински родители. Што тука не држи вода? Демек, поарно деца во хетеро брак, па каков сака нека е?
     
    На tessie, Filiposka, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Ова е форум , не е група за поддршка, каде се осликува баш нашиот закоравен менталитет ..Едвај се чека да се осуди некој и да се испљука..Нетолеранција до даска на се што е различно!!
    Јас никаде не кажав дека имам врска со женет, дека сум мажена и шврљам, не кажав ни какво мислење имам во врска со вакви релации...
    Нивните релации и живот зборат за нив самите нивната карма (која тие сакаат да ја поправат) а вашите одговори зборат за вашата карма, личност и карактер..Не би сакала со такви жени никаков контакт во реалниот живот не па пријателство и другарство!!
    Вас можам да ви посоветувам да размислите дали со ваков однос ги повредувате своите блиски во приватниот живот, колку пријатели имате и колку пријатели ве чувствуваат навистина блиски да ви ги кажат тајните и проблемите кои ги мачат , или сте само пријатели за пиење кафе и чукање слама кога им е досадно!!!
     
    На okcenzi и Mekica им се допаѓа ова.
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Баш ме интересира како "би требало" да изгледа оваа тема, ако треба да дискутираат само тие со сопствено искуство :^) Делење совети во кое време од денот е најбезбедно средбите да се остваруваат, препорака за стан, хотел или паркинг на Водно?
    Секако дека повеќето од жените ќе ја осудат таа што се решила да спие со оженет човек, бидејќи и самите се ставаат во ситуација како ним би им било ако сопругот ги изневери со некоја (и баш не би им било гајле дали таа е добра мајка, дали има несреќен брак или не знам што). И да, сопругот е уште покрив кон својата жена, но тој тука не постува, за некој да му се обрати.
     
    На tessie и lovebrazil им се допаѓа ова.
  5. Mekica

    Mekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Тоа е тој македонски менталитет ако браниш некој како него си, искрено познавајќи го ова и очекуваш така да ми одговориш.
    Иначе каде виде овие што пишуваат дека бараат да им се отворат очи?
    А со ЛГБТ нема да коментирам темата не е тоа и нема да навлегувам
     
  6. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Не е лицемерие...Дајте совет, затоа и се пишува нели...Начинот на обраќање е погрешен !!
    Лично јавно прашање ?Колку пријатели имаш во животот?Колку тајни знаеш за твоите пријатели и блиски?КОлку пати си им помогнала на пријателите и си има дала емотивна поддршка?
     
  7. Mekica

    Mekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Тоа го велам и јас ако знае да даде совет ок , не како погоре некој што имаше напишано ,,да не и залепела епитет'' мислам дај молим те едвај се чека да се залепат епитети на некого, како што и на мене покуша да ми залепи особата неколку реда погоре во постот , само заради тоа што застанав во нечија одбрана, не поради чинот што го направила , него начинот на кој и се обраќаат
     
    На okcenzi и trtla им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.240
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    Па и се кажа со убаво, почна да навредува. Кому не му чини, не мора да чита, ниту да пишува по форуми. Ако греши, се решила тоа да го напише на јавен форум, сигурно нема да добие тапшање по рамо и аплауз. Ај сите да напишевме „браво, така продолжи, така треба“ и што со тоа? Каква слика ќе им дадеме на младите за бракот? Да, секој има право на избор да си го живее животот како сака, и да прави што сака, се додека некој не страда поради тоа. А овде деца страдаат, еден ден тие тоа ќе и го плеснат во лице.
    Ама вистината тешко се прифаќа, за жал... боли...
     
    На Daydream, Glasna, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.352
    Допаѓања:
    17.400
    Пол:
    Женски
    :o :!:
    Ако некој толку го повредуваат туѓите мислења зошто воопшто се отвара на јавен форум?
    Ако не сака некој да му даде совет, макар истиот бил негативен и со доза навреда кон неговите постапки, нека си пишува личен дневник, споменар и сл., дневникот нема да и враќа и да и кажува колку греши и што треба да направи, туку со пишување лажно ќе се убедува себеси колку е во право и колку е она напатена, никој не ја разбира. Дневникот е тој што никогаш нема да и го плесне во лице и себично ќе мисли како околината не знае да се прилагоди на нејзе, наместо таа да се прилагоди на околината.

    Искрено, мене ми се гади од такви слаби личности што единствениот спас за своите "маки" го бараат помеѓу нозете на женет човек со семејство. Па уште и ако се истите мажени и имаат деца, тогаш нема тронка оправдување за нивните постапки.
    Кукавички да се криеш од мажот и децата (од жената и децата) за да себично ги задоволуваш своите страсти покажува колку не си способен да се соочиш со проблемите во животот и колку многу ти фали за твоето ЈАС, колку си неспособен да разговараш и да преговараш и да го решиш проблемот на дело.

    Таквите луѓе бидејќи се неспособни да се изборат за нешто како што треба, цел живот ќе бегаат од реалноста и ќе се кријат зад сукњата (под панталоните) на некој ист како нив.
     
    На nena2010, Daydream, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    А демек само смеат тие што се швалерки или изварани да коментираат? Не ја осудивме и` дадовме совет кој не е „продужи даље, те боли увото за све“ и одма ти и тртла збеснавте у офанзива. А тек па коа ќе пише некој „не пишав за да каже некој став или да ме осуди или да ми даде совет“, ми иде да му речам да си побара на гугл дефиниција што е форум.

    Ние го знаеме тоа што го читаме и според тоа носиме заклучоци, а за другото не одговараме затоа што веројатно не било клучно за споменување од страна на жената со проблем. Штом го нема, имаме право да извлечеме заклучок од тоа што е прифатено на темата како цела приказна. Не знам зошто се возбуди, ако имаш слична ситуација, со агресивен пристап нема да добиеш поддршка или да предизвикаш страв тука, не си прави напразно филмови. И на темава, добро се знае кој е агресивен и кој навредува. Јас не упатив навредлив збор кон никој. И бар покажи храброст цитирај ме СЕКОГАШ кога користиш мои зборови, а не подмукло да ми ги прераскажуваш мислењата на темава (особава погоре која рече |( ), тоа многу зборува за твојот карактер. Додуша глеам и тртла ја користи истата практика па ме терате да мислам дека сте една личност али ај. Тоа е сепак работа на админите да проверат.

    Не е точно, тоа што ти го изнесе е баш пример за негативното во нашиот менталитет. Забрането е критичко размислување, веднаш е обвинет за плукање, забрането е да имаш сопствен суд за нештата, секој се стреми да ти го испере мозокот и да те присили ако треба да мислиш исто како него. Најмногу во ваква неофицијална, виртуелна, пријателска, па и фамилијарна комуникација. Со чесни исклучоци.

    Ми приоѓале такви особи кои според мене немаат храброст да пријдат на слободна жена, немаат храброст со некоја јавно да излезат фатени за рака или немаат храброст да станат од удобната фотеља која им ја донел бракот, но сакаат повремено и адреналин. Ми се гадело од самата помисла да стојам во ист радиус од 1 км со нив. :puke: Mи се гадело од помислата да прифатам врска со женет човек кога бев девојка, ми се гадеше од помислата на неверство кога ми било супер во бракот, ми се гадеше од помисла на такво нешто дури и кога имавме големи проблеми во нашиот однос. И секогаш ќе ми се гади од тоа. Едноставно, тоа е нешто за кое знам дека НИКОГАШ нема да го направам. Да натажам и разочарам цела фамилија и ради мој себичен нагон да дозволам да одат со наведната глава. Попрво би се развела, па ко слободен човек би си го продолжила животот како што сакам. Не 21, 101 век нека е, не е морално и не е оправдано однесување затоа што е себично и затоа што од тоа однесување излегуваат жртви кои никој не ги прашал дали да отворат очи во таков свет.

    WOW! Неам коментар. Уште малку и децата ќе излезат виновни. Ко тие да сакале да бидат направени. :D
     
    На Daydream, Annath, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mekica

    Mekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Значи ако мислиш дека делењето совет е врегање продолжи и понатаму јас не можам да делувам тука. Реков ја напагате жената зашто кажала дека е со женет човек ( во случајот и она мажена) И сеа што? Треба сите да се нафрлиме на неа? Со погрдни зборови и покажување со прст? Па ние не сакаме да си признаеме дека тоа е голема реалност во нашето опшество и дека на секој втор му се случува? Некој дознава некој не. Ама по форумов навистина се изнаслушав секакви омаловажувања... Ваљда ќе разберам дека и тоа е можда доблест за кој не сум свесна. Добро е да има повеќе како тртла и мене. Не знам само кај виде дека ја оправдувам жената. Ако прочиташ малку подобро ке видиш дека мојот коментар се однесува на лепењето епитети од ракав. И тоа не само во оваа тема, на жал тоа е присутно и во скоро секоја тема. Жално е во што прераснаа форумите. Порано имаше нешто добро да се прочита и критички коментар.Сега е се како и опшествово диши на шкрги посебно културата и мегучовечките односи
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Ако твоето не е напаѓање кон нас кои не го оправдуваме тоа како чин, моево конкретно беше галење. Нити некаде прочитав пцовка нити недоличен збор упатен кон женава (еве епитет). Додека пак, ние бевме презриво нарекувани госпожи/деви Марии/ сме треселе ноторни глупости и што уште не. Се виде кој навредува и кој е агресивен. Башка темава е за врска со оженет човек, а не за коментирање и етикетирање на тие кои не ја оправдуваат постапкава.
     
    На natemila, mimiiiii, Alison.Di и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Општо културата кај нас по форумиве е ужасна..За промена можеш да прочиташ некој странски форум, за цивилизираниот свет и општество збориме и како кај нив се коментира за да можеби научиме како да не ги повредуваме другите а сепак да го кажеме своето мислење.Тешко се учи како да се кажат стварите и да во исто време не се повреди другиот, можеби и најтешката задача во нашиот развој како индивидуи.Какво е едно општество можеш да видиш најубаво од форумите, како се изразуваат луѓето каде се анонимни и како се однесуваат со лугето кои се различни од нив.Бидејќи си просек од нашево општсество не можам да речам дека си ти виновна што ете си научила да лугето се плукаат и отфрлаат.Така просечните луге се однесуваат со многу луге кои не се уклопуваат со нивните идеалистичи норми...Некогаш можеби треба да се ставиме во улога во која не сме биле, швалерка, да имаш швалер, да направиш неверство, да те остават и што ти не..И тие се само обични луѓе, грешни..Замисли може некогаш тебе да ти се случи или на твој близок па што ќе престанеш да се дружиш со него или ќе го исплукаш или себе си ќе се самоубиеш?И ти се случило сигурно можеби не неверство ама си направила и ти некогаш неморални ствари?Како си се чуствувала?Како би се чуствувала да те ,,ишамараат,, и ,,исшиканираат,,лугето?Во тие моменти не бараш ли некој да те сослуша, да ти даде совет и да те соочи со вистината, но да не те повреди?
    Многу цивилизација и многу книги и многу едукација ни фали у МКД...Форумот најбоље отсликува какви сме и што сме и колу многу добро знаеме за другите и нивните животни грешки!!
     
    На marinka11, hermosa, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Доколку направам такво нешто, првиот ’’шамар’’ ќе го добијам од самата себе. Самата на себе не би можела да си простам такво нешто.

    Збори за плукање и судење за некого, некој кој ми вика дека сум просек. А шо е според тебе над-просек? Да се величаат швалерките? Да се има разбирање кон оние кои прибегнуваат кон туѓа постела а презиp кон оние кои се трудат од петни жили да не го прават тоа? Ако е така, самата не сакам да бидам толку “над просекот“. Збориш за култура на изразување, а се утепа напаѓајќи и навредувајќи ги оние кои не го оправдуваат неверството во брак. :D

    И не ги правите ситуацииве толку драматични! Не е времето на Ана Каренина, си постои развод, секој си има право на втора шанса.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Точно, не е само жената крива, според мене многу повеќе крив е мажот, мекуш и кукавица. Ама :!: има жени што сакаат да уништуваат бракови, и тоа бааги такви има. Не можам да се согласам со тебе дека не постојат такви што сакаат да растураат бракови. Е против ваквите ти требаат добри нерви :D
     
  16. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Ти лично имаш право на став и размислување според секое прашање,проблем,ситуација ,во ред значи имаш право да си дадеш мислење да си пишеш пост а не на секое тенѓере да му ставаш капак :!:
    Ако ти мислиш дека не е во ред тоа ок твое мислење , и држете се до темата бреее не само рскум ја правите па после реин ке праве пиши бриши
     
  17. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Кривицата е и на двајцата според мене иста кривица носат и двајцата
    Не може одма да се плука само по жената или само по мажот за танго се потребни двајца
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.210
    Допаѓања:
    106.813
    Пол:
    Женски
    Во врска со болдираното. Еве јас сум имала слушај каде што моја другарка била со женет човек. Знаеш како ја отргнавме од тоа? Со сурова вистина. Никој не ја тапшаше по рамо дека е во право, напротив ја потсеќавме на секое дека сама се деградира дека се уништува со таа врска. А да не зборуваме што е жена и жто утре таа може да биде од другата страна. Со тапшање ништо не добиваш. Што треба да им се рече бе, ако мила, само ти продолжи, деградирај се, земај трошки од неговото време, биди резерва на некој бидала наместо прва на некој што те заслужува.
     
    На Hipica, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Мене тртла ми се обрати и ме цитираше. Тебе никој не те бара, а се јавуваш. Чие мислење е повеќе капак, не знам. :D Смешки живи. Глеј си работа и не ми се обраќај ако единствена цел ти е препукување.
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.893
    Што сака авторот да каже со ова прашање и како е тоа поврзано со мојот пост? :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.