Далеку од тоа дека ја зборувам со потсмев за нормалните вредности. Ниту па ги ставам сите во ист кош, ама не може тука да ми се објаснуваат поназад у темата како мажот треба да разговара со жената што е фригидна и да има разбирање, или општо сега да не навлегувам секој си има недоразбирања во бракот и точки каде што пука... обично тоа е секако зборувано, зборувано и на крај тиквата пука. Ама денеска едноставно никој не е толку толерантен, поготово каде што со еден клик ти е се достапно лесно. И он/а додека се објаснуваат, зборуваат, се разбираат, чисто од љубопитност ќе се задре со некој/а на социјалните мрежи, и толку треба. Ем ќе смени монотонија ќе разбие, ем нешто ново ќе види и осети, и така... И груба проценка ти кажувам, на 10 бракови, едни се тие што се поштени и не шврљаат по страна, е до толку е.
Значи да не се женам, или да прашам у матично дали сме 10ти пар дента? Сега кога ќе те нападнат овде жени, ќе не собираш да те браниме
Жени се, ама биди бар у отворен брак за секој случај. Нема што да ме напаѓаат, реалноста е таа. Кој сака со сила да се инати нека повели. Ама да ме убедува некој во нешто што веќе одамна скоро и да не постој, не може.
Нема за што да се напаѓа.И ако некој има различно мислење или искуство може да го сподели за тоа служи форумот.Јас барем не гледам овде ништо лично,сосема е нормално да немаме сите исти став.
Не те познавам ниту те имам читано претходно, ама не знам дали си свесна дека начинот на кој го напиша ова испаѓа дека ти би ја одбрала “полесната” опција, што реално и не ме интересира, ама не можеш да тврдиш дека кај сите е зборувано и дека сите мажи/жени зборуваат отворено за проблемите па доаѓа до тоа. Баш недостатокот на комуникација е голема причина за неверства, ама до утре поддржувајте се со Карли и правете се интересни (не сте). Нормално е да постојат луѓе кои проблемите ги решаваат со разговор, многу ми е жал што вие не сте од тие па си лечите фрустрации тука и напаѓате членки кои мислат поразлично од вас.
Ја и отворен брак Инаку широка тема е ова, можат многу причини да бидат последица за неверство.Дека двата пола не сме цвеќиња за мирисање, не сме.Е сега кој повеќе изневерува, не знам, не сум од тука у подрум сум бил.
Се сложувам, јас немам намера ниту да напаѓам ниту да судам некого, избегнувам таков вид комуникација.Сметам дека секој има право да каже што мисли.
Оуу да баш тука одлучив да се правам интересна, од толку можности и места јас дојдов на фемина да бидам интересна. Јас што имав да си кажам си кажав, на кој како му звучи негов проблем. А за причини не знам чисто беше пример наведен, секој си знае дома каков проблем има, дали зборува, дали не. Подеднакво јас би рекла, што дури жените можеби и повеќе. Зошто реално за жена секогаш е полесно да најде нешто, за разлика од мажот.
Полесно? Извини мадам да се не вреџамо, у друштво ме викаат Здравко Чолиќ Се шалам, веројатно е така ама пак зависи од многу фактори, а и денес со социјални мрежи е многу полесно од една страна, од друга страна па и преку нив полесно се фаќа изневерувачот.Но сепак има многу луѓе што не би направиле такво нешто.
Сакав да кажам во смисла дека обично во повеќето ситуации, мажите се тие што се нудат први на жена, ретко која жена прва ќе му се пушта на маж. Иако постојат и такви, ама мислам дека се ретки. И жена секогаш има избор пример помеѓу повеќе и да се одлучи за еден, додека кај мажите обично викаат кај ќе им се посреќи таму, не бираат многу многу Без вреѓање само. Иначе да, и јас познавам и имам луѓе што исто така никогаш не направиле такво нешто, и си се посветени на фамилија. Ама многу помалце искрено за разлика од другиве.
За пуштањето се сложувам, ретко се случува жена прва да се пушта, мали сигнали можеби, ама скроз отворено тешко, многу ретко, јбг во такво општество живееме.Се зезав за вреѓањето . Повеќе опции имаат жените нормално, но колку повеќе опции, повеќе квантитет помалку квалитетИма мажи што се пребирливи, не би со секоја па дај шта даш, тоа не ми е нормално.
Сериозно? Вајлд да се вратии на форумот. АМИН! Каде што партнерите што се во брак се договараат дека секој може да има секс со друг.
У кој век живеете, женско не смее муабет да направи со машко одма имало нешто Саудиска Арабија ко да сме.
Во "дискусии", поточно расправиите "тегни-туркај" сите се моногамни, а во темата Секс и во пп сите бараат другарчиња за тројки и бетер. Не ми е поента да мудрувам, само на форумов ретко има квалитетна дискусија. А доминираат ликови со "зини да ти го напикам моето мислење" (и ова е многу теми). Не станува збор за оправдување на неверство. Тоа се знае дека е неморално, треба да се избегнува и нема тука шо да се дискутира. Ама напаѓате ко некој да ви се нуди да ве изневери или пак страв ви е да не случајно некој помисли дека изневерувате ако не сте крволочно против неверство. Малку по лабаво. Животот не е црно-бел. Секој ќе одговара за своите постапки без разлика дали вие ќе го осудите или не.
Не нагласив дека сите до еден што се омажија/оженија на +30 се поштени. Гледам и јас, не си зборам на памет.