My point exactly. Кога нешто ќе згрешам, многу повеќе го почитувам шамарот за освестување, отколку тапкањето по рамо „се` е во ред, како и сите и ти имаш право на грешка.“ Како и за каков и да е друг проблем во животот. Многу ми се поиритантни и лицемерни оние кои ќе ми речат „абе не беше до тебе, таков ни` е системот“ а свесен си дека можат да ти помогнат. Другарот ќе ти каже „слушај, ова и ова не ти чинат, еве совет како да продолжиш понатаму на правилен начин...“
Форумов е да пишуваат сите ти си последна што можеш да ми кажеш дали јас ке пишувам или не. Што дека тртла те цитирала ???забрането е јас да си изнесам мое мислење ??? Кога веке пишуваш на форум биди спремна дека некој ке има конта мислење од тебе
А мислиш дека жената што се отворила тука не знае дека е погрешно, или пак напишала ние да и кажеме дека е погрешно? Не разбирам. Па ние сеа ќе ја освестуваме? Како и да е, битно е да не се навредуваат, а дали ппдржуваш ти или не тоа е веќе твоја работа и си ја изнесе. Btw не видов никој дека ја подржа па и ние што застанавме во нејзина одбрана, разликата е тоа што ние не ја нарековме со никакви лоши зборови.
А јас со каков збор ја нареков? М? Баш сум внимателна со директните навреди и затоа ваквите како тебе и си земаат за право да ме замараат и цитираат баш мене иако сум далеку од единствена која не го оправдува ова, мислејќи дека не користам такви зборови од страв.
Не се сеќавам дека сум пишала дека некој треба да се тапша по рамо!! Само сте бре многу сурови ..Веќе се уморив од тоа да објаснувам зошто гледам дека погрешно се доживува и интерпретира- најчесто како напад врз некого.. Не сакам веќе да се повторувам си има администратор на форумот кој не ми е јасно зашто веќе еднаш не почне да цензурира во заштита на оние никови кои интимно си ги кажуваат тајните и придонесуваат форумов и сајтот да е посетуван и читан !
баш така,форумов отсликува какви сме. На крајот на краиштата претпоставувам на форуов повеќете се млади девојки кои гледаат розево на животот и кои немаат искуство,мегутоа покасно ке видат дека не е се така црно бело,секоја приказна е приказна за себе никој не сака да растура бракови тоа го има само на филм,едноставно некои работи се случуваат
Едноставно за некои работи кога ќе увидиме дека се погрешни(тоа се должи на моралните вредности кои ни ги всадиле родителите) нема да дозволиме да се случуваат!
се слагам и со тоа,но верувам дека некогаш може да излеземе од контрола.Мада ме нервираат маживе,ако имаш муда да изневериш ,разведи се бре и бирај со која ќе бидеш слободен
'Тоа е посилно од мене','Не можам да се контролирам' итн. се само смешни изговори.Со тоа вреѓаат нечија интелегенција. И дискутабилно е прашањето дали само мажите се виновни или не.Инаку конкретно за феминкава која последна ја напиша проблематиката и се разви понатамошна дискусија,се изјасни дека нема намера да се разведе(мажот ја финансира),а сака да мрда наоколу.. Пак ќе речам,треба да се гледа објективно
Некои работи ке ви изглеаат поинаку после 10-15 години брак иако сега не верувате Еве неколку феминки ме советуваа да се разведам,ок за тоа е најлесно да се разведеш и што би добила тогаш јас мислам што би се сменило ?Само гласно размислувам у моментот Маж ми и јас ионака не се гледаме по многу време и разведена и у брак ние пак ке ги имаме тиа минимални контакти сега во брак и кога би се разделиле пак ке контактираме нели имаме деца заеднички Контактите се минимални и сега на скајп еднаш у неделата и тоа Мене лично не ми мења ситуација ништо а разведена а во брак .И тогаш и сега јас пак ке сум сама пак ке сум и мајка и татко и маж и жена и сите тиа обавези кои доаѓаат со тоа (сега некои феминки пак ке сватат дека се правдам или сожалувам самата себе си ) Мислам од страна кога гледаш се ти изгледа толку едноставно толку црно и бело а кога ти ке доживуваш вакво нешто има повеке бои Пак ке речам не сакам оправдување или тапшење по рамо што го викате вие тука еднставно гласно размислувам за се и сешто и би било добро да се чујат мислења од други луѓе, некој кој се нашол во ваква ситуација Откако го изнесов проблемот и добив совети кои сите ги ценам сватив мада и предходно знаев дека грешам, да грешам свесна сум само сега незнам како и што понатаму ??? Мислам у кој правец да одам и јас незнам ???
Marinka11 овде не сме со розеви наочари, напротив има овде деца кои се растени во такви бракови и кои многу убаво знаат како е да растеш во такво окружување. И ти даваат совети баш од нивно искуство. За твој мир е подобро да се разведеш, да не се спушташ на ниво на оние курвите со кои се мавта маж ти, да си бидеш со крената галава и достоинство. За утре кога ќерката ќе згреши да имаш лице да и дадеш совет а да не ти врати "Ти најде да ми кажуваш...", за син ти да израсне во маж кој ќе ја цени вредноста на жената а не да мисли дека треба да се однесува како татко му. Едноставно за да оформиш здрави личности. Ти си знаеш најдобро, но и сама признај си дека овај парелелен живот ( пред свет мажена, дома ни на небо ни на земја) ти тежи.
И претпоставувам бараш совет ( не поддршка ) од жени кои поминале низ истото или слично искуство како тебе..Јас немам искуство никакво во однос на бракот Она што јас објективно го гледам како ваќно и што сметам дека можеби јас би го направила е тоа што би размислила е овака: 1.Децава им треба место на живеење издршка, воспитание и тн... 2.Дали да останам со татково нивни и да го спасувам бракот ( ако има надеж и мотив од двете страни) 3.Ако нема дали мужево второ е спремно да ме издржува ако се разведам, дали ќе ми понуди поддршка, покрив и сл.. 4.Ако не сама да ги чувам и сама да ги гледам, се разбира ако имам услови фино да заработам и да ги чувам сама , бидејки самохрана мајка е тродупло поголема одговорност плус бара и додатни финансии.. Иначе има ставки за издршка, детски додаток и алиментација ... Веројатно се ќе разгледам пред да превземам чекор, не сум тинејџер на тие години , не донесувам непромислени одлуки имам деца кои мене како мајка тродупло поригорозно ќе ми судат отколу на таткото..А ако вака продолжам пак, може и сигурно ќе искочи на виделина, ќе се посрамотам и себе и децата .Т Таа јас би размислила Твоја е одлуката , мотивите па и животот Се најдобро што и да одлучиш
Убавo викат прво рипни па речи оп. Ова за тртла и за мекица се однесуваше, зашто дојдоа, ни прочитаа мислења наназад нит ништо, одма застанаа со ставови дека ние тука некако каменуваме. 200 пати и рековме на жената, дека не и чини тој двоен живот, да се крие да не ја фати мажот, децата и останатите, без разлика колку е лош бракот, не и чини таа одлука. Развод не е најлесно решение, ама ЕДИНСТВЕНО Е. Прочитај неколку мислења од феминки кои си имаат кажно дека имале лош брак, се развеле и сега живеат друг живот, имаат и друг партнер и деца, па никој ништо ама ништо не им рече, зашто според сите нас ја донеле права одлука. Не сме тука ние жено-мразачи, па сметаме дека со еден треба до гроб, ако нешто не штима, барем сериозни ако не штима во бракот, ако се јават неверства, непочотивање, насилство најпаметен избор е брак. Мометално тоа е трауматично и болно искуство, но долгорочно значи мирен и нормален живот, стабилен, љутски што викаше баба ми, да живееш човечки, не кучешки. Не се растата деца само со пари, со љубов мир и слога се растат, ама кој да го сфати тоа. Нит те навредувам, нит те каменуваме, да си жива и здрава, ама најискрено ти викаме сите, најдобронамерно да си го средиш животот пред маж ти недај боже да дознае за тоа, без разлика што тој е бетер, можеш да замислиш како ќе изреагира. Немој да си создаваш дополнителни прични за маки и не дај боже децата да ти ги земе и да те направи лоша мајка со тоа што ќе докаже дека имаш ти швалер а не он. До кога мислиш дека можеш да се криеш, без да те отријаат, или мислиш дека сопругот ќе помине преку тоа и ќе го прифати сосема нормално да си имате посебен живот секој на своја страна а ти да ги трошиш неговите пари(ова неговите не го мислам дека се само негови, но не знам колку маж ти размислува како мене)??? Се бива, се е можно, ако викаш дека е толку лош и неразбирлив човек, немој да мислиш дека утре кога ќе треба да се донесуваат одлуките за децата дека нема да сака да ти наштети или да ти се одмазди. Посебно кога ќе му удриш по егото на мажот, се е можно и се би очекувала од таков човек.
Многу често споменувам по некоја стара поговорка исто како и сега забранетото оружје е подобро, возбудата е поголема. Но дали навистина сме ги согледале последиците? Никогаш не би имале вистинска врска, друго, се она што би посакале да го имаме тој веќе го има со друга. Втора виолина? - каде ни е самопочитта? Навистина, не верувам дека само мажите се виновни. Попаметно е да најдеме некој на кој ќе му бидеме прв избор, на тој начин нема да уништеме нечие семејство, а ќе го добиеме и тоа што го заслужуваме.
Според мене тоа не е врска.Ниту со оженет ниту со некој што има девојка.Разведете се па потоа.Ние луѓето често правиме грешки во животот,неразмислувајки за последиците.Пред да направиме нешто треба да размислиме дали е правилно или не и кои се последиците. Вистинска врска е врска со мноогу љубов,почит,разбирање,доверба,искреност.Каде е тука искреноста? Наместо искреноста тука е лагата. Никогаш не би се осмелила да бидам во врска со оженет човек,ниту со човек кој има девојка. Па зарем од сите слободни мажи мора баш тој? Зарем е единствен.Тој е зафатен веке и крај на приказната.Ставете се на местото на неговата жена.А што е и со децата? Зарем не ви е малку барем жал за децата? Тоа се вика себичност.Кога не размислуваш за другите,си мислиш само за себе.
Пресна слуЧка имам, од ново-годишната веЧер и морам да кажам дека колку бев изненадена толку бев и згадена. Сретнав еден мој комшија од Мк, кој зивее во Италија а беше овде во ЦХ да слави со љубовницата. Има две девојЧиња, преубави ама стварно преубаи. Бившата му жена исто бесе прекрасна, и убава и мила, а манијаков ја тепаше, изневеруваше.. Сегашната му љубовница беше мажена со едно друго дете од нашето место и тоа издржа само година или така нешто. Се дружеле во Италија двата пара и овој мојот комшија и таа смотаната се бендисале и поЧнале да се гледаат скришно. Да не должам, на крај пукна и тој срам, се дозна се, се разведоја сите и овие двајцата сега живеат заедно. Децата му ги зедоа од социјалното, и тоа е најжалното од целава збрка. Како и да е, на нова година ми бараше број, да сме се виделе, кафе да сме пиеле.. и тоа се кога ја немаше гуската негова. Луге ми се згади верувајте. Плус што ме знае од мало и до пред 2 год кога идеа дома на одмор секој ден бев заедно со неговите деца и жена му, шетавме заедно, си играв со девојЧињата.. Некако не знаев ни дали да го изврегам или да бегам. Избегав пошто ми беше глупо да му казам дека е едно магаре глупаво и старо! После пак дојде кај мене со еден лист со неговиот број и ми го бутна в рака без да види никој.. Ауфф, фала Богу си тргна накај 3 или така нешто па после се забавував на мира. Говедо, говедо! Не знам како може на некои девојки едно вакво говедо да им е убаво и да се надеваат дека ке си остави фамилија за да биде со нив. НаравоуЧение од моево искуство од пред некоја веЧер е дека дури и да ја остави зената и да поЧне нов живот со љубовницата, ке си остане говедо и ке си бара друга пошто оваа веке нема да биде интересна. И така приказната ке се повторува додека говедото не скапи.
Пред неколку години се вљубив во еден човек, беше женет со деца, и сеуште е. Го гледав секој ден, бидејќи во тој период животот ни се вртеше околу тоа место. Иако е прилично постар од мене, 15 години отприлика, немаше да ми пречи. Кога прв пат го видов, сфатив всушност каков сакам да биде човекот со кого ќе се омажам. Буквално се кај него ми се допаѓаше. Во контактите со него бев прилично воздржана, а бев и посрамежлива тогаш, па мислам дека немаше приметено ништо невообичаено. Иако, признавам, знаев да се занесам и да зјапам во него... Од кога го видов последен пат, има околу две години. Од време на време мислам на него, најдов некои слики на интернет, најдов слики каде што сме заедно, некако не можам да го заборавам. Знам каде живее, не е далеку од кај мене. Помислував повеќе пати демек случајно да го сретнам... но што потоа? Голем дел од мене знае дека нема да сторам ништо и дека по илјадити пат ќе се обидам да го заборавам, но се плашам тој помалиот дел кој копнее да не надвладее еден ден. Да не направам некоја глупост, иако подеднакво е возможно дека тој едноставно нема да е заинтересиран. Едноставно сакав да го раскажам ова во темава, барем малку да ми олесни, бидејќи не знам посоодветно место.
Ќе ти викав што не гледаат очите не сака ни срцето ама ова твоево две години хех.Веројатно си го сакала многу порано,сте почнале нешто гледање,шмекање но не се остварило до крај за да видиш како ќе биди па затоа копнееш по него само да не премини во опсесија.Ти посакувам да имаш некој крај тебе што ќе те заинтересира многу повеќе од овој и да се заљубиш.Ако надвладее нешто тој другиот дел ќе чуствуваш само вина и ќе ти биди полошо па тогаш никогаш нема да можиш да си седиш рајат и цело време ќе бидиш со мислите таму а ќе си го изгубиш само времето во мислење додека има некој таму кој што можи да те направи среќна.Нема корист од ова.Неговото време заврши се оженил,со деца заљубен или не изживеан.Твоето време допрва почнува