1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Манипулација која трае 4 години??????????
    Па манипулирањето може да биде 1-2 недели додека разбрала каков му е статусот ,ама 4 години?Свесно си прави нервози,проблеми на сите страни-и кај неа и кај сопругата на „Лепотанот“
    А што подразбираш Блонд-бани под тоа дека девојката треба да им ги отвори очите на сите?Да заѕвони на вратата кај неговата сопруга па да и влезе во куќа на кафе?
    Што подразбираш под „одредени мерки“?Не долевај масло на огин,не ја поттикнувај на поголеми глупости и растурање на бракови.Ако не била она ,ќе била некоја трета!!!Па и јас и ти да не сме се родиле ќе биле некои други,ама ете ние сме се родиле.Секој со своето и секој за своето.Нека се тргне од типот додека не ја претепала неговата сопруга некаде,па тогаш ќе се чуди што ја снашло.Мореееее,ај ,па после судбина била.Ем гледа огин ,ем рацете ги пика кај што не и е место,па после олеле...
     
    На Lepotajce и amberr им се допаѓа ова.
  2. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Добро така ќе беше и ке постапеше ако траеше ова 4 недели,ама 4 години живеење во сенака на некоја друга и на крај само така нека си замини,засекогаш неа ќе и остави трага во животот ,јас не би постапила така,кажа предходно дека и на одмор ќе оделе заедно девојката живеела за денот кога ќе ја остави другата.Не реков да оди на кафе кај женаму,но еве за почеток нека плати некој нека го претепаат има ѓупци за 1000 ражен ќе го напрат.Заслужва,но сепак последната одлука зависи од неа,дали ќе подпадни пак под манипулација или ќе проба да биди независна.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Епа ја не можам да разберам...како не може некој да се совлада самиот себеси не ми е јасно? И која е некојаси таму да му збори на женетиов да ја остави жената и децата, без да го стави прстот на чело да размисли дека руши еден дом кој бил создаван со многу одрекувања, жртви, се и после таа жена што учествувала во тоа да заврши на улица со детето а вие да ги облечете нејзините папучи и да ви биде како на послужавник. Па како би можеле да спиете навечер не ми е јасно...

    Ќе ви биде убаво утре на маж ви некоја така да му вика? И јас сум била заљубена еехее и тоа колку, па сум стегала заби ако не ја бидува работата, сум управувала со самата себе, сум плачела, сум гнетела чоколади и сум гледала романтични филмови, ама сум се совладувала. Човек треба да научи да господари со самиот себе а не да си биде слуга. Како не можеме? Да не сакаме од што ни е тешко и не ни е убаво на душата и да не можеме се два различни поими.

    Па едно куче што е па бира со кого ќе се пари мислам, стварно џабе што сме на врвот на еволуцијата кога сеуште не можеме да совладаме некои препреки. И велите има некои што ќе те паднат на колена со нивниот шарм нивното ова нивното она. А демек само женетите се такви, демек штом некој се ожени, одма добива на шарм, абе ајде си зависи тоа од човек до човек. И не се само мажите криви, it takes two to tango.
     
    На Lepotajce, stetoskop, miss.ella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав цела тема, и само едно можам да и кажам на девојкава. Ти дефинитивно си имаѓ проблем. Ама не со него, со себе си. Толку ли си зависна од него мајка му. И да те прашам, што бараше да излегуваш свесно со женет човек пред 4 години. Ајде те молам објасни ми, што толку те привлече кај него , знаејки дека е женет ти да почнеш врска. Навистина не можам да ве разберам. И чекај, која си бре ти да му кажуваш да ја остави жена му и детето?? Ти си му него само провод, девојко. Се оженил велиш дека била бремена. Бре бре, лаги со опашки. 25 годишен маж да не знае да се справи со таква работа ако не сака да се жени?? Ајде те молам. Реалноста ќе да е друга. А според мене знаеш он како си размислува?? Еве сега ќе ти кажам. Си се женив на 25 години со девојка за каква сакав да се оженам, си имам сега дома кој да ме пере, пегла, рани, дете ми роди, си имам семејство, арно ама се уште не ми е време да бидам само со една. Ај да видам да си побарам уште некоја така за на страна, па додека се може со двете, после ќе ја откачам таа втората и ќе си останам со жена ми и детето. Е така драга моја. А знаеш зашто не ја остава жена му?? Не дека таа не знае за вас. Па 4 и кусур години не е малку бе дете. Ама си има и она некој есап во животот со него, па си седи со него. А дека он нема ништосо неа, мижи асрлан да ти баам. ОД кај тебе право во кревет со неа. Или обратно. А на тебе, тебе тиостанува ако сакаш и понатаму да си она втората, бидејки тооооолку го сакаш. Абортирај си, заебувај си го животот. Важно го сакаш. Јесссссссс. Тооооооо. Љубов. Ромео и Јулија. И сега што сакаш од нас овде?? Која нормална жена нема да те осуди те молам??? Додека не е касно, откачи се од него, а ко не можеш, па што да ти кажам.. и Кетрин Хепберн му била 20 години љубовница на Спенсер Трејси зашто он како католик не смеел да се разведе, и на крај си остана сама цел живот. Ништо страшно. А ако случајно се разведе, пак ќе ја гледа жена му. Затоа што сакала ти или нејкела детето цел живот ќе ги врзува. Па види што ти е подобро.
     
    На Lepotajce и tessie им се допаѓа ова.
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    девојко било што било...си била со него ок.....сега сврти нов лист ,избриши го него,и во никој случај немој да му правиш муабет за да јаостави жената и детето .греота е .мислам на секој може да му се случи ама немој да му викаш да ја остава
     
  6. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Секој човек со личноста своја,некој се посилни,некој послаби и лесно паѓаат на лаги и на ''љубов''.Од една страна во право сте девојќи,ама од друга страна неможам да замислам колку муе тешко на садбејби,неможам да се замислам на нејзино место тешко е и точка.Па и на жена му,детето аууу.Е затоа бе треба да се процени личноста пред да се сплеткаш за сериозно ова важи и за жена му и за садбејб,не е муабетот само мажи се па тргај маки цел живот а најиронично мене во случајот мие тоа што невин живот е замешан во оваа подмолна игра.Тргнисе нормално не завлегвај повеќе и подалеку од такви личности тоа би било најдобро за тебе,но да би била на твое место би го научила на некаква лекција онака из љубави за сите овие 4 години.А што се однесува за жената ма дајте 21 век сме мислам дека подобро би било и таа да се одалечи подобро би било детето да расти без него што знаеш што носи животот,одколку да слуша кавги,и да ги пречеква девојките на тато дури плачи мама во спалната.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Некако многу ми ја оправдуваш сед бејби,некако како и ти да си дел од ваква приказна :^)

    А што се однесува до проценките,па си направиле сите свои проценки (само седбејби се зезнала изгледа у бројките)па затоа и трае ова 4 години.
    Сопругот си го лади на две места,сопругата си има и таа некоја своја процена на ситуацијата па затоа мудро си седи и си го гледа домот и детето,ама проценката на седбејби е стварно за жалење.
    А тоа дека женаму требала да се оддалечи и дека подобро е детето да расне без татко -биди жива и здрава и недај боже да дочекаш да бидеш во состојба како на сопругата во овој случај.
    Ма немој,ќе и го препушта животот на некоја „многу заљубена“,ќе се поттикнува по туѓи домови со детето,а они ,пази молим те,да бидат заедно(неможеле да се одделат).Абе да била девојката толку многу „фатална“,а сопругата некоја земена поради бременост,до сега типот ќе ја земел оваа втората.
    Само ако,животот е тркало,се се враќа во животот.Знаете како викаат ,старите прават,децата патат.Она лошото што ќе им го направите на другите ,еден ден на глава на децата ќе се врати.
     
    На Lepotajce, tessie и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Прекрасен совет :clap: :clap: Аферим, ашколсун. Повелете сите растурикуќи, отворен ви е влезот во туѓите семејства. Еве жените кои родиле деца ќе се тргнат, све у име љубави. Ма и ружини латици по кревет ќе ви постелат за првиот секс како официјални дечко и девојка. :fubar: :fubar: Убаво ти рече стетоскоп, пази се да не ти дојде ова еден ден на глава, па после да си ја чукаш главата во зид од сопствените зборови.
     
    На Lepotajce, amberr и tessie им се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    А Бани тоа со пречекување на девојките на тато си се зезнала дебело.Да,ќе ги пречекува ,ама на клоци ќе ги исфрлува.Што мислат бе тие ,со чоколадо и со едно возење на рингишпил ќе го преобрнат детето против мајка си?Нив мамо ќе ги вика?Или си планираат детето со мајката во пакет на улица,а они внатре во туѓа постела.Абе детето ќе порасне , има на клоци да ја мава,луѓе,имам видено таков пример во живо.
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    хаха не не сум дел во оваа приказна само неќам да ја судам и тотално го кривам сопругот ако може така да се нарече,а за дете да расте без татко во никој случај ако беше тој татко во вистинска смисла на зборот и да си го гледа детето.садбејби во предходен пост кажа дека дури 2 дена го немал видено детето,а живејат заедно тоа докажува колку е спремен да ја превземи таа одговорност,па дури и бил на одмор со другари а детето и жената нека кршат глава.Него ко не му дошло памет 4 години нема да му дојде и сега па да си го гледа детето како што доликува.Тешко на детето а и на жената која ќе го помине животот покрај таков идиот кој цел живот ќе ја вара без разлика дали е садбејби или сопругата.
     
    На Lepotajce, WildMk, sadbaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Eпа се надевам дека ќе е така и ќе си ја бране мајка си.Ама зборувам дури да порасте сега мислам дека има 4 години како што кажа садбејби сеуште е мал и мислам дека не е фер спрема него така да се однесува типот никое дете не смее да расте во средина кајшто нема хармонија во бракот кој знае какви последици ќе има врз воспитувањето затоа кажав дека најмногу го осудувам.А и за сопругата мие жал што се осудила да живее покрај таков човек и цел живот да трпи.За мене зборувам конкретно јас не би можела да спијам покрај некој што знам дека досега спиел покрај друга.Од неа на мене.и мислам дека таков човек не е компетентен да биде татко. него штом не му дошол памет 4 години нема ни понатаму.Без разлика доколку го откаче садбејби ќе се најде друга и така понатаму.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    како и да е ако една врска започне со лага така и продолжува некој ако те врти повеке од 6месеци дека ке ја остави не ја сака бла бла ЛАЖЕ 99%од женетите лажат а јас не знам како можат и жените да ги трпат :xзнам една знае дека мажот ја вара веке 3и кусур години ама со него е за парите
     
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Да,не е добро да живее детето во таква средина каде што има неслога и нема збор натаму по ова прашање.Ама од каде доаѓа таа неслога,нехармонија-дали поради разликка во карактери,алкохолизам,семејно насилство(да не ги набројувам сега видовите),е тука според мене е проблемот.Ако мажот е алкохоличар-наркоман кој ги малтретира сите дома ,секоја мајка ќе си ги заштити децата така што ќе си излезе од куќата и никому ништо.
    Ама некое девојчиште да ти се замеша во бракот,да гледа да се вовлече во туѓ кревет на сметка на сопругата и детето е тоа веќе е за дискусија.Па замисли си ,те молам,за цело време додека си во брак,се трудиш да спечалиш,да стекнеш свој кров над глава,да средиш по дома-намештај ова-она и на крај со куфер во една рака ,а детето за друга рака да си излезеш од дома и да се мислиш каде -кај кого да одиш?Кој ќе те прибере?Има многу родители кои несакаат или неможат(од на нив познати причини) да ги прифатат назад ќерките и внуците .
    А зошто пак да излезе сопругата?Затоа што некое девојчиште се залепило за сопругот?Па во ваков случај(кога нема каде да оди жената,помило и е детето од сопругот па затоа останува со идиотот.Он тоа го знае и затоа си го прави кеифот на к..от.
    А не се само мажите виновни 100% во вакви ситуации.Ќе го фати девојката во момент на слабост,ќе си го направи она тоа што го наумила и после како драка ќе се залепи за него,ќе му го пере мозокот-жена ти ваква ,онаква...А 100 пати кажана лага станува вистина.И му нема спас на мажот -се повеќе и повеќе тоне во поголеми глупости-уцени,„солзи“ на цурата,измислени бремености и сл.
    Да не знаеш кој е повеќе за жалење од сите 4 вмешани-дали мажот,дали сопругата или пак детето и секако „девојката“која по обичај не знаела дека е женет-дознала многу доцна кога многу му се вљубила и многу и е тешко да го напушти.
     
    На amberr, Annath и Gea им се допаѓа ова.
  14. sadbaby

    sadbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    12
    што зборуваш бе глупости, јас почнав со почнав со него во ред, зото тој мене ми ја пунеше главата со глупости од типот НЕ ЈА САКАМ, ЌЕ ЈА ОСТАВАМ НЕМОЖАМ ДА ЖИВЕАМ СО НЕА,А? за да го сожалам, за повеќе да го засакам????
    јас во првата година се тргав однего, тој не ме оставаше., ме молеше, ми плачеше да не го оставам неможел без мене, јас тогаш го засакав после една година од врската, пред тоа се држев на дистанца, немој да меокривуваш и да ми даваш етикета на распуштеница која растура брак, јас почнав, тој можеше само за секс да ме бара ако му беше за тоа, а не да ми кажува сега јадам, сега пијам, сега ќе спијам, сега ќе мочам!!!!! за да се приврзам до него
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    A зошто воопшто си дозволила да се приврзеш.....едноставно си можела да го отераш у три лепе, да смениш број на моб. и да испариш....зошто не си го направила тоа....си се тргала, жими г*зов си се тргала...не ќе да е така како што кажуваш.
    И да, еве ти и од мене етикета дека растураш брак.
     
    На Lepotajce, MateaSokolovska, amberr и 9 други им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Без разлика дали стварно те сака или не, дали те молел година дена или пет, дали ти кажува кога оди на мочање а кога по голема нужда, дали си се трудела да се држиш на дистанца или не-штом си со него дур е уште во брак, и си била претходно цели 4 год. СИ растурикуќа. И точка ;)
     
    На Lepotajce, nena2010, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  17. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Роднина моја е жртва на ваков тип.Значи цел случај се одвива пред мои очи и е сличен на овој.Се работи за вујко ми,бев премногу приврзана со него цел живот пред да дознаам каков тип е.Има две деца мали,жена имаше и девојка.Девојката го остави за да не добие ваква етикета,сепак не му дојде умот се влечка по кафани со секакви распуштеници додека вујна ми е дома ги чува децата сама значи и овој не си ги има децата видено два дена,кога ќе се врати дома вујна ми трпи секакви навреди од него и се кае што дозволила децата да пораснат покрај таков човек сега веке заглавила и неможе да се раздели.Се кае што не си заминала додека биле мали да не се приврзаат толку.И што мислите какво муе детството нив?Значи не осудувам никој освен типот мразам такви идоти,презирам и се најлошо затоа дадов совет во типот да се тргне и садбејб и жената од него тој очигледно не е човек за семејство,а доколку нема каде да оди нема родители што би ја згрижиле е тогаш е друго стварно се зезнала.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    Неможам да сватам упорно да се пикаш со женет 4 години, под објаснување Го сакам
    Извини Ама он ако те сакаше ке се остаеше ....
    И ја незнам како не те јаде совест да знаеш дека расипуваш нечив брак
    Јас него не го окривувам колку што тебе те кривам ..
    Ај стај се на местото од неговата сопруга Дали УБаво ке ти биде...
    Цц цц цц Срамота :envy: :envy:
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Што од ваквите како мене?Епа веднаш ќе ти кажам дека од ваквите како мене ниту една омажена жена,ниту една мајка нема опасност да и се загрози бракот.Доволно е?
    Се обидувам да живеам без предрасуди за луѓето,навистина,се обидувам да ги сфатам сите околу мене и колку-толку да им дадам одредена поддршка за било што,се разбира во границите на моето разбирање.А вакви жени никогаш не сум можела да разберам,па затоа и чукам во дрво од такви.Сега по јасно е?
    Затоа што еден ден и јас ќе се омажам,и тие со вакво размислување како девојката се опасност и за мене и за сите.
    Дали тој и ветува месечини и планети,дали и кажува дека ја сака и дека ќе се разведе мене тоа не ми е никакво оправдување.ФАКТ Е дека таа оди со човек со пополнет венчален лист и најверојатно венчан пред Господ во црква.За мене тоа е голема работа,бракот е сериозна институција и толку.Реков,доколку е разведен,па макар и три пати разведен,тогаш е во ред.Се случува,некогаш не оди и готово,единствено решение е развод.После тоа животот продолжува и во ред е секој да си бара нова среќа.Ама додека некој е во брак,ваквите како мене,како што рече ти,не се палат на мажи кои ги кријат венчалните прстени по џебови.
    Не дека само жените се виновни,маж како маж,а посебно некои недоквакани,ќе си пробаат кај било која жена нели.Ако јас го игнорирам(и сите такви како мене,а верувам дека ги има во поголем број)-крај приче,ама ако на некоја и дојде убаво тоа внимание од оженет маж,ќе продолжи со флертот кој ќе прерасне во врска.И да му е убав бракот,од тој миг ќе му се разниша...
     
    На captivating и tessie им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Богами и јас познавам таков случај со една жена шо му растури брак на пријател од свекор ми. Тогаш синот им бил мал и кога ќе дојдел кај татко му, ај шо истрауматизирано детето на толку мали години исфрлено од дом што би требало да е негов, ѓубрево уште се изживувала со кутрото дете, му правела триста чуда само да го расплаче еееј јас еднаш бев сведок кога раскажуваше дечкото. Ама сега детето е големо, татко му е во странство по работа веќе со години и не ја есапи веќе толку оваа, па го нема истиот занос кој го натерал да остави жена и дете, години се во прашање и и да му се пожали нешто не се замара. И знаете дека постојат места во градов каде што женава не смее да се појави, еднаш детево ја пребило од ќотек и таа од срам лажеше дека лошо паднала, а сите знаевме колку е саатот. И самото дете си признава вика: „Таа што ми го зеде кровот на глава и ме малтретираше како мал? За таа зборите? Дури е жива ќе се кае што се родила.“ Не го оправдувам детето, напротив го судам така што се однесувало, ама добро кој е виновен за тој негов гнев насобран со години, кој е крив за таквата истрауматизирана состојба...и не ги нарекувајте жртви оние кои тераат родител да се раздели од жена и од своето чедо за да можат големите госпожи да се шират со својот “сакан“.
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.