1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. pandorce

    pandorce Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Обвинувајте ме колку сакате, јас само сакам да ја кажам мојата тажна ситуација. Убаво рекле никогаш не вели никогаш! И јас не верував дека ќе прекршам некои морални правила ама ете ги прекршив. Бев најголем противник на тоа што го сторив но ете го сторив. Виновна сум пред самата себе и пред сите други. Се почна спонтано... многу спонтано... и двајцата сме во брак, имаме деца, различни вери сме.... но ете се случи се вљубивме еден во друг. Неколку пати одолеавме но тоа едноставно не беше возможно повеќе да се спречува. Секој нареден пат велевме дека е последен но секој нареден пат љубовта беше се поголема. Моравме да ставиме крај! Поради семејствата. Колеги сме, јас го напуштив работното место и отидов да работам во друг град. Се договоривме да не контактираме повеќе. Сфативме дека ѕид со глава не се урива. Тешко ми е премногу, ве молам не ми пишувајте коментари дека сум кучка, и јас да бев на ваше место пред извесно време ќе плукав по оној што го пишува ова ;( Плачам скоро секој ден,умирам полека, се ме потсеќа на него, до кога ќе биде вака? Времето наместо да ми помогне ми прави да ми е уште потешко. ;( Имав или барем мислев дека имам среќен брак додека не го запознав него, влезе тој во мојов живот, почувствував како е да си вистински заљубен.... но моравме да се откажеме еден од друг. Сега незнам како да продолжам понатаму, веќе за сите е видливо дека нешто со мене не е во ред ;( Нема да се вратиме еден на друг сигурно но страв ми е да го замислам животов без него ;(
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    48.124
    Пол:
    Женски
    А кога веќе толку е голема вашата љубов зошто немате храбост до крај па да ги окончате браковите кои ве прават толку несреќни ? Или лесно е пред огледало да се глуми Ромео и Јулија ама кукавлучки е јавно и гласно да се кажат прљавите работи во вашиот живот..Лесно е да се сака во некоја зајачка дупка под чаршави ама во реалноста е многу потешко.Не знам како можеш да лежиш во кревет со допругот а да мислиш и копнееш по друг маж.Каде ви е храброста и достоинството да се борите за она што го сакате,или премногу ви е срам од самите себе и своите постапки па глумите ужалени од невозможната и завранета љубов..Таквите кукавици како тебе заслужуваат никогаш да не осетат вистинска љубов од мажот кој е осуден за навек да лежи во иста постела со нив.А вие продолжете да се сожалувате и да си барате оправдание за вашите бедни пориви и вашето уште победно постоење!
     
    На slobodka, Mama25, XstrongerX и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Добро, очекуваше дека ќе те нападнат и тоа е нормално, ама чекај јас да ти кажам нешто... :!:

    Она кое го имаш со маж ти, е брак и тоа некогаш било вистинска љубов. Односно, се надевам некогаш било вистинска љубов. Сега е само брак, формалност. Она кое го доживуваш со овој маж од друга вероисповест е страст, предизвик, авантура... и верувај ми, нема од што да се срамиш пред себе и пред светот, тоа е лекција која мора да се научи, единствено е штета што... ја доживуваш сега, во брак, а не порано кога требало тоа да помине. :sweat:

    Реков, ова е страст, нешто кое е многу забавно и прекрасно, се чувствуваш како тинејџер пак, но тоа не е љубов, љубовта носи обврски, носи тешкотии, но затоа и љубовта вели „и во добро и во зло“. :tmi: Жал ми е за твојата ситуација, единственото логично решение сега е да избегаш некаде со новиот, зашто е навистина жално, да останеш засекогаш со маж на кој си му ја нанела најголемата болка и неправда... си го изневерила.

    Како и да е, тоа не те прави лош човек, само те прави кршлив, како и сите ние. ;(
     
    На Justicija, danielka0507, elisabeta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Пандорче нема ни да ти судам, ниту да ти давам совети. Само ќе ти кажам да го гледаш филмов Temptations : Confessions of a marriage counselor... и потоа ќе правиме муабет ;)
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Се случило веќе нешто што не требало и самите сте свесни за тоа.
    Правилно сте постапиле, што сте прекинале.
    Сега памет во глава.Тој не постои веќе.Избриши го од мислите и посвети се на децата и сопругот.
    Не заборавај никогаш Бракот е свет.Благословен од Бог. :!:
    Сите сме луѓе и грешиме, затоа за оваа грешка мораш да се покаеш.
    Поправи го своето однесување и плати за гревот.
     
    На danielka0507 и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Jас ке ти речам вака и да останеше со овој што се заљуби да се земевте верувај по две три години брак и со него ке ја изгубиш страста што сега ја имаш ,затоа што секогаш непознатото е постравствено од познатото,а љубов е нешто сосема друго ова дефинитивно не е љубов едноставно си изгубена затоа што чусвтуваш страст ,привлечност а верувај дека после две три години брак нема да го чуствуваш ова што сега го чуствуваш за овој човек,затоа не си го пусти животот за некоја страст што те привлекла зашто страста се губи љубовта не.
     
    На danielka0507, sadgirl21 и fighter им се допаѓа ова.
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Pandorce, јас целосно се сложувам со мислењето на elisabeta.
    Се што не е дозволено и е тајно, е најпредизвикувачко и најпожелно нешто, едноставно искушение.
    Во право е elisabeta, да се земете и да бидете 24 саати заедно, после извесно време ќе се оладите и ќе жалите за сите животи што сте ги уништиле.
    Ако запаѓаш во депресија поради целата ситуација, подобро да разговараш со психолог/психијатар кој ќе ти помогне полесно да ја пребродиш оваа ситуација.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pandorce

    pandorce Нов член

    Се зачлени на:
    29 април 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    фала ви девојки за советите! некој погоре напомена како сум можела да спијам во ист кревет со мажот ми, јас одамна не спијам во ист кревет со мажот ми (колку за информација) Вчера дознав дека мојот колега имал инфаркт ;( незнам што да правам, не се осмелувам да отидам во болница. Млад е , има накај 40 год. Незнам што се случило ;( На работ на пропаст сум ;( Мислите дека е само страст ова иако трае неколку години?
     
  9. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Еве сум и јас ... со нова приказна на темава... стигнав до степен да пишувам по форуми и тоа на теми "врска со оженет човек " до кај стигнав ... ? :( Јас, истата таа која од мала па до сега беше горда на себе, која немаше од што да се срами, а сега се срами од погледот на родителите, која се придржуваше до моралните норми, која ја учеа дека бракот е свето нешто а сега е во врска со оженет, која живее за успех, амбициозна, која не го живее животот на младите иако е на нивна возраст, туку животот на возрасните... итн...
    Во врска сум 2 пол години, имам 21 година ( да млада сум, немам многу проживеано) ,запознав прекрасен човек , може татко да ми биде ( 35 години ) и се заљубив... го најдов сето што го сакав од еден партнер, потполно се ... Прв пат кога почнавме да контактираме мислев дека има 25 ( по изгледот ) излеговме, и поминавме прекрасна вечер, до некаде... Избегнуваше да навлегува во подлабоки теми, само викаше: "остај да уживаме во моментот, ќе те изгубам", може преку 100 пати го слушнав тоа таа вечер, кога и да прашав нешто, ама едноставно не можев да бидам со човек на кого само името му го знам ;( Во мислите си велев, сигурно е само долга сериозна врска.. Со секој нареден пат гледање дознавав нови работи, нови удари... Ме праша што би било најлошо за мене што би го дознала за него... само реков .." женет си и имаш деца" :( Се расплака.. Не ми се веруваше дека човек на негова возраст, може да плаче пред мене како мало дете... Рече " зошто си толку љубопитна, ти реков не прашувај остај да уживаме додека е убаво и додека трае" Ми се отвори и зборуваше без прекин со солзи ... Рече ке остави се, само да биде со мене... Не се опишува тој момент ... ни тој ниту секој друг поминат со него ;( ;( Да скратам... ми треба помош, немам на кого да кажам, и ме гуши ова внатре...не знам што да правам... Не си го замислував животот таков, да ми продолжи со некој разведен со 2 деца... Да не зборам за проблемите и мислењето на околината и родителите пред се, ке се откажат од мене,тоа што сум го градела до денес и на што сум ги правела горди ке продадне со само неколку збора... А разликата во години... 14 години ? Кога сум со него , не се осеќам мала не ни мислам на годините, ама кога ке седнам дома и ке размислам.. ме убива сето ова .. Дајте ми совет, зошто морам да решам што ке правам , не можам веке вака ...

    http://www.youtube.com/watch?v=AeGml71f ... O9zTgkukrc ( на песнава плачевме и двајцата, во најболниот момент на разговорот, ја пуштија на радио , текстот ме потсека на него... )
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.609
    Допаѓања:
    86.618
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да ставиш крај на сетоа оваа ,колку и да боли колку и да е болно за двајцата вас ...
    Никогаш не сум доживеала вакво нешто но знаеш секогаш си велам : Што ќе биде ако во иднина мене ми се случи такво нешто,што ќе биде ако човекот што го сакам и имам деца со него ме изневерува подолго време ... Несакам тоа да ми се случи но не ни помислувам да направам такво нешто.
    Да љубовта не познава граници но во овој случај ти треба да поставиш граница помеѓу вас ако не друго барем за неговите деца ,замисли неговата жена како се чуствува што толку време ја изневерува(иако верувам дека никој не ве знае но еден ден се ќе се дознае )
    Зарем сакаш ти да си втора ? Зарем сакаш тој на секој важен момент празник да е со неговото семејство а ти да го чекаш да се видите и тоа скришно ? Зарем доволни ти се тие средби каде што неможете потполно да уживате затоа што се криете и гледате некој да не ве види и да не се дознае ?
    Зарем сакаш да ги изгубиш родителите и довербата во нив ? (морам да ти кажам дека јас еднаш изгубив доверба во моите родители и само јас си знам колку време ми требаше да ја вратам назад и да биде се како порано)
    Разликата во годините исто така е голема,сега тоа не се чуствува но замисли после 10тина години ти сеуште ќе бидеш млада желна за излегување и дружење а тој ќе има 45 години (возраста на татко ми е таа) и верувај дека размислувањата ќе му бидат поразлични од сега.
    Има уште толку многу прашања што би можела овде да ти ги кажам а верувам дека ти и самата си ги знаеш.
    Не дозволувај искушението и моментот да ти го понесуваат чуствата и да управува срцето само со тебе во твојата ситуација повеќе треба да размислуваш разумно.
    21година имаш сеуште си многу млада верувај дека животот е пред тебе и дека се се случува спонтано и неочекувано...
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Ме распака со текстот... само да знаеш колку прашања си поставувам јас самата на себеси ... размислувам и за сега и за иднината , што би било со нас ... ама не гледам иднина ... ама не можам ни да ставам крај... местата на кои работиме се едно до друго, не можеме а да не се видиме денес... и знаеш се преправаме како ништо да нема мегу нас, се е официјално... не можам да истрчам и да го гушнам, туку само да најдам момент кога не не гледа никој и да му се насмевнам...ти не знаеш колку боли тоа, не знаев ни јас ...... до сега... да , излегуваме и се криеме, вшера за прв пат во мојот живот, нешто што не можев ни да замислам дека на мене ке ми се случи тоа , ми се случи , бевме во хотелска соба, еј јас ...? не можам да си поверувам самата на себеси што ми се случува. Освен во кола на некое темно место далеку од сите, немаме кај да одиме... За прв пат во животот се осетив валкано, не можам да објаснам.... и тоа ме натера да пишам денес на форумов и да решам што понатаму ....
     
    На vaseangela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.609
    Допаѓања:
    86.618
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ти кажам стави крај заради себе најпрво ,девојче премлада си за такви стресови и врска што не е за тебе.
    Ти посакувам се најдобро и избери правилна одлука :*
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Пеперутче, сонце, знаеш како викаат, секој има некоја цел во животот. Твоја цел е да му обезбедиш шарени перја на еден паун кој ќе се перчи пред своите снобовски богати пријатели додека низ чаша екстра скапо виски раскажува како ренда barely legal девојче. 8) Секој со своето во животот, важно е да се проголта она што повисоката цел ќе го истресе врз нас. :!: Нема што да се срамиме од тоа, нели?
     
    На tessie, mimiiiii, jb82 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    воопшто не те обвинувам, љубовта доага кога најмалку очекуваме и со оној кој што ете не е вистински. Но за да не те боли подоцна повеке стави крај на ова. Еве да речеме и да се разведе да биде со тебе, прво ти нема да имаш мир, секогаш ке мислиш како тие деца живеат без татко поради тебе, а од друга страна па јас мислам чим тој ја изварал со тебе и тебе еден ден ке те извара со друга. Јас сум разведена баш поради неверство, но знаеш што се случи после мојот развод, тој ја остави и нејзе заради друга и се така во круг. Сега ме бара назад но за ништо на светот не би се вратила.Имам 26 години и керка 6 годинки но се борам и ја чувам сама. Сега како разведена жена имам понуда од некој кој е во брак и тоа ке ми рече, па што ако сум во брак и ти си разведена никој нема да знае, но јас и покрај сето тоа не прифакам. Знам дека можам да најдам некој кој е веке разведен па и слободен, не осекам потреба дека имам од што да се срамам и кријам.Затоа мој најдобронамерен совет стави крај, и најди си некој со кој што ке ја почуствуваш и споделуваш љубовта, без криење и страв :*
     
    На Lovely93, poenta, fighter и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    Peperutka-19 скоро сме генерација.
    И сега замисли да имаш дечко кој е приближно твои години, млад, убав, среден, амбициозен, слободен како птица, те сака, го сакаш, не се криете од никого, можеш да му се јавиш кога сакаш, да го изненадиш со поклон, во парк се шетате заедно, гордо ќе те покажува на сите, и ќе каже тоа е таа вистинската, одите на одмор заедно, ставате слики по социјални мрежи, насмеани, среќни, го запознаваш со твоето семејство, он те запознава со неговото, одите на викенди, можеш да го гушнеш кога сакаш и пред кого сакаш, те почитува, те поддржува, си правите планови за празници, секаде одите заедно, празниците ги славите заедно, си планирате каде ќе одите за Велигден, каде за 1 мај, секоја нова година ја започнувате еден до друг, правите планови за иднината, размислувате за вашите сопствени деца, правите планови како ќе изгледа вашиот дом, градите среќа, градите љубов... Можам до утре да набројувам...

    Замисли? Е сега сврти се околу тебе и види што ти имаш, а што можеш да имаш. Сигурна си дека сакаш да бидеш некому швалерка (тоа си, швалерка, колку и да ти звучи лошо), втора виолина, само за провод, некој што е постар доста од тебе и со веќе две деца, што те носи по хотелски соби, а не некаде во ресторан или кафич каде што сите ќе можат да ве видат, што мораш да се криеш да не ве види некој? Сигурна си дека сакаш да бидеш виновна за нечиј развод? Мислиш дека би била среќна со него? Не, нема да бидеш среќна, верувај. Вреди ли за некој што очигледно не те почитува да изгубиш секаква доверба кај твоите родители? Вреди ли да бидеш обележана дека ти си таа која му го растурила бракот? Можеш да живееш со таа мисла, можеш да живееш со тоа дека и на тебе некогаш може тоа да ти го направи?

    Девојче, мој совет, заврши ја оваа приказна пред да дознае некој па после да биде џабе се'. Уживај во животот како и сите млади, најди си млад, слободен дечко кој ќе те сака само тебе и ти ќе бидеш единствена за него. Зошто си го комплицирате животот без потреба? Зошто правите некои постапки за кои цел живот ќе се каете. И сега се каеш, а замисли понатака. И не вели дека не можеш да ставиш крај, можеш, и тоа како можеш. Ако сега не завршиш со ова еден ден ќе си ја удираш главата од ѕид ама касно ќе ти биде. Било што било, ама стави крај, зашто не вреди. Ако не ставиш крај, значи дека и на тебе ти одговара сето ова, јас не знам што друго би помислила.
     
    На Lovely93 и slobodka им се допаѓа ова.
  16. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Јас размислував цело време и пред да пишам, знаев дека ова "нашево" никаде не води и дека ке мора да ставам крај.. ама сепак сакав да чујам и друго мислење, затоа пишав, искрено ми требаше совет од некој друг... и многу ми дојде полесно откога пишав тука, цело време се до денес чував се во себе, не можев да се обратам никому зошто знаете луѓето кај нас одма осудуваат без да се стават во туѓа кожа и да размислат... Фала ви многу на сите... Не знам за вечерва ама деновиве сигурно ке се видиме и ке збориме.. па ке ви пишам што се случило :/

    btw... излезе дека ке се видиме вечер,па му пишав дека е дојдено време да разговараме за нас, зошто цело време ја одбегнуваме таа тема... Ми пиша " што и да одлучиш нема да се откажам од мојата љубов спрема тебе па макар и по секоја цена да знаеш, ке те чекам до кога и да е " :(


    не знам како ке соберам сили и храброст вечер, не знам како да почнам ... уф леле
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.388
    Пол:
    Женски
    А за што ќе те чека, да се помириш со фактот да си останеш втората, другата, срамната тајна?
    Ајде, собери сила, млада си, греота е да се затвораш во ваква врска. Мисли на себеси прво.
     
    На Lovely93 и Tikvice им се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.470
    Пол:
    Женски
    Де бре, не знаела како да собере сили... Карактерот каде ти е? Став, принцип некој во животот по кој се водиш имаш или немаш? 21 година имаш, прибери се малку, не си дете, тинејџер, па да се потресуваш вака. :fubar: Превземи ги работите во твои раце, не дозволувај да те манипулира.

    Смирено, јасно и кратко ќе му кажеш дека не сакаш повеќе да продолжиш со ова и крај. И да не те бара повеќе зашто нема да се предомислиш. Толку. Стануваш и си одиш. Не е тешко ако сакаш. Туку тој знае дека имаш мек карактер и затоа вака ти прави, го користи тоа.

    И знам дека пак ништо нема да направиш вечер, ќе почне да ти симнува ѕвезди и утре ќе ни напишеш "ама го сакам, почна да плаче и ми кажуваше колку ме сака, неможев ништо да направам, не знам што ќе правам, не знам до каде вака", се знае на какви финти одат тие таквите како него, и се така во круг додека не ти текне еден ден. Имаш избор, направи го правилниот чекор, зашто да знаеш дека утре нема никој да ти биде крив, ти ќе бидеш единствениот виновник ако направиш погрешен избор.
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.309
    Допаѓања:
    90.211
    Пол:
    Женски
    Овој е оној познатиот од пред некој месец? Или оној со кој си била на златна свадба кај баба му и дедо му? Или некој трет?
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.563
    Допаѓања:
    39.975
    Пол:
    Женски
    Те читам и ти се чудам.
    Ќе оставел се за да биде со тебе...познати муабети на кои си паднала.
    Ти си себична и егоистична, гледам и по болдираното. Те боли што ТИ ќе бидеш во врска со разведен со деца, а не размислуваш како ќе им е на децата некоја што постара сестра може да им биде- ќе им биде маќеа, а мајка им е оставена (во случај да ја остави жената, а нема, зошто е кукавица, а и ти си). Нема да речам дека не те осудувам, затоа што ми се гадат вакви девојки и мажи.
    И ова не е љубов како што пишале...ова е само...искористување, од негова страна секако.
    Со тебе ќе заврши, денес, утре, за месец, за година, за 2 години, а ти ќе пропаѓаш, а жена му ќе биде изиграна (што ти си само делумно виновна, он е виновен воглавно). И тие солзи тебе ти значеле?
    Додека го читав текстот замалце и жал ми падна.
    Па уште како да собереш сили? Па незнам еве ти извор УНИШТУВАШ БРАК! Ги уништуваш неговите ДЕЦА...си го уништуваш образот девојко. Немаш ли ни малку грижа на совест? Освен нели за тоа како ТИ ќе продолжиш....алал да ви е значи!
     
    На Lovely93 и jb82 им се допаѓа ова.