1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам да си во ваква врска е исто како да луташ во лавирит,како да живееш без надеж, како да чуствуваш болка за која мислиш дека нема никогаш да помине,како да чекориш во тунел без кој нема никакво светло на крај,значи џабе е све имало примери околу мене со вакви врски и знате што ниту една врска не дочека бел ден,едноставно среќа не се гради врз туѓа несреќа... и крај
     
    На Alisa22, tessie и Lovely93 им се допаѓа ова.
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас мислам дека за познатиот збори ... :lol:
    Дека е познат малку покасно дознала дека е женет,па и песнава...ептен...ептен ме трогна...
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    те врти како сака и стигне и те искористува! Ти затрескана а тој ужива во трофејот со 14 години помлада. Разбери, те секса само во кола,ти ветува брда и долини.Ако имал намера да се разведе, до сега тоа ќе го сторел,ама на кој маж му се остава сигурноста дома,па од стабилен брак да отиде на клизав не испитан терен.?! И престани да веруваш на мажи кои плачат.....хехехе се расплакал и те трогнал!Море една клоца за него и закани му се дека жена му ќа дознае,па ќе го видиш вистинскиот маж со кој си во врска!
     
    На SexiLy, imelda, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  4. latik

    latik Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не знам дали сум баш за на оваа страна ама тука не гледам ништо поблиско до мојов ,,проблем,,. Имено, прво да прашам дали тука има прељубници (значи жени во брак кои имаат врска со оженет човек), бидејќи јас сум токму од тие...а не би ми пречело да пишувам и со машки кои се во ваква љубовна врска...Па, има ли такви за да си поделиме искуството и нормално да си одговориме на нашите прашања...Ако не им пречи на љубовниците, би можело да поделам искуство и со нив и покрај тоа што овие врски не се баш како и нивните...
     
  5. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Штом доаѓа до вакви работи значи на типот бракот не му е у ред,а ти остави го што можеш побрзо затоа што и по муабетиве не ти треба,тоа како прво не е стабилен маж туку самобендисан размазен плачко и лигле што знае каде да удри за да продолжи по негов ќеиф што би се рекло,како прво маж што ќе те цени и почитува нема да дозволи да те става во ситуација да се осеќаш како евтина мивка,не те осудувам,а не викам дека ни он нема воопшто чувства према тебе ама по се ми изгледа дека си нешто пролазно (не се вреѓај) дека си му се појавила во момент на некоја слабост што најверојатно брзо ќе му помине.Затоа не се залажувај не си прави самата на себе лошо и не изигравај жртва,застани на нозе откачи го па сакал и липа како бебе,тешко е ама ќе видиш после колку време ќе те сака,ќе се изгуби за месец може и помалце...
     
  6. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Сосема се согласувам со постот на Emotional123!
    Ти мало девојчиште да дојдеш да ми кажеш дека сека си му ШВАЛЕРКА (да тоа си ти, една обична швалерка, а НЕ девојка) на мојот маж, знаеш што ќе ти направам???

    Под еден ќе ти ја залепам една, бидејќи треба да се освестиш дека во твојов филм уништуваш семејство, и две мали деца ги осудуваш на фрустрации.

    Второ, те носам кај твоите да им кажам што ороспииче си чуваат дома (ако тоа веќе не си го и знаат).

    Трето, ќе се потрудам да дознаам и каде учиш, (ако воопшто и студираш пошто нели работиш близу до „дечко ти“), и на сите ќе им кажам. А доколку само работиш ова ќе ти го направам на работа!

    И четврто и најбитно, на дотичниот твој „дечко“ нема да му дадам развод и нема да си одам дома! Ќе си седам во нашиот дом, каде се научени нашите деца дека живеат. Ако е фраер да поднесе развод, (пошто јас нема да поднесам) тоа ќе биде само тужбен, а не спогодбен , и ќе го завлекувам, зашто мала моја нема да те оставам на раат да „уживаш“ со „дечко ти“!!! Ако сака да биде со тебе ќе мора ОН да си оди, па нека дојде кај тебе дома со твоите супер ќе ви биде. Ќе ви ги праќам и децава секој виќен да им мењаш пелени полни го гомна, да ги раниш и да ги шеташ!
    Супер ќе ти биде.
     
    На Meredit, tessie, drugarka и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Типичен пример како скопската сопруга се однесува по основ неверство во брак. Попрво очи ќе и ископа на швалерката, отколку да увиди дека проблемот е во сопругот.

    Швалерката е девојчиште чудовиште, а типот, не бре, не добива развод ни под разно... Е како го зезна само! :lol: Па тој на тоа и рачуна. По секое откриено неверство, сопругата ќе прави драми, ќе го клоца, ќе го гази и плука, тој ќе се покае, "ама навистина покае", со солзи во очите (можеби истите солзи што ги рони и пред швалерката), ќе и го лиже газот на сопругата некое време и... и потоа сопругата ќе си легне на брашното! Типот ќе научи само подобро да се пази за во иднина. А воедно ќе научи дека сопругата нема да покрене развод, колку и да грми и сева по дома. Хихи, браво за него. Она што му фалело во бракот, фали повторно, па пак ќе си побара нова (ако не и истата) швалерка. Колку само бракови во градов егзистираат на тој принцип. Ако не било со ова девојчиште, ќе било со некое друго. Не е проблемот во девојчето, туку во него.

    Бај д веј, многу си го размазила маж ти. Маж ти до сега не менувал пелени, па тие ги оставаш како закана ако те напушти? Тој бездруго и до сега требало да си има половина од таа обврска.

    И уште ова. Не можеш ти да се осмелиш да одиш дома кај некого или на работа, или факултет со цел да го оцрнуваш, бидејќи ќе добиеш тужба за клевета. А ако некоја сака да ти каже (ДА ТИ ОТВОРИ ОЧИ) дека на маж ти газот му мрда, поарно сослушај ја, без да маваш шамари. Ќе научиш со кого живееш и на кој начин фаќа кривини. Имаш ти уште мнооогу да учиш.

    Пеперутке не дозволувај да му бидеш рамо за плачење или негов терапевт. Тој не е маж, туку КАРИКАТУРА од маж, несреќно суштество заглавено во брак. Потребна му е стручна помош, не девојка што ќе инвестира емоции во тајна врска, за да и таа биде повлечена кон дното. Себично од негова страна што излезот го бара така што во тој несреќен микс ќе вовлече уште една невина жртва која слепо му верува.
     
    На Trxmx, Alisa22, SexiLy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    ^ У целиов пост не ми е јасно што e проблемот со скопските сопруги?
    Нејсе, немој да мислиш дека сите жени им се тресат на мажите дома и ги размазуваат. Ги има некои со многу добро направен есап и си го користат само тоа што е останато корисно за нив и нивните деца од тој брак. Е да, таквите сопруги најмногу иритираат.

    Друг муабет. Ти ја сфаќам поентата со кој е виновен во ситуацијата и во право си, но еднострано си ја претставила.
    Пример, ако мажените жени не треба да се лутат на швалерките, туку на своите мажи, тогаш зошто швалерките може да не се лутат на “дечковците“ затоа што имаат статус на втора виолина, али битно сопругите (скопски или од каде и да се) им се голем проблем? Швалерката не го размазува “дечко и`“ со самото тоа што си дозволува да биде втора? Искрено мислам дека да, во право си, ние жените треба да се држиме меѓу себе и да се поддржуваме и почитуваме меѓу себе и самите себе. Да го правевме тоа цело време, немаше да постојат швалерки, а мажите кои сакаат да шараат наоколу ќе беа и без жени и без швалерки.
     
    На Glasna, Theodora2014 и nena2010 им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да, моето мото е „за танго се потребни двајца“. Ако едниот од нив е мојот сопруг, јас тоа сум му го кажала и на него, значи јас ќе си немам работа со таа негова швалерка, доколку ја има.Мене швалерката нема што да ме интересира, за мене ќе биде виновен тој! Јас со него ќе расчистувам, а тоа да се понижавам, да трчам да ја бркам, тепам или да и судам на швалерката на сопругот, за мене е без смисла, бидејќи виновникот ти е дома!
    Меѓутоа, има жени кои не размислуваат така, и паѓаат на финтите на сопругот, кој ќе испадне и за жалење на крај, колку е он невин и ќе ја префрли вината на швалерката па жена му че иде со неа ќе се расправа.....
    Јас сум му кажала на мм, како би постапила ако дознаам дека има швалерка...па сега ако е мангуп нека ја има, ама да не го фатам и да не се посомневам.
     
    На imelda, SimonaTino, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Фајтер, се добро кажа, ама ....
    Значи од секогаш ме чудело ова "само да не дознаам или да не го фатам". Ако маж ми веќе ме изневерува (не дај боже), секако дека ќе сакам да дознаам, па и да го фатам! Како, па зарем да ја закопам главата во песок како ној? :)

    И тоа, ќе ја ислушам швалерката ако веќе сака нешто да ми каже, а не да и затворам уста, или да ја откачувам. Јес да се тешки тие моменти и скоро никоја сопруга не сака да се соочи со швалерката, ма не сака со очи да ја види, најверојатно од срам, а и од бес. Наводно сопругата со мажот си има работа, не со неа. Нејзе попрво под тепих би ја сокрила или би направила да ја снема.

    Па така, изневерената сопруга чека да дознае што се случувало позади нејзин грб, исклучиво од мажот. А тој ко грешен ѓавол, сигурно нема да и ја каже вистината се со цел да си го минимизира своето учество во неверството. Не е будала апла се да и каже ако не мора. Се што може да се испушти од приказната, ќе го премолчи. Сопругата секоја ноќ ќе го става на распит, кажи па кажи кога почна сето тоа?! Зборовите ќе му ги вади со клешти, а на секој нов распит типот ќе одговара различно. Еднаш ќе каже почна во мај, другпат почна во февруари,..трет пат... почна лани.... Еднаш... ма јас ништо не сум имал со неа, пријатели сме... следниот пат -добро, се бакнавме ама немаше секс, .... ок, имаше секс ама само еднаш.... ок, имаше повеќе пати, ама со неа бев само за секс и не ми значи ништо....

    Сопругата ќе се изнаслуша полувистини, ќе види дека нешто не штима, многу контрадикторни одговори... и на крај нема веќе да може да го прати од толку мотање лаги. Кажжииииии.....

    Ех, а да си ја прашаше швалерката, таа сирота сите датуми ќе и ги кажеше, кога се запознале, кога се фатиле, кога прв пат имале секс - женско ко женско, си ги памти овие датуми, можеби за годишница :rofl:

    Друга причина зошто би сакала да дознаам информации од швалерката е да знам точно кој се друг е инволвиран во предавството, т.е. неверството и ми се смее зад грб. Можеби се состанувале кај наш пријател во празен стан, можеби тој негов пријател или колега го покривал со алиби. Можеби тоа било кога сум била во болница или на службен пат. Да го вратам филмот и да знам со кои изговори/отсуства се послужил тогаш и како се однесувал. Па да знам на што се се спремни луѓето и кои ми се вистински пријатели.

    Значи би ја сослушала љубовницата како извор на информации. Се што би ми кажала, не значи дека е точно (бидејќи и таа може да биде необјективна), ама јас ќе знам што од кажаното да земам во обзир, а што не.
     
  11. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Абе многу биле за греотичка швалеркиве. Од жал и маж ти да и` го дадеш работава. :D

    Двострано треба да се гледаат работите. Како што мажот не треба да го правдаме дека е дотолку невин и наивен па лесно го завела таа, ни швалерката не ретко не е некоја без есап и неизлезена од дома па да нема поима што се случува и во што е соучесник (а соучесник е во рушење на еден дом) туку наивничка е и заведена од тој некој. Па уште ако има разлика во години, одма „Ааа, па малечка е, ја излажал.“ Брзо растат децата денес. :D Можеби не сака да создава од почеток. Можеби сака да си се намести на готово и да влезе во влечките на екс жена му што се вели. Можеби ете е таква, сака да се натпреварува со едно семејство и да го победи затоа што за неа тоа би претставувал еден од поголемите животни успеси. Се` е можно.

    А дека со здрава нога влегуваат во една мошне ризична ситуација, се согласувам. Јас никогаш не би се нафатила на таков потег. Не само ради последиците за мене, туку и за да можам да спијам навечер. Но, има некои кои се оперирани од совест... сепак различни сме.

    И зошто ако се кае мажот после неверството мора секогаш да е лага? Постојат бракови кои опстанале и покрај неверство и тоа со искрен пристап и каење на изневерувачот. Ретки се ваквите примери, да, но и самата искреност и прошка во секоја смисла на зборот cе реткост деновиве. После тоа, таа швалерка ја сметаат за една лекција колку можеш да упропастиш во еден миг на твое себично уживање. Бракот е поинаква институција со малку повисоки цели од задоволување на моментални нагони и разбивање монотонија.

    За оние кои не можат да се справат со моногамност, се знае. Не треба да се залажува никој. Ако веќе мора преку брак да се формирa семејство, треба да се бара истомисленик, па и двајцата на страна што сакаат да си прават. Доколку имаат деца можеби некогаш е подобро така, одошто детето да го гледа едниот родител скршен 24/7.
     
    На MacenceEna, imelda, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Хаха Теси :) Maж што вара има отворен брак, ама отворен само од едниот крај :D Тој не би дозволил сопругата негова да има некој на страна, за да не му ја валка репутацијата, без разлика дали тој на страна има љубовница или цел харем.
    Мислам дека таа асиметричност во слободата не е толку поради тоа што тој би бил љубоморен на швалерот на сопругата, туку повеќе е поради тоа што швалерот на сопругата е закана по угледот на сопругот.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Па затоа велам да нема скршен сопружник и родител. А симетрично отворени бракови ко шо викаш ти, ги имало и ќе ги има, да знаеш. И тоа ми е многу пофер игра отколку ли она лажење и криење и лигавење.

    Ако умее да се крие, жената па како да ќе го праша за дозвола штом наумила... :lol: Немало да и` дозволи... на човек кој наумил нешто и да му ја заклучиш вратата, низ прозор ќе излезе низ прозор ако сака. Он како да ги прашал жена му и децата....

    И не е швалерката целосно невина и случаен минувач за надополнување на она што му фали на тој “маж“. Таа е човек, човек кој може да влијае врз рушењето на едно семејство.

    И ако жената не му даде развод на мажот, не мора да значи дека е од тоа што ќе го тинтра и пази многу дома. Туку ќе си ја брани територијата и домот на нејзините деца. Господинот нема веќе единствено улога на љубовник. Деца напраил. А “девојка му“ ако сака да му изиграва животоспасувачко откровение во неговиот живот, нека почне од нула и со сопствен труд, материјално и емотивно вложување и жртви нека создаде достоен дом за почит, како сопругата. Тоа сакаше да го каже скопската сопруга, јб82, али кој да ја сфати...

    Една така не го оставила мажот. Знаеш што рекла? Децата ми уживаат, он не ме малтретира, ако сака да има забављачици нека си има. Како што вели јб82, ако сака нов живот нека си почнат од нула. Нема да дозволи ради повредена гордост или его, децата да почнуваат од нула. Нека си почне тој со швалерката.
     
    На Meredit и jb82 им се допаѓа ова.
  15. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Еве девојче да ти објаснам како прави скопска сопруга. Бидејќи ти го сфаќам комплескот на селско девојче од провинција, што „дечко и“ ја лаже дека ќе се раведе.

    Прво и основно, маж ми знае да мења пелени. И со двете деца ми помагаше, ама нема смисла тебе да ти се објаснувам околку тој, момент бидејќи ти не си ја сфатила поентата на мојот пост.

    Ама ако разбирам.

    Бидејќи нели, жените на швалериве, се обично ружни, фригидни, прљави и неписмени, и седат дома и плачат или гледаат турски серии.

    Сакав само да кажам, еве и да ти појаснам тебе лично, бидејќи ме прозва со твојео просветлување, кој е крив.
    Јас нема што да ја распрашувам малата швалерка кога се е*ела со маж ми, датуми и места, бидејќи не ми е гајле дали било еднаш...сто пати....еден месец и две години.
    Превара е превара.

    Муабетот ми беше дека нема така лесно да се повлечам и да дозволам некоја мала швалерка да ме избрка од домот кој јас сум го градела со години. Моите деца нема да се селат за таа да дојде на средено. Ако тооооолку се сакаат, нека си оди он, кај неа дома со нејзините, и како бонус ќе ми ги чува децата секој втор викенд.

    Па сега ти види дали ти се исплати да му бидеш швалерка на маж ми. :devil:
     
    На De-lovely, Rose96, MacenceEna и 11 други им се допаѓа ова.
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Ete tessi razbrala sto saka da kaze poetot. Ama toa e... Nekoj ednostavno taka saka da razbere .. Odnosno da ne razbere !!!
    Izvinete za latinicava..od mobilen sum :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Јас чисто информативно да прашам што мислите , дали кога сопругата дознава за неверство од сопругот,и во случај да не му опростила а сепак се заедно макар ради децата,имаат пак сексуални односи?Kако се чувствува тогаш сопругата,и дали може нормално се да продолжи ,како никогаш да немало друга или :?: Ова прашање ми се мота со години во главаи стриктно се однесува на тој чин,инаку знам дека сопругата е скршена,повредена и омаловажена.
     
  18. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    еден ден и вие швалерките ке бидете може мајки и ке имате свое семејство. Но кога вашиот сопруг ке најде некоја со која што ке ве замени ве молам бидете исто толку добри и силни како сега. Се се врака се се плака.
     
    На tessie, cheetah.girl, jb82 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сето тоа зависи од карактерот на жената. Доколку и покрај тоа што е останала со него во неа сеуште има гнев, верувам дека ќе го "избегнува" во постелата. Секој негов допир ќе ја потсетува на неверството. Но, од друга страна постојат и жени кои се помируваат со судбината, кои сами си ја газат самопочитта, па доколку мажот инсистира, ќе му удоволат. Секако некој пат може да е пресуден и оној момент на страст. Се е индивидуално. Но, сепак ако мажот си продолжува со неверството, тој самиот нема да има желба за сексуален однос со сопругата.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Го разбирам гневот и лутината кои ги чувствувате, ама реално, тие емоции во овој случај се уптаени кон сосема промашена мета.

    Лутете се ако сакате за ова што го пишувам, ама швалерката е последната станица на која треба да се симнете за да тепате некого. Првата станица е себе. Дури и објективно да сте биле безгрешни кон маж ви, прво себеси треба да си врзете шамар дека сте се довеле во таква ситуација. Кога велам таква ситуација, мислам на чувствата, не на случувањата. И секако, да си врзете шамар дека сте пуштиле човек покрај себе кој ве излажал дека сте му се на светот.
    Втората станица секако е маж ви. Не знам како ќе се случи изневерување ако тој си го држи во гаќи. Маж сум, знам колку е сложено да одиш по улица да се сопнеш и во тој момент да ти се откопча шлицот, да се дигне и да и влезе на некоја додека таа случајно се нашла токму таму да врзува патики. Колку и да сум пијан, за тоа треба ептен планирање, не е лесно. :call:

    Третата станица, бујрум, швалерката е. Вадете ножеви, тенџериња, сукала, што ви лежи на душа. Ама знајте дека швалерката, како и вие некогаш, само се труди да дојде до она што е најдобро за неа, како што вие сте сакале да дојдете до квалитетен дечко.
    Не велам дека сте се плеткале со женети момци, ама сетете се со какви слаткоречиви гадови барем неколку пати во животот сте имале прилика да се плеткате, за да ве убедат барем еднаш дека се сингл или барем дека нема никаква пречка да бидете заедно.
    Е сега, на тоа додајте го и фактот дека на планетава постојат многу многу понеинтелигентни млади девојки од вас кои е страотно лесно да се „свртат“. Да не збориме дека истите многу често се и исклучително убави. Станицата за тепање е втората.

    Ако пак си имате работа со швалерка која е без осет и без морал и поинтелигентна, тогаш вашиот маж е дебил што успеала да го сврти, што значи сте одбрале токмак, што значи првата станица е за тепање.

    Како да завртите, да ја тепате швалерката е само исфрлање на гневот кој не можете да го исфрлите на друго место. Вистинскиот проблем не е таму, ама ако ви се тепа, feel free, што да ви кажам, само знаете дека насилството никогаш не решило ништо. Само создало повеќе проблеми. :emo:
     
    На SexiLy, danielka0507, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.