1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    ^ Јас само нагласив дека швалерката си има своја одговорност, како што секој човек е одговорен за неговите постапки. Не ја пере тоа што е нечија швалерка. Ете тоа сакав да го кажам.

    Јас никогаш не би влегла во дуел со швалерката (која е таа за да вреди доволно за да се расправам со неа? :^) ), не би ме интересирало ни на слика да ја видам. Премногу сум горда за толку да си ја извалкам раката. Погрешно си разбрал или мене ми се причини затоа што си ме цитирал и мене. Јас верувам и сум била сведок дека се врти тркалото. Порано или подоцна секој си го наоѓа пред себе она што го фрлил зад себе. :) Само се обидував да разберам што кажа друг член и да ги разберам причините за истото.

    Со ова воопшто не се согласувам. Постојат добри глумци, но не и безгрешни луѓе... што во никој случај не значи дека не се паметни. Секој од некого бил измамен во животот, што не го прави глупав. Низ историја, од секој аспект, најпаметните луѓе кои ги предвидувале најподмолните игри и прескокнувале огромни препреки, некогаш ќе се сопнеле на мало каменче. Не значи дека треба да си набива комплекс на пониска вредност и на вина заради туѓа грешка. Од каде знаеш дека во моментов не си измамен на каков било начин од кого било? Убаво е да имаш самодоверба, но треба човек да е и подготвен на се`. Никој не останал имун на тоа. Сите на овој или на оној начин сме излажани во животот.

    Hормално дека најневин лик во приказната ќе бидат швалерките. Секогаш жената била најмногу виновна. Срам да и` е. Покрај домаќинка, жена, родител, љубовница, животна потпора, и баба Ванѓа треба да биде. :D

    Жена која била силна и способна еднаш да створи дом, ќе го створи повторно. На маж кому стално нешто му фали, секад ќе му фали. Најчесто, затоа што не го бара на вистинското место. Онаа која собирала трошки, никогаш нема да чувствува дека го има целиот колач, дури и успешно да ја извојува битката (ама благородна битка) во животот. Или барем нема да може да ужива во тоа како што би уживала жена со мирна совест.

    Се` се создава повторно. Муабетот ми беше во меѓувреме низ што поминуваат децата што страдаат поради тој кој ги направил.
     
    На Milobebence, mssuniquee, eloves и 9 други им се допаѓа ова.
  2. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ама какво е тоа останување во брак ЗАРАДИ ДЕЦАТА??? Значи јас сум дете кое растело во нефункционално семејство, траумите што јас сум ги преживеала затоа што моите решиле да останат РАДИ ДЕЦАТА, никогаш не би ги преживеала да се развеле. Кај моите не станува збор за неверство, можда и имало и тоа не знам нити ме занима, али помеѓу нив има таков гнев, таква негативна енергија што мене цел живот ќе ми се одразува. Јас сум порасната во околина кај што немало љубов, моите не спијат во ист кревет што се вика од кога памтам за себе, а живеат во ист стан. Браво за двајцата, кој успех! Ги почитувам многу, никој од нив не ме повредил не знам колку, татко ми не е пијандура не правел проблеми, мајка ми е нормална жена, но кавгите нивни и општо тој бес што го чуваат во себе мене ме осакати уште од дете. Да останеш во брак ради децата Е НИШТО ДРУГО САМО СЕБИЧНО. Тие деца треба да растат во здрава околина бре ало! Ако сега има 3 годинки и не разбира, за миг ќе наполни 15.
    Извинете што сум надвор од тема, ама кога ќе го слушнам или прочитам ова останаа заедно заради децата ми иде да утепам некого.
     
    На bumbi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    48.124
    Пол:
    Женски
    Во ваков случај зошто би останала во брак со тој човек ако нема сила да му прости.Сите сме сложни дека брак помеѓу две личности кој се состои единствено ради децата не е брак. Ниту тие двајца срекни ,ниту децата среќни слушајки го секојдневното префрлање на тоа кој е крив ради ситуацијата во која се доведени.За мене оние личности кои остануваат во брак наводно ради децата се слабаци кои немаат храброст да пресечат и да остават секој да тргне по свој пат па се кријат позади наводниот добробит на децата да не бидат од "растурено семејство". Јас не би сакала да бидам со човек на кој ке морам до крајот на животот да му замижувам или да му пререкувам,ниту па сакам да бидам во обратна ситуација -мене некој до крајот животот да ми ги трие од нос грешките кои сум ги направила. Едноставно или можеш или не можеш да поминеш преку некои работи во бракот и врската без разлика да е тоа неверство или нешто друго.Каков е тој брак ако треба да спиеме во посебни соби како цимери,каква е таа емотивна исполеност ако ниту добијам ниту дадам нежност со тој што го делам секојдневието.

    Не верувам дека после таква бура некому ке му биде сеедно и ке може ко предходно да биде без притоа да го гонат сенките на направеното зло,ама тоа е тој момент кога треба да донесеш одлука што понатаму. Дали ке дозволиш да бидеш со тој човек и понатака и секој ден во себе да се јадосуваш за тоа што ти го сторил или да продолжиш понатака.Дали тоа понатака ке биде секој на своја страна или ке останете заедно ама во нормален однос е на самата засегната личност.
     
    На hermosa, tessie и SV1911 им се допаѓа ова.
  4. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Captain-Omni, тотално се согласувам со тебе. Сигурно дека не паднало од небо маж ми да шврља. За тоа е потребно многу повеќе од убава девојка да помина покрај него и како што кажа ти, те цитирам: „Маж сум, знам колку е сложено да одиш по улица да се сопнеш и во тој момент да ти се откопча шлицот, да се дигне и да и влезе на некоја додека таа случајно се нашла токму таму да врзува патики.“

    Поентата на муабетот беше: нема да се откажам од маж ми и семејството така лесно.
    ДА јас ќе бидам крива.
    ДА тој ќе биде крив, и небитно дали јас ќе ми простам и како ќе се чуствувам, сакав да кажам дека јас нема да бегам ако го дознаам неверството.
    Нема да бидам од оние: е сега ќе се спакувам и ќе одам кај мама, ќе му ги земам децата, ќе види он убаво, па он као ќе дојде да ме моли, па као ќе плаче, па као жал му е, па грешка беше, па нема веќе.... и оп се враќам дома .... и така се до наредниот пат.
    А децата ќе собираат материјал за на психијатар.

    И јас бев млада...но не дозволив никогаш да паднам на слатки муабети, од типови на кои дома им е ужас, па ај јас да им бидам слатко задоволство. Не фала! Секогаш си мислев како би ми било, тоа некој да и го прави на мајка ми. Не знам, можеби сум премногу себична од секогаш, и не можам да се помирам со фактот дека ако во моментот сакам да искочам, а тој не може бидејќи можеби ќе биде зафатен со жена му.

    Ме иритираат тие муабети глеј си го мужот него убиј го, што е крива швалерката. Она е невина, она е кутра, за грота.... И таа е крива во тој цел круг. Можеби и најкрива. Ако таа не падне на тие муабети, кои се ете можеби кажани во момент на слабост од страна на мувачов, можеби нема ништо да се случи, нели???

    Дали таа девојка, има тронка памет во тоа главата да му рече: „ај одј*би“, ако од ништо друго барем од женска солидарност (или сожалување што нашла таква свиња од маж) кон жена му, како женско спрема женско.

    Ама можеби и се лажам, бидејќи гледам дека има многу девојки кои се бескурпулозни и тотално без самопочитување, кои не се ценат воопшто.
     
    На SV1911 и tessie им се допаѓа ова.
  5. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91

    Од постов фрчи параноја... :) Голема и тоа...
    Кога јас би се нашла не дај Боже во ситуација, мојот партнер паралелно да се гледа со друга, јас прво од него би тргнала, со него да ги расчистам работите, да ми даде објаснување за целата ситуација - значи на него ќе атакувам, затоа што возрасен маж не може со сила никој да го натера да спие и да се гледа со друга, поготово ако е во прашање континуирана врска со истата...И морам да признаам дека можеби и во мене ќе побарам некој мал, мал дел од проблемот - да не сум го запоставила периодот на пример и сл...(ова хипотетички кажувам)...Не заборавај дека има такви говеда и кукавици што може некоја ни крива ни дужна да ја лажат дека се слободни или во најмала рака разведени, но ако се работи пак ќе повторам за врска тогаш и таа сигурно знае дека он е женет...Е после тоа ќе одам и неа ќе ја побарам...И ќе јаде ќутек од мене, секако ама ќе бидам спремна, а и ти биди спремна дека нема да стои мирна и да дозволува да ја тепаш, туку ќе се брани и она...(ако си физички спремна како мене онда повели слободно :?: ) :) Немаш гајле...
    И ако тој решил цврсто да оди со неа, ти нема да го спречиш со тоа што нема да го напушташ домот и инат ќе водиш и со децата ќе го уценуваш - едноставно ќе си собере парталите и ќе си отиде со неа во некој стан, а за децата ќе ти дава пари на месечно ниво...(ваков случај имав во фамилија пред 4 години, жената со тројца синови беше оставена во куќата сама, па правеше скандали, го следеше, ја бараше неа ама све испадна џабе на крај - судски ја остави и ден денес со другата жена си живее...) Значи тој ако дефинитивно решил да си замине со друга, ти не го плашиш да знаеш, поготово ако е финансиски појак...
    Јас се трудам да не мислам многу на вакви работи иако човекот со којшто сум, имал доста бурен живот во минатото во однос на девојки и ноќен живот, а и работата му е таква што може на сред ноќ да го викнат да иде, така да ако решил да ме изневерува ќе го направи тоа со голема леснотија...Гледам секогаш да сум со него отворена, искрена, да имаме доверба еден во друг, внимание добивам големо, почит, сексуален живот - топ и тоа е тоа...Битно е дека се работи за човек што низ сито и решето поминал во животот (од девојки, клубови, кафани, казина, пари, провод..) и нема да дозволи една бедна сељанчица да му уништи квалитетна врска или брак...Јас всушност и таков маж барав, зашто не ми треба неизживеано теле да чувам дома што ќе отиде со првата што нозе ќе му рашири...
     
    На sofijanoka, poenta и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    А зошто да си замине? Тоа е и нејзин дом. Дом на нејзините деца. Дефинитивно не дом што го створила швалерката. Таа е онаа која треба да почне од нула, да се докаже како идна сопатничка на момаков. Не затоа што сака да го задржи дома, туку затоа што тоа е веќе нејзин и дом на нејзините деца и нормално, како мајка ќе го брани. Мислам дека го прочита тој дел. Никаде не пиша дека би го држела со синџири дома. Ако сакаш, вољно.

    Таа не би заминала и не би бегала. А зошто да бега со куферот? Тој кој го направил првиот чекор да го подрие семејниот дом, тој нека го напушти бе и со среќа во создавање на нов. Зошто од свој дом, таа да оди со куферите сосе децата? Ко шо вика јб82, ако е она толку мила, слатка, наивна, невина, заслепена и презаљубена, нека си го прибере кај нејзе дома. Ама ретко тоа се случува. Причината е јасна.

    Шо рече за децата, не е тоа никаква уцена. Не вели таа „нема да ги види децата“ (напротив, баш си рече дека е против такви уцени), туку дека ќе останат неговите одговорности кон нив за кои должна е колку може да се избори како мајка. Мислам дека алиментацијата веќе одамна не е законски доволна. Мора да се гледа другиот родител со децата и да исполнува обврски кон нив.

    Како бе не ја разбирате, јас, иако имам малку поинаков став уште од првиот пост супер ја разбрав жената шо сака да каже. Не си мажена, немаш семејство, нормално дека не можеш да се водиш според приоритетите на жените со оформено семејство. И јас од оваа перспектива, би кренала раце од таков брак во таков случај, но се` уште немам деца и не можам да дискутирам со 100% сигурност како тогаш би се поставила.

    Не знаеш што те чека, ма колку и да си препреден и мудар. Не бира тоа по памет, лепота и манири. Ксмет. Може 15 години да ти е верен, 16-тата да те извара. Има другарства шо траат по 10 години шо се вика, ама другарства ко шо викаат Србите „у ватру-у ватру, у воду-у воду“, па 11-тата година се швркнал таков нож во грб да не знаеш шо ти се дешава. Ниту еден од тие односи не оди со гарантен лист. Абе најдобар да си во проценување на карактер, нц.

    Погоре хермоса почна дискусија со интимата после неверството, па да си кажам став и за ова. Алал да им е на оние кои успеваат по такво предавство во сопатникот да гледаат љубовник, да не го гледаат со одбивност ...
     
    На Alisa22, Daydream, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Значи јас кажав:

    1.
    2.
    3.

    Се надевам ви станав појасна.
    А околу моментот со залепувањето шамар, тоа е мојата природа, да си добие она од мене шамар како што добивам и јас од неа. Моментот дека ќе ја кажам на нејзините исто си стојам позади тоа, бидејќи хипотетички и јас би сакала да знам дека на мојата ќерка и се измешале коцките во глава и ги изгубила сите морални вредности!
     
    На Schmetterling4, natemila, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Кога би дознала дека мм има швалерка би си отишла од кај него без око да ми трепне,ама да имам цврст доказ не рекла казала.Значи да го фатам дека зборел на моб по цел саат со некоја,да ја качувал во кола,некој што го видел да го слика или пак ја сама да го видам со друга.Тогаш одма го оставам!Очи нема да сакам да му видам не па односи да имам.
    А имам близок случај каде жената го фати дека има швалерка( и тоа не еднаш 3-4 пати го фати со различни швалерки) и му роди второ дете,што значи имале односи.А како се нафати на таков чекор стварно незнам,јака и душа.
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нечиста игра, од која на крај сите излегуваат поразени ете тоа е тој љубовен триаголник. :!:
    Немој да мислите дека ќе се криете и никој нема да дознае, посебно на овие простори кога другите повеќе се грижат за вас отколку вие самите. :^)
    Ако нешто е вистина за овие врски, тоа е дека се расипани.
    Вистинска љубов.Ма немој. Таткото да го оделам о родените деца , да му го растурам семејството и сето тоа да си докажам себе колку сум јака пи..а.Тоа се тие Швалерки едни обични ку..и.Не верувам дека вистински сакаат, зошто ако е така ќе го остават човекот да си го сака семејството.

    А Мажот кој влегува во ваква врска, и гази се што го прави да се нарекува човек и маж е ништо.
    Некое бесчувствително ретардирано животно можеби.Зошто дури и некои животни си се верни.
    Не можел да си го држи во гаќи, од што таа била убава и млада и го завела .Мижи да те лажам.
    Да не е мало дете, што не може да одолее на сладолед. :fubar:

    Жената пак чиј маж ја изневерил и го дознала тоа, не верувам дека може да му прости.Може само да премине преку тоа заради децата, и заради себе.Никогаш повторно нема вистинска среќа во таков брак, ни доверба.Сето тоа понатаму е само мачење за сите.Затоа за таквите девојки се вели дека се растури куќи.

    Брак без кавги не е вистински брак.На сите понекогаш ни фали љубов и внимание.Таквите моменти кога сме скршени и слаби,некој може со душа ги чека.
    На нас ни преостанува, токму во тие моменти да собереме внатрешна сила која е единка од нашето воспитување пред да стапиме во брак и карактерот на самата личност и да кажеме едно големо не на врските надвор од бракот.
    Првин на себе ,и заради себе како што пиша Captain Omni после на другите и заради другите.

    Никогаш повторно не би легнала со таков маж.Не за друго.Кој знае швалерката со колку има легнато пред него.Што стана со сексуално преносливите болести.Како тоа се пренасаа :?:Ова е мојот одговор за Хермоса
     
    На DELFIN-15, hermosa и jb82 им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одговорите на моето прашање :) .Тотално се сложувам со се и на таа тема,и со тоа што се дискутира околу неверството.Aма,јас лично би се лутела на сопругот,оти која и да е швалерката,не го присилила сигурно.Љубовните односи се комплицирана тема,или нашиот менталитет е таков да бракот е ноќна мора за жените :?:
    Виножито,супер размислуваш,но да земеме во предвид дека денес ретко кој се мажи невин-а ,па како пред бракот не им сметало промискуитетноста,па може да се легне со таков маж или жена,сееедно.
    Јас мислам жената не е виновна доколку е изневерена,бидејчи која сопруга е таа што свесно би придонела да и се случи најнепосакуваното,незнам,со триста милион обрвски и љубов да посвети на мажот,и на децата ако ги имаат.Има и мажи изневерени,неверството може да го толкуваме под секаков агол,но јас не го оправдувам воопшто,па кој сака нека е во прашање.Едно е сигурно,тој што изневерува не го сака сопружникот,се е друго е приказни и илузии.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Се надевам нема да ми замериш, си ја прашала Виножито, ама и јас сакам да дадам мислење околу ова.
    Не е исто. Чувањето до брак веќе одамна не се очекува како нешто пресудно (со што се согласувам дека треба да биде), а исполнување на ветувањето дадено пред олтар или во четири очи со самото запросување и те како се очекува. Не е само чинот проблем, во физичка смисла на зборот.

    Психолошката страна многу повеќе боли (барем според мене), самиот факт дека тој со кој си градел дом, семејство и сл. си споделил се`, сте се соединиле, те предал тебе и вашите деца на таков низок и подол начин. Така што, од чување до брак до верност по брак има разлика. Туѓото минато не треба да не` интересира, туку периодот којшто сме го споделиле со таа личност. За тој период, имаме право да коментираме. Затоа што да сме знаеле однапред кога и како ќе сме го нашле вистинскиот со кој ќе сме останеле до крајот, малку полесно би било да го чекаме. Нормално, ако воопшто личноста сака да чека.

    Се согласувам. Со тоа што и во темата за насилство стојам зад тоа дека бариерата пред првиот залепен шамар е најтешко да се прескокне, истото го мислам и за бариерата пред првото неверство. Многу е потешко да не се повтори, отколку ли да се повтори, откако еднаш ќе се случи.
     
    На hermosa, vinozito1, jb82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tеси ти одговорила многу убаво Хермоса.Но јас би додала уште нешто во врска со невиноста на мажите и жените пред да стапат во брак.
    За да ме сватиш поубаво би ти посочила пример на брак меѓу вдовец и вдовица,дури и со деца од двата брака, овие бракови функционираат безпрекорно.

    Најдобро е да се влезе невин во брак,но тоа не е гаранција дека нема понатаму да има неверства.
    И се разбира обратно.Влегуваат искусни во брак и си остануваат верни понатаму.

    Така да се е до личноста.До неговите гледишта во животот.Колку таа, тој ги цени семејните вредности?Сопствената и туѓа чест.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    99.574
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто во ова време го поставувате прашањето за невиност за услов за среќа во бракот.Познавам милион жени кои биле невини па бракот им завршил катасторфално.Или се уште им трае..катастрофално. :angel:
    Значи убедена сум дека невиноста нема врска со среќен живот и брак.
    Второ дали се простува?Да се простува.И жалам што ќе ги разочам длабоко убедените кои имаат веќе спремна секира позади врата.Се простува од милион причини,прва и за многумина несфатлива - љубов.Колку и да личноста повредена кога ќе дознае за излетот на страна ,не може да си замисли друг човек до неа.Или уште повеќе се плаши од осаменост.Тоа ви е емотивна причина.Втора причина и според мене најчеста - децата.Не е тоа до толку децата да не се потресуваат околу разводот туку слабоста на жената материјално и финансиски да се осамостои. Трета причина е минорна и нема да зборувам за неа.
    Има жени кои простуваат простуваат и простуваат а единствено што добиваат од тоа се полни болести,нервози и патење.Постојат бракови кај кои се случило неверството,партнерот ја сфатил грешката ,се повлекол ставил на кантар што му е поважно и животот продолжува.Како?Се кладам дека недовербата секогаш ќе постои и од моја гледна точка тој брак е на климави нозе.Ама постои!

    Многу имам размислувано на темава.Ја сфаќам и жената која ќе прости и онаа која ќе му ги спакува куферите пред врата.
    И темава некако ја губи смислата зашто секој зборува ете да речам од некое свое искуство( не мора лично),гледање и сфаќање на бракот.
    Најдобро е кога веќе сме во брак,од петни жили да се трудиме бракот да опстои.Зашто искрено колку и грубо да звучи,не си ги познаваме партнерите доволно.Или мислиме ќе ставиме прстен на рака ,венчаница под мишка и завршено е.А не е .Постојат моменти во животот кога некој од партнерите паѓа,емотивно духовно,материјално.И тука треба да е другиот партнер да му подаде рака.Некако се ми се чини главната причина за превара е од сексуална природа.Не гледам зошто партнерите не сакаат да се потрудат еден за друг.Долна облека,цвеќе свеќи и што ти ја знам уште што.
    Во оваа категорија не ги ставам оние кои во природа им е да летаат од цвет на цвет.Со нив нема живот,и тие се познаваат од првиот поглед.А ваш е ризикот дали ќе продожите со таков човек.
     
    На Elennaa, jb82, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    На цитатов ќе се спротиставам, ама генерално се сложувам со ова убаво мислење.

    Сепак, зошто е за жената проблем материјално и финансиски да се осамостои? :| Не знам како ќерките се учени од своите родители, зашто јас не бев ќерка, па може затоа не можам да сфатам зошто мнозинството жени со кои сум можел да дискутирам на темата за меѓуполова еднаквост, убедени се дека на жените им е потешко да остварат финансиска и материјална сигурност.

    Од она кое можам јас да го видам во нашата реалност, мажите и жените се еднакво платени за еднакви работни услуги и според тоа имаат еднаква шанса да плаќаат кирија, сметки и да се прехранат. Дури, ако тргнам да прејудицирам, помалку пари им требаат на жените за самостојност. Жените се поумешни од мажите во психолошките игри и многу полесно можат да се справат со газдите на становите и да добијат поевтина кирија, а фала Богу и за да се нарани една жена треба помалку пари од тоа да нараниш еден стокилаш маж. Реков, ако претерувам со муабетот, дури помалку пари требаат за една жена да излезе и да се забавува во град, зашто мене во моите 200 години излегување, не ми се десило да ме части девојка, ама затоа моите другарки редовно пиеле на туѓа сметка.

    Знам дека сум офтопик, ама поентата ми е, не и е на жената поголем проблем да се осамостои од тоа што му е на мажот проблем, само и` е повеќе страв и веројатно е поинаку воспитана. Воспитана да зависи од мажот. И тука е проблемот. :!:

    Со ова особено се сложувам и сакам да го нагласам. :hai:
    Никако не можам да разберам како можат партнерите, и мажи и жени, по сфаќањето дека се во брак или барем сериозна врска, да се опуштат до таа мера што стануваат непривлечни.

    И самиот сум бил и предебел и преслаб, тотално непривлечен, ама барем сум плачел во ќоше обвиен со депресија знаејќи дека не правам доволно за да бидам човекот кој посакувам да бидам и човекот кој светот посакува да го види и да се сврти по него на улица.
    Луѓето во врска и брак не се такви. Се здебелуваат до граница на свинчиња и гордо си ги носат своите тигрести хеланки и фалти на стомаците како ништо да не се случува. Особено мажите, јеботе, пуштаат толкави стомаци што не ми е јасно како имаат секс со своите жени?!? :?: Како успеваат, сериозно?

    Као, сега сум во брак и не бркам дечко/девојка па не морам да изгледам добро. Јеботе, секогаш мора да изгледаш добро. Ако партнерот те убедува дека секако си му убав/а, вистина е, ама зошто да не бидеш уште поубава, зошто да не се вртат сите по улица? Не е криминал да сакаме да им се допаднеме на луѓето, егото е нешто кое се храни заедно со стомакот и ако здраво го храни човек, нема да стане свињеста пифтија, туку здрав организам кој не` движи низ убавите и лошите денови.

    Се замуабетив, Луничка, фала што ми послужи за повод, администратори, сори за офтопик, не ме бришете, ве молам. :emo:
     
    На Madam-A, imelda, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    99.574
    Пол:
    Женски
    Сакам да одговарам бидејки сум цитирана ,иако знам дека е оф...
    За првиот дел од постот .Затоа што душо моја денес не е лесно да најдеш работа која ќе биде солидно платена.Солидно ,мислам да можам да си платам кирија (зборувам лично за мене ако се разведам),да си платам сметки,да имам за храна,да се подновиш со некое парталче,и за трошоци на децата.Ништо спектакуларно и луксузно.Мака мачам да најдам работа а платата да не е 6000 денари.А со 6000 денари разведена жена што ќе направи особено ако не може да се врати кај нејзините.И плус со товар од деца.Зборувам за можностите во мојот град.А за тоа дека жените се попаметни и поитри и можат да снајдат кажи ми како?Да легнат со газдата за станот или да добијат работно место преку сексуални услуги?Тоа е решение? Да легнам со некого кого не можам да го гледам ?Во тој случај си го бирам мажот па нека ме преварил и 100 пати.И како тоа на жена и требаат помалку пари?Па не е животот само платено кафе и пијачка,кога дома има деца кои чекаат ручек или не дај боже да се испоразболат. :o
    А за физичкиот изглед во бракот,па мислам дека и тоа не е пресудно.За мене е многу поважна почитта,да направи нешто посебно за мене,да се почувствувам сакана ,отколку на пример плусот на килограми.И Со годините телото поинаку реагира и се менува.Се менува тој,се менувам и јас.Ништо не е како вчера или како пред 20 години откако сме заедно.Ако некој сака да има постојано затегната млада жена или млад мажјак,тогаш тука нема потреба од темата.Затоа што кој така гледа на работите одамна прекинал да биде родител.
    [​IMG]
    Забегав,ако ме избришат нема да се навредам.
     
    На mal.ecka, vickyy90 и tessie им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.902
    ^
    А како се снаоѓаат оние фамилии каде работи само мажот за минимална плата? И каде живее тој, во свој сопствен стан, под ќирија или кај неговите? Ако неговите родители можеле да направат простор за снаа и деца во една куќа, тогаш зошто не можат родителите на жената да и дадат една соба ако не оди бракот, па да ја приберат ако нема доволно за ќирија? И сега минимална плата не е околу 8 500 денари, зарем уште плати даваат од 6000 денари? Не дека и тие 8 се доволни, но нема само на жената да е товарот околу децата, трошоците за нив ќе продолжат да се делат со сопругот (бившиот).
    Но ова ќе го направи само онаа на која вистина и е пекол животот со сопругот, а има многу кои веќе после години и години брак уво не ги боли за партнерот, и не е некој голем потрес тоа што одел со друга. Повеќе срамот ги боли отколку нешто друго, но и тие жени ги разбирам, едноставно не се толку повредени да направат таков голем пресек и промена во животот, како сеедно да им е. Па нормално дека ќе гледаат првенствено за својот комфор, за децата, на крај се чувствата кон партнерот затоа што скоро и да ги нема.
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Никаде не се еднакво платени, во ЕУ жените се во просек 20% помалку платени од мажите, кај нас во никој случај не е подобро. При породилно на секоја жена и виси работното место што кај ниеден маж не е случај. Работодавците избегаваат да вработуваат жена која набргу ќе забремени и многу полесно и даваат отказ.

    Жената ако се разведе по правило ги добива децата што значи три усти (во просек) за хранење за разлика од мажот што само за себе ќе се грижи и дел ќе плаќа за алиментација но многу мажи нередовно ја плаќаат така да жената буквално е „на клинци“ дали и како долгорочно ќе се ситуира после разводот (освен ако немала претходно сигурна и добро платена работа).

    Самохрана мајка потешко наоѓа стан под кирија од причина што при влошена финансиска состојба ниеден газда не сака да го пече совест дека ја истерал а жената секако нема да добие поповолна цена освен ако не се проституира (што не е опција за најголем дел жени).

    Можеби не троши пари на пијачка кога е на 20 години ама разведена мајка не верувам дека нон стоп ќе оди во кафич за некој да и плаќа пијачка а гардеробата за себе и децата плус храната ќе мора сама да ја купи, тоа никој нема да ја части.

    Не се споредува состојбата, на мажите во јужните (традиционални по менталитет држави) им е секако полесно.
     
    На Elennaa, Daydream, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    99.574
    Пол:
    Женски
    Комшивката моја зема 8500 денари плата ама 2000 ги враќа!Да,да постои и тоа.
    Велиш трошоците ќе ги делат,ако се разведат судски и ако мажот зема плата да кажеме 12000 колкава ќе биде алиментацијата?
    Родителите можеби сакаат да се врати ќерка им,но ако има снаа во куќата што мислиш дали ќе дозволи таа да се врати.Ако има доволно место,во ред,а ако станува збор за двособен стан?Тука не станува збор за гол престој,туку и за поделба на имот,проблем кај што се кршат копјата.
    И да во право си, овој начин на живот го прифаќаат оние кои имаат пеколен живот,физичко малтретирање,овие другите ќе подразмислат дали да се вратат.
    И да во секое објаснување има исклучоци,но овојпат не говориме за нив.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Од муабетот на капетанот. И не мислам дека е оф, тоа што спомна за одржувањето во форма на партнерите откако стапат во брак. Да, сите старееме, и нормално еве жената нека ставила некое кило малку, и натежнал задникот, градите ги тегли гравитација, мажот ги изгубил плочките на стомак, и кај него метаболизмот забавил и добил малку и салце. Ама нормално е тоа менување, со време, со години суптилни промени. А друго е оноа, додека ја водиш за рака 50 кревки килца, и ставаш прстен, раѓа две деца и станува 150. Каква нека сака да е по душа, ако момчето преферира слаба жена, затоа ја и избрал таква, нема сигурно да му е исто атрактивна и ништо чудно да му прошета окото. Само не секогаш останува на гледање. Значи на топик сме тука нели.

    Јас знам, дека ако јас станам како мајка ми, подобро да ја прерипаш отколку заобиколиш, маж ми нема да ме смета за атрактивна. Си го знам човекот. И нема нешто плитко во тоа, не можеш ти против тоа што ти е нагон. Друго е да те човек сака од тука до месечината а друго е и после толку години да му будиш страст со самата твоја појава. Страста е таа што прави секс, задоволителен секс. Јас имам признаено дека ми годи тоа што уште добивам удварачи. Не за друго, во најмала рака ми дава до знаење дека ако некој ме забележува сигурно не сум му ни за фрлање на оној човек кој си го имам дома.

    Изгледот е важен да си го чувате и негувате. И други работи, како сушење долен веш на радијатори на пример, тоа треба со закон да се забрани. Трошката мистерија од веш на вас или во фиока. Да не почнувам со повеќе, книга ми иде да напишам за дуз и донтс :wasntme:

    И ќе завршам со шега на темава. А во секој виц има вистина. Така. На радио прашуваат, што ви имаат украдено од жица за алишта. Се јавува човек и вика, на жена ми и го украа омилениот пар гаќи. Не и е криво за гаќите, само сака крадецот да и ги врати 12те штипки.

    Бум бум тиш! Фала. Тука сум секоја сабота. Сега отидов да си ги искубам мустаќиве :$
     
    На mimiiiii, mal.ecka, Bridget и 1 друга личност им се допаѓа ова.