1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со оженет човек

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Persefona, 2 март 2011.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Искрено многу е глупаво да обвинувате некоја си таму поради брачно неверство и да се надевате на женска солидарност.
    Само поради тоа што вие нема да го изедете лавот не можете да очекувате и тој да не го направи истото. :D
    Вината е во мажот и само во мажот , нели е тој оној кој што ветил љубов, верност и почит .
    Што ви ветила швалерката ?
    Ако мажот ве почитува тој ќе се воздржи , јасно е како ден ..
    Ама повеќето жени преферираат да ја обвинуваат другата жена а мажот го чуваат како бела мечка..

    Јас не сум била ни со зафатен дечко а не дај Боже да помислам на врска со оженет човек . И не не е ради тоа што мене многу ми е гајле за жена му или девојка му , туку поради тоа што се почитувам себе си и никогаш не би дозволила да бидам нечија втора виолина и да собирам трошки , секоја жена заслужува маж што ќе ја сака само неа .

    А ако мојот дечко нема памет и да се надевам дека некоја си таму од женска солидарност нема да тргне со него ќе се најдам многу изненадена.Така да вината е само во мажите кои ви ветиле љубов, оти амеби од луѓе кои немаат ни грам гордост нити самопочит има на сите страни.
    Не можам да очекувам друга жена која не ме познава да се грижи за мене ,ами тој кој што ми ветил такво нешто и тој со кој градам живот треба се грижи за мене ..

    Инаку муабетот на капетанот дека на жените и било полесно финансиски е во најмала рака смешен , мислам каде тоа симнуваат цени на кирии? Или пак дека на некоја самохрана мајка и дошло до почастена пијачка кога има дома усти за ранење. За жал во овие простори сеуште жената е дискриминирана на тоа поле и потешко се снаоѓа, посебно ако се омажила млада и не се потрудила/или не можела да стане финансиски независна .
     
    На Nate- princeza, makedonkamak, rose60 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Да изгледот е важен, но мене ми се несфатливи оние мажи кои за сопруга имаат прекрасна жена,пред се убава,педантна, образована,со неколку збора жена каква би посакал секој маж .Но изгледа и тоа не им е доволно за да фатат швалерка која е ѓубре по нашки кажано.
    Дома имаат кралица но трчаат и по швалерки и не за друго туку оти Туѓото било послатко
    Тоа како да им е во крвта,посебно на Балканот и за двата пола се однесува. :!:
    Така да мислам дека и да нема некој поголем проблем во бракот тие ке го измислат, со цел да се оправдаат себеси, дека нешто фалело.А пак на крајот на краиштата, во кој брак не фали. :?:

    Мислам ако постои цврсто убедување дека неверството е рамно на неморал,,дека си се заколнал пред Бога на весност, дека тоа е само момент кој трае кратко и може да разруши се што со години се градело нема да дојде до неверство.

    Една наша тетка постојано ја прогонувал женет маж, и она дошла до заклучок дека тешко ќе се отараси .Смислила што, како и една вечер се согласила.Закажале кај неа и овој дошол ,а маж и на работа.Му рекла оди ти во плевната оти ќе бидеме бучни и ќе ги разбудиме децата . ;) Овој отишол и таа по некое време го заклучила со стоката.А плевната така била градена да освен низ врата друг излез немало. :D Си дошол маж и од втора смена на полноќ и она му рекла да оди во штала кај добитокот оти нешто не бил мирен.Отишол овој и кога го видел мажот таму а познавајќи каква жена имал поврзал два и два и му удрил невиден ќотек.
     
  3. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Врска со оженет човек :o за мене е најдолната работа што може да ја направи една девојка/жена.Не оправдувам,ма која и да била причината,нема за тоа оправдана причина,не постои :devil:
     
  4. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Браво Мимиии, исто како јас да сум го пишувала постот. Женска солидарност :D Сопругата не може да очекува одговорност од целиот женски род, а мажот и да си го прибира и да му простува. На сопругот веќе му е простено, а на швалерката ќе приредуваме лов на вештерки... Швалерката сигурно не го силувала. И тоа неколку пати по ред. И тоа со години. Како што рече некој, неверството бара планирање. Во тоа планирање, сопругот изневерувач си мисли дека е попаметен од сопругата и дека нема да биде фатен. Во неговиот ум, ако сопругата не знае што тој и прави позади грб, нели, нема да биде повредена.

    Кога веќе се спомнува кој е крив, морам да изреагирам кога на швалерката и се препишува кривица. Ако е крива, ајде кривично да ја гониме? Според мене таа има удел во неверството, или е некаков си фактор, или игра некаква улога,... ама крива???

    Некои од постовите во кој се спомна линч :) за швалерката, ме потсетија на епизоди од шоуто на Џери Спрингер. Гости во студиото маж и жена, и тој јавно и кажува дека ја изневерил. Ја пуштаат во студио швалерката, и сопругата инстинктивно срипа да ја тепа! Кубење коси, влечење... Мажот мирно си седи на столче и око не му трепнува. Ајде некако ги разделија, продолжува шоуто и тој и кажува дека не е оваа единствената со која ја изневерил. Влегува во студиото втората швалерка... И што да прави сопругата? И сега? Kamo dalje rođače? Ако се обрачуна со сите (што не чуле за женска солидарност) како што тргна на почеток, коски ке испокрши.

    Како што погоре спомна Теси околу бариерите за првиот шамар во семејно насилство, така и јас си мислам дека тешко е само да се надмине бариерата за првото изневерување. Статистиката покажала дека оној што еднаш ќе изневери, има големи шанси да направи ново неверство, и станува т.н. сериски изневерувач. Секоја чест на исклучоците. За еден сериски убиец, тешко е да се направи првото убиство, за еден крадец најтешка е првата кражба. Ако тој еден престап поминал незабележан, ќе следуваат и нови.
     
    На Cvekjence, cocoa28, mimiiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Исто му иде како ова „Што е некој крив што истепал туѓо куче? Тој нема обврска да го чува, туку тој што го вдомил. Стопанот е крив што дозволил да му го истепаат кучето.“

    Или пак „Жената е крива што и` го украле накитот, што не го чувала подобро? Не може да очекува дека нема да и` украдат нешто ако самата не краде.“

    Да беше ова правда и вистина, судовите немаше да ги осудуваат крадците и насилниците, туку стопаните и повредените. :)

    За танго се потребни двајца. И нормално, за последиците и двајцата се виновни.

    Пред некоја страница се повикува на женска солидарност во оправдување на швалерките, а за жените демек „зашто очекувате женска солидарност“.

    Па мажите си дозволувале да си играат со нас. Па нормално. Не само нормално, туку како сме се поставиле, со чест на исклучоци и исклучително забавно е. Со такви валкани игри и натпревари за еден маж, небаре во старо време сме и да освоиме и задржиме еден маж е врв на женските достигнувања, ќе си дозволуваат. Замислете си така двајца мажи да се борат за вас... но, не. Најчесто швалерот никогаш не ги сфаќал мажените жени многу сериозно (барем според она што го знам) и ретко кој маж поминувал преку тоа така лесно. Треба да почнеме да учиме од мажите малце.
     
    На hermosa, Elissa и jb82 им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    ^Па Теси мажите си играат со жените баш поради ова , две жени ќе се искубат заради еден маж а потоа мажот ќе си продолжи при жената и плус швалерката а овие очи си извадиле . Ете тука е глупоќата на женскиот род . Мојот не е крив го завела кучката . |(

    Не ги оправдувам швалерките , тоа се суштества без гордост и самопочит . Ама секакви луѓе има на овој свет ако партнерот не е вистински маж да знае да си ја почитува сопругата џабе е .Немам намера да посветувам време на анализи за карактери на недоквакани девојки такви имало и ќе има ама се зависи од мажот не знам како не е јасно тоа ...
    Мене исто би ме болело ако и се пушта на некоја девојка и ете таа го одбие, сеедно е , важно е дека тој маж нема почит а ни љубов за мене ..

    Возрасен и стабилен маж ќе знае да си го зачува бракот , а таков што му е дојдено до тоа ако го одбие една ќе се најде трета и така.. Не важи споредбата со тепаното куче и украдениот накит , нити го присилил некој на нешто туку убаво му било. И најчесто оженетите мажи се демначите, барем од моја блиска околина што сум гледала примери најчесто токму тие женети мажи со месеци облетувале некое девојче. Кое е доволно глупаво ќе падне .
     
    На eloves, do-re-mi, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    го знаете ли вицот со Mара и блажо :D погоден е баш за темава
    Bлева дома Mара и го фаќа жив блажо со швалерката,
    и Mара почнала да и а корне кос'та и да ја тепа,
    а блажо отаму вика: Tака е Mаре,удри по курвата,она ли че ни го растура ли бракот :D
     
    На H.VAGA, eloves, nena2010 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    http://star.tera.mk/index.php?option=co ... deo_id=918 Ако имате 4 минути , морате да го погледнете. :D
    Сакале или не, секоја која што има врска со оженет се нарекува швалерка. А не девојка, како што си се нарекуваат некои. Ако си му девојка, тогаш зошто се криете по коли, се гледате после полноќ обично, зошто во хотели и слично?? Ако си му девојка, зошто не излегувате на кафе на пример, во ресторан, во парк и ај да не набројувам?? |(
    Досега не сум имала врска со оженет, и не планирам да имам. За таква врска да опстои треба двајцата да сакаат, и само швалерката не е крива. Виновен е и тој дома што го перите, му готвите, го пеглате..Оти не ве цени, и ако и после тоа останете со него, само ќе му докажете дека вие без него не можете, и пеколот ќе си продолжи. И да се покае, и да не ве изневери повеќе, вас секогаш ќе ве боли душата.После неверство, не знам која жена ќе продолжи да му верува на мажот, дури и кога тој ја кажува вистината. :|
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    [quote="Captain-Omni]


    Никако не можам да разберам како можат партнерите, и мажи и жени, по сфаќањето дека се во брак или барем сериозна врска, да се опуштат до таа мера што стануваат непривлечни.


    Луѓето во врска и брак не се такви. Се здебелуваат до граница на свинчиња и гордо си ги носат своите тигрести хеланки и фалти на стомаците како ништо да не се случува. Особено мажите, јеботе, пуштаат толкави стомаци што не ми е јасно како имаат секс со своите жени?!? :?: Како успеваат, сериозно?

    [/quote]
    Не знам за секс со своите жени, ама со други и те како е можно! :D :lol: На денешниве девојки важно им е тој да е на функција.

    Maж на функција знае да се опушти до таа мерка што ќе качи 20-30 кила вишок. Стресот, деловните ручеци и дебелиот новчаник си го прават своето. Но тоа не значи дека таквите мажи остануваат без секс. Туку напротив, се повеќе забележувам случаи кога тие опуштени или дебели мажи имаат барем по една љубовница, некои и повеќе. Како што рекол некој паметен - најдобриот афродизијак на светот се парите.

    Финансискиот момент е многу битен за одржување на една афера. Мажот кој е на функција е добро поткован да одржува тајна врска надвор од бракот. Може да си приушти патувања, изнајмување хотели, коли, такси, 3G технологија да биде во контакт со љубовницата дење-ноќе, без да остава никакви трагови на деталната сметка од телефонот, поклони и финансиска помош. Не заборавајте дека ако тој добро обезбедува дома и се е подмирено за жената и децата, тој исто така обезбедува и за љубовницата.

    Исто како што и жена му не би го оставила поради финансиско-материјалната страна, така и љубовницата останува покрај него од истите причини.
     
    На jovanovska94 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Твојот пост ме потсети на една случка :) Еднаш во средно случајно започнав разговор со едно девојче, од кај си, што си и таа ми вика: Eј јас од твојот град познавам еден и ми кажува кој е и ми вика Јас се гледам со него. Јас зачудена бидејќи знаев дека тој веќе подолго време е зафатен и и велам, Па тој си има девојка. Таа кога ми се опсегна: Па што има врска.
    Ем шуто, ем боде. Барем нека трае, да не си кажува срамовите. Ама секакви има.
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ваквите врски завршуваат болно особено ако девојката не е мажена. Тоа што таа ќе сака да го има со него тој го веќе има и нема да се откаже поради децата. И мислам дека сето тоа би било губење време. Како да бидам со човек за кој знам дека оваа вечер ќе си легне до жена му? И да морам да се кријам ваму таму само за да не ме види некој познат. Зошто да бидам нечија играчка и на второ место кога можам некому и некаде да бидам на прво место? Не осудувам никого ама мислам дека е беззначајно да се губи време на вакви врски. И не е секогаш само жената крива подеднакво се криви со мажот. Ајде жената ваква таква растурала брак? А шо мажот е изгубен во простор или време па незнае дека дома има жена и деца па се мава лево десно и однесува како некој тинејџер?
     
    На Nate- princeza, Ruzica00 и Tikvice им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Во најголем број случаи, најболно е за таа жена дома. Oсвен ако самата не си се “теши“ на истиот начин. Во ваков случај и во случај на насилство кога разводот од некои причини не е можен, ја оправдувам жената доколку си има на страна некој.

    И не верувам дека постојат толку жени (иако сигурно ги има и нив) коишто се многу опасни и страшни и од инает не даваат развод на мажот колку што таквите мажи се имагинативни и им кажуваат бајки на своите девојчици за да продужат да си го одржаваат харемот.
     
  13. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Многу добро казано :clap:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Eloves, те читам и ти се восхитувам на моменти, дај Боже сите девојки на 17 години да размислуваат трезвено како тебе ;) Е тогаш ке се намали бројот на вакви врски. Да тргнеме на страна женска солидарност, ако таа (потенцијалната швалерка) не сака да биде солидарна према некоја сопруга која што не ја познава, нека биде барем солидарна према себе, себе си се познава, нели?
    Што размислуваат жените кои се впуштаат во врска со оженет маж? Дека тој ке се заљуби во нив, ке си го остави семејството и ке живеат среќно до крајот на животот?!? Ма немој да ме ј***ш бре! Или тој ке ја шутне кога ке дознае сопругата или кога ке најде некоја позанимлива, или таа ке си замине кога ке сфати дека сака да формира семејство, а он нормално несака, зошто нели, има веќе едно.
    Ја разбирам и сопругата која го поминала животот со тој човек, која што се труди да остане со него, која нема каде да отиде, која првенствено му поверувала на лагата дека се случило несакајки :?: , само еднаш, дека таа "кокошката" го прогонува...ајде сопруг и е, сака да му поверува, он знае како да ја убеди...
    Ама неможам бре луѓе да сфатам две жени, кои се препукуваат една со друга и на кои главна цел им е да "ја победат" онаа другата. А оној мулето, кој е главен виновник за настанатата ситуација, стои по страна и пука сеир. Е тоа никако да ми стане разбирливо. А тие и двете не се свесни дека тоа е пирова победа.
    Ке победи |( едната, во ред, и после? Како ке легне да спие со убава мисла? Ако г-динот задоцни дома, како ке биде сигурна дека не е со некоја трета? Ако зборува на телефон од вц, како ке биде сигурна дека не мати нешто? Цел живот да се казниш себеси, да живееш во параноја, тогаш треба да не се сакаш воопшто :x
     
    На eloves, okcenzi, Tikvice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    ^ Јас лично сум многу против ставање цела вина на швалерката. Но, приказнава има и друга страна. Како што мажот не треба да го гледаме како наивен и измамен у целата приказна, така и швалерката ретко е девојченце наивно кое магарево го излажало и и` ветило брда и долини.

    Како што многу мажи не се толку наивни па една жена лесно да им го сврти паметот и да изневерат и многу швалерки не се надеваат дека еден ден ќе преземат нечиј маж. Многу од нив се полнолетни, па и блиску до годините на фраерчината и многу им е јасно што сакаат од животот и повеќе реагираат одошто фантазираат. Нема невини, наивни и измамени тука. И двете страни се себични и тотално без осет.

    А непочитувањето на жените меѓу себе во вакви ситуации има две страни:

    1) Често споменувана: Од страна на реакцијата на жената доколку го оправдува мажот и цела вина ја наметнува на швалерката.

    2) Ретко споменувана: Од страна на швалерките. Дали сте приметиле колку тие се дичат на некој начин со тоа што идат со друг маж. Па ве убедуваат дека ќе ја остави, ве исмеваат демек да бе, као мт да не го прави тоа, од кај знаете дека сеа не сум со маж ви. Низ темиве често среќавам тоа.

    Кога имало маж на темава да се фали со тоа што одел со мажена? Да ја оправдува, сожалува и сл.

    Наравоучение: Треба уште многу, многу да учиме од мажите за почитување и солидарност со сопствениот род.
     
    На eloves, imelda, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.556
    Пол:
    Женски
    Ако го фатила 3-4 пати како ја изневерува, можно е таа со некој друг да си го направила второто дете за да му се одмазди.
    А ако и после се таа сепак имала односи со него, тогаш не знам што да кажам, освен дека таа е слепо вљубена во него и можеби мислела дека ако му роди уште едно дете дека ќе почне да ја сака и да не ја изневерува.


    *****

    Инаку во врска со темава, мое мислење е дека мажите се повеќе криви, бидејќи колку и жените да ги предизвикуваат да си ја изневерат својата жена, тие треба да си останат мажи и да речат "НЕ, јас имам жена и дете/деца и не би направил ништо со што би ги изневерил и повредил." :!:
    Инаку постоеле и ќе постојат КУРВИ кои сакаат да растурат нечие семејство, бидејќи тие се болни во умот и туѓата несреќа, нив ги прави среќни. :puke:
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Криви се и двете страни. Прво и основно жена како жена како може самата себе да се потцени и да биде нечија играчка? Мпже не почеток незнаела дека е женет ама со тек на време се се дознава, колку долго може да го крие тоа? И воопшто бре луѓе кој е тој маж што ќе си ја остави жената и децата за некоја си сосема трета? И да имаат некои проблеми со жена му (ѓи има во секое семејство) тој нема да се разведе. И еден ден швалерката да одлучи да стави крај на тоа нему ќе му биде сеедно оти тој веќе си го има тоа што му треба и многу му е гајле, ќе си бара друга. Не ми се допаѓаат ваквите работи. Мoјата комшика мажот и го трпи 20 години ама 3 деца имаат средната ќерка е со мене. И не дека тој мажот и е многу личен ама знаете како викаат "Нисам ја с тобом што си леп, него што имаш у џеп" Додека одеше на работа тој се гледал со некоја сега престана да работи веќе не се гледаат. Знаете колку непријатно од страна изгледа кога го гледам овде ми се мава лево десно на телефон збори со неа. Се крие за на телефон да збори како 14 годишно дете а толкав маж 40 години. Стварно за срамота. И пред 3/4 години имаше една ама и таа имала деца. А жена му го трпи сето тоа само поради децата да беше некоја до сега ќе се разведеше ама и да се разведе каде ќе оди тешко е со една плата да бидеш самохрана мајка на 3 деца.
    Па сега девојките кои имаат такви врски нека размислат малку подобро. Нема таков маж што ќе се разведе поради друга жена. И да има тој маж е еден од сто. И да се разведе сигурно причината ќе биде нешто сосема друго а не љубов спрема девојката. И да бидат заедно од каде таа ќе знае дека тој нејзе нема истото да и го прави со некоја друга? Таквите луѓе не се менуваат ако како помлад си шарал ваму таму незнаел да седи на едно место толку таа. Затоа не си го комплицирајте животот за нешто што не вреди. Башка тој е маж, а вие сте жена. Што ќе биде кога ќе се расчуе тоа знаејќи ги денешните луѓе сите жената ќе ја осудуваат и ќе и лепат разни етикети на жена која растура семејство, невоспитана ваква таква. И самата себе ќе се засрами и родителите и блиските., Јас мислам дека не вреди.
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сите се криви, бидејќи сите се возрасни и сите знаат што прават.
     
    На eloves и fallenangel им се допаѓа ова.
  19. Natasа25

    Natasа25 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас само што излегов од врска со женет маж, одевме заедно 5 месеци. Работевме заедно, ми влезе под кожа, целото свое слободно време го користеше на мене, ми пишуваше нон стоп, по 5-6 саати висевме на телефон на ден, се гледавме и се ок... Бил несреќен, се оженил со некоја бидејки била од богата фамилија ама не ја сакал, не сакал веќе да бидат заедно, ми се жалеше дека не може веќе да издржува во тој брак и бара само причина да пукне. Јас поверував зошто мн убаво си поминував со него и ме опсипуваше со премногу внимание. Како никој претходно... Тој имаше едно дете 5 год, го прифатив тоа, дури и ме запозна со детето и супер ми одеше, ме засака ептен многу... не се делеше од мене. Но последниов месец почна да ме избегнува и да бара секакви причини за расправии.. Подоцна дознав дека неговата сопруга чекала второ дете... Го откачив веднаш ама ме извади од такт, што на моменти се мислам се да и кажам се на неговата сопруга... ама жално е за децата... Ве молам за мислење...
     
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Мудро си постапила што си го откачила дури и ќе било подобро за тебе ништо да не почнуваш од старт кога веќе знаеш дека е женет. Очигледно тој ти кажувал веќе добро познати лаги кои секој кој е во брак ќе ги каже да му упали ќецот за да легне нешто настрана па ако може да улови нешто на долг рок.
    Не вреди да кажуваш на неговата сопруга сега кога веќе очекуваат бебе, не им се потребни расправии. Можеби тој самиот сакал така крај да се стави на аферата затоа лошо се однесувал кон тебе па чекал ти да пресечеш. Ќе си најдиш некој слободен и внимавај да не повториш ваква грешка.
     
    На lisice и ninja35 им се допаѓа ова.