Класична приказна @Natasa25 ... Не си го комплицирај дополнително животот, шкртни ги тие пет месеци од животот, преболи го и продолжи си понатаму. Си научила едно важно школо.
Никогаш, ама баш никогаш не би се впуштила во врска со зафатен дечко, а не па со женет маж. Имам гордост, имам достоинство и толку ниска работа не ми стои. Е сега во случај да не знаеш дека е зафатен, кога-тогаш ќе дознаеш и таа врска во тој момент се прекинува и нема што повеќе да се размислува.
Стави се на нејзино место. Би сакала да знаеш за неверството на маж ти? Јас сум секогаш да се кажат тие работи. Додека таа чува деца дома баткото си се шета со кој стигне. Извини, без навреда. Ако сакаш да и кажеш- кажи и, зошто да се крие, она ќе си одлучи дали ќе остане со него или ќе се разведе. Мене да ми е маж би сакала некој да ми каже со какво ѓубре живеам, па и 10 деца да имам. Тој не заслужил подобро. И пак без навреда, стварно си наседнала на таа приказна дека е несреќен во брак и дека ќе се разведе? Па тоа е класика.
Чувствата се зезната работа, секој различно се справува со нив, те понесоа ли не се знае како ќе заврши тоа. Немам намера да те осудувам иако ова не го одобрувам, мора да разбереш дека некои работи се сечат од сам старт кога ќе насетиш нешто такво посебно од женет човек. Велиш ти влегол под кожа, те опсипувал со внимание, па, мила тој е женет, свесен е дека треба да мољака, да се умилкува дупло, се што слободен треба да вложи за да добие жена, женет треба поможено со два или три, зш за да прифатиш такво нешто треба да ти влезе под кожа. Не знам кое друго мислење да ти го дадеме освен ова да ти е школа, женети со мажени нека си бркаат работа на страна и двете страни сити и двете среќни, а ти веќе во такво нешто не влегувај па, нек е царот ако сака.
Наташа многу свесно си се впуштила во врска која што не ти носи никаква иднина и сигурност. Си прифатила ради моментални чуства и длабоки емоции да бидеш нечија опција и тоа е многу лошо, пред се за тебе самата и твојата иднина а потоа и пред жената на човекот и неговите деца. Ако тој е нечесен и нечовек не биди и ти иста како него те молам. Верувам дека доволно си убава и успешна девојка за да си најдеш дечко што ќе ти одговара на тебе, дечко што нема да го криеш од светот и нема да крие.. дечко што ќе живееш и ќе бидеш исполнета со него ќе разговарате за иднина брак и деца. Нека му е чест на човекот што те мафтал и тебе и кутрата жена што седејки свесно на два стола нашравил плус и дете, тие таквите немаат идилична иднина да знаеш. Батали го со време, откачи се од него веднаш и остави го сето тоа зад себе како една приказна од која што си извлекла поука за животот. Не дозволувај да бидеш и ти нечесна туку напротив работи на твојатс искрена совест. Утре кога ќе си легнеш многу поубабо е чуството кога човек има чиста совест наместо прљави и нечесни работи. Остави се зад себе и учи од грешките, остави на времето да ја пронајде твојата половина за која што ќе биде вредна да се будиш.
Добро не ми е јасно како при здрав разум да речам се впуштате во оженет или зафатен човек. ЗАрем немате малку совест, гордост, да знаеш и пак со главата в зид, не можам да сфатам.
Секој во животот прави грешки. Свесно или не свесно некогаш посакуваш нешто што знаеш дека нема да ти припаѓа целосно само тебе. Никогаш не осудувајте и не навредувајте некој. Дали имала годрост или дали паднала ниско, затоа што никој не знае што му носи животот. Наташа едноставно не мисли повеќе на тоа и според мене немој да бидеш ти таа која што ќе каже на жена му. Но немој и никако ако повторно те побара да потпаднеш на неговите зборови и да се вратиш. Верувај ми дека на крај само ти ќе бидеш повредена.
Не сакам да те осудувам од проста причина што јас не сум никоја за да ти судам ама воопшто не дозволувам и оправдувам вакви работи. Значи ти од сам старт си знаела дека човекот е женет и си има детенце и си почнала нешто со него. Не сакам да звучам грубо ама не знам како едноставно паѓате на тие финти дека е несреќен во бракот, дека не ја сака жена му и триста чуда. Истите финти и оправдувања ги кажува секој женет човек. Дури и да е така, значи тој и понатаму е со нејзе со нејзе легнува, таа му готви, чисти, го пере, со нејзе излегува, по прослави, вечери, свадби, родендени дури чекаат и второ дете, а ти си таа со која се криел по темници, коли и без навреда ама си му служела само за минување слободно време и да не ти кажам што друго, срамота е. Да тоа е реалноста. Колку и да те осипувал со внимание, очигледно дека за развод не размислувал му годела целата ситуацијата. И да не си ти, утре ќе биде некоја друга таквите луѓе не застануваат ама додека има овци ќе има и кој да ги стриже. Е друго нешто, било што било и поминало, ова треба да ти биде важна лекција за следен пат зошто ваквите приказни секогаш завршуваат вака. Има прекрасни слободни момци кои ќе те осипуваат дупло повеќе со внимание и ќе те сакаат искрено, момци на кои ќе им бидеш прва и единствена. Еве не знам ама на твое место не би и кажувала ништо на сопругата, зошто не ја знаеш ситуацијата меѓу нив и не знаеш каква личност е жената. Има случаеви па и лично познавам една прекрасна жена која мажот постојано ја изневерува, а таа го знае тоа и пак не го остава си седи и си молчи. Па така и неговата жена може знае дека е таков ама го трпи ради децата. Може ништо не знае па и ти да излезеш највиновна на крај. Да, има и такви случаи каде си ги правдаат мажите дека не биле виновни, ги зевеле кутрите. Затоа молчи си и не се мешај, и да не знае ако човекот е таков кога тогаш ќе го фати.
И двајцата партнери ако се во брачни води, тогаш е во ред. Ако само едниот партнер е слободен, а другиот е во брак, во тој случај не го оправдувам ваквото однесување.
Ако мене, мојот иден сопруг ме изневерува..... вака кога ќе подразмислам, би сакала да знам за тоа. Ама кога ќе се ставам на место на девојката, да одам јас да кажувам дека сум имала афера со мажот нејзин или па во друг случај, да и кажам на жената за афера меѓу сопругот нејзин и некоја друга... Некако шубе ми е бе. П.С А за везата со оженет маж, тоа е сасвим не океј. Заборавив да кажам.
Кај ви е бе осетот што се плеткате со женети мажи? Општо ме занима. Значи јас тргам од себе и кога бев девојка ми се лепеа и слободни и женети па не сум ни помислила да остварам контакт со женет. Зар од женет очекувате да се разведе за вас? Не размислувате дека можеби еден ден ќе ви се удри се по глава ВИЕ кога ќе се омажите? Страшно значи , за мене не се воопшто привлечни ни жени ни мажи кои расипуваат туѓи бракови.
Молам? Напротив ако и двајцата се во брачни води многу појќе треба да си седат мирни на задникот! Имале време пред да стапат во брак да се плескаат со кој сакаат и како сакаат или ако не се задоволни од изборот нека се разведат па нека си се тераат ко кучињата. Знам што сакаш да кажиш дека тоа што се плескаат ќе си остане меѓу нив па никој нема да ризикува да си го изгуби семејството. Друго слободна девојка сигурно може да се случи и да згреши, да не знае дека е женет, да ја прелаже ако е неискусна ама факт кога тогаш ќе се дознае и оттаму натаму е битно како ќе постапува. Ама мажена жена или женет да се курва не оправдувам. После ќе кукаат не ме прифаќа оти сум се развела не срце знае што си правела во брак па затоа не те ферма.
Шо мислење ? Абе од толку мажи вие со женети се плеткате.Стварно ли мислеше дека ќе ја остави жената за да дојде со тебе ? Тие се само изговори на сите мажи шо сакат да е*ат малце настрана во овој случај ти си му се паднала како на лото Каде ви е гордоста бе женски,чукнете се малце,најдете машки што се слободни немат само зафатените к*р.Сакате сите да ве знаат дека растурувате бракови па кога ќе дојде време за тебе ти свој брак да основаш кое машко ќе сака да те земи ? Или па исто да ти се случе,ти дома седи со дете тој нека ужива со други.АБЕ СВЕСТЕТЕ СЕ АЛОО Може претерав малце ама нема шо да се вреѓаш тоа е вистината не се бега од неа
Вистината е дека ако машкото има повеќе девојки важи за фраер, а ако жеско така се постави т.е. да има повеќе дечковци важи за неморална. Истото е и во случајоат а,женските не смеат затоа што ќе бидат нарри И жените имаат право да искористуваат, особено ако наидат на машки коишто не ги сакаат! Правете така и нема да бидете осудени од општеството
Хтела бих с тобом брак и децу, а ти веч имаш све Со денови се канам да ја ставам песната во темава ама се заборавам, сега гледам си ме преварила.
Кога мм би ме изневерувал додека јас ја чувам бебушка дома и гивршам сите работи, искрено би сакала да знам. Да сум на твое место би и кажала на неговата жена дека ја изневерува. Мене да ми се јави швалерката на мм и да ми каже, неа нема да ја обвинувам, дури и благодарна ке и бидам што ми отворила очи, зошто таа ништо не ми ветила ниту ми должи. Најлошо во животот е предавството од најблиските.
Ама ти вака размислуваш, а искрено во ова лудо време најдобро е да провериш се што се кажува ... ја не би со женет па, сама нек дремам цел век ако треба ама има жени и девојки маки немаат, а мажите се алфа мажјаци ко демек. Поголем проблем може да си направи, а на крај краева секоја жена знае што "стока" чува дома али како закана ЌЕ ТЕ КАЖАМ НА ЖЕНА ТИ ХАХХА СЕКОГАШ ПАЛИ ПАТОТ ДА СИ ГО ФАТИ ХАХХАХ