Не грешка си. Не секоја знае што чува дома, а и луѓето знаат да се променат после некоја година. Кажував пред некое време за мој колега од факс што ѓубре излезе. Да не јапак пишувам неговата сторија, ама премногу се сакаа со жената, за после толку години брак, да плаче ко мало дете дека ја сака швалерката.
А, Окензи не знаеш колку човек може слеп да биде за најблиските и да си вика не е можно ... ама за маж, о, не знаеш изгледа какви жени има, ти очи им отвраш тие твоите ќе сакаат да ги ископаат ... затоа еден човек еднаш ми рече, кога знаеше зошто не ми кажа, ааа не, увери се сам најдобро е. А јас искрено, се проверувам, секој може се да каже од овие или оние причини и затоа проверка и кога со сигурност знам, тогаш јас знам како. Знам за колегата ... а, бе од мажи поголеми слепци има ли некогаш ? или подобро од заљубени мажи или жени нема. Инаку грото жени си знаат, џабе фолови верувај.
Natasa sto misles ti koga ke se ozeni so tebe nema pak da se svalerisuva volkot mila moja vlaknoto go menuva ama naravta ne kolku mrazam takvi devojki kako tebe sto gledaat da rasturat brak ne si ni svesna ako ne mu cine zenata neka ja ostavi pa potoa neka brka devojki a ne da ja laze i da ja prave budala
A i drugo sto misles zena mu nema da bara alimentacija za decata ke bara mila moja ke bara a ti cel zivot ke rabofes za na tie deca da im plakas izdrski
Аман мори што ја напна толку. Таа не спомна брак и деца, туку авантура која завршила. И што и е нејзи гајле за тоа дали ти ги мрзиш таквите или не. И зошто викаш дека таа расута бтак, кога мажот мрда со опашката, а членкаа е слободна и ке прави што сака, пошто не и ја побарала таа за жена, сопругава на колегата. Боже свашта. И жената ке бара алиментација АКО се разведат, што е обврска на таткото на децата, а феминкава нема што да работи за туѓи деца, ке си работи и триши за своите. Кој дел не ти е јасен. И на крај, таа не побара совет како да ги раздели или како да испарат тие од неговиот живот, туку не праша нас мажените дали да каже на сопругата негова дека имале врска, за да тој не ја прави будала. ЈАС сум за да КАЖЕ. Јас би сакала да ми кажат ако мм ме изневерува.
А па до душа голема е алиментацијата. Бев во брак ме изневерил и што требаше да ја обвинам девојката ли....кога на мојов гзот не му седеше мирен. Што е таа крива. Никогаш таа девојка за мене нема да биде курва или некоја која што пробала да ми растури брак. Но наместо да трпам фино лепо си се разведовме и сега сме добри другари ради детето. После мојот развод јас бев во една кратка таква врска со некој што е оженет но не ми одговараше и ја прекинав. Сега се гледам со некој кој е слободен и супер ми е. Најлесно е некој да обвиниш и осудиш....ама животот носи се. И секое искуство само ти покажува што е добро а што не за самите нас.
Имам осеќај дека намерно не ја напагаш швалерката на бившиот ти се со цел и самата да се оправдаш што си влегла во врска со женет. Кога СВЕСНО влегуваш во нечииј брак не постои ништо што би те оправдало.
Токму така Не може да се бара оправдување во никој случај И двајцата се криви,ама по мене женското повеќе Ако една жена,знае дека тој е женет,не треба воопшто да влага во таква авантура
@joy1 болна тема за тебе а и за мене, ама кој е крив, швалерките на нашите татковци или нашите татковци. Мајка ти од кого беше повредена и на кого гневна? Мојата само на татко ми.
Не сум изневерила и со сигурност знам дека не сум била изнверена... Дај Боже тоа никогаш да не се случи,не би ми била крива некоја девојка туку мојот маж,зошто би и било галје за мене на некоја друга кога на тој што се заколнал пред Бога не му значи нашиот брак.
Те прашав баш затоа што не знам која е поентата на такво нешто... 7 милијарди луѓе има планетата земја и нејзиниот број константно расте.........
Не направила таа прељуба, туку швалерот. И таа не го растурила нејзиниот брак, туку нејзиниот бивши маж. Просто и едноставно. Сигурно таа не му се пикнала сама во кревет на овој женетиов. Па не му отишла дома во негоата спална. Што ја нападнавте? Или сакате да си ги оправдате вашите неверни мажи коа мрдаат, па слободните жени ги обвинувате? Пак ке кажам, нема да го изневерам мм, ама ако тој ме изневери ке се разведам и само тој ке биде крив за разводот, а не швалерката негова. Се случило ова и во моето семејство кога бев дете и јас го фатив татко ми во кревет со друга, додека мајка ми беше на операција од тумор. Ниту еднааш мајка ми не рекла дека таа е виновна, така ме нааучи од дете и сега знам дека така е.
Па знам дека има влијание она што јас го поминав на она што сега го мислам на темава. Но и понатаму стојам на ставот дека таа беше онолку курва колку што и тој беше курвар.Свесно остана трудна и роди дете од татко ми. За мајка ми нема да коментирам.Не е жива веќе.
Да напоменам дека татко ми ја лажел дека се разведува со мајка ми и дека таа заминала кај нејзините и нас не напуштила ( мене и брат ми). А мајка ми 3 месеци беше во Чаир и помина 4 операции и еден абортус.