Не сум обвинувала до сега, ама да се плеткаш со зафатен или женет човек треба да ти фали нешто. Сама ќе шетам радо ништо нема да ми фали, ама да растурам фамилија, детето, жената да страдаат заради мене ни криви ни должни, никогаш.
Пишувам пост под пост ама ми врие на вакви теми. За тоа жени ви кажувам, ако ве изневерува, не ве почитува, имате маки со свекрви итн разведете се или разделете се на накое време. Често низ постови споменувам дека јас сум со краток фитил и не трпам. И нема никогаш да трпам тоа што го истрпе мајка ми. И често ви кажувам дека еден ден вие од нервози ке завршите на операциона маса, а таквите мулиња и слепки свекрви пак ке ви трубат дека вие сте болни и неспособни. Е тогаш ке пукнете засекогаш и децата ке си ги оставите а мршојадци. Како сакате сватете ме, ама семејството за мене е света работа и ако партнерот не го цени тој дар тогаш никој друг не е виновен освен тој. А ако јас потклекнам и останам со таков и моето дете би патело исто како мене. А тоа нема да го дозволам.
Јас не сум женет,а ниедна моја девојка никогаш не сум ја изневерил.Ако не сакам да бидам со некоја,едностанво,им кажувам најферски и пријателски што може и тоа е тоа.Никогаш нема да ми биде јасно која е ползата од изневерувањето.Така да јас не правдам никого овде а камо ли себе,како што објаснив. Друго,можеби тие имале среќен брак,зборам за човекот со кого извршила прељуба.Дури и да немале,можеби барем 1% била неговата сопруга среќна.Тогаш по кој закон било кој(некој трет) има право тоа 1% да им го земе на таа жена? Плус,таа жена може да е било која наша роднина.Мала е нашата држава. И јас само прашав зошто го направила тоа кога и самата била жртва на такво акт.Јас иако не оправдувам во никој случај невера,сепак оние кои не се во брак а вршат со други кои се прељуба можам да ги разберам.Некако.Ама овие кои биле жртви..... затоа и прашав. Не знам како едно неформално,културно и едноставно поставено прашање може да биде напад.Јас нити ја осудив,нити ја прозвав нити ја навредив со некој збор. Само прашав.
E zatoa mojot tatko po kratko vreme od brakot ja ostavil prvata mu zena ja fatil kako se svalerisuva i odma ja ostavil na vreme barem dodeka uste nemale deca na mm i jas mu imam kazano oti taka ke bide ako i on go naprave toa nesto da me izneveri i fala bogu dosega nema nisto takvo ako ne mu cinam slobodno neka mi kaze oti saka razvod ke si odam pa sto saka posle neka prave megutoa da me laze i da prave budala od mene ne a za osuda gi osuduvam i dvajcata ako ona e znaela oti e zenet a pak e bila so nego a ako ne e znaela toa e veke drugo
Во никој случај. Како што мојот брак не го растурила некоја од страна. Бракот се растура од многу други причини. Изневерувањето почнува тогаш кога веке дома нема разбирање. Како што и реков да бев во една таква врска но многу кратка. И реков дека нема фајде од такви работи. Нема потреба од цинизам мила.
Како бе жената што се плетка во туѓ брак не е крива? Посебно ако знае дека е женет човекот Нормало и тој е крив што изневерува, што не си ја почитува жената и децата, ама и швалерката е крива. Еве пред година дена, на најдобра другарка родителите се разведоа заради друга жена. Значи тој дозволил да се зближи со неа, а таа свесно му го растури цело семејство...не можела друг да најде? Има жена прекрасна, добра, современа, на висока функција вработен, син и ќерка на факултети, а тој ги остави заради што? Некоја што му го испрала паметот? Ајде тој лесен и глуп бил, ама таа не можела да си рече сама СТОП, женет е човекот ќе барам друг? Чекај главо дрвена, што барам јас со женет човек? Децава не сакаат да го видат него, контактираат ептен слабо, само тој ако им напнува да се слушнат, а за другата жена какво мислење имаат? КУРВА. Значи сосема друга ќе беше приказната ако тој се запознеше со неа и ако почнеа да живеат заедно ОТКАКО ќе се разведат, ама тој заради неа го уништи бракот, заради неа беше разводот и заради неа ги напушти. Добро каква душа имаат некои луѓе? Страшна работа се денешниве луѓе. Исто се криви и тој што изневерува, и таа што се плетка по туѓи бракови. Луѓе без гордост и морал.
Изгледа тие немаат мозок што се плеткаат со оженет човек фалат им многу работи. Зошто да растурам нечии брак, дом, зошто жената, децата да страдаат, да патат, зошто да ме колнат потоа? Има многу слободни мажи, секој ќе си најде слободен маж, а не што е во брак.
Поентата е дека ако не била Нате, Кате, Бранка ќе била било која друга девојка/комшика затоа што тој верувај не е само со таа една! Никој не е крив што има слепи и што се верува 100 посто во сопрузите. Сопругот е тој кој има поголема вина затоа што него го чека сопруга која му готви, го пере, му родила деца а тој е неблагодарен и си шетка по страна. Ако има толку големи јајца да се швалерисува нека биде храбар нека се разведе и нека си ја бара среќата кај друга. Ама не тој сака да има сопруга и деца швалерка. Тој е тој кој е зафатен, а не девојкиве што уште па ги лажат дека се разведени, ги кријат сопругите, искачаат по клубови без бурма на рака, ќе те ти симнуваат ѕвезди за да те легнат. Таа ако си е слободна ќе си гледа да си го истера ќеифот. Нејзе сопругата на дотичниот ниту и зготвила, ниту ја пеглала, ниту деца и родила. Сите плукаме осудуваме ама секој си знае што ѓубре си има дома. Има сопруги кои се заслепени, цел град ќе знае, ќе ги видат пошто тие си се возикаат апла со швалерките, си идат на патување, мирисаат на нивниот парфем ама овие во име на бракот, децата и што ќе речат комшиите си трпат. Вината е поделена секој знае во што се впушта. Но во секој случај поголема на мажот кој си дозволил да изгуби сопруга и деца. Другиве нема што да изгубат освен време на погрешен човек, а ако се глупи младоста ќе си ја изгубат во чекање тој да се разведе.
Јас не ни барам оправдувањее. А не ја обвинувам не за да се оправдам....него затоа што според мене е така. Ако тој неќел таа немало да го натера со сила. Јас да направив грешка и си ја признавам. И затоа реков нема фајде од тоа. Како и да е швалерката ке биде секогаш во последен план. А за да растури некој брак верувајте дека само мажот е тој што ќе одлучи дали ке ја остави фамилијата за друга жена или ке биде и со двете.
Сосема се сложувам Камо да размислуваат сите жени вака,и да бидат паметни....па да ги видам мажите со кого ќе бидат и дали ќе се растураат бракови
Работата е во тоа што таквите мажи вешто се кријат, дури после белјата ( сексот) кажуваат, а сама ако дознаеш може и да ти каже дека не е вистина.
Двајцата имаат вина, ама ако жената има малку гордост и достоинство пред се душа и срце нема да растури семејство, да страдаат деца, како да нема други мажи, а тој е најмногу крив шо има златна жена, деца и оди по други, во најголем случај помлади. Ако не ти чини фино лепо разведи се па очи вади после. Не е за оправдување ни едниот ни другиот. ЈАс не знам како после имаат чиста совест, како спијат навечер.
НЕка се кријат колку сакаат, пак ќе излези, јас тие не можам луѓе да ги наречам. КАј оди светов само, затоа само разводи има, претерано многу.
Подобро да не се женат таквите мажи, ако толку се сколни на неверсто и задоволување на сопствените потреби со повеќе жени во исто време. Страшно е што на тие мажи никогаш нема да му дојде паметот, зошто постојано исполнување на егото ќе гледаат во наоѓање нова швалерка.
Само ако осети на своја кожа или ако и пати некој близок заради тоа, па може ќе размислуваат вака. Таа другарка мене ми е како сестра и можам да се осетам нејзината болка. Нејизната мајка и брат не се повеќе исти, а ни другарка ми не е истата. Девојката беше 24 часа насмеана, активна, дружељубива, а сега со стап од дома да ја бркаш да излезе, не се ни смее, не одбегнува сите...ме боли кога ја гледам така. Ја колнат од срце и ја вреѓаат таа жена. Како би посакал некој да се најде во нејзина ситуација? Зар немаат ни трошка емоција тие луѓе? Не знам, Господ нека им помогне.
Dodeka nekoi ispravaat krivi drini, koj bil kriv poveke, zenata ili mazot, sto smeelo , sto ne smeelo drugi si go ziveat zivotot. Svalerot ili svalerkata rasturale brak. Samo slepi mozat da go kazat toa. Cim nekoj, nekoja pocnale da svalerisaat sigurno si pricina za toa, a pricini mozat da bidat milion. Skoro site gledat crno-belo. A vo nekoi slucaevi svalerajot moze i da go spasi brakot. Jas pozvam covek koj odamna veke nisto ne custvuva za zena mu niti taa za nego, toj si ima ljubovnica koja isto e bo brak kako nego. Veke i zena mu znae, ama i pokraj toa tie ziveat zaedno radi deteto najveke i toa ne ziveat samo taka tehnicki zaedno da se gledaat namurteno, tuku voobicaeno kako bracni partneri koi rastistile so ljubovno opsesivnite megjuzaemni custva.
Па како би имала волја... исто и јас така би се чувствувала, би ми се срушил цел свет. Викаат времето е најдобар лек, ама за такви работи нема лек. Ако имаат дечиња само со нив некако вниманието може малку да и се насочи на обврски, ако нема воопшто не треба да изгуби надеж. Има разведени жени кои се премажиле и биле среќни. Среќата е најважна, а другите луѓе секако ќе зборуваат, ама и ќе завидуваат на среќата.
Страшно е тоа,имам блиска пријателка,која пати....стресови,стресови Господ ќе им плати за се,кога тогаш Несакам ни да замислам како е тоа,растурање на брак,семејство,сите патат